1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминки ПОМАГАЈТЕ да си ги отворам очите!!!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Feminkabezshminka, 25 декември 2013.

  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Feminkabezshminka-мислам дека не си губи драгоцено време од животот за таков човек.Може да му стане навика и после што цел живот да те тормози,што ли не ќе видеш со него,додека си вака млада спасувај се од него.И не сите машки преваруваат..А и толку млада нервен слом да си добила па не е фер. ДА СИ СЕ РАЗДЕЛИТЕ СО НЕГО ДУРИ СТЕ ВО МОЖНОСТ ОТИ КАКО Е ПОСЛЕ ПРВИОТ,ИДЕ ВТОРИОТ И ТАКА ДО БЕЗ КРАЈ...
     
  2. Beachgirl

    Beachgirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    21
    Дечки мене вчера ми се случи ваква ситуација.Бев со другарка ми бев во една продавница и дечко ми ме сретна и почна да се кара за глупости да ме плаше дека ке ме удри ми создаваше стрес на душа и ми викаше зошто не му сум се јавила сум била дволична,ме вреѓаше и му објаснував да не се глупира имав веке во план да му раскинам му реков ајде оди си чао и он ми рече да не ме тепал пред сите да влезам во колата и бевме на една ливада кај сто нема никој јас се што ке му кажев го нервираше сакав да заминам од колата и ми ја искуба косата и ме удре на лицето и некој ми звонеше на телефон намерно не кренав и од љубомора он уште толку се изнервира телефонот ми го скрши и неможам да трпам веке.Утре дента 3 саата чекаше пред мојата куќа ми се извинуваше ме молеше дека никогаш нема да го прави ова дури плачел но јас не сакам на сожалување на паднам јас мислам не заслужува да биде со мене оти има кренато повеќе пати рака на мене.Тешко ми е но сакам да го преболам затоа што он е виновен за се
     
  3. kimii

    kimii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    и сама си кажа дека тој е виновен за се, не знам зошто го трпиш тоа
    разговарај со твоите и кажи им дека ова не е прв пат па ако треба и тужи го
    позз и се надевам дека ти помогнав
     
  4. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Ако си вистина 18 години треба да ти е јасно дека нема иднина со овој човек. Тој се осмелува да крене рака на тебе додека си му девојка што останало кога ќе му бидеш сопруга.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    има и нешто пострашно од физичкото малтретирање, а тоа е психичкото малтретирање и изживување кое ти го трпиш од него.
    Нка си седи он со колата и по 24 часа на ден ако сака пред твојата куќа, ти ќе разговараш со твоите, немој да се плашиш, и ако треба полиција викни му и нека ти испари од животот.
    Тој ќе те тормози дур не си најде друга жртва да се изживува врз неа, а тоа не е љубов.
     
    На japanize му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски

    Ако имаш проблем и неможеш да се одалечиш од него те советувам да разговараш со твоите родители или со некој другари кои ќе ти помогнат да бидат секогаш покрај тебе каде и да одиш затоа што тој може и да те прати и малтретира.
    Оваа што го раскажа го имам осетено на моја кожа и точно знам како се чуствуваш верувај подршката од родителите ти е најважна во овој момент.Со месеци татко ми одеше секаде со мене додека не сватеше гадот дека не сум сама и дека е крај со нас ....Остави го и барај помош на време !!!!!
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не се враќај!!! Никако, тебе не те родиле за тој да те малтретира, ѓубре, гад еден. Џабеее тој ќе се смени џабеее и да му се вратиш и да попуштиш еднаш направил ќе направи пак. Преболи гоо, не го барај и не е еден и единствен ќе си најдеш друг кој ќе плаче за твоето внимание.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Тоа ти се вика психички оболени луѓе.Со која смелост бе ви дигаат рака,не ми е јасно?
    Ниту си го изневерила,ниту си му направила нешто полошо...
    И од каде таа храброст да ти се извини после се тоа?
    Тоа се луѓе што немаат К од Карактер.Недозреани дечишта.Тој штом сега е таков,можам да го замислам каков ќе биде потоа.Со таквите нема иднина.Нека оди подобро да се лечи.
    Кој век сме бе па девојка да удираш?
    Мене дечко ми ми има едно нешто речено,но мислам дека вреди тогаш.Дека само ако види дека го изневерува,ме фати со друг,тогаш вика ќе ти плеснам некоја и пак ќе одиш со мене.Ама знаеш што тука е веќе во право,не може тој да има сериозни намери со мене,а јас да одам и да се шврљам настрана.
    Ама во твојава ситуација,тој нема никакво право тоа тебе да ти го прави.
    И самата си велиш дека си сакала да му раскинеш и ни на крај памет да не ти падне смирување.
    Да подпаднеш на неговите лажни солзи и извнинувања. |(
     
  9. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Beachgirl бившиот дечко ти е кретен. Пријави го. Сериозно. Те истепал па уште и ти го скршил телефонот. Мочко. Уште има храброст да ти дреми пред врата. Ако му се вратиш, ако само и помислиш да му се вратиш тогаш ти ни не заслужуваш подобро. Какви дебили постојат човече...ццц..

    Анне15: Едно да знаеш: НИКОГАШ, НИКОЈ, во ниедна ситуација нема право да крене рака на тебе. Тие приказни од дечко ти, размисли си убаво да не кријат и во него некој насилник кој ќе излезе на виделина покасно. Ако ти го изневериш, а тој сака пак да оди со тебе, фино лепо ќе ти прости. Затоа и постои простување. Ама ако ти си решила да одиш со друг, значи дека нешто не штимало со врската и убаво и цивилизирано ќе си се разделите. Тие прикаски што ти ги кажувал демек ако тој има озбилни намери со тебе а ти шврљаш околу му дава за право да те тепа, нека си ги заборави. Зошто медалот има две страни, па ако тој има сериозни намери со тебе, не значи дека и ти имаш сериозни со него.
    Ова е класична манипулација, малиот си остава простор да те малтретира, а на крај ти да мислиш дека си заслужила. Очи отворени во овој случај, само толку ќе ти кажам.

    За насилството не постои оправдување, во ниеден случај
     
    На Sanjichka007, broke и Waka-waka им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Завчера си требала да му пратиш Б6 за да не ти ја скубе косата
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Ве молам за совет. Пред 1месец раскинав 3годишна врска.Дечкото работи во странство и комуницираме преку тел и скајп.Се гледаме често.Последната година од врската се се смени.јас со факултетот паузирав се повлеков дома западнав во депресија никаде немав желба да одам и немав никакви обврски.Се отргнав од сите другарки и само го чекав од работа да се укл.Станав многу љубоморна и го контролирав но во почетокот тој беше така а јас ладна.Секако почна да му смета.Разговаравме се сменив и контролирав но последната година некако тој стана многу ладен со мене.Не се интересирасе многи за мене како порано.Знам дека ме нема изневерено исто и јас не.Но едноставно како да ја снема љубовта.Лани ме удари 2пати и не бев виновна во разговор му велев несакам да се отргнам од најдобрата другарка бидејки цел живот сме заедно и тој несака со никој да се дружам сите ги понижува а сега и мене.Секакви навреди и понижувања му опростив со надеж дека ке се смени и ке ме почитува.порано го молев продолжувавме но веке не е исто.Изгледа е свесен колку го сакам и сега ме отфрли и понижи.разговаравме на скајп тој ме навреди пред цимерите.го прашав зошто нуди приј и става лајкови на девојче 18год а тој е 31.Ми рече бидејки таа била многу јака и убава не е како мене дебела свиња од 120кг а инаку јас имам 60кг и во секоја смисла била поубава од мене.Му реков кога се фативме имав многу повеке кг но тогаш ме сакаше искрено и не ти сметаше.А сега воопшто не се интересираш за мене.Неможев да издржам почнав да плачам а тој ми викаше умри ако сакаш несакам да те видам ти си курва простачка и несакам ништо со тебе.Го блокирав секаде знам уште одамна дека немам иднина со таков човек тој ужива кога навредува со сите е скаран и многу е злобен.Но сеуште неможам да го заборава.Ве молам дајте ми совет како да продолжам и да не мислам на него.ме боли најмногу што тој ми беше прв а сега ме нарекува курва и после тое ми напиша дека многу ме сакал но нервозен бил и ме навредил.Ми звони но не се јавувам.Многу пати опростував но веке неможам.премногу сум понижена и наврдена многу ми е тешко незнам како да продолжам понатаму како се промени толку знам дека многу ме сакаше а сега се се смени.
     
  12. LadyInRed1

    LadyInRed1 Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    А девојко девојко оваа врска нема иднина тоа да знаеш. Те удрил 2 пати, сега те вреѓа и те нарекува ку*ва, што повеќе сакаш од тоа?

    За жал морам да кажам дека во твојот случај далечината си го направила своето. Далеку од очи далеку од срце. Кога се видовте последен пат? Колку често се враќа дома?

    Не сакам да те демотивирам и да те терам да сомневаш во него, ама чим велиш дека е со цимери таму биди сигурна дека веќе бил со некоја друга девојка затоа што сигурно цимерите имале забава со некои девојки, па и он со нив да не остане покус.

    Ситуацијата е тешка за да може да се поправи и да се продолжи, ама колку и да ти е тешко мој добронамерен совет ти е да го заборавиш и да си најдеш некој кој ќе те сака, ќе те почитува и нема да те нарекува со погрдни имиња. Додека се нервираш и кубеш коси по него, пропушташ супер дечки кои би те сакале.
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Broke, жал ми е што си морала да слушнеш такви зборови од човек кој го сакаш.
    Колку и да си повредена, има и позитивна страна. Барем на време разбра за каков човек станува збор.
    Е сега, 3 години не се малку, и малку потешко ќе биде заборавањето, ама верувам дека ќе успееш.
    За почеток, доволно е тоа што си го блокирала, и не му креваш слушалка.
    Тоа значи дека и покрај се, се самоконтролираш, а тоа е клучен сегмент.
    Друг чекор, нека ти биде повторно враќање на факултет. Зошто? Ако си мислела дека за тој човек вреди да се откажеш од се, и сама увиде дека не било така.
    Врати се на студирањето, и ангажирај се максимално околу него.
    Пробај да им пристапиш на старите пријатели. Во вакви моменти, најдобро е да се ослониш на пријателите.
    Од прилика вака некако се заборава :)
    Нема иднина со таков човек, ама тоа и сама го знаеш.
    А тука е и фактот дека те удрил...
    Може те сакал на почеток, ама ете далечина е сепак. Иако, не е ни тоа баш изговор.
    Ајдее, не биди тажна. Крени ја главата високо и насмевни се :)
    Заблагодари се (што врската не преминала во посериозен чекор со таков човек) што ти го ослободил патот за некој друг! :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    мојата вујна е така ...10 год. постар и вели не земајте некој со поголема разлика што сте...сега е таа 35 тој 45 имаат дете од 10 и од 5 год. и него веќе го нервира галама...почнал да и забранува работи..хаха како стареат поулувавуват-ама уште на 45 хмм...почнал да старее :lol:

    ќе се потрудиш да го заборавиш-не е достоен за тебе,сигурно има подобар за тебе... ;)
     
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Еве мислење и од машки аспек , не можам да навлегувам кој е виновен но мислам дека и двајцата тука снесувате огромен товар а згора на тоа и сте пиеле па работите тек тогаш излегуваат од контрола како што и самата кажа дека пијаниот и будалата е исто , ама јас ке кажам уште нешто во народот е познато дека и будалата избегал од пијаниот , немој ме сватиш погрешно.Но обидете се да разговарате уште еднаш и ве молам нека од двајцата има разбирање и најдете ги вашите грешки
    Колку што разбрав и ти си ми малку инаетлива и не сакаш да попушташ а тој пак тоа не може да го истрпи најдете компромис ти попуштај тој нека истрпи и се ке биде во ред.Како слаг на торта понуди му романтична вечер мислам дека тука ќе се најдете и двајцата ...Поздрав среќнооо...
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дали е можно сеуште да постои тема со ваков наслов ??? :yawn:
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Како прво, алкохолот воопшто не е оправдување.
    А како друго, тој ја тепал а таа била инаетлива?
    Машка логика |(
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. broke

    broke Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2

    Знам дека не е бил со друга.Знам ке кажете друго но сигурна сум во тоа.Овие 3години многу добро го знам верувајте секогаш го познавам ако ме лаже.Бевме многу блиски иако работи 12саати тешка физичка работа знаевме се еден за друг.Живее со повозрасни луѓе а не со млади.Ми велеше да идам кај него да се свршиме и живееме заедно го одбив бидејки знаев дека нема да издржам со него ако не го промени однесувањето кон мене и сакав да помине некое време да сватам дали вреди да го поминам остатокот од животот со него.Тој има многу лош карактер но си велев дека ако сака може да се смени.Се олади спрема мене бидејки многу го контролирав и бев љубоморна.Но се променив постепено сватив дека не е истиот спрема мене ме навредуваше и избегнуваше.Но сега дојде до многу големи навреди, понижувања и клетви.Со еден збор нема желба да ме види а сепак после пак почнува да ме моли и бара.Многу размислувам за него многу ми е тешко.Сите ми велат дека никоја на светот нема да опрости вакви навреди како јас што опростував.Знам дека е така.премногу трпев а упорно тој вели дека јас сум крива за се дека сум го лажела и понижувала.Тој нема што да ме обвини бидејки јас бев таа што е навредувана и што моли.Сакав само внимание и почит а добив навреди и нервози.Криво ми е што порано бев најубава за него а сега вели дека за него сум дебела свиња и курва. Сакам да го мразам но неможам.веке не ми се живее незнам како да продолжам кога постојано мислим на него.
     
  19. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    Океј.
    1. Не знаеш дека не те изневерил! не си го лажи главчето дека знаеш каков е и го познаваш, луѓето се менуваат преку ноќ. Преку ноќ!
    2. Не се оладил спрема тебе зошто си го контролирала и си била љубоморна. Се оладил, затоа што му оладиле причините да си му мила. Не се обвинувај! Љубомората и потребата да го контролираш се проблем, голем, ама твој. Среди си се, поработи си малку на себе, изгради се самата како подобра личност. Зголеми си ја самодовербата, да ја зголемиш довербата.
    3. Криво ми е што порано бев најубава за него а сега вели дека за него сум дебела свиња и курва. Значи не знам од каде да почнам зошто оваа реченица е погрешна! Ќе те прашам, ако рече тој дека си птица, ќе леташ? Ако рече дека си куче, ќе почнеш коски да јадеш место леб? Ако рече дека си свиња треба сега во штала да се преселиш? Те навредил, те здоболело. ОК,се случува. Отвори очи девојко! Проблемот овде не е во тоа што тој изладил спрема тебе, туку во тоа што ти самата си изладила према себе!
    4. Не ти се живее, тешко ти е?! Нормално е, после врска. Го мислиш?! Исто нормално. Ќе помине, нормално!
    5. Немој, немој ни случајно да бараш изговор, причина, лага дека тој ќе се промени, и да се фатиш на тоа како слеп за стап прифаќајќи се што тој ќе направи. Тој ќе се промени, ама ти?! Додека ти не се промениш и не сфатиш која си, што си, што заслужуваш, како треба да се однесува некој спрема тебе. Додека ти не сфатиш и не почнеш самата да се почитуваш и сакаш, ништо не си направила.

    И на крај, кога ти е тешко, престани да мислеш на тоа како се чувствуваш и сети се што заслужуваш!
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Броке ке помине време ке го преболиш, не ти треба таков, никогаш АМА БАШ НИКОГАШ нема да се промени, можеби ке стане и полош, тоа му е карактер, немој да си го упропастуваш животот со таков, многу пати ке плачеш од него...Сега ти се плашиш немој да останеш сама, и се факаш за сламка и се обвинуваш себе си, но судбината никој не си ја знае, мора да гледаш напред....ти зборам од аспект на поминати повеке год. во брак, лугето не се менуваат многу или остануваат исти или стануваат полоши, никогаш подобри, добрите од почеток се познаваат....
     
    На broke му/ѝ се допаѓа ова.