Ова е еден дел само или ??? И ако е еден дел, каде можам да ги најдам другите, бидејќи прочитав дека има три дела ?
Знаете дека авторката била инспирирана од Самрак книгите...се всушност започнало со fan fiction па стигнало до 50 нијанси на сиво? ...интересен факт...затоа и неможете да очекувате нешто Wow...
Не ми се верува дека не сум пишала во темава. 1800 страни од чисто срање. Полоша книга не сум читала, а не ја фрлив на 100та страна бидејќи не сакам недовршени работи, па и запнав и ја исчитав. Зоки Поки е поинтересна.
^ Ја вреѓаш Зоки Поки и Оливер Николава ако ја компарираш со оваа книга. Зоки Поки е институција и поим за детска литература, верувам и по 20 генерации ќе ја читаат за лектира. Ова ќе се заборави за 3-4 години преку сила. Не сум ја читала нит планирам, доволно ми беше што прочитав кратка содржина да знам дека не е за мене.
Јас премногу очекував од оваа книга баш поради целата фама што се крена и како и повеќето се разочарав.
Девојки ве молам линк од книгата (триде дела) без разлика на кој јазик (македонски, српски, англиски). Кој ја има ако не му е проблем или да стави линк или да ми ја пусти на маил: ruzicakirovska@yahoo.com
http://www.slideshare.net/sophiaisabele ... es-of-gray Линкот е за првата книга, па десно можеш да најдеш линкови за вториот и третиот дел. Над сликата од книгата има опција Save за да си ја симнеш, ама за тоа треба да си направиш акаунт, а за онлајн читање не ти треба.
Девојки дали може некоја од вас да ми даде линк за вториот дел на книгата на српски јазик.....јас најдов само краток дел од 40 страни....
Многу ја фалеа, многу ја критикуваат, па по препорака на дечкото на сестра ми со кој имаме до некаде сличен интерес за книги земав да ја читам. Ги прочитав трите книги и да бидам искрена не мислам дека изгубив време (затоа што го имам на претек ) само мислам дека се прилично лоши и прости. Дури и книгите на Дитас се подобри од овие. Деловите со секс и не ми беа нешто посебно. Очекував многу подобро опишување или можеби ако немала што да искористи од нејзиниот сексуален живот барем да има подобра фантазија. Можеби на луѓе кои се во почеток со сексот или оние кои имаат ептен незадоволителен секс им е многу еротска, мене не ми беше. Не би ја препорачала ама па и не би му рекла на некој кој го интересира да не ја чита.
Ги прочитав сите три дела и можам само да кажам дека не е за секој да ја чита. Интересна, на моменти досадна, книга со безброј безобразни изрази и лошо опишани (да не речам невозможни) секс сцени. Ама има нешто во наивноста на женскиот лик што те тера да ја дочиташ, да видиш може ли да испадне и по бетер.
Првиот дел ми беше доста интересен.После наредните ги исчитав чисто колку да не се пуштам од орото на кое сум се фатила.Немам таков обичај. Се едно исто па исто. Никаква концепција нема книгава.Скоро никаков заплет.Во секој момет дур читав се надевав,белки сега нешто ќе почне да се случува. Книгата си заврши баш онака како приказните од бајќите.
Јас ја почнав синоќа и се разочарав во кој правец фати веќе после неколку десетици страни. Би излегла супер романтична приказна и без црвената соба за болка
Денес јас сум 50 нијанси модра околу очите, ја прочитав вчера втората книга за 10 саати, не можев да ја оставам едноставно
50 нијанси сиво дел 3, мои очи сеуште се 50 нијанси модро од влијанието на вториот дел врз мене синоќа