1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам свадба затоа што...

Дискусија во 'Свадба' започната од elisabeta, 6 јануари 2013.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако е мала и скромна свадбата не значи дека нема да биде кич и обратно.
    И 300, 400 гости да имаш не значи дека половината се ојлевци дојлевци. Некои имаат големи фамилии и круг на пријатели, а тоа што денешната младина не почитува роднински врски и мисли дека ако двајца братучеди не се виделе со години треба едноставно да се заборават е друго. Можеби тебе многу не ти значи прв братучед на мајка ти, уште помалку на свекрва ти но тие некогаш можеби биле секојдневно заедно, растеле во ист двор, и иако ретко се гледаат почит голема си имаат. На мојата свадба моите родители најмногу се радуваа на роднините од други градови со кои многу ретко имаат прилика да се видат, па чест е да поканиш такви луѓе на еден од најубавите денови и да те испочитуваат да дојдат.
    Со некои од роднините на маж ми со кои првпат се видов на свадбата, денес сме во многу добри односи, се слушаме, повремено се гледаме, и по потреба си помагаме.
    Дали заради финансии кои реално се проблем во државава, народот станува премногу затворен во себе, ситничав, се избегнуваат контакти со луѓе кои ти значеле, се стеснува кругот. Разбирам немање пари и во тој случај свадба, посебно голема е вистина непотребно, но немојте со изрази ојлевци дојлевци. Секоја покана која сум ја добила ме израдувала, и секој гостин кој бил на мојата свадба бил таму од некоја причина, секако не заради поклонот кој од него би го добила.
     
    На Kom.pot, baby-star, Rose96 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Stojchevska

    Stojchevska Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    затоа што не знам ниту едно оро :lol: :lol: :lol:
     
    На Jenniffer и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    А вие што сметате дека свадба, брак, деца (најмногу деца) не се успех, што за вас претставува успех во животот?
    Јас на пример не ги разбирам германците. Кај нив свадба значи седење во кафана, јадење и пиење, без музика и играње. Тоа на што личи?
    Без разлика дали се 20, 50, 100 или 300 гости, важно е дека е свадба :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.554
    Пол:
    Женски
    не мора да е со ора и народна музика.се повеке свадби се прават со диџеи или бендови со забавна музика
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па искрено за мене не е успех само да стапам во брак и да родам деца . Тоа може да го направи и 16 годишно девојче нели .
    Успех за мене е да се остварам како личност , успех е не да стапам во брак туку да имам успешен брак и хамонично семејство , а самото стапување не ти се гарантира ништо во смисол готово се омажив се постигнав . :rofl:
    Напротив бракот бара многу работа и жртви . Успех не е да само да родам дете туку можеби најголем успех во животот е да го воспитам и одгледам тоа дете правилно и да стане добра личност а тоа сметам дека можам да го постигнам ако сум созреана и реализирана од сите аспекти и да имам што да му пружам финансиски и емотивно .

    Успех е крајниот резултат а бракот и раѓањето дете се само почеток на да се надеваме една убава приказна .
    Секако дека се прекрасни работи , и бракот е само почеток на тоа што се нарекува успех и јас лично би го прославила тој почеток по мој вкус и на сопатникот и нели според финансиите .

    Значи сума сумарум според мене стапувањето во брак и раѓањето дете се неизмерна радост а плодовите на успехот ќе ги береме во позрелите години.

    А тоа кој како сака да го прослави јас немам никаков проблем , сум била на многу свадби и скромни и огромни и не сум оговарала и превртувала очи , едноставно секој различно си ја замислува свадбата .
     
    На eloves, Rock.Lady, Bescheiden и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Прво да разграничиме, се' што е над 50 гости, се одржува во ресторан и при тоа има барем еден адет (како на пример фрлање букет) за мене е свадба. Свадба за мене не може да се нарече една маса во некој ресторан (во кој патем не се одржуваат свадби) со 15тина гости. Тоа е една вечера, ручек, обична прослава, одбележување, како сакате наречете го.

    Ова чисто да знаете ја како гледам на поимот свадба, зашто прочитав коментари дека сите сакале свадби и сите правеле само стиловите се други.

    Е сега, јас лично уште многу одамна се имам изјаснето дека јас лично свадба не сакам и нема да правам. За истово и со дечко ми имаме зборено и целосно се согласува со мене, ни он никогаш немал желба за класична свадба со сите пропратни адети. И тука тоа останува, постариве ако сакаат свадба нека си прават уште еднаш за нив. Што да им кажам. Нас никој не не' преубедува. А и сите тоа си го знаат уште сега, негодуваат ама полека веќе прифатија.

    Пред некое време бев на една помала свадба со околу најмногу 100тина гости и се' што сфатив таму е дека едноставно не сум јас тоа, не ме привлекуваат такви работи, не сакам шаблони, не сакам да бидам во центарот на вниманието. Втора работа, јас лично не знам ни една песна што ги свират по свадби, е сега некој ќе рече ама не мора такви песни, еpа на свадба какви ќе ви свират? Јас до сега што сум била на сите свадби, секогаш барем до пола на вечерта имало стари македонски песни. Бабите сигурно нема да ви играат на странски песни. Така што тоа е неизбежно. Од ора го знам само правото (не знам ни дали така се вика правилно) и порано едно време го знаев пајдушкото уште кога во забавиште го учевме ама сум го заборавила. Имам две леви нозе за тоа и не знам да играм ора. Не можам ни да ги запамтам чекорите, тоа е, таква сум, што да правам. И сега може некој ќе рече ама не мора ора, не е така, кога правите свадба мора да се заврти некое орце.

    И колку и да ве навредува или можеби не ви е сеедно на тие што сте правеле свадби, јас лично адетите не ги сакам. Знам дека се од некое време на прапрабабите и треба да се негуваат ама јас не сум тоа. Колку и да ви изгледа како исмејување (не ми е тоа намерата), песни од типот "ајде сега свекрвата да игра, ајде сега дедото, ајде сега невестата да игра напред" мене ми е смешно. Значи најискрено без задни намери кажувам. Мене ми е мизерија тоа. А да не збориме па за црешна (или церешна, како и да е) се од корен корнеше, тоа е веќе трагикомично.

    Некои луѓе си сакаат такви веселби и како да се родени за тоа. Еве пример за тоа е братот на дечко ми. Си сака таков тип на прослави, си сака таква музика (не дека друга не слуша ама оваа баш му е онака на срце), ги знае тие песни... И знаеме дека неговата свадба ќе биде баш свадба. Јас и дечко ми сме за тоа да отидеме на некоја журка и да си поминеме како ние знаеме. Не сакам да јас нешто се правам тука демек сум многу модерна или не знам што, цел живот сум слушала еден вид на музика, за мене возбуда би било да отидам и да го прославам заедничкиот живот со маж ми на некоја подалечна дестинација на некоја голема журка која трае 5 дена со најпознатите диџеи од светот. Тоа сум јас. И јас цел живот ова го правам, дечко ми исто (на журка и се запознавме инаку) и одеднаш јас да правам свадба со песни кои никогаш не сум ги слушала, со мени кое не го јадам, со адети кои не ги знам, тоа дефинитивно би било само за туѓа желба, а не по наша. Ете, некои луѓе уште од далеку се гледаат каков тип на луѓе се. Некои едноставно не се за тоа. Јас никогаш во животот не сум ја замислувала мојата свадба, никогаш не ми претставувало тоа некоја посебна возбуда.

    А да не збориме па за финансискиот дел. Некои луѓе навистина имаат пари и прават големи свадби, тоа не им претставува проблем ама повеќето јас што ги знам и што сум била на свадба кај нив, младиве немале кај да живеат (буквално), а свадба мора да се направи. Несфатливо.

    Да сумирам. Организираме венчавање во црква само со најблиските, моите, неговите и кум, старосват сведоци, во матично само заради формалност и толку. Може после тоа истите да отидеме во некое ресторанче колку да се напиеме нешто или може и дома нешто да организираме, во двор или не е битно. Толку. Ако имаме пари јас и маж ми плус ќе си уплатиме една дестинација каде е најголемата журка во годината само за нас двајца и одиме таму. Ако немаме пари вишок, останува на погоре опишаното. :)
    Иако до мојава веселба има најмалку уште 6, 7 години. Не планирам да се мажам пред 27 години. :D
     
    На Rock.Lady и Bescheiden им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.546
    Чувал Господ да ми е успех свадба.
    Брак и деца, не се тема овде, но успех не е да родиш, успех е да изгледаш дете и успех не е да се омажиш и да имаш брак, туку да имаш квалитетен заеднички живот.
    Секоја може да забремени и на 16, да се омажи и да скока на свадба. И тоа е успех? Еден незашититен секс, поради кој има брак и свадба е успех?
    Успех е нешто за кое си се трудел и со го создал. Не играње на свадба. Успех е кога по 30 години брак сеуште си заљубена во истиот човек и кога децата ти се успешни и паметни, кога те прават горд. Самиот факт дека некоја се омажила и родила не е успех од невидени размери. ажА и дека уплатила во ресторан за свадба и сите оро играле за тоа, не е успех.
    Успехот се гледа подоцна. Ако го има.
     
    На Waka-waka, makedonkamak, Silver.E и 3 други им се допаѓа ова.
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Се согласувам со Ска по прашањето што е (и што не е) успех, но не и за описот на "свадба" :)
    И мене ми е смешно кога на поканите читам "најубавиот ден во животот" (има многу убави денови и не сакам да ставам НАЈ на ниту еден - и се надевам и во иднина да ми доаѓаат такви) , но признавам дека правев свадба и дека убаво се осеќав.
    Имавме околу 160 гости, 100 од моја и 60 од страна на мм. За тие од моја апсолутно сите ги познавам сосема добро и често ги гледам: околу 30 мои блиски пријатели (да, имам широк круг на пријатели!), 20 колеги, 30 роднини и 20 вкупно комшии и фамилијарни пријатели на моите. Кај мм соодносот беша уште подрастичен - 30тина пријатели, 10тина колеги и 20 роднини и комшии. Искрено и не знам како би можела бројката да се намали, за среќа и немаше потреба. И замислете, се делуваше културно - без пијани чичковци и растресени тетки, многу млади (ок, релативен поим бидејќи баш и не се зедовме на рана возраст :D ), салата не мирисаше на пот, никој не се степа за торта, никој не се качи на маса или столица... И пак да се вратам назад во времето, немаше ништо да сменам (освен можеби да го запознаев мм порано и свадбата да беше некоја година порано, но тоа е друг муабет).

    Ова не е разубедување на никого дека треба да прави ваква или онаква или било каква свадба, на крај на краиштата тоа многу зависи од личноста, од финансиите, од потенцијалните гости, чисто сакав да кажам дека и двата става не се црно-бели. И едното и другото си имаат предности и недостатоци.
     
    На Bozica1980 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Гледате и сами :) За некој успех е свадба, за некој кариера. Милијарди луѓе, милијарди различни мислења. Јас... само прашав :) Мојот став на темава го кажав поодамна.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И Нати ти праша ние ти одговоривме . Ама некако извртуваш зборови и сакаш да алудираш дека сме кариеристки кои не сакаат семејство . :^)
    Убаво ти одговоривме , свадбата само по себе не може да биде успех .Никаде не ја спомнавме кариерата .
    Свадбата е само една прослава а најважното доаѓа понатаму .
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Тоа што на некои луѓе им е битен свадбениот ден и го планираат неколку месеци наназад не значи дека им е единствена цел и успех во животот. Темата не е за тоа. Дури и кредит да зеле, нема зошто ние да кажуваме дали е смешно или не, и дали ќе го отплаќаат со лесно или мака, ко да некој вас ви води рачун за што земате кредити и колку време ги отплаќате. Некои едноставно сметаат дека еден е моментот за да се направи една таква прослава, и дека патување низ Европа или скромна вечера со најблиските може да се организира во било кое време, за било кој повод. Не е успех свадба, не е успех недела дена во Амстердам, не зборуваме за успех, туку начин на прослава на почеток на заеднички живот. Причини зошто повеќе сакате на овој или оној начин. Нема потреба од убедување што е правилно а што погрешно и дали ќе бидеш посреќен понатаму во животот ако направиш фешта со неколку стотици луѓе, скромна мала вечера или сами двајцата ќе отпатувате некаде. И повеќе од јасно е дека нема правила, по која логика би имало?
     
    На baby-star, Nati.P, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ...мислам дека одзема многу време, живци и пари, а сето тоа може да помине многу едноставно и елегантно, ручек/вечера/забава со најблиски, а парите што би се потрошиле за свадба би ги вложила во реновирање или патување на дестинација што инаку тешко дека би ја посетила :)
     
    На Mishela и Daydream им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Во ред, јас само прашав што е успех за оние кои упорно тврдеа во мислењата погоре дека успех за нив не е свадба и деца. И сите рекоа успех е правилно да ги воспитаат децата, а никој не го спомна нивното раѓање. Малку ме замисливте :?:
    Затоа и реков, колку луѓе, толку различни мислења. За некој успех е кариера (и не реков дека вие спомнавте кариера :!: ), за некој патувања, за некој свадба, за некој деца... Тоа е тоа.

    Размислував и јас едно време дека не сакам свадба. Мислев подобро е парите да ги потрошам на патување. Ама сега не мислам така. Сега сакам и свадба и патување, па макар биле три дена во Венеција :D

    Едит: mimiiiii каде јас реков дека сте кариеристки?
     
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Се изнауживав читајки различни ставови... ммм жустра тема :rock:
    Да не се повторуваме со истомисленичките.. Еве на кратко мое гледиште:
    И јас не сакам свадба.
    Сакам да обележам стапување во брак. Не викам не, но фама кревање околу тоа со по 10000000 гости - no way! 100тина преку сила. Оние саканите. Значи не роднински блиските, туку оние со кои навистина сакам да го споделам тој момент. Независно од тоа што мислам дека е џабе фрлање пари, и милиони да имам нема да правам. Едноставно не го сакам притисокот да мора се да биде под конец тој ден. Знам примери кои со сите нервози ги гураат последните месеци од подготовките пред свадба, и за што тоа? За 4саати работа. Ма нема шанса да земам да се расправам со моите, со будичиот сопруг и со неговите за организација, вака наједноставно ќе си ги скратиме маките.
    Адети и слични активности - никако. Да се маткарам јас со саати да дојделе сватовите, па да се тегнат на врата па цркви мркви и згора на се да отварам дома на моите работа после да не можат да досредат тоа чинии...и тоа не доаѓа во обзир.
    Интимна забава да се видиме и направиме муабет колку што можеме, да се нашалиме, да пошизиме малку, некоја слика за успомен... и тоа би било совршена прослава за мене :)
     
    На makedonkamak и Cka им се допаѓа ова.
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Темава е да си кажеме зошто не сакаме свадба. Темата не е да се убедуваме и расправаме зошто некој мисли поинаку од некој друг. Не сакам свадба од тие и тие причини и толку, не мора да сега пишеме и докажуваме и да се трудиме некого да убдиме дека греши и дека треба свадба да прави по секоја цена. Кој како сака и како размислува нека си прави. Изборот е индивидуален. Не судете некому ако мисли дека не сака да прави свадба од некои наведени причини. Крај. Да не се расправаме. Сите сме виделе многу свадби, невести,а некои и самите искусиле такво искуство и секој има право да си даде свое видување. Да не се убедуваме и трудиме да смениме нечиво мислење.
    Пишувајте на темата-Не сакам свадба затоа што...
    А не е темава- Ајде да ги убедуваме луѓето да прават свадба....
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    ^ Мене искрено ми е симпатично тоа што има цитирања и убедувања :) Реално никој никого нема да убеди, ама си дискутираме.. Не се суди. Зошто да е сувопарно пишано сакам/не сакам и толку? Ова е една од малкуте теми каде што се развила некаква дискусија. И ќе ми биде мило ако некој ме цитира и сака да ми го посочува обратното, ќе си се расприкажеме убаво :wasntme: . Така да, мене слободно може да ми се нафрлете :lol:
     
  17. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    е непотребен трошок.. Би го одбележала тој ден со вечера со најблиските и забава на плажа до раните утрински часови :lol: ама задолжително без шминки,фризури и свечени фустани :) Тој ден секако дека ке биди посебен,па нели се мажиш за тој шо го сакаш,самото тоа го прави денот посебен 8)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам свадба,затоа што ние веке се венчавме надвор од Македонија во Март и не ни требаат баш сега тие непотребни давачки баш кога градиме заеднички зивот,а и небивало 2 пати невеста да биваш и сега мојот маз инсистира да правиме свадба но заради љубовта кон него попуштив па така да ке биде во Август иако ке поминат 4 и пол месеци одкако се венчавме.Што мислите вие за оваа? :)
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    е добро де..венчавка е едно,веселба е друго :?: Hекој во еден ден све прават од склучување на граѓански брак,венчавка па до веселба,некои пак све ова во различни периоди. чудно :?: не гледам ништо чудно во ова.
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849

    ее да :D
    па и не сум по играњето тие чочеци -не ме бидува ни знам како се играат и ми е срам таму "сите" во невестата ќе гледаат,a невестата да не знае да игра :tmi: некое оро па и па ...па и фриз. нема да си погодам сепак не сакам свадба..а во црква и регистрација мооже-не туку мора :rock: може како за именден частенка и готово не сакам камери,апарат може и тоа... и погоре напишаното од феминката