1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Janaaa, 1 декември 2009.

  1. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Годинава сум матурантка и можам со сигурност да кажам дека ниеден од овие не би го носела на матура. Посебно не третиот! Повеќе ми личи на маичка која е невкусно натегната за повеќе да открие отколку да покрие... Секој со својот стил ама тоа никогаш. :^)
     
  2. strawberry-cake

    strawberry-cake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    14
    никако не би облекла вакви.. премногу се кратки според мене, ама секој со свој вкус :D
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Блазе си ви, во колку безгрижен и убав период се наоѓате во животот!
    Точно е тоа дека секој со свој вкус се облекува за матура, само моја препорака, не претерувајте со свеченоста и не купувајте нешто што само еднаш ќе го облечете!
    Во иднина ве очекуваат безброј излегувања вечерни и забави мнооогу, затоа одберете нешто што ќе му се изнаносите!
    Поздрав и се најубаво до сите матуранти!
     
  4. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Ај еден совет набрзинка :D
    Долг или краток тустан да си купам за матурската?
    Му го имам меракот на долг фустан, ама оти немам носено не знам како ќе се осеќам.. Да не бидам како некоја жена или неш слично? :D
    Ај ако има некоја овде со такво искуство нека зборе :D
    kisses
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    30.781
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу против долгите фустани.Да се спрепнам и после брука,абе ајде. :D Се знае кратко фустанче,по убаво здравје. :)
     
  6. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Исто и јас немам носено, но сепак се одлучив за долг фустан. Сакам да пробам нешто ново, нешто поразлично и баш ми се допаѓа како излезе фусанот на крајот. Нема да бидеш како жена се додека го направиш правилниот избор на долг фустан... :)
     
  7. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Носи си краток фустан.
    Јас ги сакам долгите, ама свечените не ми се допаѓаат многу.
    За мојата матурска носев краток бел тесен фустан, многу од чупињата носеа балончиња, многу малку долги фустани, пополничките носеа долги широки свечени фустани, а имаше и некои во фармерки и свилени пантолони.
    Пробај си и долг и краток фустан. Види како ќе ти стојат.
    Сега да се вратам на времето ко правев матурска би одела со балонче, но не она многу кренато, само долу да биде така и шампањ боја. :)
     

    Прикачени фајлови:

  8. hamstika

    hamstika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    9
    Фала ви.
    А инаку од каде го купивте фустанот?
    Се мислам помеѓу Скопје и Струмица. Знае некој како се стижат цените, т.е. каде е поефтино?
     
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Прво пробај како ќе ти стои долг фустан, не стои убаво на секого. Ако го погодиш моделот нема да бидеш како жена. Можеш да избереш нешто измеѓу: од напред краток, а од позади долг. Златна средина. :)
     
  10. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Ja би краток, да си се изнаиграш ко човек.
    Вака во долг тесен фустан како заробена ќе бидеш цела вечер, па чекај да не го стапнам некаде, да не се сопнам ова она. :rofl:
     
  11. choko

    choko Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Каде да се шминкам и да правам фризура , дајте некој предлог ? :)
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно глупаво прашање. :wasntme:
    Бидејќи нема сигурно да бидам цела ноќ на штикли, планирам и да си носам балетанки со мене. Прашањето ми е, како да го изведам тоа со 2 пара чевли, а да не испадне да ги влечам со мене цела вечер? :D
    Не ми се смејтеее! Си размислував и не дојдов до некој паметен одговор. :lol:
     
  13. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Нема зашто да ти се смееме , прашањето ти е баш на место, паметен одговор и нема , никој несака после да ги влече штиклите со себе ама мора , сите тоа смего правеле , ке си земеш ќесичка од оние ко за поклон и ќе ги ставиш, единствено ако некој од твоите сака да дојде да ти ги земе друго нема :)
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    јас планирам да се сликам, да влезам се тоа со штиклите а балетанките кај партнерот во кола ке чекат на паркинг
    ти ако не ти е партнерот со кола може некој од твоите да дојде после саат време од влегувањето да ти ги донсе балетанките а да ги земе штиклите,јас така правев за полуматура :)
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beachgirl

    Beachgirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    21
    Во хотелот или салата има рецепција ке ги ставиш балетанките во чанта а за надвор незнам како би можела
     
  16. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162

    Каква врска има рецепција со штиклите и балетанките?
    На рецепција не се оставаат такви работи :^)
    Таму е место за информации,за најавување или одјавување на гости од хотелот и сл.А не да ти ја чуваат ''чантата'' со штиклите -.- :lol:
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    ^^
    Абе која рецепција шо ви е :D
    Мене мојте пошто дојдоја да гледат влегвањето се ме чекаја надвор и од ко влегоја сите си слегов си ја зедов полна ќеса внатре со балетанки, сако и влошки пошто утоп бев :D
    Нека ве чекат мајките надвор од ко ќе влезат сите, не е срамота сите така прат :)
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Кога ќе влезеш внатре ако излезеш нема враќање. :D Едино ако може мајките на врата да им ги дадат некако ако им дозволат.... Јас си издржав на штикли, кои не беа многу високи бидејќи и онака сум висока. :)
     
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Демек лок ин имаат следните 12 саати :^) ??
    Незнам, стварно се чудам. Како бе нема назад, ни напред ??? Ајде поворка да ги испраќа, no matter what happens you can't leave the building |( .
    Земете ги во ќесе бе луѓе, украсно, колку се филозофира по ова прашање цела тема треба да се отвори. Земи ги во украсно ќесе, обеси го на столот таму, и остави ги штиклите во него од ко ќе ги облечиш балетанките.

    Сликањето е проблемот ? Ваљда ќе позирате кога ќе ве сликаат, не ќе ве фатат офсајд. Стаи си го зад тебе, настрана, дај му го некому да го придржи. Кој е проблемот со ќесето ?? Озбилно...
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.489
    Пол:
    Женски
    Не би да мрчам, но мене ми е безврска носење на чевли во ќеса, чанта. Мислам дека треба да си одберете чевли кои ќе ви бидат удобни, во кои ќе можете да издржите цела вечер.
    Ако мислите цела вечер да ја поминете во балетанки ондак и бирајте ја цела гардероба така, плус има балетанки, ниски сандали кои можат да поминат со посвечен фустан.
    Зошто ако не можете да носите цела вечер штикли воопшто и да се мачите со нив?
    Земете чевли на платформа, полна пета.
    Јас носев сандали, околу 10 см. во кои буквално цела вечер издржав, ги откопчав еден момент пред одење и после имав мака да ги вратам на истото дупче, потекуваат нозете.

    Сестра ми не сакаше штикли и не носеше до матура. Тогаш купивме ниски, некои 4,5 см во кои воопшто немаше проблем ниту да се движи ниту да биде цела вечер.

    А и не бирајте нешто што ќе го носите само таа вечер.
     
    На Marossa и cheetah.girl им се допаѓа ова.