1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    потполно истото сакав да го напишам,ама Bridget ме превари :P
    He ја разбирам која е потребата околу цинцарењето за една соба,ако како што кажуваш имаат твоите три спратна куќа,алчноста ли е или ???
     
  2. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Што и да мислиш дека правиш, е многу лошо.
    Како да ти објаснам невовечки е ова.
    Не си човек ако заради тоа што некој ти спиел во спалната(братот на мм) ти се караш со свекорот, свекрвата, мажот ти и сите. :!:

    Креваш голема прашина за ништо.
    Треба ти да се извиниш на сите, а не да очекуваш некој тебе да ти се извинува. :!:
    Само ти ја шириш негативната енергија, го ставаш мм во неубава позиција.
    Како се осмелуваш?
    За глупости вакви тешко на тој што те трпи.
    Порасни веќе еднаш.
    И оди извини му се на луѓето, ете нарави грешка и ти си човек, сега поправи се.
     
  3. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    355
    Никој совесен родител нема да каже тука за вас нема место, дури и да се 10 души во една соба. Никој нема детето да си го истера на улица, секако дека ќе си го прибере дома и доколку се има можност да тргнување на страна или проширување на куќата секој ќе има поголем комодитет.

    Таа вчера отишла во таа куќа, дури и не живее во таа куќа а се буни за 1 соба притоа од своите родители има голема куќа. Кај неа дома во куќа на 3 спрата можеби ќе ја чуваат нејзината соба и нема да ја користат, ама кај луѓе што имаат неколку соби е луксус некоја си да дојде и соба да им држи ради каприц.
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Чудесии сме од луѓе.И снаата и свекрвата ги разбирам.Едната си средила соба за кога ќе доаѓа со мм дома кај него да има кај да преспијат и нормално сака да и биде празна и спремна да стои. Другата пак, свеки, си вика што па да стои празна собата,кога нњкој може да ја користи.Во прашање е компромис и ќе треба и свете од по нешто да се откажете.
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Fairy90 мила навистина не е убаво да се спие во брачна соба,да да баш е неубаво некој да спие во твојата соба каде што си имаш свои интимни работи.
    Од искуство го знам тоа,ама мила ти не си мажена па таа соба е ваша брачна соба.
    Едно е да си му девојка,вереница а др сопруга,кога си сопруга е тогаш имаш право да се лутиш да некој спиее во вашиот кревет.
    Знам дека не е убаво и за сега али ти сеуште не живееш со нив за да се буниш за тооа,оставиго тоа а доколку исто се случува и кога ке бидете во брак тоа треба мм да зборува со нив ти не избувнувај оти нивна е куЌа.
    Знам дека е неубаво да се спиее во приватен кревт,ама и има и такви-има и полошо,затоа не избрзувај :)
     
  6. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Кажи а? :D
    Просто неверојатно.
    Абе за креветот оти некој спиел на него. Проблемот од тоа настанал :rofl: :rofl:
     
  7. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Абрееее од лична култура е ако цапниш некој да се извиниш, ако турниш некој да се извиниш, ако ти влези некој во спалната а ти си внатре без да тропни, треба да се извини.
    Ако одиш на празников од Лична култура и ако се извинуваш од лична култура, без притоа да сватиш дека ти си ја претерала работата ти зборот извини не ни знаеш што значи.
    Спијале на креветот и да се извинуваат чекаш.
    Оти не ти побарале дозвола прво..
    Ај за многу години празнициве
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Да не ја претеравте малку повеќе???

    Прво и основно овде се работи за чиста некултура. Да, да, некултура, ама од страна на свекорот и свекрвата и деверите заедно со своите жени. Кај мене дома се знае што е приватност и што е нечија сопственост. Мојот кревет (кој патем го купил татко ми, а не јас, зашто гледам се фаќате за тоа кој, што купил) го имам веќе 6 години. Нов, со нов душек и знаете кој има спиено освен мене на истиот тој кревет? Никој. НЕ ДОЗВОЛУВАМ. Колку сакате зборете ама јас сум таква и не дозволувам друг да спие на мојот кревет. Крај. Имам кажано 100 пати, за мене приватноста е света работа. А креветот е една од најголемите интимни работи, посебно па брачен кревет. Јас лично сум така воспитана. Кај нас дома така функционираат работите. Кај мене во соба татко ми влегува само на еден чекор плус од прагот. Јас кај моите во спална влегувам само ако нешто ептен ми затреба и тоа влегувам со наведната глава, не гледам ни лево, ни десно. Знаете зашто? Зашто таа соба не е моја и срам ми е дури и да погледнам. Така сум воспитана.

    Имаме многу роднини од други градови. И знаете што се случува кога истите тие луѓе ќе дојдат кај нас на спиење на повеќе дена? НИКОЈ од нас дома за време на тие денови додека престојуваат кај нас не ни помислува да влезе во собата каде што тие луѓе спијат и каде што им се личните и приватни работи. Тоа е ствар на култура. Да, можеби таа соба е наша, да, дел е од нашата куќа ама додека тие луѓе се внатре јас не смеам да влезам, зашто тие денови таа соба е нивна приватност. Ајде ако не, моја си е собата па ќе си влезам внатре и ќе си правам што си сакам.

    Во случајов, fairy90 има целосно право да се налути. Таа соба е нивна? Нивна е. Им ја дале по сопствена желба? Да. Си ја средиле и ја реновирале од корен со сопствени средства? Да. Епа што мајка бараат сите да се редат внатре и да спие кој стигне? Што мајка бара да и' влегува деверот во собата каде што она си ги има оставено тангите, прслуците, кондомите, подвезиците итн? Воопшто, ама воопшто не се согласувам дека она е крива што се налутила.

    Ќе ви кажам и друг случај од моја блиска фамилија. Тетка ми и тетин ми додека си ја правеа својата куќа живееја привремено кај баба ми и дедо ми. Имаа само една нивна соба. За време на тие неколку години додека беа таму никој не влезе внатре додека они не беа дома. Јас бев мала па дедо ми и баба ми не ми дозволуваа да влегувам во таа соба кога сакам, а не па они двајца да си влегуваат или па мајка ми и татко ми да си спијат кога ќе им текне. А таа соба порано била заедничка, и на мајка ми и на тетка ми. И што требаше мајка ми да направи? Да си оди кога сака и да прави што сака само зашто таа соба порано била и нејзина? Не е битно што тетка ми престојуваше таму со нејзиниот маж? Не е битно што во таа соба е целата нивна приватност? Не е битно тоа нели? Можеше и мајка ми тогаш да рече дека таа куќа ја правел татко и' и не и' е гајле кој, каде спие, таа соба била нејзина и ќе прави што сака. Таа соба е нивна во тој период. И се додека во таа соба има нечиви приватни и лични ствари таа соба е туѓа. Ама пак ќе кажам тоа е култура.

    Еве уште еден пример. Кога чичко ми се ожени јас бев мала ама памтам. Со стрина ми имаа една соба. И да, таа беше нивна соба. И на чичко ми и на стрина. Небитно што стрина ми тогаш се пресели и таа соба не ја правел татко и'. Еве и татко ми му е брат на чичко ми па никогаш со мајка ми не се наканија да спијат во нивната соба додека не се они двајца тука, само зашто се тие двајца браќа и зашто нели таа соба е и на татко ми по некое си правило. Ние не сме ни помислиле да влеземе, а не па мајка ми и татко ми да се кренат и да спијат во туѓа соба. Мизерии.

    Во случајов на fairy90 се работи за свекор и свекрва кои не можат да сфатат дека децата нивни се веќе големи и имаат свои жени и свое семејство и уште одат по она правило дека тие се браќа и не треба да делат ништо. Косата ми се крева нагоре од вакви филозофии. Небаре се работи за лижавче и за 5 годишни деца па едниот си купил, а на бато не му дал, а не дека се работи за сопствена соба во која живеат двајца возрасни луѓе кои се во брак и на кои им треба максимална приватност. Е од тоа најмногу си патиме. Браќа за браќа, сестра за сестра ама кога си веќе во брак работите добиваат една друга димензија. Само тука очигледно тоа не е сфатено и како што гледам нема да се прифати никогаш. Овде е спасот само да си ги соберат работите и да си одат од таму зашто приватност нема.

    И уште една работа што во Македонија очигледно е најмногу застапена. "Јас ја правев куќава и јас ќе кажам што и како ќе биде, ако сакам можам и да те избркам" - е од ова си патиме. Истите тие што денеска го зборат ова (имам другарки на кои родителите пред мене им го збореле ова) утре кога можеби ќе им дадат куќа на децата за да живеат се понашаат како таа куќа да е нивна па уште и соби си зачувуваат внатре за кога ќе сакаат да си дојдат да си преспијат. Е ова ви е исто. Ќе ти дадам ама низ нос ќе ти го извадам и јас ако сакам и гости ќе си донесам и кој сакам јас тој ќе спие, зашто ова е моја куќа. Косата да ти се исправи од вакви родители. :puke: Јас да дојдам утре со маж ми да живеам привремено кај моите, да ми дадат една соба и сестра ми да си дојде да си спие во истата таа соба кога на неа ќе и' текне? Па има да биде општ хаос. Куќата однопаку ќе ја превртам.

    И уште нешто да си прашам зашто ме интересира. Гледам почнавте девојкава иронично и "германката" да ја викате. Од каде сфативте дека она со маж и' се преселиле во Германија па собава не ја даваат од чиста мира? Јас колку што сфатив они двајца биле таму на определено време со намера да се вратат за брзо. Никаде не напиша девојката дека тие двајца се преселиле таму па сега собава ја држат зашто на нив така им текнало.
    И уште нешто. Која е причината што сите се изредиле на спиење во нивната соба? Додека беа они тука каде спиеја сите? Или по ходници дома на под да не спиеја? Зошто баш во нивната соба сакале? Зошто свекоров и свекрвата не им го отстапиле својот кревет на другиве браќа?

    Не, не и не, не можам да ги сфатам овие работи и не дај Боже утре да се сретнам со ваков проблем. Јас сум премногу флексибилна личност, премногу, можам да се прилагодувам до 101 и назад АМА кога се работи за МОЈА ЛИЧНА ПРИВАТНОСТ па макар било тоа и 2 метра на 2 метра сакам да биде моја приватност во права смисла на зборот, а не сум оставила на едно место и некој друг на кој што не му е од работа ми го преместил.

    Сега си мислам дека среќа најголема е што имам дечко кој е уште поголема цепидлака од мене кога се работи за приватност. Он не сака ни милиметар да му ги поместува некој работите, ма не сака ни да му допира некој, а камоли па нешто друго.

    Пак ќе кажам, тука се работи за култура, односно некултура и домашно воспитување.
     
    На НаталиЛили, Dory, danielka0507 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    браво :clap: :clap: убаво кажано, јас па си викав да не нешто не е ок со мене што не сакам на мојот кревет да ми спие и да се секса друг :^) :D ама изгледа не чуле некои за култура па сосема нормално им е кога идат или им доаѓаат гости да си спијат кај било и да си се сексаат кога им текне :geek: а кога се фатија сите за креветот тој кревет го купила fairy90 а не свеки :!:
     
    На fairy90 и stefi23m им се допаѓа ова.
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    му ја дадоја собата да ја средат за девер му :D :D мајтап му праеа, не беше за нив.
    за резил бе...
    уште живееме во турско време.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Делумно се согласувам со вториот дел - не е јасно каде спиеле тие луѓе пред собата да биде готова, и ред е да барем да се извести однапред, но и целава "драма" е претерана, сосе "очекуваните извинувања". Некоја причина за преместувањата веројатно има (зошто инаку деверот би си ја нарушувал сопствената комоција и наместо во својот кревет би спиел во туѓ?), но со оглед дека само едната страна (која е прилично нетолерантна и наострена) ја слушаме, тоа нема да го дознаеме.

    Што се однесува до првиот дел, чисто ме интерејсира каде всушност спијат гостите кога ви доаѓаат? Кај нас не сме имале посебни гостински соби што би им ги отстапиле, па кога роднини ќе ни дојдеа се правеше распоред независно од тоа кој е чив кревет (и обично домашните завршуваа по каучи, душеци и слично, а гостите на кревет), и ништо никому не стана. Постелнина се менува и готова работа.
    Да не збориме за ситуации кога домашните сами прават друг распоред - кога сум била болна мајка ми често ме земала да спијам до нејзе за да ме има на око, кога татко ми сакал да гледа телевизија во мојата соба бидејќи во дневна друго се гледало, знаел да задреме на мојот кревет, моите седеле во мојата соба кога јас во дневна сум чекала гости и ред други ситуации што сме ги гледале како сосема нормални, и дел од секојдневното фамилијарно живеење.
    Завчера на другарка што ми дојде на гости и реков малиот да го заспие на мојот брачен кревет за да може после подолго да си поседиме, никој не виде ништо незгодно во тоа. Не треба да се прави инцидент таму каде што навистина го нема.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ ај да се надополнам јас.

    Значи собата им ја дале да ја користат, дали на одредено време, или засекогаш, во прашање е спална соба. Исто така, небитно дали тие самите ја средиле, дали веќе собата била средена, таа соба веќе е -нивна-, и никој, ама баш никој не треба да престојува таму. Еве по потреба за рутерот може да влезат...

    Сосема нелогично е и да побараат дозвола, па таму има лични работи на брачниот пар. Еве пример и да прашаат, овие во странство, незгодно ќе им е да кажат не, тогаш ќе биде караница зошто велат не, а не ја користат собата. Ама пак, и да кажат да, шубе е кога знаеш дека некој се пика во твои интимни ствари.
    Убаво вели девојката погоре, пред да дојде снаата во куќа, каде спиеле тие, кога веќе муабетот на свекрвата бил дека за сите има доволно место?

    Ние дома сме воспитани дека пред да влеземе во соба каде што спие некој, треба да тропнеш и да чекаш некој да ти каже "Влези!", а не пак за спиење во туѓ кревет.
    Се знае за гостите, спијат во дневната, нема што да дискутираме околу тоа. Постелнината се менува, но за мене, креветот во кој спијам е само мој. Си имаме и јас и брат ми сопствена соба, моите спална, и нема такви ситуации, кога случајно ке задремеме во туѓ кревет, тоа може во дневна... :)
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Затоа ли треба да се кара таму и да бега дома?
    Тешко на мм, сега е во многу неубава положба, сега тој треба да се кара дома кај неговите оти невестава кренала прашина за безвеза работа.
    Зошто да се драматизира за небитни работи?

    Јас од мој пример вака ќе си кажам.
    И ние живеевме заедно со свекрва ми на почетокот.
    Имавме една соба.
    Никогаш не сум се понашала вака кога и да влези во собата.
    Собата е отворена за се што му треба.

    А од култура јас нема долниот веш да го ставам на спална , се знае кај му е местото, во фиока или во машина за перење. Никој нема да ми фаќа во фиоката.
    Секогаш кога и да појдиме не прашуваат каде сакаме да спиеме. Ние си одбираме.

    Кој и да дојди кај мене го прашувам кај сака да спија.
    Клуч му имам на сите дадено од мојата куќа. Секогаш врата му е отворена за да влезат, ако сакаат и во спална нека спијат.
    Имам клуч од кај свекрва ми, сестра ми, мајка ми и др блиски.

    А и постелнината се менува, се пери. Какво е тоа гнасење од луѓето не разбирам?
    И затоа се ќе ми биди погодено, нема со никој да се карам и на никого да се жалам.
    Нема да кревам прашина и ќе живеам спокојно.
    Никој нема да ме брка од дома, како што кажа fairy90 свекрвата не сака ни да ја види сега.
    Секаде ќе бидам добредојдена.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Можеби однесувањето на fairy90 за некого ќе биде претерано, за некого ќе биде блага реакција, за некого ќе биде однесување на место, ама тоа е карактер. Јас лично не би изреагирала на ваков начин. Јас сум ладна во вакви ситуации. Едноставно сфаќам дека нема простор за разговор и разбирачка. Си го имам тоа на ум и си терам понатака со понатамошни планови како да излезам што побрзо од таа куќа. Толку. Ама јас сум тоа. Некој друг ќе се објаснува со надеж дека ќе дојде до компромис, некој ќе изгреагира бурно итн, секој различно.

    А за другото, никогаш гости не спиеле на наши кревети. Туку спијат во дневната соба. Гарнитурата ни е голема и едниот дел се пушта како голема спална. Тоа ние не сме го користеле никогаш зашто немаме потреба и се користи само кога ќе дојдат гости. Нема потреба од гостинска соба. А и да сме немале услови сигурна сум дека гости не би имале така често. Зашто секој ќе сфати дека едноставно немаш место и ќе гледа што поретко да доаѓа на спиење.

    Што се однесува до секојдневието и тоа си е различно во секоја куќа. Кај мене на пример никогаш не се прават такви отстапки. Јас не чекам гости во дневна, туку во мојата соба, доволно е голема и имам се' што ми е потребно, а во некој случај да сакам да пречекам гости во дневна моите би си седеле во спална. Ама пак тоа си е различно од едно семејство до друго. Татко ми никогаш не заспал на мојот кревет, нит па мајка ми. Едноставно така функционираме и тоа е тоа. Секој си го знае своето место. Ако ми се спие си имам свој кревет, одам си легнувам. Исто и моите. Обично моите гледаат телевизија во дневна, а јас сум таа што си оди ако не ми се допаѓа тоа што моментално го гледаат и си гледам во мојата соба тоа што сакам.

    Отидовме оф топик.

    Како и да е, муабетот ми беше дека секое семејство си е приказна за себе и можат да си се однесуваат како сакаат, ама кога во тоа семејство ќе дојде нов член, односно еве снаа да речеме, тука треба малку да се припазат некои работи. Не може свекорот кога ќе му текне да си легнува на креветот каде што спие снаата и да си задремува. Си постојат некои граници кога ќе настанат нови ситуации.

    Ама пак е тоа домашно воспитување и осет, кои луѓево некако како да ги немаат.

    Морав да редактирам.
    Очигледно никој не го забележа ова, затоа што никаде не прочитав некој да го спомне.
    И да, сега сум сигурна дека девојкава си има работа со некултурни луѓе кои се понашаат како од пештера излезени и за нив нема правила и граници.

     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Дејдрим а да не је претера ти малку т.е малку повеќе.

    Татко ти не ти влагал еден чекор повеќе од прагот, и ти исто, боже мој мили, убаво рече некој како во турско време сте со некои навики и практики. Зашто девојко, каква приватност зборуваш ти, а кога треба да ти ја чистат собата тогаш може да влагаат така?
    И да си ја чистиш сама собата сега, некогаш некој друг ти ја чистел, па тогаш можеле да влегуваат.
    Кај мајка ми во соба да не смеам да влезам,не знам документите да си ги земам или пари,ми е апсурдно, без разлика што е нејзина соба и приватност, не е странец, мајка ми е, побогу. Да не треба писмено барање да пратам или молба?
    Ја разбирам дека со муабетот сакаше да си ја искажеш поентата,ама ова што го напиша едноставно нема логика и издржаност, а уште помалку оправдување за конкретниов случај.
    И како нема врска кој што купил и како располага со него, ако сопственост не ти дава право да располагаш и владееш со нешто тогаш не знам што ти дава.

    Посебно ми привлече внимание мене тоа што девојката уште нит мажена нит ништо, верена, значи многу битен момент е тоа што не му е сопруга, океј е тоа што отишле да живееат кај дечкото, знаела дека ќе се селат за Германија, си ја суредила цела соба цакум пакум, или не знам кој веќе, се изгуби во приказната кој што купил и зашто, со цел според мене да обележи територија. Да се знае дека е нејзино, и покрај тоа што тоа не е, без разлика што не планираат да се враќаат тука веројатно никогаш за живеење. За не дај боже некој да има потреба да спие во таа соба или кога ќе се дели дасе знае што е нивно. Јас само така ја сфаќам приказнава и никако поинаку.

    Зашто ако и беше за дозвола и тоа што не побарале од неа, можела многу убаво да го среди тоа, на човечки начин, да каже, дека сака да ги прашаат, т.е не неа маж и, негова соба е тоа не е нејзина, дали може некој да спие таму, и целава бука да заврши.

    Инаку ние македонците имаме многу погрешно сфаќање за поимот сопственост, читам и се чудам, искрено како си ги присвојувате собите, куќите и становите на важите мажи,вереници, татовци,мајки.
    На запад а наполнат 18 години им праат ауфидерзен од дома, им даваат некој денар а кирија или ако се подобро ситуирани пред брак им дават нешто пари како депозит за да можат да подигнат кредит, па сами да си купат нешто за живеење, па сами да си го уредуваат и командаат у тоа.

    Кај нас само го има ова, до 40 години живеење кај мама и тато, па уште командање во туѓи куќи, делење соби и наследство, а луѓево уште се живи. Тек кога ќе починат, можам да замислам што мешање ќе биде тоа од снаите, тешко на тие мажи и браќа, тек па да имаа сестра, како ве читам ни шпајзот немаше да и го остаат неа снаите.

    Муабетот е дека многу сте осетливи и за џабе си правите збрки у животот.
    Или ви е многу досадно, или навистина има некој посериозен проблем кој не го искажуватеи не сакате да го признаете а е поврзан со вас лично и со никој друг.
    А и ние ја претеравме со филозофирање околку што- спиење во собата на братот и снаата без прашање.
    А некои луѓе си имаат сериозни проблеми како болести, сиромаштија и неработеност.
     
    На danielka0507, kate21, makedonkamak и 8 други им се допаѓа ова.
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    ја како што знам девојката е мажена во странство баш во друга тема ја прочитав, значи веке му е сопруга и несфатливо е тоа братот и жената негова да спијат на нивни кревет , да не кажам нездраво и гадно.
    А вие тука галамете колку сакате и поддржувајте некои фикс идеи како сте модерни и што ти знам |( и како што кажав и комшијата и роднините ставајте си ги на спална па после не ги менувајте ни постелнитите оти нели се е тоа нормално |(
     
    На Dory и fairy90 им се допаѓа ова.
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ме изнасмеа :D
    па како да не е нормално а комшија а некој домашен исто ти е се бре :)tmi: џабе полемики ова се си е одраз на домашно воспитање девојкава е од фамилија што си има правила на поштување на приватност а дечково потекнува од семејствота на каменковците,со сукало лустер да се крши :tmi: )
     
  18. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Па ако си е мажена и живее во странство тогаш што има да држи соба посебна кај свекрвае дома.
    Ете има кај да живее таму ако живее.
    Ко ќе си дојди овде ќе спие кај што ќе одреди свекрвата.
    Многу е глупава и помислата собата да стои неискористена и празна, а живеат во странство.
    Значи овде си идат и привремено остануваат па пак си одат странство?
    Станува збор за поголема фамилија, плус брат и јатрва, веројатно собата е поголема и нив повеќе ќе му треба кога се дома кај свекрвата, а ако е за креветот слободно ако сака невестава нека си го земи секако само тоа и има од цела куќа и лустерот ако сака. :D па нека крева прашина после бидејќи идеи што и даваш ти ќе ја доведат до тоа дека е во право(а не е) со што наместо разумно да ги согледа работите таа ќе се докара со свекрвата, свекорот, братот и мм.
     
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    3.365
    Мислев на тоа дека бракот и е склучен во странство како што кажав прочитав во друга тема маубетот ми беше само дека му е сопруга а не дека не му е ништо и највеке ме нервира тоа што омаловажувате бе жени, не му е ништо САМО вереница , пазете вереница па зар тоа ништо не е ? за вас вереницата е школска љубов? дај бе не тресете . Само ако се потпишала во матично тогаш има право а вака е никој и ништо :o :tmi: што да кажам |( треба да се има култура и осет, ама не сите луѓе ги имаат нажалост :wasntme: па затоа и дотичниве брат и јатрва ни две ни три си се тупнале во ТУЃ кревет
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Значи не сте во право воопшто,ни ти нит па со другите се сложувам.Чекајте бе луѓе малку,да ве прашам нешто.Мажот и имал ли своја соба во таа куќа? Имал,се оженил ли? Да,значи автоматски таа соба станува НИВНА соба заедничка и нивна приватност.Друга работа до каде спиеја сите до вчера? На улица?Зашто сега наеднаш мора некој да седи во таа соба?
    Да ви кажам право,за мене е многу дрско и некултурно да НЕ ПРАШАШ одкако луѓето си ја реновирале и наместите собата за нив.И јас да сум и јас ќе се налутам некој да ме третира како,кој те шиша ма тебе ќе си спијам јас кај сакам,а јас лично сум ја реновирала и обновила.
    Не е така убаво,човечки е да се праша барем ,а не тупнете се таму и така не се тука иххх да не мувлоса собата ако поседи празна?И што ако се во Германија,ете ќе се вратат ,тоа не е изговор.Па уште си зел за право типот лустер ТУЃ да крши,абе ајде мизерии.
     
    На Daydream, stefi23m, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.