1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домашно милениче - мачка

Дискусија во 'Дом' започната од Arriety, 22 март 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Дали ти е потврдено од ветеринар за што поконкретно се работи? Каков паразит, бактерија или можеби габична инфекција?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Се појавува, многу е лошо пошто е пренослива болест, може да се рашири по телцето, најчесто таму воопшто после не расте крзно, ама најдобро да си го носиш на ветеринар и да ти дадат маст, со хумани лекови се решава тоа, масти, кетоконазол, гентамицин, кутерид, екалин...
     
  3. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    433
    не само ми кажа дека е бактерија, народски кажно красра...
     
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ми ниудат маче од мајка сијамска и татко уличен. Знае ли некој како би излгедале мачињата. И како да препознаам кое е машко а кое женско?
     
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сијамска мијачка :lol:
    [​IMG]
    Шала на страна, мислам дека ќе биде како и секоја обична мачка што ја среќаваме овде, само ќе поприми од карактеристичната комбинација на бои на сијамската мачка.
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако се многу мали
    Инаку ако се потпораснати и имаат формирани полови органи, тогаш се гледа појасно. :)
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Луѓе има една мачка пред зграда, многу е убава, со дебело долго крзно и бушав опаш и преубави зелени очи, мене ми личи на персиска мачка, ама што знам јас не се разбирам баш од мачки.Него сите од зграда ја чуваме, ја храниме и таа си се вдоми, се гали во сите и со моето куче и е најдобар пријател.Мене ми изгледа како да е трудна, кај мешето е здебеленка, ама поим немам како се однесува трудна мачка и како се препознава дали е трудна, зошто може само е здебелена.Би сакала да ми кажете дали има некои знаци по кои можам да препознаам и дали има некој начин и нешто што би можела да и дадам за да и олеснам ако е трудна.Хелп?
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Еве ти симптоми и знаци на бременост:
    1. Мјаучи гласно и се тркала:
    [​IMG]

    2.Во 3-4 месец ќе одбива да јаде и(или) ќе биде по пребирлива за храната
    [​IMG]

    3.Околу 35 ден провери какви и се брадавиците. Би требало да бидат вакви:
    [​IMG]

    4.Кога ќе легне, би требало да има поиспакнат стомак од вообичаено
    [​IMG]

    5.Следете ја каде оди, можеби бара место каде да се породи
    [​IMG]

    Се надевам дека ова помогна. :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Феминки ми треба совет, посвоив возрасна мачка, купив апчиња за паразити, па сега незнам дали треба цело апче да и дадам или половина (на кутивчето пишува пола), а човекот од ветеринарната аптека немаше време ништо да ми објасни.
     
  10. MaryJaneSS

    MaryJaneSS Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Зависи какви се апчињата. Обично на моите им давам Бихелдон и на самите апчиња пишува за колкава килажа се (тие што ги земам се за 10 кг), па согласно тоа и ги делам според килажата на мачките. Најдобро е да и дадеш препорачана доза како што пишува на кутијата, а според името на апчињата можеш да побараш и на интернет, па да видиш што е препорачно и коментари од корисници. Се надевам помогнав :)
     
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Ова сега го прочитав, задолжително треба сите да го знаеме!
     

    Прикачени фајлови:

    На Lella, Papillon.Papi, MaryJaneSS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Мојата мачка нема заби напред. Има само кучешки и до кчешки заби има едни пред паѓање. (назад не сум видела ама мислам дека се е во ред назад зошто ја преџвакува храната лесно... ама напред и на долната вилица и на горната вилица нема заби! Дали е тоа нормално? 6 години има.
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Чудно, не знам која е причината. 6 години не се многу за да се очекува проблем со паѓање на заби, а имам и постари мачки со сите предни заби на број. Претходно ги имаше? Имаш забележано некаква промена во однесувањето? Не е лошо да прашаш и ветеринар.
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И мачката што е кај баба нема воопшто заби, па се прилагодивме со јадењето, помека храна и потечна, мислам дека нема медицинско решение, на 6 години е касно да и раснат нови заби.
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Понекогаш тешко дише и си ја поклопува главата со шепите... ама не сум сигурна дека е поради тоа... ќе ја однесам кај Диме, ќе каже тој. Ние не и даваме многу тврда храна. Ја храниме со попара некогаш, но воглавно и даваме мачешка дехидрирана храна потопена во вода или саламче. Незнам дали комшиите и даваат коски... но ќе им кажам да не и даваат веќе храна. (во добри односи со комшиите сме, не е проблем) :D
    Самошто и ги проверив задните заби, сите на број ги има. Сигурно е од храната.

    Благодарам за одговорите, многу ми значат. :hai:
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Пак со нашиве проблеми. Мојата мачка е премногу лакома. Секаде ме следи мислејќи дека ќе ѝ дадам храна. А, ја храниме редовно, дури и дебела е. Многу ми смета тоа кај неа.. дали треба да се навикнам на тоа или да направам нешто (и што)?
     
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Домашна мачка е како разгалено дете. Секогаш ќе бара уште сладолед и ти како родител мора да прифатиш дека за нејзино добро не смееш да и` даваш.

    Мачките, исто како и луѓето, од преголема тежина развиваат различни болести, па ќе и` го скратиш животот со тоа што ќе и` угодуваш и даваш повеќе храна отколку што треба.

    Држи ја својата мачка во добра линија и ако е мрзелива, најди начин да се занимава и да биде физички активна. Што повеќе, тоа подобро за нејзиното здравје. ;)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Со што поконкретно ја храните во текот на денот и колку пати?
     
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ја храниме со дехидрирана храна, месо посебно што сме го оставиле за неа од ручекот, некогаш дедо ми ѝ дава остатоци од колено животно (во саботата ѝ даде зајачко месо, назнам колку смеат тоа мачките да го јадат тоа, ама поминало, нема да ѝ се дава веќе тоа, знам) значи, разно... и плус што краде храна од комшииските мачки додека се шета надвор... тоа ќе бидат 5 или повеќе оброка на ден... :?:
    Не е многу дебела, си држи линија, ама не е ни недохранета.
     
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Мачките смеат да јадат СВЕ, освен благо. :) Мачките си имаат свој сензор и ако нешто не е добро за нив, нема да го јадат. Секако, освен оние специјални отрови кои ќе ги излажат, ама ако си доаѓа од природата, они сами ќе знаат дали да јадат или не, не се екирај за тоа. :P

    Единствено скратете на обилноста, друго ништо не менувај. :hai:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.