1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрацептивни таблети

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 26 ноември 2009.

  1. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
  2. Betta

    Betta Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Јас ги пијам Јасминот веке 3 години и навистина сум презадоволна, се ми се среди откако почнав да ги пијам а инаку сум и страствен пушач.Имав полицистични јајници и добивав 1 - 2 пати во годината, црвенило по лицето и надувана како жаба ужасно се осекав и затоа генекологот ми ги препиша но претходно бев на испитување на ендокринолог и на трансфузиологија каде се испостави дека имам малку покачен машки хормон (не ми текнува како се викаше) а останатото е се во ред. И јас имам проблем со влакненца по брадата но откако ги пијам Јасминот влакната почнаа да се проретчуваат и да стануваа по меки и не толку цврсти, ми се повлече црвенилото по лицето и добивам редовно и ослабнав едно 5 - 6 кг. инаку сум дебелка но знам дека не сум подувана како што бев ми фалат да симнам едно 10кг. би била презадоволна,инаку сум 170цм. а тешка 88кг, али док не почнав со јасминот бев близу и до 100ка :(
     
  3. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    3.362
    Jas gi piev Diane-35 6 meseci i ne se zdebeliv nitu gram.
     
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    4.889
    Бев на преглед кај гинеколог и поради ендометриоза ми препорача една година да пијам котрацептивни пилули, конктено Yaz. Воопшто не ме праша дали сум пушач, а читам коментари дека не треба да се пијат ако личноста пуши. Ја сум страсен пушач со ~кутија дневно, и плус имам проблем со аритмија. Ве молам за совет, дали повторно да се консултирам со гинеколог пред да почнам да ги пијам. Малку ми е чудно, зашто не бев кај било кој, него проф. доктор а он ништо не ми напомена, а на излегување си запаливме цигарче надвор. :?:
     
  5. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Во сите упатства на контрацептивни таблети пишува дека постои ризик кај жени што имаат над 35 и се пушачи.
    Ако ти сакаш може повторно да си се консултираш, зашто сепак е доктор и знае многу повеќе од сите нас тука. ;)
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  6. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    девојки ме интересира после прекинот на пиење на таблетите после колку дена добивте? јас престанав да ги пијам пред 3 дена и усте немам циклус,нормално ли е ??
     
  7. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ако пиеш контрацептиви со 21 таблета треба да добиеш во рок од 7 дена. Ако ги пиеш тие со 28 таблети т.с 24 активни и 4 плацебо треба да добиеш во тие 4 дена додека се пијат плацебо таблетите. Ако ти е прво пакување крварењето може да изостане, но доколку не е прво тогаш нешто не е во ред и треба да се консултираш со гинеколог.
    Сега незнам какви земаш ама би требало да ти дојде денес утре. :)
     
  8. vaga1992

    vaga1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    1
    Здраво женски веќе скоро цела година пијам јасмин поради појава на цисти.кога имав добиено на трети ден од циклусор имав незаштитен однос.тоа и ми беше последен однос на седми март.дечкото сврши надвор.потоа продолжив со следната тура и добив на 2април.циклусот ми траеше три дена и ми течеше мн малце,повеќето така со кафено беше. и сега ја продолжив следната тура со апчињата ама имам главоболки понекогаш,подуваност,често мокрење,имам гадење понекогаш,низок притисок и ме тера на нервоза и напнатост. тогаш пред да добијам правев два теста излегоа негативни. дали мислите дека сето ова ми е поради апчињата? мислам ддека нема никакви шанси за бременост.
    ај ве молам за совет :)
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Консултирај се со лекар, види во упаството мислам дека треба да ги прекинеш.И дали ги пиеш правилно или само зимаш? (Доколку ми го одговориш ова ке можам да ти помогнам,затоа што јас ги пијам истите).
     
  10. vaga1992

    vaga1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    1
    По препорака на лекар ги пијам.треба да ја довршам оваа тура и да одам на контрола. Ги пијам редовно секој ден по едно. Јас се плашам од бременост ама мислам дека не ми е тоа. ај помогни ми те молам :)
     
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас во последно време размислувам сериозно за ваков вид на контрацепција.
    Нормално е да има негативни ефекти врз телото, апчиња се, ама сметам дека кај нас конкретно малце тие ефекти се преувеличени!
    Секако прво ќе се информирам со гинекологот, без то нигде не одиме.
    Многу нежна кожа имам сегде, значи малце да се гребнам или удрам одма сина сум раскрварена... А пак на интимните делови сум уште по осетлива. И при користење на кондом често ми се разранва кожичката. Не сум алергична на латеркс, и сум доволно влажна ама ете... Па недај Боже два пати по ред со кондом да имам секс после неможам да мочкам... И зато размислувам за друг вид на контрацепција.
    Сакав да прашам претходно неколку прашања па да размислам дали ќе се одлучам за.

    1. Сакам да прашам дали сите таблети се за земање секој ден?
    2. Како се движат цените на таблетите?
    3. Дали кај некој има психички промени, оти јас бев долго анксиозна ама сега сум во ред и се плашам да не се вратат таквите дешавки :D

    Фала однапред позз.
     
  12. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Пијам 2 години контрацептиви но поради здравствени причини. Пиев скоро една година Дијане. Тие не ги препорачуваат за контрацепција, повеќе се како лек. Тие одат на рецепт и се околу 90 денари а на приватно се околу 350. Овие се земаат 21 ден и потоа се прави 7 дневна пауза п се почнува со нобиот блистер. После една година ги сменив и сега пијам Јаз. Тие се поскапи 530 денари. Во нив имаш 24 активни таблети и 4 плацебо. После завршувањето на блистерот, наредниот ден започнуваш со нов.
    Е сега за ефектите. Диане не ти ги прпрачувам затоа што барем на мене многу влијаеа на расположение и се потешко се поднесуваат и како што шпомнав погоре, не ги препорачуваат за контрацепција туку повеќе како лек. За разлика од нив со Јаз немам никаков пролем, полесно ги поднесувам.
    Имаш и други видови на таблети, па одлучете со докторот кои највеќе ќе ти одговараат.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски

    Фала ти на одговорот. Ќе закажам средба со гинекологот.
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Контрацепцијата е еден вид хормонална терапија, задолжително мораш да се консултираш со лекар. Принципот во глобала е ист. Јас имам земано Микрогенон, 180 беа мислам, приватно, не се сеќавам дали одат на рецепта. Јас со терапија почнував 3 ден од менструација, ги пиев 21 ден и после правев 5 дена пауза.

    Дијането во глобала најмногу ги препорачуваат, но лично не сум ги земала.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    А приватно да се купат кои се најефтини? Видов тука некои суми од 530 денари, па ова 180 ефтино ми се виде.
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Често не станува збор за цената. Како што напишав хормонална терапија е и никако не смее да се зема на своја рака без консултација со лекар. Може да биде навистина опасно.
    Јас од Микрогинон имав страшни ПМС тегоби, речиси неподносливи. Морав да ги прекинам по 3 иот месец од употреба, а препишани ми беа од лекар. Во консулатација со друг гинеколог рече дека ги препорачуваат поновите генерации на контрацептивни таблети и овие не се препорачуваат често заради несаканите ефекти.

    Ми препорача поскапи, од кои поконкретно многу мои другарки се префрлиле од Микрогинон и беа задоволни, ама не ги земав затоа што веќе немав потреба.

    Толку се, ама според искуство (лично на мене ефектот) колку пари толку музика. Ама, немора да значи, секој организам различно поднесува. Затоа постои гинеколог, да одреди кои ти одговараат тебе.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Пак јас :$
    Бев кај гинекологот, и секако после ПАП тест и вагинално ехо,
    ми ги препорача таблетите Јасмин.
    Е сега, јас како голем хипохондрик и паничар, изгуглав се можно и неможно за Јасмин таблетите.
    И сега паничам хаха.
    Незнам си каде испрочитав дека Јаз и Јасмин предизвикале смртни случаи во Америките или кузнај каде...
    Глупости знам, ако си алергичен на нешто и од мед можиш да умриш туку де.
    Ми е страв само од психичко влијание. Од депресивни и анксиозни состојби.
    Дали некој имал таков ефект од Јасмин таблетите поконкретно??
    Макар што знам дека кај секој е индивидуално ми треба малце поддршка :lol: :rofl:
     
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Jас ги пиев Jаз,и можам да ти ги потврдам тие нус појави..на жал..бев со константна мигрена,срце биење како до степен на возбуденост или страв,вртоглавици,тресење на снагата...доста време ги пиев додека не сфатив што точно се случува,бидејќи некако си се тешев дека не е од таблетиве,него од премногу умор.Kога почнав да заприметувам по тв каналиве,вестите,на нет,дека млади девојки ко пупунци паѓаат,со инфаркти,мозочни удари,згрутчување на крвта,вртоглавици докажано од Jаз таблетите,сфатив дека тие симптоми ми потекнуваат од таблетиве...така да одма ги заменив за друг бренд,а симптомите што ги осеќав до тогаш буквално ми исчезнаа во тој момент,па потоа морав на некои дополнителни испитувања да одам,па фала богу не ми оставија никакви последици врз здравјето.
    затоа моја препорака ти е во замена на јаз,други таблети да ти препишат.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. StellaDonna

    StellaDonna Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    11
    jas gi piev JAZ nemav nus pojavi pozdrav
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас сум била на различни контрацептивни, и можам слободно да речам, и јас осетив нус појави од Јасмин.
    Косата почна нагло да ми паѓа, мигрена, алергии на работи од кои немав проблем порано.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.