1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    634 глас(а)
    57,5%
  1. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Тања тоа веќе е реалност-празни училишта. Во мојот град порано имаше секоја година во едно училиште 4-5 класа првачиња и тоа со по 30-35 деца. Денес реалноста е многу подруга. Во едно училиште има едвај 1-2 класа со по 16-17 деца во клас. Половина од таа бројка се роми, а замислли ти колкав е бројот на македонски дечиња кои се запишани во прво одделение. Ова е суровата реалност, за која сеуште не се сваќа сериозноста на оваа појава и колку е самата таа загрижувака. Ова треба да покажува нешто, но никој не се најде сериозно да размисли до каде дојдовме со ова општество. Ова треба да не загрижува. За финансиската помош од Владата за 3, 4 дете и тоа со паричен надомест во период од 10 години по 7000-8000 се офајдија и супер им дојде на ромите и албанците. Македонците ретко се одлучуваат за 3 дете или 4, 5 итн.Ова е реалноста. Ма кој се грижи за овој проблем, многу е битно да се манипулира со граѓаните и да се покажува дека се е во ред во државата, освен опозицијата како главен проблем кој им боде очи.
     
    На TIGRICA123 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  2. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Ајде ред се редат, што е следно. Можам да замислам што ќе се случи со Премиерот кога ќе излезат на виделина сите негови криминали. То Грујо невино пиле.... Може како Силванела Бонела ќе незнеш дека си сопственик на станови во елитни згради. Резиллллллл. ЛопоВВВВВ-благо кажано.
    Кој знеа каде има сметки и каде префрла пари за негов џеб.
    http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?art ... =55&agId=6

    Диктатор ами како :) :) :) Македонијо што те тебе најде.
    http://brif.mk/?p=148166
    Упсссссссссс..................................................................................
    http://brif.mk/?p=148107
    Охоооооооооо машала машала цифри убави...лоповиии
    http://brif.mk/?p=148129
     
    На TIGRICA123, Antula, silvice и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Засега од сите кандидати Груевски ми е најдобар.

    Не дека е се како што треба, ама кога веќе морам да изберам од сите, тој ми е најдобар. Другиве се катастрофа. Од другиве нималку не очекувам нешто поарно да биде.
     
    На Cka и Abeja им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.121
    Да ама Иванов од Гостивар збореше за соживот. Нека оди нека живее таму да види како е. Лесно им е за време на кампања ќе отидат до Тетово, Гостивар по еднаш, ама не знаат како им е на Македонците таму. Мислат ли тие како ќе живеат тие 20 отсто Македонци во Тетово, Гостивар во иднина кога ќе имаме се повеќе Албанци, а се помалку Македонци. Што е една шака мирен македонски народ во тоа море од агресивни шиптари. А од надоместокот за 3 и 4 се офајдија баш Албанците, и така се распродава Македонија со погрешни одлуки. За мене Груевски е квази патриот и се што зборува Љупчо Георгиевски иако им се чини смешно, многу скоро ќе ни се случи. Црно му се пишува на Македончето.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Потполно се согласувам со вас Грујо е навистина човек од збор и на кого може да му се верува само напред...
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Засега премиерот Никола Груевски е во првата листа, да речам и на прво место како политичар, овие години се извиши нагоре со политиката која ја спроведува.
    Ќе речам мало човече со јуначко срце, доста спремен да води политика, а сепак шири позитивна енергија и остварува многу од тоа што го ветува.
    На сите можеби не му е погодено како тој ја води политиката, но и не може на сите да му се погоди.
    Има и многу други политичари доста спремни, но некако забегале низ други политички партии и тоа што го имаат како политичари го изгубиле под водство на лидери, кои се стари колку баба ми и со голема нечиста историја.
     
    На Daydream, Cka и Abeja им се допаѓа ова.
  7. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Што ви е бре луѓе :o и покрај целиот криминал јавно изнесен вие го карактеризирате некој си Груевски????? Немојте сега во минатотото ова или она,гледајте сега како општо се краде народот,јас,вие и нашите деца.Не ми се верува,што уште треба да се случи за да ја согледата реалната мизерија во која живееме? Па зар јас и моите деца треба да селиме за подобар и подостоен живот некаде таму, па овие бре апаши треба да се иселат од државава а не народот. Ете затоа нас Македонците никогаш нема да не биде саглам народ,зошто сите сме себични и секој си гледа него да му е арно а другиот нека цркне. Не знаеме задно да се избориме за достоен живот.
     
    На danielka0507, makedonkamak, TIGRICA123 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    ^^ Кој криминал јавно изнесен? Да не мислеше на јадењето гомца од страна на Заев, сега во предизборна кампања, во недостиг на соодветна политичка програма? :rofl: :rofl:
    Ама нешто многу се расфрла човекот, од толку расфрлен материјал нема да знае кој му е вистинитиот а кој фалсификатот, кога ќе треба да се правда во суд :D Сам си се уплетка и се заеба, што после избори не знам како ќе успее да се отплетка. Не е за секого политика, Заев наместо да си ќути, зашто цела негова фамилија ја држат Струмица, тој нашол за друг да зборува за криминал. Толкав криминалец друг ќе открива. Магарето му реклo на зајакот-имаш големи уши :rofl:
     
  9. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    :) :) :) :) :) :) Лекот до тоа ќе да е.
     

    Прикачени фајлови:

    На makedonkamak и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Оној кој се исмејува на говорна мана (било чија, макар и на политичар) не заслужува да биде наречен човек. Само пазете, карма е кучка.
     
    На Cka и Dvolicen им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    ^ Абеја, кармата е кучка за кого?
    Тоа дали некој се исмева за нечија говорна маана или не, е помало зло од се останато што тие го прават.
    Пази со муабетите за кармата, тука се согласуваме дека е кучка и кога тогаш ќе те удри по нос.
    Ништо лично, но ти ја разбирам ангажираноста околу бранењето на оваа влада бидејќи твоето поле на интерес за вработување беше токму администрација.

    Ајмо..
    http://tinypic.com/player.php?v=k4te86&s=8#.U1kIvFfN1wH

    Гајле ми е мене за Заев или за ВМРО.
    Заев е сељачиште без политичка харизма кој никогаш нема да биде достоен за лидер, баш ми е жал што токму на такво човечуленце му доделиле водечка функција во опозициона партија. Не сфаќаат дека токму тој е негативната фигура ради која партијата не може да им процвета колку и да нуди добри решенија. Всушност имаат идеи, немаат стратегија, немаат пристап.

    А владеачкиве се цела машинерија, еден толку слушан муабет е тоа. Но точно е. Ако направиме анализа од самиот пристап до народот и јазикот кој го користат многу лесно можеме да ја утврдиме стратегијата и можеме лесно да утврдиме какво мнозинство е нивни гласачко тело.
    Фактот дека можеби нешто прават е корпус деликти, ама тоа што го прават дека нечини, дека е кич и лошо распределен рачун, да не речам недомаќински и на крај, то-начин за перење на пари, Е. Но обичниот граѓанин некако не ги вари тие работи, тој само гледа и вика, добро е, а ништо не е добро.

    Не е дека не разбирате дека државата ни тоне во долгови и бесперспективност во рацете на тројца, туку врзани сте вака или онака.
    Не знам што да кажам кога живееме во држава каде главна амбиција на младите е да работат во државна институција без креативни решенија за својата иднина.
    Цела администрација кога тогаш ќе биде ставена пред свршен чин,имале вие договори за неопределено или не.Кога ќе добиете клоца в гз со отпремнина која никогаш нема да ја добиете, зошто е држава во прашање, тогаш можеби и ќе имате 40 години кога ќе биде доцна да се преквалификувате и да заземете друга кариерна насока.
     
    На Hipster, Bojana.20, danielka0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Епа убаво си напишав, ама не си прочитала, еве ќе ти повторам-за оној што се исмејува на туѓи говорни мани?
    А, да, ми текна и на една клетва, ама немам време да направам ретроспектива сега.

    Ако некој убие две деца, дали ние правиме помало зло ако убиеме само едно дете?
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    ^ Знаеш дека аргументот со децата не ти е на место, така? И дека не оди во прилог на дискусијата и е надвор од нејзин контекст, а и нема иста тежина.
     
    На makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Тој некој си што го викаш ти, пред се е премиер, а и ќе биде и следниот мандат во ова те уверувам!!
    се труди да се избори против криминалот колку што можи, криминал кој народот го прави, пред се додека бараш вина во премиерот побарај ја во луѓето, населението.
    До сега јавно изнесен криминал против Никола Груевски немам видено.
    И немој да мислиш дека тоа во минатото што се случуваше нема влијание сега, полека се креваме нагоре толку и можиме.
    Ако најдеш место и се иселиш од тука уште подобро за тебе, ако не потрудисе да се вклопиш, најдеш работа, заработиш ти и твоите деца.
    Јас мизерно не живеам и многу луѓе исто така, но проблемот е колку и да имаме во џебот пак ни е малку нели? Никогаш не ни е доста, па сакаме повеќе.
    Како и да е нивната програма мене ме бендисува, барем имаат програма како партија, одат на сигурно.
    Другите кандидати па и не се нешто посебно.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Е уште да имаше свест Николче арно ќе беше за сите. Да имаше свест и осет прво ќе го спроведеше пописот во Р.Македонија. Немаше на избирачкиот списокот да има 1.800.000 гласачи и немаше фалсификати да има, немаше да гласаат фиктивни гласачи -жители на фиктивни станови и спратови, починати лица, болни лица и затвореници напумпана бројка, колку треба и не треба, Пустец гласачи итн. ЕЕЕЕ ќе победува со плус 400.000 лица во џеб. Постапките против дотичното лице се веќе поведени, ако има правда реална и независно судство ќе се обелоденат сите криминали. Ма да јас не верувам во судството оти знам убаво каква е состојбата тамо.
    Заев сигурно не игра на суво.
    Друго дај пролистајте малку, прочитајте што светот мисли за нас. После тепајтесе колку сакате.
    СРАМОТА !
    http://brif.mk/?p=148419
    Клопчето полека се одмотува.
    http://brif.mk/?p=135609
     
    На makedonkamak, TIGRICA123 и Viki693 им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Што па само на Бриф се повикувате, многу па е тоа релевантен извор и медиум :lol:
    и после Сител ви бил крив а овие :x
    И ако имаше фалсификати, ако гласаа умрени вакви такви, ако се нерегуларни изборите ЗОШТО никој не поднесе пријава до ДИК??????
    ЗОШТО нема пријавено нерегуларност, многу ме интересира тоа.
    Ете и јас сум член на избирачки одбор, и знам дека со добро отворени очи седат таму членовите и набљудувачите од сите партии. И повеќе од сигурна сум дека некои едвај чекаа да се случи и најмала ситница за да рипнат. Ама ете немаше :)
     
  17. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Е многу убав совет даваш, ти би ги иселила сите, само Грујо никој да не го чепка :) а тој некој што ти го викаш премиер, за жал на сите е премиер и удира по грбот на сите...и воопшто неможам да сватам како може да подржувате кражба и ударање на четки....не сум член на ниедна партија но и кога би била никако не би сакала и не би подржала кражба без разлика дали е од мојата политичка партија...се додека народот се дели на ваши и наши има многу да си страдаме....
    Ако е толку сигурен во себе и во својата политика Грујо и остали, зошто трчаат од врата на врата и ги убедуваат луѓето колку им е добро???? Имам контакт со многу стари вмровци кои никогаш нема да гласат за други...но и тие велат "никогаш полошо и поголем притисок немало, не ти даваат ниту гласно да размислуваш", мора да пукне некогаш, ако не сега набргу, само за жал до тогаш сите ке си кутиме и ке трпиме, а државичката ке ни оди надолу....
     
    На mynameislove, makedonkamak и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  18. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Знам за вас од вмро и доказите се шекулации. Верувам не ви е лесно да видите малку поразлично и пореално. Па видеите ги видеата и ќе видите што е. Дали имало докази, немало ќе си видете убаво. Одите прочитајте малку понастрана видеите што светот мисли за нас и за изборите. Ама ај ке ви помине кад тад.
    Латас си мавна мрсна паричка од вмро и тоа со доказ. Па сител биле независни ихихххххххх. :D :D :D
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да се даде шанса и на опозицијата,да видиме и они што ке направат можеби ке биде подобро и многу сум против тие јавни навредувања,кога власта ја навредува на сител опозицијата тогаш е во ред а кога опозицијата ја навредуваше на а1 тогаш веднаш ја затворија телевизијата.
     
    На TIGRICA123 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  20. Srce222

    Srce222 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Премиерот важи за умерена личност која работи позитивно за државата и за зголемување на стандардот.
     
    На Twinkles, babyblond и Cka им се допаѓа ова.