1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Не си ти лоша девојка само си била во подолга врска и несвесно се раководиш по навиките кои си ги стекнала во цело тоа време.
    Остави го тоа, не се однесувај детинесто активирај го профилот, седни учи и не му се јавувај ни под разно. Работите понатаму остави да течат природно, ако почне разговор не ги трошете сите теми на чет, излезете на вистински состанок.
     
    На Haritiela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    мојот дечко мрази лажење..
    јас до сега во врската го имам излажано само за едно нешто,за една глупава ситница а тоа е дека му кажав дека ЈАС СИ ИМАМ ПОСЕБНА СОБА,А ЈАС УСТВАРИ СУМ ВО ИСТА СОБА СО БРАТ МИ.. МНОГУ НЕПРИЈАТНО МИ БЕШЕ ДА МУ КАЖАМ ДЕКА СМЕ ВО ИСТА СО СОБА СО БРАТ КОЈ ШТО Е ПОГОЛЕМ ОД МЕНЕ.. :/ СЕГА ЦЕЛО ВРЕМЕ МЕ МАЧИ ПОМИСЛАТА ШТО КОГА ОН КЈЕ ДОЈДЕ КАЈ МЕНЕ ? КАКО КЈЕ ГО ДОНЕСАМ И СЛИЧНО.. МИ ИДЕ ДУРИ И ЛАГАТА ДА ЈА ПРЕТВОРАМ ВО ПОГОЛЕМА, И ДА МУ КАЖАМ ДЕКА МОИТЕ РЕШИЛЕ СОБАТА НА БРАТ МИ ДА ЈА ПРОШИРАТ ВО СПАЛНАТА И ЗАТОА ОН МОРАЛ ДА ДОЈДЕ КАЈ МЕНЕ ВО СОБА.. НЕМОЖАМ ДА СУМ МИРНА ДЕВОЈКИ ВЕРУВАЈТЕ.. додека некој идат и си ги вараат дечковите и ги лажат за мн поголеми работи јас седам и си го тупам мозокот со ова.. и дури чуствувам страв дека ако му кажам дека сум го излажала може да ми раскине, зошто сигурно кје си помисли штом за ова сум го лажела значи и за СЕ .. помош .....
     
  3. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Девојко не си преувеличувај.. Колку повише зборови си додаваш, толку повеќе ќе те фаќа дека апла го лажеш. Така да кога ќе дојде кај тебе и кога ќе види, ти тогаш речи му абе глупаво ми беше да ти кажувам дека сеуште спијам со брат ми. Нема зашто да ти се лути тука. Не си излегла ти или не си правела нешто со некој. Нема потреба за банални ствари да се притресуваш толку.
     
  4. Bianca.M

    Bianca.M Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Вака со едно дете се допишувавме 3-4 месеци а од исто школо сме (средно да не сфаит некој погрешно) претходните години ја го сметав за женкар не го ни поглендував шо се вика сеа пред 3-4 месеци ми пиша ама имав некој несредени чуства за бившиот ама се средив и сфатив дека почнав да го свиѓам овој од школо онака се понашав ко заљубена осмоодделенка на голем одмор пробував да го видам и он се понашаше со мене најнормално 24/7 зборевме на скајп,на фб а се немавме видено ни еднаш у школо хаха некако го избегавав пошо е у најлошото друштво шо може,пред исклучување е од школо и триста чуда и сеа пред некој ден се договоривме и се видовме и се смувавме,пред тоа он ми пишуваше цело време и ај викам да не е до тоа ја му пишав и после 2-3 дена ми вика немој да не се скршиш ако ми пишеш.И пак почнавме да збориме ама не е тоа тоа мнг е ладнокрвен као да кажам,сменет е и се тоа..Ваше мислење?Он вика дека незнае да сака,а и да претходно се со ку*ви идеше од корист,и сеа може иде незнам више шо да мислам.сакам некако он да се врати на старо?Како да сфати дека не сум една од многуте "негови" девојчиња?Како да биде ко порано?Како да бидам ладнокрвна и во исто време да го натерам да се заљуби у мене?
     
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Совет?...Да си најдеш саглам дечко
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Се согласувам.

    Нема иднина со ваков човек,жалам.Не ти треба личност што само ќе те вовлече во проблеми.Со овие неколку реченици што ги напиша,доволно разбравме каков е он.А таков не ти треба...
     
  7. mirc

    mirc Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    1
    ЕВЕ ВАКА ДЕВОЈЌИ имам проблем со мојот дечко дали јас сум глупа или премногу добра незз имам врска пет гофини многу ми фалеше внимание љубов дружба а пд дечкоми добивав само пцовки ружни зборови љубомора па дури и тепање ми дојде преку глава го имам фатено дека ме лсже бев гневна но и го сакам верувајте многу го сскам еднаш запознав дечко што многу ми личеше на него ми беше интересно дечкото многу ме свиѓаше но несакаше да искочи со мене затоа што имам дечко но еднаш се сличи и се смувавме глупости се мразам себеси поради тоа ме баци само еднаш му ветив дека ке му раскинам на дечкоми и покрај толку причини се најде и му раскинав попрво би кажала налутив три дена не ми звонеше но ми пошуваше на фб дечкоми дека ке се каам и дека сум лоша што му го првам ова не го регистрирав но се гушев во себе неможев го сакам вечерта му се јавив му реков дојди дојде плачевме и двајцата се гушкавме но никој не збореше за проблемот дечкото на кој што му ветов дека ке му бидам девојка нормално го откачив после неколку месеци повторно ме навреди и пак му се јавив од таму неочекуваното пцовки и викање сум му дошла преку глава приметил дека го користам и само ми кажа ке те кажам на дечкоти кур ме боли ке те уништам како ти мене потонав кога го слушнав зботот ке те кажам на дечкоти од тој ден па се до сега страв во мене грижа на совест но повеќе страв да не дознае о да не го озгубам година дена се плашам неможам никако да се олабавам да не дознае или некој да му каже гајле ми е он што прави сакам ако таскинам да не бидам јас крива што мислите вие девојки (извинете ако омам граматички грешки пишувам од тел)
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ти стварно незнаеш кого сакаш. Реално си збунета. А на лагата и е кратка ногата. Толку имам да кажам.
     
  9. mirc

    mirc Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    1
    ма знам што сакам дечкомо повеќе од се ама ми беше криво што ме тепаше и што ме излажа два пати и не ме слуша а јас во четри џида седам ми пукна филмот ама го сакам и он ме сака многу работи смени ради мене ама верувај мајками да знсе никогаш нема да мк дозволи да го видам а иначе дефинитивно него го сакам:(
     
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Прво, не ти е најјасен првиот коментар (ставај интерпункциски знаци! Не е битно дали си од тел или не си, ние овде не претпоставуваме до каде ти е мислата и реченицата и со која интонација ја раскаживаш.) Второ, доволно сфатив од текстот на вториов коментар, за да заклучам: смири му се побрзо за да те потепа уште малку, очигледно малку ти било кога не ти дошол паметот и си мислиш дека те сакал |( Изгледа не ти е доволно ни што те лажел и нервирал, па таман ќе си добиеш и од тоа уште некоја доза ;)

    И да си го сакаш, заслужува ;)
     
  11. siimii

    siimii Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Не си измислувај да не речам ама ќе речам приказни. Колку повеќе измислуваш толку повеќе ти се проширува лагата. А на лагата и се кратки нозете и еден ден ко ќе дознае ќе те смета за лажга и никогаш повеќе да не го излажеш тој нема да ти верува, и да не го покажува тоа. Најдобро пред да дојде кај тебе кажи му дека со брат ти сте во иста соба и готово не е тоа толку страшно. Па сигурно ко ќе сте заедно во таа соба брат ти нема да седе со вас. Освен тоа не си ни прва ни последна која дели соба со братот или сестрата. И јас собата ја делам со брат ми и страшно се нервирам поради тоа. Ама нема друго. А ти на дечко ти признај му се сама пред тој да дознае. КОј признае пола му се простува. Освен тоа ова и не е баш некоја лага, обична ситница. Ама признај си за да не ти прерасне во навика во иднина да го лажеш и за поголеми работи. И самата кажа дека тој мразе лажење, затоа ако продолжиш тешко ќе ти верува.
     
  12. siimii

    siimii Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Епа машките се такви ке излезете еднаш и после станува ладнокрвен нормално.
    Мој совет ако гледаш дека една работа не оди, тогаш не оди. И самата кажа дека е во лошо друштво и триста чуда. Ако почнеш со него било што или се разчуе дека сте излегле и тебе ќе те сметаат за таква ко него. А знаеш како викаат с ким си такав си. Љубовта не познава граници да, ама со тој човек немаш убава иднина. Батали додека е време, за да не биде касно после и да си ја удираш главата од ѕид.
     
  13. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Види вака,пет години врска не е малку.НО :!: Ти си толку збунета,што ни самата незнаеш што сакаш.Јас никако,ама никако неможам да сфатам зошто сте во врска кога тој ве удира,навредува?Немате свој став,свое "јас".Не си ти родена некој да те удира како боксирачка вреќа.ЗОШТО ДОЗВОЛУВАШ?НЕМОЈ ДА МИ КАЖЕШ САМО ДЕКА ЗАТОА ШТО ГО САКАШ, ДОЗВОЛУВАШ.

    И да он тебе не те сака,после ова не.И да даде Господ мајка ти да дознае,да те спаси од него.Вака само си се повредуваш и ќе си имаш последици цел живот.
     
  14. mirc

    mirc Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    1
    во право сте сите и да лас го знам тоа дека немам свое јас ;( он ми е и на мене гневен што сум љубоморна и што нема ниту еден другар повеќе т,с ама не се дружи сепак му имам кажано дека што и да се случи нема право да ме удри :tmi: е сеа ова му е последна шанса ако уште еднаш се случи ке го оставам и ке кажам на моите дома :o ама проклето го сакам ма да на сите не им е јасно што водов во него од толку многу додворувачи ама ете него го сакам што ако сум 100 поубава он ми е многу во животот знам глупа сум ;(
     
  15. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    си зборевме со дечко ми како не викале на прекар во основно.. и баш он ја отвори темава и ми кажа дека него го викале дабар затоа што има такви големи предни заби.. и ми вика:а тебе како те викаа? свиња? (а подебелка сум,али не многу а ни малце онака) откако ми го кажа ова само му реков: ФАЛА МНОГУ ЗА ОВА. и си се тргнав на страна.. си седнав сама на клупа и си размислував што понатаму? дали да попуштам,дали да раскинам,дали да премижам низ се и да простам..? несакав толку лесно да попуштам и воопшто не му правев муабет,значи доаѓаше до мене ми викаше извини се шалев ова она и во еден момент му се раздрав му реков: па што к*р ако било шала? и шала да е,треба да размислуваш што збориш. и си седев јас така 1 ипол саат.. он моли ли моли.. и ме праша:лута си ми? му одговорив остро: ДА ме праша:дали може лутината да ми помине? му одговорив:НЕ и во еден момент очите му се наполнија со солзи и ме праша:сега воопшто нема да ми збориш? кога видов дека низ солзи ме прашува почуствував огромна болка .. одговорив со:ќе ти зборам. после некое време ми викаше дека мн му е тешко така да ме гледа,дека неможел и видов по лицето како течат солзи,а јас мртва ладна што се вика во ниеден момент не помислував да заплачам,и решив да попуштам и се смиривме,сега е се добро но некако тешко ми е сега.. седам и си размислувам и како да немам самодоверба толку колку што имав.. како би постапиле вие на вакво нешто? (доколку сте полничка) врската ни е одлична, значи доста добра,без расправии оваа ни била онака прва,делиме исти мислења,се сложуваме и слично. :)
     
  16. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    да признаам пред да дојде или уште сега? :)
     
  17. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Срам да му е!!
    И јас се нервирам ( еве не сум полничка туку слабичка) кога поедини луѓе ми велат ,,Ко некој скакулец си станала или Бледа си ко мртовец,,
    Па кажи ми многу си слаба, многу си бледа, ама скакулец, мртовец што ми споредуваш?? или ме навредуваш :^)
    Кога устата му е побрза од главата и кога не ги избираат убаво зборовите ова се случува.
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Па и за лутење е работата!
    Зошто таков погрден збор?? :fubar:
    Дај му до знаење дека никој не смее да се изиграва на твоја сметка,без разлика дали си во плус или минус со килограмите :!:
     
  19. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Дај да се испукам и јас малку на темава, јер не знам.. Нема ни некоја причина, но нешто како страв ме гони од внатре. Со него имаме правено муабети и за оваа тема, и за секоја.. Значи се си е супер.
    Само последно време како некоја забегана, цел ден ми расипува една што постојано му лајкува, а гледам и тој неа статуси ова она. Муабет се ни е нормално, заедно сме еве веќе година и пол му верувам и се нај нај.. Оваа му е бивша мувачка, со која останале како другари затоа што само еднаш се десило тоа кога бил на некој концерт.. Ми има кажано и кога, и како не се ни знаевме тогаш.. Но ете ме нервира, мислам дека ме збудалува. Како да ја оттргнам од мисливе и јас не знам. Пред тоа исто се нервирав за една друга за која подоцна сфатив дека немаше никаква потреба, ама ете љубов.. Како да ја исфрлам од мене, не знам.. Можеби е страв во прашање.. А се си е нормална врска.. И деновиве сум некако нервозна, па и за тоа уште толку се нервирам.. А знам дека ме сака, и го сакам и се си е убаво.. Само не знам, некако сум прељубоморна..
     
  20. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Тоа се случува со facebook(ако за тоа се однесува) постираш нешто и сигурно пријателите ќе лајкнат нешто, тоа се очекува.
    Јас мислам сите да ги намалат тоа пријателите на fb, нема лошо да направат, оти тие истите пр. 600 пријатели кои ги имаат повеќе од пола не ги ни познаваат, а секој со различен карактер, па можи да си се опушти дури и да постира нешто, не само да лајкни, па некој од другата страна ќе се нервира.

    Јас се избришав од кај мене, не мувачи не триста ку*ци, не ми се потребни едноставно, можи сме останале во добри односи и ако сме останеле, утре на улица ќе се сретнеме и здраво ќе си речиме.
    Тоа е честот со некој мувач или бивши што се прави, едно здраво на улица и толку.
    Не мора преку facebook цел живот да ми го знае.

    Ако животот не понеси во иднина да бидеме пријатели, колеги на работа, би ги додала повторно на фб. Зависи колку се стабилни. Оти ако забележам дека тој ми пишува на чет безвезе муабет или ми постира и коментира безвезе работи, јас не знам како мојот партнер на тоа ќе реагира, па не сакам да си правам непотребни кавги.
    Ако се само лајкови, немој се нервираш, верувам во тебе дека ќе сетиш кога се преминуваат границите. ;)

    Опушти се, диши длабоко, фокусирај се, убаво размисли дали има реална причина да бидеш љубоморна, анализирај ги работите.
    Отвори ги очите за да ги видиш поубаво работите, но не заборавај на срцето дека тој тебе те сака, со тебе е во врска. :!:

    Не значи дека треба да бидеме заслепени од љубовта, ако бидеме со некој во врска. :?:
    Моја другарка 5 години во врска ,тие секаде заедно одеа и се обожаваја, барем тој така велеше, однесена, занесена во љубовта, од премногу доверба кон него, без никаков проблем да му прави тој да излегува сам и без неа, занесен така на журка дали дека подзапијан ја изневери со една никаква, си ја понижи девојка му пред сите. Ќе речиш тој не ја сакал тој е крив, тој е ваков, онаков. Тој беше со неа 5 години во врска , не верувам дека не ја сакаше, но јас сметам дека и таа е крива што многу му веруваше, што не беше заинтересирана каде е, голема доверба и тој тоа го искористи. :?:
    Па и премногу љубоморна да бидеш не чини, само време ќе си губиш, ќе се нервираш за глупости, наместо да бидеш среќна. :?:

    Кога ќе ги поставиш границите на љубомора со причина и љубомора без реална причина, ќе го достигнеш совршенството, ќе бидеш една и едниствена сакана и заљубена, во себе сигурна, сигурна во другите, посебна среќна девојка. :!: :)
     
    На Safira26 и K-pozitiv им се допаѓа ова.