моево е 2 год и 3 месеци и има 13 кг.. и ние сме на исто млеко та млеко и ни наслабна крвта и ние пиеме овај за железо сируп и едни капки. а јас пред тоа му давав киндер витал за имунитет сега го прекинав откако ги пие овие за железо. секој ден и во текот на нокта што пиеше му се збираше 1ипол млеко. е сега намаливме на пола кило. јаденја пак јас го молам ајде да јадеме ако не он не бара само млеко знае да си побара друго не го интересира. а да прашам колку милилитри е овој сируп
Сите што ја гледат и даваат најмалку две и пол години. Маж ми е висок 1.96 па на него има фатено жица. Само мене ми е мака дека изгледа слабичка многу од висината, а си јади.
Δ Колку е родена маченце? Иначе за тежината ич да не бериш гајле, и мојата е таква, еве веќе 3 години ко шпагета. Битно да се здрави, јаки и еластични, тежината не е апсолутна вредност што мора да се следи.
Колку е родена маченце? Иначе за тежината ич да не бериш гајле, и мојата е таква, еве веќе 3 години ко шпагета. Битно да се здрави, јаки и еластични, тежината не е апсолутна вредност што мора да се следи.[/quote] Знам Моира и јас со тоа се тешам. Педијатерот ми рече исто, дека е височка, па секогаш ќе ми стои послабечка во споредба на нејзините врсници. А инаку се роди 3 кг и 900 грама а беше долга 58 цм.
Истата песна и кај мене, 15 и пол месеци 9 500. Мојата ништо не сака да јаде. Јас сум пред нервен слом
Ние имаме 13 месеци и 8100 грама, а високи сме 76 цм..... Воопшто не сака да јаде....мака мачиме со јадењето. Би сакала да прашам дали им давате нешто посебно за да им се зголеми апетитот???
Џабе се секакви совети за апетит, ако детето не сака да јаде, не постои ништо што може да го натера да јаде, барем со мојата ќерка е така. Секакви начини сум пробала, ама не бидува, несака да јаде и тоа е. Тоа е мое искуство, нека споделат и другите мајки свое искуство.