1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    83.695
    Пол:
    Женски
    Ќотек ? Зарем некој уште практикува такво воспитание ? Ќе започнам од мене,никогаш не сум добила ќотек од моите родители , можеби ме шлапнале некое нежно шамарче додека сум била мала :lol: па фала богу можам да се пофалам дека добро успеале да ме воспитат.
    Иако не сум сеуште родител,уште сега знам да кажам,моето дете тоа нема да го види,или никогаш нема да удрам мое дете ! Да така и ќе биде ветувам !
    За да му всадиш на едно дете знаење ,навики, страв ,почит и се што е потребно што треба да го знае додека е мал е само убав однесување кон него.
    Уште од мал би го наведувала кои се лоши работи , за секоја негова грешка би го повишала тонот (сигурно) но не и ќотек... Само со добар муабет и објаснение мислам дека се може да се доведе до ред.
    А кретените кои своите деца ги воспитуваат со ќотек со казни (заклучени во соба, нема излегување,нема другари) мислам дека премногу грешат . И мислам дека децата кои се физички малтретирани не баш ги обожаваат (значи да не бидам погрешно сватена мислам дека ,таквите деца немат слобода пред родителите имаат страв за да си ја олеснат душичката )
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^^Маченце, Имелда и јас живееме во тој систем, не гледаме американски серии, нема што да се манеме, добро разбираме што е и како е. ;)
    И ако ти сметаш дека е во ред да го тепаш детето затоа што ти како родител немаш да му купиш чоколадо тогаш браво за тебе, моето не се треска од земја во продавница вероватно затоа што можам да си дозволам да му купам се што ќе посака.
    Ќотекот ниту бил, ниту ќе биде воспитна мерка, ќотекот најчесто го применуваат исфрустрирани родители кои не можат да се справат со своите деца, фрустрациите вакви или онакви ги истураат врз тоа невино дете.
     
    На Lolo5, MacenceEna и imelda им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Систем награда-казна се применува за глувци во лабораторија не за човечки суштества . :!:


    Посебно за тинејџерките и сексот , не сум родител ама сум била тинејџер и ако детето се интересира за секс ќотекот е најлошата мерка што може да ја превземе родител .Не мора да драматизираш со перверзни споредби .
    Не е срамно да се дискутира за секс , срамно е да се тепа дете оти му текнало на нешто нормално со оглед на хормоните и општеството кое форсира секс .
    Оние девојки од мојата генерација кои беа тепани од татковците поради тоа што помислиле на дечко или ги виделе со дечко , беа оние кои без размислување влегуваа во промискуитет , како за инат дури .

    Јас отворено разговарав за тоа ,сите последици од прерано започнување односи ми беа објаснети , ми давале совети и јас благодарение на нив успеав да распознаам што е имплус и дека сексот во тие години не е пожелен па си живеев безгрижни средношколки денови .

    Се надевам размислувањата ќе ти се променат кога ќе имаш ќерка, бидејки ќотекот посебно кај тинејџерите има контаефект :sweat:
     
    На Lolo5, ROSII, drugarka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Срна е (по)мала, и најверојатно не била тепана на школо со дреново стапче кога заборавила домашно или оти прозборела кога не треба за време на час. За среќа тој заостанат третмант се истребува, а го имаше во моите генерации што не е толку одамна. Исто како што веќе општествено не е прифатливо да се види како се тепа дете со маша/сукалка/опасач од страна на родител. Се надевам додека има свои деца ќе се спроведе некој закон воопшто за оној ќотек кој уште е прифатлив од некои родители и од општеството, за да утре таа да е дел од таа промена и не си го истура бесот врз нив, само затоа што она, со нејзини зборови од друга тема, прво јадела ќотек кога била немирна па после ја прашувале зошто.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Срна јас спомнав за разговорот, само ти ги извртуваш зборовите. Не е тоа во ред, не се води така дискусија. Јас напишав ќерките се на ФАКУЛТЕТ , НИКАДЕ НЕ ПИШУВА МАЛОЛЕТНИ (читај убаво) и никаде не напишав ќерката да се ебе, мајката да гледа (некорекно од твој страна да извртуваш зборови), напишав разговараат за сексуалните дилеми и посета на гинеколог.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Морам да се замешам иако немам деца.Осамена срна не знам во какво семејство си раснела но да кажеш дека разговорот помеѓу мајка и ќерка е перверзен не само што е ступидно туку и трагично.Па на мајка ако не се доверам на кого?На комшијата? Еве јас сум од оние перверзни примероци кои на својата мајка и раскажува такви работи,која со својата мајка одма после првиот сексуален однос рака под рака отде на гинеколог и секогаш кога има проблем се консултира со нејзе и се советува.И не воопшто не се осекам како перверзна личност заради отворената комуникација што ја имам со домашните.Па боже мој сигурно не им кажувам во која поза јас и дечко ми сме се сексале вчера и какви активности сме имале во креветот за да ми е срам и перверзно тоа што го зборам со нејзе.Впрочем девојкиве доколку повеке разговраат со мајките мислам дека во темана Дали сум бремена ни 5страни нема да се испишани.

    Мајка ми кога требала да биде сртога со мене за да ми укаже и посочи некои работи била и најстрогата личност,но кога ми била потребна поддршка и совет била најдобриот пријател што сум го имала воо живогот.

    Според тебе испага дека стравот од родителот е поефикасен отколку комуникациијата соо истиот.Многу грешиш бидејки со таков однос и став само ке створиш одбивност према детето и утре намеесто кога ке има проблем да дојде кај тебе да ти се пожали само ке тоне подлабоко криејки се. Е во
    тие моменти ке сфатиш дека слободно можеш да и се изнамочаш на строгоста бидејки многу повеке ке ти биде мака што детето не побарало помош од тебе и не те сметало за блиска туку патело и се мачело во себе ..
     
    На Lolo5, imelda, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Н емало воспитни иако не ме рецка ни 2 % , со секој изминат ден, еднаш само кога почна да се треска мирно ја напуштив кујната толку, можеби е оффтопик, но јас ниавистина имам проблем како на дете од 1 год да му објаснам да не ги пика прстите меѓу шарките на вратата, прво не разбира што зборувам , значи вака ако ги стави прстите повишувам тон и викам НЕ ова нема никаов ефект не се ни свртува , потоа ја тепам вратата или правам некои глупи фаци со кои сликовито би и доловила дека не чини таму да се ставаат рацете ама не ми успева, купив и блокер за вратата ама џабе е се става од спротивната страна иако вратата не се затвора една промаја прстите ке бидат прецвикани многу пазам ама и многу се плашам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Дете немам, ама имам внука на таа возраст која ми е дома секој ден.
    На дете од една година не е доволно да му кажеш само со збор или да му повишиш тон. Тоа дете сака трчање по него. Одење по него и внимавање на него цело време.
    Нормално дека не разбира дека не треба таму да фаќа зашто може да се повреди: прво е мало за појавата на болка и повреда да ја има секогаш на ум, второ никогаш не се ни повредило на врата (не ни сакам малото да си ги потфати прстите).
    Затоа си сака трчање по него и секогаш кога ќе се обиде да фати на вратата тргни го детето и одвлечи му го вниманието со нешто друго. Мало е, не е некој голем проблем да му наметнеш други навики (зашто ова со вратата му е само навика; по одреден период ќе заборави на неа и нешто друго ќе му стане интересно).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да го има ќотекот како воспитна мерка ама во ни еден случај тоа да не се ... претера и да има последици како траума на детето или видливи физички остатоци.
    Чист пример е мој братучед кој го имам, кога ќе иди на гости од дома што не применуваат ќотек како воспитна мерка, тој БУКВАЛНО кога иди на гости на превртува куќата наопаку, значи буквално. Има вадено парчиња паркет додека никој не гледа, крши стакло и ниша елементи. Домаќинот ќе му речи „Немој, не е добро така“ ама ако родителот не интервенира - џабе. Татко му само се осмелува некогаш да го поддудри, не да му дај „ќотек“ како шо велиме ние и мајка му веднаш се бутнува како смее тој така ама затоа детето воопшто не ја слуша неа зошто она се му дозволува, но многу го слуша татко му зошто знај дека ќе има последица дека можи да јади шамар ако не е добар.
    Методот со награда и казна е дефинитивно МНОГУ корисен, секако кај некои индивидуи тоа не функционира, но кај повеќето - да.
    Ако детето знај дека за добро однесување ќе биди наградено ќе се однесува добро и тоа ќе му премини во навика - добро да се однесува, а исто така ако знае дека ќе биди казнето, сигурно нема да сака да биди казнето па ќе се однесува добро.
     
    На Osamena-Srna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    theowndemon моето мислење не се совпаѓа со твоето.
    Прво што ти значи да не се претера. Многу е релативно. Знаеш како викаат со раката немаш мерка. Шамарче или по газот да го удриш, ама дете мрда, прета, се изместуда, па лупнала раката посилно и може да го осакатош за цел живот. Место по газ по кичма може да падне раката (знам ваков случај).
    Второ за твојов пример мене родителиве ми се "да му се дај ќотек“ ко што викаш ти. Како бе на гости во туѓа куќа, при тоа си го знаеш карактерот на детето да го оставиш без да го гледаш. Вадел паркет дур никој не гледал, немој молим те. Кај беа двајцата родители па да не го гледаат, ако си го знаат детето. Убаво вика Hipica погоре, детето си сака трчање по него, ако ништо друго бар дур си во туѓа куќа. А ако веќе не се разбира, нема одење по гости, па нема да дозволам куќата да им ја руши на други луѓе.
    А последново за систем награда и казна е метод за дресура на животни. ;)
     
    На Lolo5 и Hipica им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Епа сечие мислење неможи да се поклопи :D
    Значи тоа со ќотекот мислев да се покажи авторитет над детето, а не да фатиш и да го отепатш, which is really wrong, tho.
    Патем за ова со детето ќе ти кажам каков беше случајот, мајката е ... несетена и не го гледа детето, ама ич. Ако татко му го удри па макар и нежно по газето ќе го убие во буквална смисла на зборот, а и тој е зависен од неа и рацете му се врзани и детето буквално си има целосна слобода.
    Тоа со паркетот, се скри зад седмоседот и таму го корнеше (Кај мој вујко го искорна).
    Мене искрено детето ич не ме сака зошто еднаш скоро задави едно мало куче и јас само му подвикнав и го зедов кучето и од тогаш ич ме неќи ... xD
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ На ова дете, дури и да прават родителите како што велиш ти, дури и да го почастуваат одвреме-навреме со ќотек, ако продолжат да не внимаваат на СЕКОЕ НЕГОВО ДВИЖЕЊЕ, џабе ќе биде пак.
    Да ми се пика детето зад тросед во туѓа куќа?! Абе аман бре родители! Ако, кога одите на гости, не сакате да се замарате со детето зашто ви е поинтересно да си муабетите со домаќините, ич не го влечете детето на гости.
     
    На Lolo5, lepadama и Daydream им се допаѓа ова.
  13. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Се може да се реши на смирен начин,без ќотек. Ако ги тепаат луѓето децата, малите ќе си имаат трауми после,па и тие ќе израснат со мислење дека воспитна мерка е ќотекот па тоа ќе го прават и на своите деца.Поарно викај колку те држи глас,отколку да го тепаш некого,никој не смее да дигне рака на никого,посебно на мало детенце или на постар човек.
     
    На Lolo5 и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  14. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Не за џабе викаат дека ќотекот е излезен од рајот.Една до две воспитни можат само позитивен ефект да имаат кај едно дете кое со зборување не се разбира.да се разбереме-ништо претерано. :!:
    Јас многу пати сум добила ќотек од мама
    по газето :lol:
    и еднаш ме има истргано за коса и тоа било.И ништо не ми оставило некоја траума фала богу, сум била немирна ко малечка и добро ми доаѓале тие воспитни.Не преувеличувајте многу. :)
     
    На SimonaTino, sanja.burgundy и lepadama им се допаѓа ова.
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Моето зверче е година и пол и е навистина предизвик да го чуваш. Темпераментно, брзо (оди самостојно од 11 месеци), твродглаво и се што оди со тоа. :D До сега го немам удрено и немам намера да го удрам дури сум жива. Додека не бев мајка сите ми велеа, е ќе видиш кога ќе станеш мајка дали ќе мислиш исто. Еве мајка сум и мислам. Со тепање нема да постигнете ништо. Кога ќе почне да разбира повеќе, ( во план ми е после две години) ќе го применувам тајм аутот како мерка за казнување. Исто никогаш не му имам речено "Аа не биди лошо дете", ами му се обраќам дека детето (таа) уште е добра ама изборите кои ги прави се лоши.(good kids bad choice). Може сум премногу толерантна, незнам, ама за мене со ќотекот само го омаловажувате детето. Друго кое се спремам да го применувам е награда за добро однесување. За сега и давам лепенки на рачето само после миење заби, со време ќе имаме и други обврски. ;)
     
    На Lolo5, Rose96 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ќотекот и викањето само ја влошуваат ситуацијата. Ако сте ги навикнале децата на ќотек уште од најмала возраст тие подоцна вас ќе ве тепаат, ќе се закануваат и уште што ли не. А пак од друга страна, ако ги разгалувате и секогаш се спремни за излегување, ги шминкате ако се женски, им купувате адидас и најк ако се машки и сл. тогаш кога ќе потпораснат ако не им го дозволите тоа, ќе ве навредуваат, можно е и шлаканица да ви удрат, да се дрогираат и сл. Мора да се најде баланс помеѓу овие две нешта. Да речеме: кога ќе посака нешто со убаво ќе му објасните дека не можете да го дозволите тоа од разни причини, ќе му речете:"Другпат ќе го купиме тоа, остави", "Не е здраво да го јадеш тој сендвич, дома ќе направиме со зеленчук", "Навистина го сакаш тоа? Колку,? Ајде покажи ми?", "Ако се однесуваш примерно кај тета, ќе го купиме утре, а сега не носам доволно пари.". Така детето ќе ве разбере и ќе ве послуша. А може и да го наградувате, да му речете вие сами без да побара:"Ако ми помогнеш да ја направам тортата, ќе направиме една помалечка само за тебе" или слично. Знам ваква фамилија и нивното детенце е прав џентлмен. Каде и да влезе :Здраво"; кога некој заминува некаде:"Чаоо, ќе се видиме (мавта со рачињата); кога некој има работа:"Да ти помогнам со тоа, може ли?". Еднаш дури зеде лопата од кај тетка му и го ископа половина од местото за градина без никој да му рече. Срцуш е. :$
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Море како би му удрила едно ќотече, онака убаво и фино да се истушам :devil: Ама кога не можам не можам :angel: До сега син ми го имам удрено само еднаш и кренав температура од чувството на вина. Ама мислам дека тоа е огромна грешка од моја страна и од страна на мм бидејќи во многу ситуации губиме контрола над него. Сега почна да си пушта рогови и да тера инает. Понекогаш ќотекот како воспитна мерка е добар за да се покаже авторитетот на родителите над децата.
     
    На Lolo5 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  18. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Не сум за ќотек, ама ја исплескав по газето пред некој ден, малку и го истегнав ушето и ја скарав...Мислам дека плачеше од што и бев љута, а не дека ја заболе..хахаха...Ама веќе од штекер бега како од црн ѓавол...
    Иако ми се заштитени, несакам да оди таму..Ако и кажам ,,не,, таа упорно оди и се смее...
    Дома ни се заштитени, ама па од каде да знам дека нема да отиде некаде на друго мест..Секунда е тоа...
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ова сега што ќе го кажам ќе биде од лично искуство. Сум била тепана не викам не ( особено од татко ми) иако поолемиот дел од истиот ќотек не ми бил заслужен. До некаде може ќе прифатам ако детето рпетера и во момент на нервоза му се залепи еден шамар, како воспитна мерка секако. Но лошо е ако тоа прерасне во навика и се употребува постојано. Верувајте дека нема ништо полошо на овој свет од тоа едно дете од спомени од детството да се сеќава само на лоши работи и ден денес да живее со белеци по нозете. На тој начин и самото дете ќе створи некоја страшна слика за вас и наместо со почит ќе ве гледа со страв. Пред се мислам дека животно не се удира а камоли па човек. Но ако еднаш го опомената, два пати, три пати и детето пак ја повторува истата грешка мислам дека шамар врши работа. Дете како дете нормално дека ќе плаче и ќе се лути ама да се присетиме дека дете се воспитува и учи додека е мало. Ајде сега на брат ми некој нека му даде памет на 13 години коа си прави што сака и се однесува како никој ништо да не му може. Е тој еден ден буквално ќе ги гази моите родители. А зошто така прави? Затоа што уште како мал малку повеќе го разгалија од што требаше и сега се лигави сеуште како што сака а моите му ќутат демек да не се нервирале. :?:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не може неконтролиран испад да се рачуна во исто време и за промислено стратегиско однесување. Ете така, во една реченица се гледа како родителите што ги тепаат децата својот бес го препишуваат како воспитување. Некој го прифаќа тој изговор, кога веќе наголемо се пере, некој не го прифаќа, туку го гледа како што Е.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.