Будала јас! Сега игнорирај ме, не се јавувај, не ме барај Направи ме камен, лоша, без чувства! Светот сака такви! Мачи ме, да страдам,да плачам... да научам како треба! Да бидам ѓубре за некој да ме сака ко што јас те сакам тебе! -
Често помислувам да киднапирам. Очекувај во блиска иднина, дека ќе ти се случи тоа. Има да те носам на планина, негде високо, кај што ќе бидеме само јас, ти и небото. Толку. Ништо не ми треба друго. Уствари ми треба една топла гушка. По можност во моментов.
Ме бркаш ли се уште? Ме бркаш ли уште на местото каде се запознавме? Ме бркаш ли уште, барајќи го погледот кој не спои? ме бркаш ли од секоја насмевка? Ме бркаш ли уште низ прозорците, позади стаклата кои наместо да не разделат не споија уште повеќе? Ми бркаш ли низ градот кој треба да се вика наш? Ме бркаш ли низ местата кои треба да ги помнат нашите сокриени погледни, желбата да се допреме? Ме бркаш ли од напишаното, низ недокажаното? Ме бркаш ли од недоживеаните спомени? Ме бркаш ли од ненапишаната историја, од руската бајка? Ме бркаш ли уште низ мислите? Ме бркаш ли од здивовите кои го носат мојот траг? ме бркаш ли од телото свое, кои очигледно ти води инает? Ме бркаш ли во ноќите од соништата кои те мачат? Ме бркаш ли уште од мислите во кои ти се давам без срам,нетрпелива да те љубам, во кои телото ти го милувам со целиот свој жар, каде се разголувам пред тебе на илјада начини, каде дозволувам да ставиш жиг врз мене? Ме бркаш ли се уште од себе, од окото, од срцето, од крвта која за миг зоврива, од токму тој миг кој со никој не се повторува?
Знам дека по стоти пат ми кажуваш дека нема потреба секој ден да ти кажувам и да ми кажуваш дека ме сакаш.. Затоа што нема потреба од зборови. Ама пак нешто ме тера.. Те сакам. Да го кажам, поубаво ми е, една среќа ми иди! Срце мое
Љубов кога ќе погледнам наоколу и ќе сватам какви се не постојат,си помислувам: колку само сум среќна што те имам до мене ... Фала ти што си дел од мојот живот и што правиш секој ден да ми е посебен ... Те сакам повеќе од се !
Дај, дај ми свои усни да ги љубам нај, нај се до зори злато мое Рај, рај е покрај тебе штом ТЕ САКАМ знај, знај се ми годи безмерно... http://www.youtube.com/watch?v=2fXzLtAXevI
Ме прогонува твојот лик.Внимателен,искрен и љубезен гест кој не се заборава.Гласот се уште одекнува во глувиот простор.
Љубов моја! Не можам да ти се изнагледам, ах тие твои сини очи! Колку повеќе те гледам сакам уште и уште да сум во твоја близина. Умирам за твојот допир и мислам дека имаш опасно влијание врз мене што ме тера да правам лудости. Те сакам најмногу!
Денес ми недостигаше дотука бидува, а не бевме во можност да се видиме.. Останува на утре. А толку те сакам. Да те гушнам, силно, најсилно! Љубов си ми ти.
Иако те гледам со подруги очи нема да го направам првиот чекор! Не сакам да те изгубам како пријател,како личност. Појадокот беше превкусен,ти благодарам пријателу!
Немаш време за мене? Ако нема врска..Еден ден ќе го имаш целото време на светот, ама ќе нема на кого да го посветиш!
Ти си еден од ретките кои знаат да ги разберат своите сакани кога се во ПМС . Среќна сум што те имам . ТЕ САКАМ !