1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Незнам зошто матичната така ви кажала ,јас те советувам со повреме да се појде на психолог за да не настане состојбата полоша со по јак интензитет тогаш е лошо паничните напади се пострашни барем јас имам искусено на своја кожа , нема страм од посетување на психолог тоа не значи дека сме луди ние што посетуваме психолог, не губи ништо детето само ке се спаси совреме зашто многу е тешко да се лече со поголема анксиозност ,а психологот ке му објазни многу работи за кои не треба да се секира и зошто не треба.А тоа дека матичната кажала да бидете построги кон детето стварно нема логика ме зачуди во ваква состојба никако не треба строго да е однесувате кон него уште повеке ке се зголеми анксиозноста .
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  2. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво. Еве веќе 3 дена имам тапа болка на левата страна кај срцето одвреме навреме, и ако попешачам малку почнува многу да ме боли. Од што може да биде? Загрижена сум. :worried:
     
  3. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Девојки, сакам да прасам дали работата на етрата е поврзана со работата на тироидна злезда? сега бевме на лекар и проверувавме крв и хормони и ни рекоа дека кај маз ми етрата работи забавено! и малку се загризивме, он нормално бесе болен од грип тие денови, од друго нема од сто да е, цигари остави, веке три месеци не пуси, алкохол ни капка не пие, со здравјето е во рфед па од сто мозе да биде!? ако имате мислење или совет писете , однапред ви благодарам!

    За Александра, девојче оди на лекар , не ја игнорирај таа болка, нека видат сто е работата!поздрав
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Добив јаки болки од десната страна на главата, и секако веднаш се фатив за работа. Си ја внесов мислата вп глава дека може да имам тумор или рак.. Пребарував на интернет и најдов кои се симптомите. Еве ги:



    The following symptoms are most common:
    Headache. (одамна, во последно време појака е)
    Weakness (присутна)
    Clumsiness (присутно)
    Difficulty walking. (во последниве две недели, да)
    Seizures. (не ми е јасно ова.. )

    Other nonspecific symptoms and signs include the following:
    Altered mental status -- changes in concentration, memory, attention, or alertness. (губење меморија и внимание, присутно)
    Nausea, vomiting. (присутно)
    Abnormalities in vision. (присутно)
    Difficulty with speech. (последниве две недели, да)
    Gradual changes in intellectual or emotional capacity. (за жал и ова е потврдно)



    Е сега тотално се изгубив. Незнам дали ова ми е од страв, бидејќи многу деца испофаќаа рак, или е реално... До сега ја немам снимано главата. Во која болница се прави тоа? Како оди процедурата? Може некој да ми објасни? :?:
     
  5. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Ако е така до сеа јас требаше да имам рак на цело тело! Не помислувајте одма на такви работи. Џабе си ги полните главите со безвезни глупости. Сигурно ти е од умор, ненаспаност, нервоза, времево.. Има толку многу фактори што би ти предизвикале главоболка, не помислувај одма дека ти е рак. Ако ти е толку страв отиди на лекар и кажи и на матичната што те боли и како те боли. Она ќе ти каже што понатака.
     
  6. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не е само главоблката. И други симптоми имам. А докторката, па таа не знае да препише ли лек за оток а не пак нешто друо да ми каже. И од кај знам, слушам неколку деца во град фати рак па отишле по Турција и др. земји на лечење. Сакам да испитам, затоа убаво си прашав:" Знае ли некој во која болница се прават тие тестови и снимања за да се докаже?". :?:
     
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Па ако не ти чини таа отиди на друг лекар, отиди приватно. Барем сега имаш лекари. Не мора да значи дека имаш рак. Не си стварај дополнителни болки во глава. Прегледите се прават во секоја болница. Ако сакаш државно, матичната треба да ти даде упат за снимка на главата. Ако сакаш приватно отиди си во било која и ќе ти напраат и таму. Да знаеш дека во приватно е доста поскапо, отколку во државно. Ама пак повише ќе ти се тресат на глава, за разлика од другиве што ќе ги чекаш по 2 саати.
     
  8. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Фала :) Летово дефинитивно ќе проверувам.
     
  9. toca

    toca Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Имам голем проблем, ми касни веќе една недела. Пред 2 недели имав односи секако заштитено. Знчи ништо не се случи за да настане бременост барем ние така мислиме. Мене никогаш не ми касни, секогаш ми иде на 26/27/28 дена. Пред 2-3недели исто така имав многу нервози и 2пати пиев лаксантивни апчиња од кој многу ми се гадеше. Дали е можно од тоа да ми касни? Инаку вие последниве денови постојано ми се гади од се, многу сум осетлива на некој миризби, градите ми се отечени и многу осетливи. Вчера имав повремено болки во долниот дел на стомакот и во половината, се израдував бидејќи секогаш кога ми иде тој ден така имам болки, но еве веќе и вој ден помина и пак не ми иде. Многу се плашам незнам што да правам. Другарката ми вика дека е од психата оти цело време на тоа мислам и поради тоа ми се гади и сл. Значи не смеам да сум бремена, имам само 17 години. Инаку треба во четврток да ми купат тест за бременост па да видам што ќе испадне. А ако во случај сум бремена(не дај боже) морам да направам некаков абортус додека е порано, но не сакам родителите да дознаат оти мислам дека ќе добијат срцев удар.. Помислувам и на самоубиство но има многу причини поради кој не би сакала да умрам. Ве молам помогнете ми незнам што да правам. :worried:
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако си имала заштитени односи просторот за паника е многу мал. Постојат ретки случаи на незабележано пукање на презерватив. Со 100% сигурност никој не може да претпостави што е сега причината.
    Ете никогаш не ти каснело ама решило може овој пат да ти задоцни. Не сфаќам само зошто си пиела лаксативи за нервоза. Како и да е, помалку веројатно ми е дека ти касни од апчињата, а нервозата знае да влијае на доцнењето на циклусот.
    Другите симптоми што ги имаш исто и јас сум ги имала некогаш пред циклус, па по неколку дневно "гњавење" конечно доаѓа. Другарка ти убаво ти рекла дека психата те оптеретува.
    Заради сигурност направи тест, но до тогаш може и ќе добиеш веќе.
     
  11. toca

    toca Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Да поправам не пиев лаксантивни апчиња за нервоза, туку оти имав малце проблеми со цревата односно со столицата..
     
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Дали при промена на кожата како сувост, перутење и менување на боја, како во круг потемнување на истото место, без регенерација 4-5 месеци треба да мислам на најлоштото, односно на што конкретно треба да мислам?

    Само да дополнам дека на тоа место конкретно кај што се закопчува прслукот, на грб, во летото ми се појави алергија од купачите, односно имам алергија на бижутерија, па од металното на купачите ми се појави, се излекува и помина. Потоа го немав забележано некое време, кога го забележав ми изгледаше како модрица се надевав дека ќе помини, па прво на памет ми падна дека можеби е од продуктите за туширање, млека за тело и слично.
    Сега се прашувам дали е можеби од тие металните на прслукот назад.(затоа што веќе од истото ми се појави) од поситни работи како металните закопчувалки на прерамчињата не ми се прави ништо, прстенчиња и други ситни работи не, но од поголемите како ланчиња, тоа кај купачите металното беше поголемо.

    Ќе одам на дерматолог утре, повторно за ова.
    Имав појдено и порано да го прашам за совет, ми рече дека не е ништо страшно дека ќе помини, но оти не поминува.
     
  13. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Сестра ми падна и се удри од страна на капакот од окото, значи окото го промашила и има мало хематомче што се надевам дека ќе спадне побрзо, но ме плаши што и потече крв од носот и престана. Значи многу малку крв и не потече одма кога падна него некоја минута после тоа. Ве молам кој знае нека даде совет, дали на лекар да одиме или што да правиме. :(
     
  14. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Денес од утрото кога станав осеќам болка во градите и сега легнивам и повторно се осеќам исто..значи на момети не осеќам ништо а некогаш кога земам воздух и испуштам како да ме стега некој во градите да ми го зема воздухот.осеќам и свирење малку.порано имав бронхит и на промена на време имам проблеми и денес мислев дека е од воздухот ама еве уште трае..ме фаќа по малку страв а и од тоа што постојано мислам на тоа мислам дека ми е полошо..а и во последно време имам мн стресни ситуации..и надвор од ова во последно време каде што живеам имаше повеќе смртни случаи и во последно многу ме фаќа страв за тоа.. Психата ме убиват..слушам и на врата кај моите. Родители кога спојат дали се слиша нивното дишење :/ ве молам кажете ми нешто,помогнете ми
     
  15. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    такви случаи има секаде ама тоа се стари болни луге и нормално е, не си увртувај болести полошо си правиш така и од психата и од што мислиш ти е лошо верувај, знам како е го имам искусено истиот тој страв. Напиј се витамин б6 ( бедоксин) пиј неколку дена по две дневно ке те смири :hai:
     
  16. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Ти благодарам што ми врати но најповеќе имав стрес кога ае самоуби мој комшија кој живееше карши мене и секој ден што се вика бевме заедни а веше млад и имаше и смртни сличаи на млади личности..неможам со зборови да ви опишам како се чивствувам мн е лошо верувај ми :(
     
  17. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Многу честа болка, како печење се јавува поради обилно јадење пред спиење, јадење многу луто, кофеин, алкохол, лежење по јадење, зголемена тежина, напорни тренинзи, пушење, изморување, напнување при кревање.
    Ќе се прашаш зошто? Заради пренапнатост на дијафрагмата.
    Прегледај дишни патишта, да не имаш пнеумонија, оти има и компликации од истата.
    Прегледај желудник, да те видат на ЕХО и направи ЕКГ.
     
  18. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Кажете ми што да се напијам и што да јадам ...имам болка во стомакот,не голема ама ми создава непријатност и кркорење на цревата понекогаш,мека столица и вчера и денес..? :(
    Многу ми е глупаво,незнам што ми е одеднаш,ве молам помогнете ми треба да излезам,не сакам вака да одам. :( :( :(
     
  19. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    На диета малку сега, двопек, кисело млеко или јогурт, избегнувај млеко, сирење и др. млечни производи освен јогуртот, избегнувај шеќер благо, јади пилешка супа, стави си затоплено шишенце со вода на стомакот, болката ќе помини ко ќе се средат цревата, пиј млака вода, чаеви млаки без шеќер, напиј се оризова вода, каде што се вари оризот таа вода. Ова заради меката столица. Следи ја бојата на столицата, течна или тврда, мора да се следи.

    Ако во случај столицата е во ред, а имаш стомачна болка мене ми помага блага вода, водичка со 4 лажички шеќер, поминува многу брзо.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Денес добив, и имам цел ден страшни болки кај стомакот и позади кај грбот. Мислам дека ке умрам, бев уморна цел ден бидејќи станата рано насабајле - се обидов да спијам крај 12 некаде, но џабе од пусти болки не можев. Се напив далерон, и успеав заспав некако. Сега пак како да почнав да ги чувствувам болките и се напив и парацетамол пред саат време, сега чај камилица пијам..
    Ми препорачувате нешто за болки во стомакот? Секогаш вака се мачам првите ден два од менс. :(