1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соленки

Дискусија во 'Рецепти' започната од starfish, 6 октомври 2010.

  1. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некоја од вас знае како да направам соленки, ама без квасец да се ?? Од оние како со ким и со сусам?[​IMG]
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Сакам да прашам...?

    http://www.kulinar.mk/recepti/Vitkani-solenki.html

    [​IMG]

    Еве овде има рецепт со прашак за пециво се, не со квасец. Само не сум ги правела, незнам аккви се.
    А зошто да не се со квасец?

    Еве еден рецепт за со квасец. Мислам дека овие се поубави.
    http://www.kulinar.mk/recepti/Posni-solenki.html
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    фала Нина.
    Инаку не сакав со квасец, зошто немам време да чекам тестото да стасува. А и тие без квасец се покрцкави :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Еве два рецепти за соленки што јас ги правам, едните се со квасец, а другите се без квасец. Ама и тие што се со квасец не ги киснам многу (а некогаш ни воопшто не ги киснам).

    Без квасец - овие може да ги оквалификувам и како посни соленки

    Се замесува тесто од една шолја бело вино, една шолја масло, ќесичка прашок за пециво, две лажичиња сол и брашно по потреба. Тестото може да биде малку потврдо (како бисквитно тесто - за ванилици и слични колачи). Се остава малку во фрижидер, се сука правоаголна кора и се сечат ленти со сакана дебелина и должина. Јас кога ќе ја исукам кората ја попрскувам со мак, а можеш да ја попрскаш со што сакаш (сусам, крупна сол, ким...). Кога ќе ги исечам лентите, малку ги завиткувам како спирала и така ги печам. Ама треба да останат бели, не да се препечат, оти ептен ќе бидат тврди.


    Со квасец

    Се кисне еден свеж квасец со 300 мл вода, малку шеќер и брашно. Се замесува со еден кг брашно, 300 мл масло, две лажичиња сол, 100г сусам, ќесичка-две ким, лажица црвен пипер (ова не мора ако не сакаш). Се сука кора, се сечат ленти, се премачкуваат со јајце, се посипуваат со крупна сол и се печат на 200 степени.
    Напомена - ако ги ставаш сусамот, кимот и пиперот во тестото - треба да ги додадеш во водата, а после се додава брашното.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас денес направив едни со кашкавал.
    Рецептот го најдов случајно и решив да ги пробам, прелесни се за правење, а превкусни.

    Потребно е:
    100 гр.брашно
    100 гр.путер искршен во коцки
    100 гр.кашкавал (да биде тврд, пр.пармезан, или некој рендан)
    1 жолчка
    1 лажичка чили зачин или црвен пипер
    малку сол, малку бибер (по желба)

    **Ова е потребно за една доза, едно тавче.
    Јас направив дупла, за две тавчиња, односно ги дуплирав бројките.

    **Најпрво во брашното ќе го ставите маргаринот или путерот и ќе мешате се додека не стане тестото како трошки. Потоа ќе го додадете кашкавалот, зачинот, солта и ќе мешате убаво.На крај доаѓа жолчката. Отакако убаво се ќе измешате, извадете го тестото на набрашнета рамна површина, и сукајте го тестото. Од него сечете долги лентички, стапчиња и редете ги во намрсена површина.
    Ог горе пречмачкајте ги со белката, и наросете ги со сусам. Ова е по желба, секако.
    Печете ги во загреана рерна на 200 степени, од 6 до 10 минути (зависи колку ви е јаа рерната), додека да добијат убава златеста боичка.


    Многу се вкусни, ама многу!! Пробајте ви гарантирам.


    [​IMG]
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ^ јас ги напраив овие аиии колку грдо ми искочија, ептен беа мрсни, и се кршеа не личеа на ништо, а направив се како што пишува, незнам зашто така :^)
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мимс каков кашкавал стави?
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    [​IMG]
    Ваков, овој е полутврд како што знам :)
     
  9. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    јас вака си правам соленки...
    во кило брашно си ставам цело шолче млеко,1 јајце,лажица шеќер,лажица сол,квасец,си го замесувам тестото со топла вода,треба да биде срдено меко тестото.го оставам да стаса тестото и потоа го сечам на помали топчиња и истите ги развлекувам со сукало и го сечам тестото на 4 дела.од тие 4 дела си виткам соленки и ги редам во тавче намачкано со маргарин.кога ќе стасаат соленките ги намачкувам со жолчка од јајце и им ставам сусам,потоа ги ставам да се печат и потоа си ги јадам :lol: . вкусни се,барем мене ми се допаѓаат :$
     
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ________________________________________Соленки
    Квасец(малку)
    250мл вино бело
    250 мл масло
    Црвен пипер
    3 мали лажички сол
    Ким
    Сусам на сува тава
    ________________________________________
    * Соленки
    200гр павлака(кисело овчо млеко)
    Маргарин
    1 пециво
    2 кафени лажички сол
    Брашното да се замеси , се сука во кора и се сече на мали парчиња се вала со жолчка и ким и се става да се пече.________________________________________
    * Соленки
    300 мл Вода
    1 квасец
    200 мл масло
    По 1 мала лажица, сол, шекер и црвен пипер
    100 гр сусам се меси со тестото, брашното се меси тврдо, се сука и се сече на ленти и се замотува како спирала и се печат. Се мачкаат со ким.
    Тестото не стасува.
    ________________________________________
    Сусамки
    1 маргарин
    4 јајца; 250 гр шеќер
    сусам
    1 ванила
    1 пециво
    Се месат со брашно и се увалуваат во сусам
     
  11. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    мислам дека е за тука ако не е слободно префрлете ме
    Панцероти
    50 мл масло
    250мл вода- млака
    ½ брашно
    1 лажица шекер
    1 лашица сол И ½ коцка квасец.
    Се замесува со скиснат квасец и се дели
    на 21 парче и се оставаат 20 мин за да скиснат.
    Потоа се пршат во врел зејтин.
     
    На simone.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Девојки, дајте некој рецепт за солени грицки, грисини, квики? Гледав нема таква тема па реков тука ќе прашам, во соленкиве.. :)
     
  13. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас вчера правев соленки со сланина и верувајте сите ги бендисаа преубави се бидејќи сланината во нив им дава посебен вкус:
    300гр. (не многу топла) вода, 200гр. зејтих, 1 квасец, 1 1/2 чаж. шеќер, 2 1/2лаж. сол и 1ќесиче сусам.
    Сето тоа се замесува, не стасува.
    Го делиме тестото на 4дела и ги расукуваме корите во вид на правоаголник на размер од 1 до 2см ставаме парчиња сланина, над сланината ја ставаме другата расукана кора и ги сечеме вертикално.
    Во подмачкана тепсија со маргарин ги редиме соленките кои претходно сме ги свиткале... ;)
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Некако многу зејтин....не доаѓаат мрсни? Плус па и сланина, и таа пушта мрсно :?:

    п.с. А брашно колку? :D
     
  15. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Ауфф заборавив..брашно по потреба ќе видиш тестото средно меко..Иначе не не ми пустија зејтин пошто не ставам јас цели парчиња сланина него исечени на резенки.
     
  16. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Јас пред некое време правев вакви грицки и супер испаднаа. А и нискокалорични се :D .

    Потребни состојки:

    200 милилитри суво бело вино
    2 лажички сол
    2 прашак за пециво
    200 милилитри масло
    1 килограм брашно
    1 јајце ( за премачкување)

    ПОДГОТОВКА:
    Од сите состојки замесете убаво меко тесто, но да не се лепи за раката.
    Поделете го на три дела.
    Секој дел расукајте го во дебелина на молив.
    Горната страна намачкајте ја со изматена белка и посипете со афион во зрно.
    Превртете на другата страна што ќе ја намачкате со изматена жолчка и посипете со сусам.
    Сечете на стапчиња и вртете ги, па редете ги во намрсена тава.
    Печете 20 минути, може и помалку, на 200 степени.

    Јас немав афион, па ставив ким. Ќе видите кога ќе бидат готови, мене искрено мислам дека не ми беа потребни 20 мин.

    [​IMG]

    Еве го оригиналниот рецепт http://www.kulinar.mk/recepti/Frcokli.html
    Истиот е, само што јас ставив две лажици сол како што пишуваше таму и испаднаа многу солени, па по се изгледа биле лажички.
     
  17. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Соленки со пипер

    Се меси тесто од:
    1 кг брашно
    1 пресен надојден квасец
    3 лажици сол
    1 лажица шеќер
    15 лажици масло
    100 гр.сусам
    1 лажица оригано
    и топла вода за тестото да биде помеко.
    Се сучи кора околу 1 см.се мачка со црвена пипери и се сечат ленти во должина.Се виткаат спирали и се мачкаат со јајце,оригано и сол.
    Се печат на 200 степени,а потоа се намалува температурата за да се исушат.
     
  18. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    Домашни кубети

    домашни соленки

    1кг брашно се замесува со пола квасец,се додава малку сол и малку шекер.
    1 пакетче сусам,1пакетче ким,1,5 шоља зејтин,1пециво се замесува поцврсто тесто и се остава маку да настаса,потоа се отвара кора со дебелина околу 1 прст и се солат со оригано вегета и ако сакате мозе повторно да ги извалкате во сусам,се сецат тенки ленти ако сакате мозе и да ги виткате да бидат прекшени и се пецат во загреана рерна

    мозе да направите и пола доза засто многу излегуваат и треба малку нерви околу сецкањето зашто колку се потенки толку се покрцкави и повкусни ;)
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.742
    Допаѓања:
    32.093
    Пол:
    Женски
    1 маргарин Кристал
    250мл. зејтин
    250мл. млеко
    2 жолчки
    1 квасец
    1 лажичка сол
    брашно