Ние,моите родители и јас,кога и да одеме на бањање на еден ден,дома се враќаме црвени и изгорени. А,можете да замислите какви би биле,кога би останале повеќе дена,црни како ќумур Навистина,значи секое делче од телото ме боли,неможам дури ни да седам,како претепана се чувствувам,а да не зборувам за одењето,одам како некоја патка Од друга страна се чувствувам многу тажно,се чудам каде ми отидоа другарките,до вчера ги имаше еден куп,а сега нема ниедна.Повторно сум сама,човек да нема со кого да излезе надвор,да се прошета Ќе ми пукне филмот и другарките ќе ги бирам од улица,која прво ќе ја видам,е така де Како и да е,имајте пријатна вечер и еве ви еден поздрав http://www.youtube.com/watch?v=J91ti_MpdHA Спојлер па баш сум "on fire",сета горам
- "Добар г'з чупе!" - "Фала на елементот." Конечно собра храброст. And than he slowly walks away, backwards .
Једва чекам да недеља доџе да мој драги у загрљај доџе ( хаха стара песна ) и не е оваа недела за жал... Конечно чекам и јас да заминам некаде на капење... Го чекам саканиот да дојде и конечно магла да фаќаме некаде... Ми вети дека ке ме носи на вечера на ова на она хаха едвај чекам да си дојде. Иначе денот ми помина како птица ми летна...Ајде на работа па ајде натаму наваму и ајде пак време за спиење. Гуд најт мај пип'л
Од сите одлуки кои сум ги донела во својот живот. За една никогаш нема да се пожалам. А тоа е да станам МАЈКА
Тројца различни луѓе ме имаат предупредено во последните два месеца, пералната ти е на 9ти живот. Знам, тропа, знам има нешто измеѓу барабанот, ама уште пере. Арна е. Арна е. Пуштив бела постелнина додека сум излезена, да не ми тропа додека сум дома. Боже кога се вратив. Црна е. Сиво црна Закиснав во када со прашок и хлор, ама не верувам дека ќе ја спасам. Ќе си умрам од мака утре додека ја собирам во ќеса за ѓубре. Ќе си умрам поштено
Гледам дека на некои сајтови, и домашни и странски, ако сакаш да коментира наместо глупине кодови што ги имае шорано и што требаше да ги прочиташ и повториш, сега ставиле задачки за второ одделение од деветолетка (собирање и одземање до 20) Си мислам, задачите се супер работа, развиваат логика. Само треба да ги прават според возраста за која е наменет одреден сајт. Фемина да речеме - задачи за трета средно. Во мое време тоа беше тригонометрија, сега не знам дали има промени. Кој не може да ја реши задачата, нема што да коментира. Нека оди на Гламстик или други сајтови за помали деца, кај што ќе има задачи за осмо и деветто. И не само што ќе се знае кој сајт за кого е, туку сите ќе се спремат супер за екстерно. Па тек тогаш ќе се качи просек.
Прееска некој пред зграда пееше песна и сега таа цело време ми се мота во глава. И тоа не која било, туку онаа: А ти и даље причај свимаа, какво тјело Селма имаа. Да си трага оставио, не би заборавилааа. Како вчера да беше, кога вриштев, плачев и коси корнев во забавиште, затоа што никого не познавав. А догодина ќе треба факултет да бирам. Кој не се изгуби негде, еве на... По малку ме фаќа страв, не знам... нејќам да пораснам, бе. Петар Пан, каде сииии?
Се чувствувам предадено. Што и направам него му е малку. А се трудев и за двајцата за се да испадне добро. Немам никаква енергија ниту желба за ништо. Тој ме правеше среќна и со самата негова појава ми црташе насмевка на лицето. Сега некако се чувствувам празно, како нешто да ми фали. Ајде да го оставиме тој момент на страна, премногу нервози и стресови во еден ден. Ма нее, не можам јас вака. Сакам кога ќе си станам сабајле мирно да си испијам кафе, полека да се облечам, да појадувам кога мене ќе ми текне па да продолжам со обврските на денот. А не вака, стануваш сабајле уште не дорасонет, ти ѕвони телефонот, мораш веднаш да станеш, да се изнервираш и целиот ден да ти отиде у пичку матер. Крајно беше ова, не беше Сара родена за тие пусти нервози. Утре ќе спијам до кога сакам, кој што и да ми рече нема да го земам здраво за готово и крај. Дури вечер планирам да излезам, да се опуштам и да соберам барем малку енергија. Многу ми е потребна воља за живот, се плашам да не паднам повторно во депресија. Ама не не, силна сум јас... Низ што се не сум поминала, па ова да не можам да го пребродам пхх..
Пред неколку дена татко ми пронајде мобилен телефон,еден од понајновите.Го донесе дома и ми рече да сум проверела да не` ми е познат.Не ми беше познат.Но,на мајка ми некако низ магла да.Даваше мајка ми претпоставки чив би можел да биде,која интуиција.Иако сум против чепкањето на туѓ телефон,морав да го прекршам тоа правило.Прошетав добро низ телефонот и открив видео.Видео на кое имаше едно слатко девојче од па добри 2-3години.Цел ден изгубивме со мајка ми и татко ми за да откриеме чив би можел да биде.Татко ми секако праша дали некој од околината изгубил телефон,но доби негативен фидбек.Вчера телефонот ѕвонеше и јас го дадов на мајка ми.Таа крена и зборуваше со жената.И рече дека телефонот е во сигурни раце и дека татко ми по паузата на работа ќе го однесе.Така и направи.Ми раскажа дека детето било премногу радосно. Ем детето радосно,ем неговите родители смирени,ем мајка ми и татко ми весели,ем јас горда на нив.
Само што го изгледав цедето од матурската без да премотувам (многу). И изгледа некое алтерего се буди во поголемиот дел рокери што не сакаат да чујат за турбофолк, бидејќи откачија на песни како „љепша од ночи“, „случајно“ и слични на нив. А морам да споменам дека оро играат како со години да биле во Танец А професорите и нивните потези се посебна приЧа Спојлер За жал во тие со алтер егото спаѓам и јас (без ората)
И вие во ПМС имате секогаш несоница, а тоа е една четвртина од месецот и не е факинг интересно? Ми оди и рачките на фрижидерот да ги изедам. Заспиј, заспиј, заспиј, ми се спие, ми се спие, ми се спиееееееееее...Не.
Ова може се да биде само лето не! Колку и да е жешко и тешко, сепак поубаво од сонце нема, лесна и светла облека, не се тресеш под ќебе со чај во рака, излегуваш надвор без јакни и триста чуда на тебе, ама оваа година летово се повеќе ни личи на есен, ме потсеќа времево на октомври-ноември и се си мислам ме чека некое домашно, а јас упорно наоѓам изговори за што покасно да го завршам. Оваа Сара Мејс стварно од кога ја испеа песната бел ден не видовме, ама и Гулабица има удел во тоа со песната нека грмат громови, се здружиле изгледа, ај сега една сонце, сонце нека испее, да поцкраме од жештини. Какво-такво лето, што е тоа е, добро утро феминки!
Само што мислев да напишам пост го видов и постот на дрим грл и се насмеав хаха Сакав да прашам да не има Сара Мејс нова песна ? ГРМЕ ГРМЕ ? Аии страшно време е ...А јас мислам дека никогаш нема да престанам да се плашам од грмење не ми е срам да кажам дека синоќа пак спиев со мајками бидејки ми е страв... Надвор е страшно не се излегува.... И како за беда каде ми е страв па и нокеска се разбудив ни помалку ни повеќе туку 10 минути пред да почне да грме око не склопив до сабајле.... Нешто слабо активна фемина од сабајле хаха мислам дека има и други како мене кои се кријат под кебе од ова време
Сакам да кажам преку К** ми е од луѓе на кои постојано нешто им фали,нонстоп се незадоволни и мрчат за времето! *** „Не лутете му се на дождот, тој едноставно не знае како да паѓа нагоре.” ~ Владимир Набоков ~
Да можам би ја забранила љубовта на личности кои знаат само да ја злоупотребуваат и ништо повеќе од тоа. Секогаш ќе си останат мизерни и празни во душите, а тоа никогаш нема да го сфатат. Не се достојни да се наречат "заљубени". Едно толку чисто, невино и прекрасно чувство како љубовта е невозможно да се вгнезди во тие расипани души!
Што е убаво свежичκо надвоρ, си пρошетав, си појдов до Бисеρ си κупив нешто, си се вρатив... Абе милина. Увбави се утρинсκиве пρошетκи, сега баρем ќе се чувствувам убаво во теκот на денов деκа сум се ρазмρдала по сабајлечκи, ем ρосеше. После и κафенце си напρавив и убаво се освестив. Сега цел ден отвоρени ќе ми бидат очите, а не полузатвоρени κаκо дρугите денови. Тρеба да се стеκнуваат ваκви навиκи. Дуρи ќе биде поубаво да се навиκнам да си вежбам онаκа утρинсκи, не за да слабеам (доволно сум си слаба) него ρади здρавје, да зацвρснам малκу, а не да бидам млитава. П.С Дајбоже од сега да ги почнувам деновите ваκа ρасположено κаκо денес, ми се смачи од тие тмуρни цρни мисли што ми ја матат главава...
Го открив мојот најголем талент. Убив мува во лет! Всушност не ја убив, но тешко ја повредив! Не може повеќе да лета. Можам да одам по куќи и за пари да ловам муви. Потоа дома можам да имам и колекција од муви, Добро, не. Тоа е некако гадно. Инаку утре тргнуваме на летување. Пак како и обично, како секоја година. Дома е како лудница, само уште лудачки кошули да облечеме и сВе ќе биде „Брилијант, или како и да се викаше зејтинот и се' оди како подмачкано“. Утре, како и обично ќе се трескаме по патот со нашата „стара ама многу убава“ Лада. Татко ми очигледно е заљубен во таа кола. Не сака никако да ја фрли или продаде. Нормално, како секој вистински македонец, ќе си носиме домати, пиперки, пастеризирано месо во тегли (технолозите се забегани луѓе, ова само татко ми или некој негов колега може да го прави и да го смета за животно дело), сирење, па дури и шпагети, а можеби и свежи домашни јајца. Од каде ги измислија тие фрижидери за во кола, да не беа тие немаше да влечкаме сирење, јајца и останати глупости од дома. Но некако не ми пречи. Секогаш е така. Можеби и така е најубаво. Барем ќе се насмееме на наша сметка или на сметка на нашата македонска скржава, се извинувам, домаќинска природа.
...конечно дојде мојот родендееен. ^^ Денес се чувствувам баш онака,среќно,исполнето и малце ненаспијано. Времето не се погоди ама и славењето во домашна атмосфера воопшто не е лоша идеа. Па девојки, почастете се Имајте убав деен