Еве и уште нешто измислив, инспиρиρана од ρучеκот на баба ми . Знаеш деκа си Маκедонец κога баба ти ти дава со лажиче од ρучеκот да пρобаш дали е доволно сваρен и дали има доволно сол и пипеρ во него .
хахахахах леле мене оваа мајками ми го прави кога таа готви, вика ’ абе дете забораив дали стаив или не’ ко да нема таа уста да проба
Знаеш дека си Македонец кога живееш со родителите се додека не се омажиш/ожениш, а можеби и цел живот...
Во шише од кока кола ставаш туршија феферони Во кутија од сладолед чуваш сарма Во шише од сируп чуваш зачини На ќерката и викаш сине Далечинскоит управувач ти е намотан со најлонче Собираш кеси,за секој случај Со истиот зејтин готвиш барем двапати Во сјајот за садови ставаш вода Пастата за заби ја виткаш во ролна Додека гостите ти се дома молчиш,а ги испраќашпола час на врата.
Кога ке ставиш златно ланче и ја отвориш кошулата да се гледа. Кога се чаламиш со убава кола пред девојка.
Знаеш дека си Македонец ако како мал кога ќе паднеш ти викале, "ајде така растат децата"... Кога ручаш без да сакаш ти ја полнат чинијата за да пробаш од се.
Знаеш дека си Македонец кога на погреб спремаш трпези како за на свадба. Знаеш дека си Македонец кога попот те сече за што ке му текне, а ти си мислиш дека така треба. Знаеш дека си Македонец, кога ке сфатиш дека ова е встина, ама си преголема п.... за да го промениш. Знаеш дека си Македонец кога се осеќаш глупо, дека им веруваш на старите бабишта.
1.Кога комшиите се душкала 2.Кога од 14 години испрчуваш уста напред и се шминкаш со еден тон пудра за на фб 3.Кога баба ти не сака да го прифати фактот дека не ти се јаде