1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wizzair

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Goldeneye, 11 јануари 2013.

  1. Emotivka

    Emotivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Здраво
    Ве молам за совет, имам резервирано лет со wizzair преку интернет, платив истиот ден преку банка, но се уште не добив никаква потврда на маил, а на профилот на wizzair пишува дека се чека плаќање, се јавив и на контакт центарот( не можев да звонам од one од т-мобиле добив) и тоа на српски, МК нема, и скоро ништо не ми кажаа ми исклучи телефонот, ми кажува оперторката дека не е платено демек и се исклуци повикот. Кај можам на друго место да се обратам. Би ви била благодарна за брзи одговори.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    На банката се јави. Веројатно тие сопреле наплата, заради несекојдневен трошок некогаш сопрат, не значи дека мора да е оти немаш доволно финансии.
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Може и повеќе денови да ти поќажува така , ама чим си платила кога тогаш ќе ти стаса потврда дека е платено . И кај мене е така кога плаќам преку банковен налог. За тоа од сега плаќање само со картица :D
     
  4. Plas

    Plas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Едно прашање

    Дали може од Белград да се плати со банков налог во динари/евра за карта со лет од Скопје? :)
     
  5. Emotivka

    Emotivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Значи за претходната Феминка, може да се плати така за од Белград до Скопје во динари, можда и евра, и јас мислев дека ќе морам да ја платам мојата карта во Шведски круни, односно во валутата на земјата на поаѓање но не било така, платив во евра во банката а сум можела и во денари.
    Е сега за мене, јас резервирав и уплатив минатиот Вторник, и уште ништо, а вчера таа операторката од Wizz air ми кажува дека е неплатено демек и толку разбрав, се прекина врската.
    Веќе сум загрижена зошто се уште не добив потврда, уште два дена сум тука после многу потешко да средам од друга држава, и плус ако ова не се среди не знам дали ќе морам да резервирам одново и плаќам одново а од оваа карта да чекам некогаш враќање на парите.
    И јас друг пат преку картичка обавезно, памет од сега.
     
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Моме, јави се на банката и прашај ги нив зошто не е расчистено со наплатата, дали енос ќе одобруваат наплата, или е спречена наплата од нивна страна. Од нив ќе знаеш на што си. Визер додека не им легнат парите на сметка нема да ти пратат е-билет. Додека не ти земат пари толку и муабет ќе ти прават, ти спуштиле слушалка еднаш веќе |(
    Тоа што имаш малку време да се средиш, совет, кога се јавиш на банката ако веќе не е во процес наплатата, да се осигураш дека нема да платат енос, оти визер не враќа пари за букирани а неискористени карти и не прифаќа откажување на билетот откако е букиран. Моќта на нискобуџетните авиокомпании, те третираат како карго. Фино лепо, ако ти немаш картица, вадиш кеш, и даваш на некој со негова картица да ти го плати билетот онлајн.
     
  7. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Мене после 1 недела од уплата на ден на резервација, денес ми покажува дека нема резервација.
    Не ми е прв пат да купувам и плаќам со банковен налог..
    Овие од банките се тапа или Визер се зафркава со банкарските налози?
     
  8. Plas

    Plas Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Значи што сугерирате?
    Дека најпаметно е плаќање со кредитна отколку со налог?

    ПС.Може со трансакциона? :)

    Иначе нискобуџетниве се баш колку пари толку музика,посебно што се работи за Унгарска компанија.
    Сепак се исплатува за парите.
    Но процедурите и не 100% прецизност не ми се допаѓа,само за пример,леташ со Џерман Вингс но навистина леташ без фрки,карти можеш да си нарачаш истиот ден на лет на аеродром со три клика.
     
  9. Emotivka

    Emotivka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Прашав пак во банка, велат се е ОК од нив, а од вчера веќе ја нема резервацијата. Платив кеш во банка, имам доказ, (побарав и на е-маил да ми го пуштат), а немам билет. Резервацијата стоеше добри 9 дена. Сега некој ја утнал дали банката или Виззер, и некој мора да одговара. Domakica пиши што си направила, или некој друг да каже што да преземам за оваа резервација. Се работи за правда :) А за да се вратам во МК ќе се снајдам или одново ќе резервирам, сега преку картичка.
     
  10. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Јас на телефон на Визер веќе потрошив добри 300 денари, а ми кажува дека ќе биде наплатено по звучниот сигнал и после сигналот 3 минути никој не се јавува!!!!!
    Читав по форуми дека и плаќањето со картица не е сигурно, има утки и со директно плаќање...
     
  11. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Каде може да се пријави и тужи Визер, бидејќи Унгарија е одговорна за Македонија, мора да оди со меѓународна тужба?
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Domakica што бидна со уплатата , ти стигна ли потврда дека е уплатено или :^)
     
  13. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Да ве прашам.. Дојдена сум во Франција со мајка ми преку Визаир за 2 месеци и 15 дена (повратна карта), но сега, сакам да си одам јас порано во Македонија дали може да се смени датумот на картата и ако може дали се доплаќа или не? Или дали треба да извадиме нова/и карти?

    И уште едно прашање дали можам да патувам со авион, сама, ако сум малолетна (преку Визаир и општо, одговорете ми и за двете..)?

    Ве молам што е можно побрз повратен одговор.
     
  14. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Може да се смени датумот на патување САМО во случај да не е издаден boarding pass-от, и да, се доплаќа за секаква промена (дата или име). Претпоставувам дека сами сте ги купиле картите онлајн и знаете дека најрано можете да се чекирате 30дена пред летање, па доколку сеуште немате boarding pass за летот Франција - Македонија, можно е да се смени.

    Колку години имаш?
    На повеќето авио компании границата им е 12 години, а за овие нискобуџетните не знам, не сум добро запознаена со нивните правила, мислам дека беше 16 години но не сум сигурна.

    Јавете се во Визаир и прашајте за сигурно, а ако си на возраст помеѓу 12 и 16 години и мораш да патуваш сама, побарајте конекции преку сите авио компании кои имаат потпишано договор со Меѓународната Асоцијација за Воздушен Транспорт бидејќи за нив сум сигурна дека можеш да патуваш сама ако имаш над 12 години.
     
  15. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Имам 16 години..

    Не ги купувавме ние, се јавивме во една агенција каде што едно девојче ни среди се за картите.. Мислам дека не е изваден бординг pass-от за Франција-Македонија...

    Да не знаете колку е доплатата?
     
  16. Kaltein

    Kaltein Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали во чекираниот багаж може да носам пудра, креми, шампон, парфем и ако може дали треба да биде во ќесе?
     
  17. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Мислам дека накај 50 евра или пак зависи колку има до датумот на патување. Ќе треба да ги добиеш на телефон и да трошиш и на телефон.

    Со 16 години може да се патува сам, освен за патници за/од Романиј и Украина.
     
  18. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Јас ја изгубив резервацијата и банката (бидејќи сите се на одмори) сеуште чека одговор што станало со парите. На одговорот каде ми се парите, ми кажаа дека веројатно не се прокнижени, сигурно заборавиле да ги прокнижат со резервација.

    Патот го откажав, сега си ги чекам парите. Две недели нервоза во сред бременост незнам кој ќе ги плати ама одам до крај.

    Сме имале и советник за права на патници на аеродром, инаку зема 60.000 денари плата, а не се јавува на телефон (можеби и таа е на одмор). Ме советуваа од Агенција за права на потрожувачи да се жалам кај таа советничка.

    Потрошив уште 300 денари на телефонот на Wizzair, никој не се јавува, а минутите течат... :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :x :x :x :x
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Можеш. Се додека шишето или тубичката не е поголемо од 100мл. Се што е поголемо од 100мл ќе ти заврши во канта. Мора се овоа во проѕирна кеса која си ја земаш на аеродромот пред да ги поминеш скенерите.
     
  20. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Мислам дека ова важи само за рачниот багаж, во оној што се чекира не мора да е само 100мл.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.