1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Малезискиот авион

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Kaylie, 23 март 2014.

  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мимс, уште на 8ми Јули перманентно го затворија воздушниот простор но само над југо-источна Украина т.е. Крим, а остатокот од небото на Украина беше отворено за меѓународни цивилни летови.

    Ја пратам ситуацијата со Украина и падот на Б777, пред да почнам конкретно за авионот, морам да спомнам дека целата оваа ситуација е само уште една добра партија шах зад завесите на Америка и Русија (вклучувајќи ги и Кина и ЕУ), влогот е голем, мислам дека сите знаеме за идејата на Америка а на Русија приоритет и е тампон зона пред САД и ЕУ.

    Овој инцидент дојде како порачан со совршен тајминг за да го одвлече вниманието од моменталните случувања во појасот Газа, народот се занимава со негова истрага и теории на заговор, а никој нема појма што се случува во Палестина деновиве. Сите медиуми кои се во рацете на евреите (CNN, NYT, NBC итн..) по цел ден трубат колкава жртва е Израел иако загубите им се 200 на 1. По цел ден плачки од американските конгресмени со еврејско потекло, баш пред неколку дена гледав една од демократската партија на CNN, абе устата и се пени за тоа колку патат евреите во Израел од страна на палестинците, леле до кога ќе трае нивната мака и што треба да се превземе за да се уништи Хамас. Зборуваше со солзи во очите, абе само што не почна да плаче пред камера бидејќи сите се криви, а они секогаш во право... жал да ти падне за нив.
    Како најголеми кучиња и хоштаплери на сите времиња, глава сечам дека ова е уште една ујдурма во нивни стил со цел да се одвлече вниманието и појасот Газа да излезе од фокусот на народот за да они слободно оперираат на блискиот исток.
    Падна Б777, однесе 300 животи и тоа е нешто неверојатно, а во Палестина секој ден умираат над 300 цивили ама никој ништо не знае, они се криеле во подрум, се ќути и бројот на жртвите влегува во статистиката како колатерална штета...

    Накратко, ова е зад завесите, позадината која е далеку поважна од падот на боингот и случувањата на балканот во целина кои за жал служат како увертира на балетската претстава која се игра пред очите на јавноста, а наивната публика е во занес и ракоплеска на она што и го презентираат - “Оревокршачка“, “Лебедово езеро“, а јас би рекла “Заспаната убавица“.

    Да се вратам на темата за падот на авионот.
    Прво и основно, авионот летал над Украина и е соборен на нејзина територија во која моментално имаме еден вид на воена агресија (терминот воена агресија се користи кога имаме офанзива на одредена армија во друга држава), а штом имаме воена агресија тоа по дефиниција значи дека станува збор за вонредна состојба при која треба да се превземат безбедносни мерки.
    Како и да ја земеш ситуацијата по меѓународно право, во било кое замисливо или незамисливо сценарио, Украина е пред се виновна 100% затоа што не успеа да ја одржи безбедноста која по дефиниција ја загарантира со нејзиното НЕизвестување на меѓународните институции за забрана за прелет низ цела територија, а не само над Крим.
    Значи, дури и марсовци да го срушиле авионот, они се криви затоа што се случи во нивниот воздушен простор и падна на нивна територија, па согласно правилата на меѓународна авијација ќе бидат соодветно санкционирани за овој нивен глуп пропуст (мислам дека за денес е закажан состанок на кој ќе се дискутира за санкциите).

    Ако ја разгледаме историјата на овие летови (МА Б777), ќе приметите еден “мал“ детал, а тоа е дека рутата на МХ17 (број на авион) е ПОМЕСТЕНА околу 200километри северно, а се до тој ден се летало без проблем по вообичаената рута која оди над Крим. Многу, многу интересен факт за кој се ќути е дека речиси на истата рута, малку покасно требало да помине и авионот на Путин кој се враќал од Америка, а по некоја коинциденција авионот на Путин е многу сличен на Б777, и по големина, и по изглед. Моето прашање е, зошто рутата на Малезискиот авион баш на тој ден и тој лет била променета, и по чија наредба?

    Следно, на Украинските воени воздухопловни радари е забележан 1 Руски борбен авион кој летал во непосредна близина на Б777 (на некои 3-4 километри), а тоа на мене ми зборува дека русите го следеле авионот и веројатно знаат нешто повеќе но засега не го обелоденуваат. После оваа снимна од Украинскиот радар, она циганчето Обама се истрча и го впери прстот кон Путин и удри јако со дрва и камења по Москва без детални анализи и параметри на летот и падот, па многу брзо си ја затна муцката кога на сателитските снимки многу ЈАСНО се гледа присуството на дури 4 Украински лансери во истиот обрач околу Б777 - паѓаат во вода тврдењата на Украина дека не е замешана.
    Сите што урлаа како луди по Русија и бараа санкции, сега се смирија и бараат меѓународна истрага!
    Најистакнат беше американецот МекКејн (воен пилот) кој го слушав на ТВ со неговите обвинувања и докази кои на крај искочи дека се голи курац и го потврди фактот дека Америчката надворешна политика се темели на рекла кажала и приказни за пред кооперација. Овој МекКејн сака да изиграва главен џандар и во случајов има улога слична на онаа мисирката Карла дел Понте што ни се мафташе пред очи на балканот за време конфликт со нејзините глупости кои ги тврдеше.

    Не сакам да бидам пристрасна и да завземам страна во оваа ситуација без детална истрага (иако овие факти кои ги наведов погоре ми се и повеќе од доволни), сепак сакам да почекам официјални резултати, но молчењето на Москва и агресивноста на Вашингтон во оваа фаза говорат дека има нешто што ние не го гледаме, а тоа се класифицираните разузнавачки информации со кои располагаат двајцата претседатели.
    Доколку русите се чисти, во нивен интерес е веднаш да дозволат пристап на местото без ограничување на било кои истражни органи и да бараат нивно присуство т.е. учество на руски експерти кои имаат капацитет да докажат дека е чиста (и да не е). И ако докажат дека е чиста, сигурна сум дека никој нема да ја оцрни. Не постои сила што ќе ја натера една Франција или Германија да ја обвини Русија за нешто што не сторила, а никој не е виновен - се додека не се докаже спротивното. Затоа е потребна истрага, а не купување на време.
    Баш сакам да го видам јунакот кој ќе спроведе независна истрага на оваа територија. Ќе се префрла топката од една на друга страна и јавноста нема да дознае ништо, ќе надрапа некој офицер за кој ќе кажат дека пијуцнал некоја вотка повеќе па по грешка го погалил копчето, а многу веројатно е дека публиката ќе заборави за Б777 затоа што сигурно ќе ни пуштат уште една балетска претстава или некоја опера, за промена...
     
    На jovanovska94, Abeja, do-re-mi и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Најновата и ексклузивна вест за падот на Малезискиот Б777 во Украина е изјавата на анонимен украински воен пилот на Су-25ка кој ја презема одговорноста за рушење и вели дека пукал од двоцефка 30мм, барем според македонските бајати новинари кои очигледно немаат поим што пишуваат.

    Ајде сега вака...
    Жабецот (Су-25ка), стандардно лета до некои 7.000метри бидејќи нема потреба од повисок плафон на лет. Да, постои можност да направи динамички скок на 10.000метри, ама не и долго да се задржи на таа висина.
    За да направи динамички скок, жабецот треба да земе залет на помала висина и да ја искористи инерцијата и брзината за да се искачи на висина од 10.000метри, а при искачувањето ќе изгуби голем дел од брзината. Според рускиот генерал кој зборуваше на прес конференцијата, Су-25 летал некаде со половична брзина од онаа која ја имал Б777 (околу 900км на час за боингот и 425км на час кај жабецот).

    Топовите на жабецот се оптимализирани за дејство по цели на земја, и да, може да се искористат за гаѓање цели во воздух, ама само на далечина од 600-700метри, максимум километар. За да успее да го собори боингот, пилотот на жабецот мора со првата граната да ја погоди кабината и да ги убие сите членови на екипажот, бидејќи во секој друг случај - пилотите би јавиле на контролата на летање дека некој пука по нив (а тоа не се случило).
    Граната од 30мм може да собори патнички авион, поготово ако во внатрешноста на авионот има надпритисок, а и овие ракети имаат вградено инфра црвено наведување (престигнување на целта, ги привлекуваат моторите) - што значи дека најголеми шанси има за погодок во близина (а не директно) на пилотската кабина кој не би требало инстантно да го убие целиот екипаж, па сигурно некој би пријавил напад на контролата на летање.

    Значи, даденава ситуација од бајатите новинари е донекаде теоретски можна, а во пракса е еднаква на научна фантастика бидејќи со оглед на околностите, сеуште не се родил пилот кој ќе го изведе ова. Многу поголеми се шансите да и паднала спиралата на стујардесата, и оваа барајќи ја истата, така добро се наведнала и заземала јака поза па целиот екипаж гледал накај неа, а не напред, и баш на 10.000метри налетале на јато руски, сибирски гуски кои ја пробиле пилотската шофершајбна и нивните пердуви веднаш ја уништиле радио станицата на авионот.

    Ја утнале бојата на фарбата, посмешна приказна не можеа да и пласираат на јавноста.
     
    На jovanovska94, mims-89 и Abeja им се допаѓа ова.
  3. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Еве најдов некоја вест.... не знам колку е точно.

    Малезискиот авион виден над Малдивите?

    „Никогаш не сум видел толкав авион во така низок лет над нашиот остров. Беше голем како џамбо џет, со бела боја со црвени линии“, вели еден жител на Малдивите


    Тој, како и уште неколку десетина лица, наводно минатата сабота околу 6.15 часот, здогледале голем авион, за кој постои сомнеж дека би можел да биде исчезнатиот Боинг 777 на Малезијан Ерлајнс.

    Тоа е најновата теорија во истрагата за мистериозното исчезнување на авионот со 239 лица. Службени потврди се уште нема, но малезиските истражувачи објавија дека на симулатори кои ги нашле во домот на капетанот Захариј Ахмад Шах, откриле како тој се обидувал да слета на пет писти во Индискиот океан.

    -Едната е на островот Дијего Гарсија, три во Индија и Шри Ланка, а една на Малдивите, објавија истражувачите и така дополнително дадоа на тежина за наводното сведоштво од Малдивите, од каде се уште нема потврди од контролата на летот за можниот низок прелет на авионот.

    Инаку, потрагата се прошири и на јужниот дел на Индискиот океан, а семејствата на исчезнатите патници во Пекинг, најавија штрајк со глад. Тие имаат замерки до малезиските власти затоа што наводно, не им даваат доволно информации.

    -Ова повеќе нема никаква смисла. Уверени сме дека нешто знаат, а не сакаат да ни кажат. Некои од нас ќе штрајкуваат со глад, рече еден од роднините.

    ... Луѓе, а ако е урнат, зошто е урнат?
     
  4. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248

    За кој авион зборуваш? Кој е тој Малезиски авион виден над Малдивите, оној што исчезна кај Индискиот океан (МА 370) или авионот што падна во Украина (МХ17)? И двете машини се цивилен Боинг 777 на Малезија Ерлајн, а во твојата вест не гледам информација за кој авион се работи, според напишаното претпоставувам мислиш на исчезнатиот МА370, а на крај прашуваш за овој вториот кој е соборен и за кој всушност јас објаснувам?

    Напишав и во првиот текст дека падот на боингот над Украина е само уште една тешка навлекуша со цел да се дефокусира народот од важните случувања низ светот, а поготово да се тргнат очите од Израел и Палестина и целото тоа ќофтање на блискиот исток.
    На поголемиот дел од масата и треба многу малку за да се заигра и да се занимава со глупост, народот повеќе сака да чита бомбастични наслови и глупави теории на заговор отколку информации за случувањата од светот и да се обиде сам да дојде до заклучок со сопствена анализа, и не, не мислам дека претерувам кога зборувам дека секој еден би требало да се интересира и биде информиран, затоа што ние не живееме на Марс, ами на земјава и секој еден човек е дел од овој свет, а појма си нема што се случува околу него. Страшна е бројката на оние кои повеќе знаат (бидејќи читаат и ги интересира) за оној брадестиот мајмун од Евровизија, марсовци и рептили, магии, вештерки и бабароги, а немаат поим што се случува деновиве во Либија на пример, Бенгази е во оган и секојдневно има огромен број на убиства и напади врз амбасади, сите земји кои имаат свои преставништва се обидуваат да ги извадат своите луѓе од Триполи каде само прашање на време е кога ќе почне да гори. Или до каде е ситуацијата со Ирак и Иран, што се случува помеѓу Израел и Палестина во појасот Газа, дали сме ние засегнати од овие ситуации или не, ама ништо, народот се однесува како слон во продавница со порцелан, а по крајот на втората светска војна, Холивуд маме ебава на ова поле.

    И не е само овој боинг на Малезија паднат во Украина, верувале или не, има уште цели ДЕСЕТ авиони (од кои половината се воени) и се паднати без наведени причини, Киев официјално ги потврди овие информации ама ете, не се толку популарни и интересни за народот како овој Б777 на Малезија кој се форсира од страна на медиумите, а народот го прима и се задлабочува со глупави теории на заговор како производ на својата бујна фантазија, најверојатно бидејќи не (сака да) знае за повеќе од она што му е сервирано.

    Па сега, според аналитичарите, доколку ЕУ под Американски притисок, конечно изгласа санкции кон Русија за падот на Б777, тоа би го ставило Путин во тесна ситуација (не сакаше воено да интервенира во Украина за да нема санкции), а ако веќе ги има и почне да пати Руската и Европската економија (а бидете сигурни дека и двете ќе патат), тогаш што го спречува да направи пуздер уздуж и попреку, па за неколку дена да измаршира во Киев? И така нели, врските меѓу Русија и Запад ќе се готови со санкциите, доаѓаме до ситуација од која единствено би профитирала една држава.
    Русија ќе пати многу, Европската Унија ќе пати уште повеќе, Америка нема да пати многу, но нема ни да оствари некој триумф, сите би изгубиле освен Кина бидејќи веќе го добија тоа што го сакаа од Русите.
    Јас не верувам дека ќе има такви санкции за да дојде до оваа ситуација, што оди во прилог на моето размислување дека целата оваа ситуација е само уште една претстава на која не треба да се придава големо значење, не затоа што не го заслужува (како трагедија), туку затоа што ова е само уште еден мал, минорен дел од големата слика, а тоа е таа слика која првенствено би требало да не интересира.

    Ако грешам со мојата претходна теорија и падот на овој Б777 нема јака позадина, единственото логично објаснување го гледам во “бунтовниците“, Мимс ме праша дали имаат опрема за да бутнат еден ваков ѕвер од авион и одговорот е да, имаат, има и Киев, чисто “на хартија“ имаат вооружување и воена опрема да завземат пола Европа (најмногу ќарија од распадот на СССР) но знак прашалник е колку е се тоа оперативно и употребливо, и во чии раце се наоѓа моментално.
    Зошто сега го мешам Киев со “бунтовниците“ кога они војуваат едни против други?
    Затоа што, не знам кој ги планира дејствијата на бунтовниците, ама по воена анализа на нивните потези и карти - АПЛА од небо се гледа една работа. Дефинитивно станува збор за човек со големо оперативно-тактичко познавање на воените вештини, високо образован и поприлично искусен воен старешина кој ги диктира потезите и изработува шемите, ова доброволец или “бунтовник“ никогаш нема да го испланира, станува збор за генералски кадар кој одлично си ја знае работата и најважното - тој кадар НЕМА како (не би требало) да се најде помеѓу бунтовниците (шпиуни су меџу нама)! - ова е од каде би имале опрема и логистика.

    Која е причината?
    Од она што го знаеме, Киевските сили имаат ангажирано накај 45,000 борци, “бунтовниците“ имаат накај 15,000 борци - тоа е сооднос од само 3 према 1, а тоа од тактички аспект значи дека на Киев му одговара борба на надворешен терен каде има широк простор за маневар и со својата нумеричка супериорност во опрема и човечки фактор, пример имаме еден голем борбен тенк кој е многу моќен на фронтална линија на отворен терен,
    но, сета таа предност исчезнува кога овие 45,000 борци и тенкови ќе влезат во урбана зона, па стануваат многу лесен плен на иако помалиот број на “бунтовници“ (кои веќе кажавме дека имаат опрема и логистика) - факт.
    Не мора да биде напад на Киев, Доњецк со своите 2милиони жители е одличен терен за почеток, напад на урбана зона е единствената шанса каде предноста на Киев во бројките би била потполно маргинализирана, а нивната шанса би можела да стане реалност со внатрешна помош и ПАДОТ на Б777 со цел да се одвлече вниманието на Украина и нејзино занимавање со надворешни санкции, бидејќи Малезискиот авион сигурно ќе крене добра глобална прашина за разлика од останатите.

    Само не ми е јасно што прават тие силни Генерали во Украинскиот генералштаб (под претпоставка дека останал некој лојален), не е можно да ги прават такви кловнови низ Украина и да не ги предвидат овие работи, ова се учи во 1ва година Воена Гимназија, а камо ли на Воена Академија... основа, блокирање и разбивање, најосновно воено знаење што е еднакво на 2+2 во воена наука, кој ли ги поставил за генерали - треба да го стрелаат на лице место, заедно со оној кој им дал диплома од Воена Академија.
     
    На do-re-mi и senza.parole им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Одлична подлога за сценарио на нов филм на Џејмс Бонд.
     
    На bubamara12345 и Pirana2 им се допаѓа ова.
  6. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Два пати го напиша ова, но нема логика. Цело време на вести се зборува за Газа, за Украина по некој збор, иако ситуацијата е критична. Авионот беше актуелен ден-два, веќе се заборави.
     
  7. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Авионот полека пропаѓа во заборав и неповрат. Зина црна земја и го проголта, но никој ништо не виде.
     
  8. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    И толку, се заташка работата и каде е авионот, каде се мртвите тела на патниците?
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    10.182
    Пол:
    Женски
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    10.182
    Пол:
    Женски
    Колку што можам да видам од податоците, авионот летал со часови после исчезнувањето од радар, што значи дека бил вкучен автопилот, и летал додека имал гориво.. 100% сигурно е дека се урнал во Индиски океан, и дека деловите најдени во Танзанија, Мадагаскар и Мозамбик се од него, меѓутоа се уште не се најдени црвените кутии..
     
  11. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.440
    Есна од неофицијалните шпекулации е дека за време на летот му ги исклучиле тракерите за да нр можат да го следат, и авионот е однесен во непознат правец. Се се има случено толку брзо, што немале време да активираат и други уреди за следење. Само едно не ми е јасно, зошто не активирале сателитски снимки за да видат кај се движел летот и каде завршил?
     
  12. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Машки
    Во документарецот велат дека невозможно е наеднаш сите 4 сателити да се исклучат, значи некој намерно ги исклучил.
     
    Последна измена: 26 април 2023
    На Gornn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.440
    Ова ми личи на некоја игра каде што настрадаа невини луѓе. Можеа да активираат сателити за да видат кај заминал авионот? 21 век сме, ваљда има таква технологија.
     
    Последна измена: 27 април 2023
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    10.182
    Пол:
    Женски
    Изгледај го документарецот, преку сателити за следење дознале дека авионот скршнал од рутата и летал околу 7 часа, бил вклучен автопилот, не го летал никој, додека накрај не се срушил во океан поради немање гориво, точно е дека радарите на авионот биле исклучени, ама сепак е можно да се реконструира рутата во зависност од сателитски снимки.. Можно е некој намерно да го кренал авионот толку високо, сите да се задушат, па после вклучил автопилот, и авионот летал додека снемал гориво и не се срушил.. Исто и ако примети во видеото, колку пати додека траела потрагата се сретнале со нуклеарни подморници, со платформи за тестирање на нуклеарни ракети, до сега никој што не знае за нив, бидејќи тој дел од Индиски океан не е истражен доволно.. Можеби е само случајност што таму е срушен авионот, а можеби и не. Руски, Американски, таму се е енигма, очигледно светот ништо не знае за тој дел таму од светот, затоа и намерно барањето на авионот беше насочено на друга страна..
    Иначе како знаат дека е срушен во океан а не на небо, епа исто, според деловите што се најдени, сите се откачени од авионот, немало пожар, оштетување од пожар ќе познаат, сите делови се од што се откачиле од авионот при допир со водата, се како некој да ги откршил од авионот..
     
    Последна измена: 27 април 2023
  15. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.440
    Кој е тој документарец, од National Geographic што е од пред 2-3 години, или има излезено нов??
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Има на Нетфликс некој нов.
     
    На Gornn му/ѝ се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    10.182
    Пол:
    Женски
    Имам пратено погоре линк од него.. Drain the oceans..
     
    На Gornn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    13.677
    Пол:
    Машки
    Мини серијалот на Нетфликс кој излезе оваа година е последен од низата документарци за оваа авионска несреќа.

    https://www.netflix.com/mk/title/81307163

     
    На olly14 му/ѝ се допаѓа ова.