Што да правам, на глава да застанам, ти пак ќе си останеш истиот. Колку многу пати ти се налутив и уште толку многу пати ти простив, зошто неможам да ти одолеам. Зошто неможам да се замислам без тебе, знаеш ли?! На моменти посакувам да те удавам од гушкање, на моменти да те убијам. Но ти си тој.. единствен мој.
Те сакам затоа што со часови можам само да те слушам како зборуваш, и пак да не ми стане здодевно. Те сакам затоа што ретко среќавам такви луѓе со кои можам да дискурирам на секаква тема, и да добивам такви интелигентни мислења. Те сакам затоа што знаеш да ме ислушаш кога ми треба тоа. Те сакам затоа што знаеш точно што да направиш, што да кажеш во вистинскиот момент, за да ме смириш кога сум нервозна. Но, ти сето ова го знаеш. И затоа те сакам.
Ме копка нешто. Ме копка тоа што кога те прашав дали некогаш ти недостасувам, ти ми рече прво дека кога си пијан, а потоа „Не, зафркавам се... Да, а јас на тебе? Ти кога си со мене само сакаш да си одиш“ тоа ми остави рана. Зошто ли сум ти оставила таков впечаток? Јас да можам секој ден би била покрај тебе. А и двајцата горделиви, ни јас ни ти не признаваме дека си недостасуваме, дека се сакаме. А што очекуваш? Знаеш колку пати си ја погазив гордоста за тебе? Повеќе нема да го правам тоа, безразлика на последиците. Секој ден ги бројам деновите кога ќе се вратиш, ама беља работа, ти ќе се вратиш, јас ќе заминам и пак чекање. А кога ќе те видам ќе те гушнам најсилно до сега и ќе ти кажам и дека те сакам и дека ми недостасуваш, затоа што тешко ми е сега без да те гледам. Знаеш и јас како тебе, кога сум слаба глумам силна, не покажувам ни тага ни ништо колку и да се кршам. Едвај го чекам денот кога пак ќе те видам.
Понекогаш се осеќам како да сум дала се од себе а повторно губам. Јас сум тотален лузер! Но тоа е тоа.. ќе видиме до каде ќе стигнеш со гордоста
Ме повреди. Ти посакувам се‘ најубаво во животот. Се надевам дека оваа сега или некоја идна ќе те слуша онака како што знаев јас и ќе те разбира без да ти пререче ни збор. Ја преценив твојата добрина. А ти го злоупотреби моето разбирање, иако те предупредив да не го правиш тоа. Патем, заслужив барем телефонски повик, кога веќе немаше храброст да ми го кажеш сето тоа в лице. А не глупава СМС порака.
Ако живееш сто години,јас сакам да живеам ден помалку...Зошто не сакам да знам каков е животот без тебе. Те сакам,најмил!
In another life I would be your girl We'd keep all our promises, be us against the world In another life I would make you stay So I don't have to say you were the one that got away...
Сакам да продолжам напред но секогаш нешто ме враќа назад иако знам дека е касно. Ги заборавам сите навики но само една поврзана со тебе секогаш ме прати. Еве ти го срцето, солзите, земи се, се ти давам нека биде твое. Што и да ти кажам не вреди, сепак те имаат некои други, но знам дека во моите сништа ќе бидеш секогаш само мој. Секоја вечер имам само една помисла - навистина не е битно кои раце вечерва те прегрнуваат само врати се те молам. Биди повторно мој како порано. Иако знаме дека е крај само прости ми и остани јак. Се беше тешко, признавам неможам тоа да го наречам среќа. Секогаш наоѓаше причини за да ме повредиш но секогаш за мене беше најдобар и неможев со никого да те споредам. Сети се на нашите бакнежи, погледи, пораки, сите убави моменти кога ќе почнеш да ме забораваш, ти ме научи да не верувам на никого и дека не постојат правила, а ова немој да го заборавиш - секогаш сум те сакала и секогаш ќе те сакам.
Едвај чекам да излеземе од овој град, малце да се одмореме,да се сончаме, да спиеме заедно, да си уживкаме.