1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Слушам на радио денеска, на оваа жештина им избегала Боа долга 3 метра на некои од дома. Кој ја најдел да викне полиција. Кој ја најде ќе вика, цело маало ќе вика :D
    Кој чува бре такво нешто дома? :fubar: Сигурно не спијат длабоко како мене. Мене кучето не ме има разбудено некогаш кога ми скокне на кревет, не ваква чудесија, ќе ми дојде на топло во креветот и ќе ме задави без око да и трепне. Нека дојде кај мене, повели, ќе добие лопата по глава. После ќе им ја продавам од парче на кинези у околина. Они не бират месо :D

    А топло ли е? Не се трпи, се стопив веќе. Дожд сакам. На тоа сум научена!
     
    На bittersweet, Doozy, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    И покрај се ми е ужасно тешко....маки мачам,се борам со себе
    Мислев кога ќе те нема послесно ќе ми биде...ах колку сум грешела
    Оној што бил пишан во твојот живот не се брише,постоел...каков-таков
    Знам дека ќе мине се и оваа грутка во грлото...веќе ништо не е исто...
    Те сакам,почивај во мир!!!
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.992
    Пол:
    Женски
    Некогаш стварно мислам дека сум бакзус.
    Самоиницијативно цели 3 години не сум мрднала подалеку од Скопје.
    Се затворив во карантинот - себе...она..едно од потешките стања, ви текнува? Си створив комфортна зона..и западнав во рутина. Изгубив секаква воља за било шо, секаков допир со надворешен свет, се дистанцирав од се и сфашта..
    Сега кога тоа од корен го мењам, кога конечно сфатив дека тоа не сум јас, дека јас не сум таква, и дека мојата природа е многу повеќе од 4 ѕида кои едвај дишат, и кога конечно решив каде ќе се зачне стартот на новата јас, а притоа сакајќи да не пропуштам битни датуми, патем нели на сите да им удоволам, одморот го сместив за негдека од средина на септември, дознавам дека една братучетка ме претркала во планот, па и самата зачнала... и токму тогаш ќе е свадбата...
    Верувајте, од срце се радувам за неа и страшно ми е мило, но целата надеж на светов ја имав во тоа патување.. му се радував како мало дете на нова играчка.
    Тоа патување требаше да биде повеќе од духовно значење, да си го најдам внатрешниот мир по кој долго копнеам..да поминам десетина мирни денови, сама со себе, далеку од сите...и конечно да се вратам као нова, подобрена верзија од една стара јас, на која и требаше само малку време да сфати....

    Сеа ми останува да се надевам дека новиот живот во семејството, бебчето, со него ќе донесе уште многу нови и само убави работи. А за воља на вистината, ќе станам тетка за прв пат. :$ :)

    Ах Марфи, кретену стар!!! Уште еднаш ми докажа дека не се планира ништо унапред...
     
    На eliesaab, Sky-butterfly и imelda им се допаѓа ова.
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Не можам да опишам само колку полудувам кога некоја песна ќе навлезе во мојот неуморен мозок,а доаѓа време за спавање.
    The depth of self
    :|
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    И вие ли навечер кога ќе си легнете замислувате совршени моменти кои никогаш нема да се случат? И јас...
     
    На anuskaNESTLE, kala21, k.i.m и 44 други им се допаѓа ова.
  6. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    И јас „летово“ чекав магични и луди моменти што никогаш нема да ги заборавам.
    А тоа сите не изненади. Ме разочара, а како само го чекав со нетрпение.
    И наеднаш ми иде на памет колку сме чудни ние луѓето. Цел живот нешто чекаме. Цела недела чекаме петок. Цела година чекаме лето. Цел живот чекаме среќа...
    Чекаме нешто да се случи, некој да дојде, некој да се јави. Полесно е кога чекаме некој друг да дојде да ни го смени животот. Е нема.

    Досаден, депресивен и непродуктивен период. Незнам што да правам со себеси. Земам да учам, ништо не ми влегува во глава :doh:. Знам дека сама треба да си ја поправам ситуацијава, уште да знаев како...
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    ^
    Сами ако не си го направите интересно и забавно, сигурно никој друг нема да дојде да ви го направи.
    Едноставно уживајте, it's summer :d: :sun:
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Сдк јас, Озбилна, јака, згодна и неопходна, абе да не претерав :D
    Ај ај, како и да е знам дека многу ви недостигав :rofl: само да ве поздравам вака во ниедно време :hai:
    Мислев утре - денес да седнам да ве читнам тоа лајковите да удрам :) од лајк не се живее :!:
    Ама Деки запна, трк горе Озбилна те чекаат на Фемина :D тоа само коку да ме избркаат од соба :D
    Епа чекале не чекале, јас дојдов :nod: Што ќе кажеш друго паметно во ова време.
     
    На kala21, bittersweet, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    WHY GOD, WHYYYYYY? WHY? WHY? WHY? :sweat:

    Ми се пријаде. Добро, ништо ново нели. ХА ХА ХА. :emo:
    И ај си викам за промена, да не јадам леб, барем нешто природно - слива!

    Ја јадам првата - кисела. Зимам друга, мека ко душа. Ја фаќам и у глава си праам foodporn, како ќе ја смачкам. Ууууф. :angel:

    Ја отворам на пола ии - црв! :envy: Таков голем, се тетерави во сливата ко федер. Педер! :envy:
    Рацете ми се тресеа, почнав перница да гризам, ако е тоа нормално... :devil: Ма знаете што? И баш ми е гајле дали е нормално! Мене тоа ми е гадно и точка! Си пискав и гајле ми е! :devil:

    И покрај тоа што не го изедов, осеќам како ми мрда низ хранопроводникот и се спушта надоле. И ми ги грицка органите пополека. И се размножува. :x

    Знаете како ме тешат: - И јаболкото не е јаболко ако нема црв во него! Значи не е прскано и е здраво!

    Е знаете што? Јас сакам прскано! ]:)

    Се сеќавате на сцената со полжавот? Година и нешто како што немам ставено марула во уста! Е па до тука ни било и со сливите. No emotional attachments! [​IMG]

    Затоа дечки - ЈАДЕТЕ ЛЕБ! :emo: Да јадев леб, немаше да се случи ова.
    Ем останав гладна, бе пааааааааааааааааааа.

    Сестра ми ми се силеше: - Камо среќа да го издеше, што ќе ми беше мило.

    Значи посилно е од мене! Едноставно гадни ми се сите инсекти... без`рбетни животни, мекотели, какви и да се.
     
    На Beauchamp, Sky-butterfly, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Уфффф совршено те разбирам, јас синоќа во СЕМКАТА од праската кога ми се преполови најдов доста големка црна бубачка, вечерва пак јадев праска не знам ни сама како се кандисав, ама со кој страв и пазење, ко бомба да можам да најдам внатре. :rofl: И јас се гадам од сите бубачкиииии. :puke:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Се моли добивањево да побрза, оти имам за спиење.

    Човече и ни децава на распуст не чамаат до ниедно време како во мое време што беше. Што е ова од мене?
    Читај книга, слушај музика, стој на раце, пиј чај, со комшијата на прозор си муабетев... следно со чекан по глава.
    А и рака на срце после сите неубави настани таков страв живее во мене што добивам буквално ладни стапала од него... Колку сме минливи... колку е погрешно да си воспитан како лик од роман на Чехов, па грижата за другите, општеството и правичноста не ти дозволуваат да си го следиш сонот.
    Испичкарив многу луѓе, ама уште со толку треба да делам воздух и да трпам. По илјадити пат си викам - освести се, живееш во свет полн лицемери и хиени. Тоа е.

    Ми оди да се пикнам меѓу моите и да им зборувам глупости...

    Ме чека напорно исцрпувачки ден. И него го размислував, го визуелизирав и сфатив дека најмногу ме нервира да не ми биде препознаен трудот, а да ми бидат фатени грешките. Шетата е поголема што тој што не работи, не греши и секогаш е ок, тој што работи и греши и секогаш не чини. Периодов сум дестимулирана од овој факт и непотребната одговорност која ми ја задаваат, а бога ми и од тоа што за еден месец ќе почне да ми тече отказен рок и хелоу њу врлд.
    Сакам да сум тој тип на човек што цитато од Бијонсе би го стимулирало, како на пример.
    |( :puke:
    И одмор ме чека.
    Па колку сака нека сум фасцинирана од местото каде што сум...никогаш нема да ја добијам желбата да постирам милијарда слики, а додека вообичаено ретко кога би ставала.
    Откако селфијата и опсесивното ставање на разно разни слики е прогласено за дијагноза и болест, сериозно жално ги гледам овие луѓе.
    Друго истражување кое е правено на нашите млади луѓе во две групи, во групата на адолесцентите тоа однесување прикажало следно :
    - нарцизам и чувство за повисока вредност од останатите
    - недоволно домашно внимание и љубов во пубертетот
    - потреба да се прикаже финансиска и било каква доминација
    - да се истакне дека се некако важни
    - исклучително мала активност на амигдалата, што значи... им треба поголем стимул за да си го почешаат егото, сакаат да кажат - не им е доволно што искуствено поминуваат нешто, туку мораат и на другите да им покажат, што се поврзува некако повторно со истакнување на нивната некаква си значајност.
    Со други зборови, моја генерацијо - за греота си. Ако сакате и на бора бора заминете, секоја ваша фотографија во превод би значела - поим немам што правам тука, не знам ни како се чувствувам, не знам дали уживам, ама имам само ужасна потреба да ви се пофалам со надеж дека ќе ви предизвикам завист со цел да се вреднувам себе си некако.

    И така... ај да заспијам. :(
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, Elennaa и 9 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Кај мене ништо не е нормално,дури и мензисов поулавел.Кога поранува поранува,ама кога ќе почне да касни не му рамна ни Македонска железница.
    Нервозна сум,плачлива ,раздразлива,на моменти се чувствувам како ден на жалост.
    Се скарав со маж ми,со син ми,со ќерка ми,(со првите двајца без причина,ама со ќерка ми :envy: ,половина козметика ми ја изгубила и како да не се лутам)...бесот утринава го истресов на перењето теписи од нивните соби.Ама не поминува,цело тело ме чеша.
    Денес чистам зашто друго не знам што да правам,место не ме држи.Почнав да правам кутивчиња за пари,оние кои ги носат на свадби.Направив 30-на,и до крајот на животот нема да давам од 50-70 денари за кутивче кое вреди 10.Па само овој и наредниот месец имам 3 свадби. :sweat:
    Минатата недела бев на разговор за работа.Рекоа ќе се јават...којзнае,телефонот веќе ми тежи од носење со себе,да не пропуштам повик.
    Една пријателка ме праша за совет,сакала да започне врска со муслиман.И кажав на сите досегашни проблеми ќе си направи уште еден како планина тежок.Не дека ќе ме послуша ама ме праша.
    И така,а ми се прават фини работи.Онака релаксирачки.Листам по нетов се ѕверам во убави работи,фустанчиња (особено оние тиркизни,не знам зошто ме асоцираат на сино море и бел песок,на убав живот,на слобода),цвеќиња,оригами техника,уредени дворови...и заљубени луѓе.
    Требало да ме крстат меланхолија.
     
    На bittersweet, do-re-mi, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Го знаете она чувство кога носите повеќе ситни работи во рацете и ќе изгубите контрола и сите ќе ви испаѓаат на земја? Е баш така се чувствувам јас сега.
    Само што кога сите работи ми испаѓаа на земја, болеше како по глава да ме треснаа.
    Буквално.

    Мислев си имам се' под конец, средено и океј. А сега се е хаос. После дождот доаѓа повеќе дожд.

    Да не кажам сега ама „уште што ќе ми тргне на лошо“ ?
    До утре ако ме нема да форумот да знаете кола ме удрила. [​IMG]

    Добро е. Мора да останам позитивна. Зошто па другите да видат слабост кај мене.. [​IMG] [​IMG]
     
    На Elennaa, Anabelle.Amorette, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    -Биди искрен те молам.
    -Искрен си.-Ти поарен да не си.
    :drunk:
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Никогаш не можеме да ги знаеме одговорите и решенијата на проблемите однапред.
    Поминуваме низ различни фази и периоди на учење,созревање,спознавање,изградување на личноста.И се соочуваме со грешки.Но,имаме можност да ги поправиме или да не ги повториме.
    Не можеме да се спасиме себе си од грешките,од правењето погрешен избор,од донесувањето погрешни одлуки,тргнувањето по погрешен пат.Она што можеме да го направиме е да извлечеме поука и искуство.
    Кога ќе го пронајдеме решението на тестот наредниот пат ќе знаеме како да постапиме со погрешните избори и луѓе.
    Проблем е што знаеме и да ги повториме.Тоа веќе не е грешка, туку сопствен избор за влегување од грешка во грешка.

    П.С.После наздравувањето за секој успех,наздравуваме и за поуките што сме ги извлекле од секој погрешен избор.
     
    На vinozito1, Anabelle.Amorette и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Секогаш со мислите се навраќаме на некој период кога сме сакале времето да застане, а тоа не се запира туку си тече кон иднината. Кога ќе размислиме како било, кои нешта би ги промениле, кои пропуштени шанси би ги искористиле, кога ќе се покаеме, епа да, сакаме назад ама нема. :(
    Време, врати се...
     
    На Anabelle.Amorette и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Е ај добар ден, среќен ден :) :hai:

    Не, не претера, у право си :D Битно фати боја :geek:
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Ај нека е добар и среќен :* како ќе си го направиме таков ќе ни биде :sun:
    Горде мор, ич не им се допаднав на децава :D посебно Деки кога ме виде удри едно што си мор таква како циганка :D ама Горде забиве ми белеат :D нека биде убав ден :hai:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ах, доста ми е од градов. Потребно ми е итно БЕГСТВО од динамикава!
    Некогаш ме фаќа лудилото до тој степен што ми доаѓа да пратам еден оглас у новина за доброволно киднапирање само за оние кои имаат дрвена куќарка на некоја висока планина. Ич око нема да ми трепне бре! :^) :lol:
    Дополнително ќе вметнам меѓу редови и дека не сум многу тешка за одржување (ќе бидам како оние рекламите земи 1 собери 100 подароци), само за да ме земат! :!:

    Шала настрана, како ме гази времево се повеќе сфаќам дека ми е потребно да излезам од кожава.
    Затоа сакам да се дистанцирам накратко за да станеме едно со природата.
    Некаде на некоја висока планина, сакам да ми нахрани душа синото небо, кристалните ѕвезди ноќе да ме згреат од студенилата, а полната месечина сразмерно да ја наполни очнава зеница и да направи да се чувствувам живо.
    Патем, ми недостига онаа вкусна утринска погача на баба, потопла и од ангелска душичка која се топи како путер во устата :inlove: и ти ги надразнува сите сетила.
    ...Сума сумарм, потребни ми се сите овие мали елементчиња за потполна среќа..
    Само да се надишам здрав кислород, да го прегрнам зеленилото и да ги наполнам батериите.
    Ете, толку...Само толку. :)

    [​IMG]
     
    На Elennaa, Sky-butterfly, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Пак у право си, така вика Деки, иначе уба си, епа дека си се сончала на сонцето, кога печит најмногу :geek: не збират појќе смајлиња, па мораше да скратам цитатот :geek:
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.