1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Абе знам дека не е, али се прави нешто, јас разбирам да сака да ти помогне али он ти префрла зашто не мислел навреме
     
  2. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Скробен ден :rofl: Интересно е кога си правите самите ручек, јас уживам во тоа! Утре ќе правам тестенини, рецептот е од оваа страна, всушност има понудени рецепти и за протеински и за скробен ден.............. тоа ми дава инспирација и волја да продолжам со правилна исхрана .......Брзо и едноставно ! http://recepti.dijeta.net/testenina-sa- ... i-limunom/
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1394.JPG
      IMG_1394.JPG
      Големина на фајлот:
      186 KB
      Прегледи:
      128
    На JKT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Од септември се запишувам така да и мојот пристап ќе биде 3 во 1.
    Ќе нудам исхрана,тренинг и психолошки совет.
    Спортистите се тие што треба да дадат пример како се храни правилно и водат здрав начин на живот.
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Така е, ама ова да го кажеше некој друг ;) Мислам крајно ја почитувам твојата работа и резултати ама кога некој човек рекламира хемии и протеини а истиот објаснува за здрав начин на исхрана малку ми е апсурдно. Не лично за тебе, за сите што се занимаваат со тоа (иако знам дека сите што се занимавате со тоа имаат познавања колку толку од храна) . Кога не е здрава брзата промена тогаш не би требало и вие да им ги препорачувате на лугето суплиментите кои носат брзи резултати.

    ЈКТ може ке звучам грубо ама за ова и сам си свесен и си го напомена. Ако сакаш да се се занимаваш со нутриционизам мораш прво ти да изгледаш здраво и фит. Зошто јас би ти платила на тебе за совет за исхрана кога прво ти не изгледаш добро? Попрво ке му платам на Стеф за да ми препорача вежби отколу ти да ми препорачаш диета. Од друга страна, ако самиот успееш од 135 кг да дојдеш на нормална тежина, ти ке им бидеш најголема мотивација на твоите клиенти давајки им го сопствениот пример.

    И мене ми е доста позната хемијата на храна, исто и јас мислам дека диетава има премногу јаглехидрати а премалку протеини. И јас се мислев еден од скробниот и ЈХ ден да ги скокам ама што е тука е, каква си е таква ке ја држиме , штом на многу луге им помогнала значи е ОК.

    Нена14 благодарам на идејата баш се мислев утре што да правам а скробен ден ми е. Само за маслово сум малку скептик гледам да го избегнам па сигурно компирот ке биде варен или некако испечен во фолија без масло и така ке си се мачам со него.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Хемиска супстанца е секоја материја со маса!
    Ако природното е подобро тогаш зашто не конзумираш отров од змија, бидејќи логиката е дека вештачки добиено е лошо а природно е добро.
    Напротив се што рекламирам има одредени бенефиции.
    БЦАА за време на диета ми помагаат за да имам енергија без калории.
    Засладувач исто така ми ги трга сите желби за благо без калории.
    Протеинот од сурутка ми помага да имам брз проток на аминокиселини во крвта за побрз опоравок.
    И диета во која секој ден има рестрикции кон одредени храни што се полезни во текот на денот е супер за брзо решение да стопите килограми.
    Но телото не е само масти нели?
    Затоа се иде бавно затоа што се осигура дека тие ќе се согорат мастите наместо мускулите и ќе има убав и здрав изглед а не како најлонско ќесе од свисната кожа и изгубените килограми.
    И не е толку лесно да се откажеш од старите навики, од лично искуство го кажувам дека потребно е нешто драстично да се случи за да го промениш животниот стил.
    Секогаш треба да се гледа а што потоа, кога нема да сте на ваквата диета.
    Ќе имате колаче пред вас и нема да го јадете зашто е процесирано ѓубре а уствари сето таа празна храна е ок ако јадете во умереност.
    Моето мото е биди флексибилен не биди овца како сите други.
     
  6. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10

    Стави само една лажица маслиново масло. И јас исто ги правев на фолија, прво ги варев, па ги ставив во фолија и ги потпеков во рерна, а одозгора ставив буковска, рузмарин и мајчина душичка. Мене ми беа превкусни !
     
  7. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Може ли за ЈХ едн да јадам лиснато (празно само лиснато,без кашкавали салами) ?
    А со што друго може да го јадам лиснатото? :D
     
  8. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10


    Подобро немој , 100 грама лиснато тесто содржи 500 и нешто калории, не се сеќавам баш добро! Што е многу многу е, подобро јади варени макарони или шпагети :)
     
  9. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Така е, во право си.
     
  10. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Во ред штом се толку калорични :!: не јадам ама макарони 2 пати јадев ногу ми се убави со кечап и оригано ама сакам да сменам малце,може ли 2-3 кифли или пак нешто друго дајте ми идеја :D
     
  11. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    http://recepti.dijeta.net/pica-sa-papri ... a-i-lukom/ - Отвори го овој рецепт,можеш да додадеш и малку маслинки, јас така ја правам .......поздрав.
     
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Лиснатото е многу калорично еве пример можеш да јадеш ѓеврек + маслинки или кечап
    Или пак прави си баник со готовои кори со праз кромид спанаќ без многу масло :)
     
  13. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Уф ете затоа го избегнувам јаглехидратниот ден -.- зашо читајќи само што имате на ум да јадете, ми течат љиги :P
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Моја препорка е да не го рипаш јаглехидратниот ден, и тој си има улога во диетата. И јас кога не бев на диетата не знаев колку ми е доста, и си јадев секакви грицки и јаглехидрати.
    Меѓутоа со диетата се контролирам, еве денес ми е јаглехидратен и си знам, само чинија макарони и навечер благо, било што. Значи тоа и ти го пишува во диетата, нема што да се плашиш дека нешто повеќе си изел. Едино само лиснато, такви работи тешки се подразбира дека не се во склоп.
    Ти за почеток ако не си навикнат на малку јх, може навечер па четири топки сладолед да изедеш место три, ама постепено ќе намалуваш. Затоа и утре е овошен, за да се исчисти организмот.

    И некогаш ќе мора да апнеш и јаглехидрат, не можеш цел живот на салати и протеини да бидеш, оваа диета учи да си знаеш колку ти е мерката, и потоа да надоместиш за тоа со нешто поздраво.
    А цел живот на овошје и салати не се живее, тоа треба да се јаде покрај другите работи.
     
  15. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Во право си.Иначе може ли да не се вечера.Јас не можам да вечерам пиам само воа и ги гледам сериите хаха :lol:
     
  16. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Јаглехидратен ден ...............вкусноо, а не многу калорично :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1399.JPG
      IMG_1399.JPG
      Големина на фајлот:
      261 KB
      Прегледи:
      70
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Штознам, јас не би прескокнувала оброци, затоа што мислам е важно сите три да си ги имаш во денот. Едино јас си намалувам од оброците. Еве денес не бев многу гладна и само пола чинија макарони изедов. Исто и во протеински, затоа што не сакам многу месо да бутам овој период, јадам ептен малку стек за ручек, некаде пола парче, и најчесто вечерам само шопска салата. А и вечерата ми е секогаш најкасно 7 преку сила, а седам до доста касно, некогаш до 5-6 сабајле заглавам.

    Диетата е само правилно комбинирање на намирници, и секако ако сакаме побрзи резултати помали оброци, тоа прескокнување нема многу да ти помогне ;).
     
  18. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Nene...stay, bad dog, bad dog ! Љигите сеа да ми ги собереш...... мојата слабост :'(
     
  19. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10





    Затоа не исклучувај никој ден од наведените, за да не чувствуваш глад. Така нема да мораш „насила“ да ја држиш диетата. Ќе мораш тоа да го контролираш доколку сакаш да се вратиш на тежината. Секој од нас е слаб на јаглехидратите, особено на благото, но еве веќе еден месец и неколку дена функционирам на овој начин и слабеам. Како што гледам сите тука се со пофални зборови и постигнале посакувана тежина, а некои се на пат да го сторат тоа, па не гледам зошто не би можел и ти. Секоја состојка е потребна на организмот, не откажувај се од ништо, само јади помалку. Немора да слабееш којзнае колку, важно е да е здраво тоа слабеење, па полека полека ќе се вратиш во нормала како што си бил претходно. Поздрав, ти посакувам успех!
     
  20. Nene14

    Nene14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Јаглехидратен ден , вечера - сладолед 3 топчиња, одозгора рендано црно чоколадо едно редче и два бадеми :D Утре овошен ден, па почнувам со турбо ун :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1401.JPG
      IMG_1401.JPG
      Големина на фајлот:
      247,2 KB
      Прегледи:
      207