Веќе 15 минути чекам да зоврие водата, да си сварам макарони, а ја рингла не сум уклучила. Мислев дека татко ми ме заебава, али кога видов, стварно не сум уклучила. Леле, многу сум заборавена упм. Страв ме фаќа, еј. Ништо не памтам. Нема ЕДНАШ да отидам до продавница, а да не заборавам нешто, ЕДНАШ. Прееска не знам колку време ми требаше, за да си ја најдам личната карта, испаничив. Ништо не знам каде оставам. Сестра ми ми рече дека повеќе немало да ми кажува. Знате што убаво ми е: - Дадо, кај ми е мобилниот? - Во дневна на кревет. - Дадо, кај ми е полначот? - Во првата фиока во биро. - Дадо, ми ги имаш видено наочарите? - Пред тебе се. Плукнати на мајка ми и татко ми сме. Кај сум се погодила изгубена на него. Колку пати од работа дома ќе се врати, дека ја заборавил возачката, личната карта, мобилниот, здравствената книшка. Барем ги решив дилемите што ги имав како мала, дека сум посвоена.
Хаха како беше тоа не си имал детство ако барем еднаш не си помислил дека си посвоен. Мене кога ќе ми текне дека мислев дека не ми кажуваат која крвна група сум ради тоа што ме посвоиле, абре врв. Ахам да посвоена а оригинал сум на мајка ми само косата ни е различна, а цел карактер на тато, па и на него личам, посвоена сум била да. Тоа е детски памет на 7 годишно мало дете. (а сега демек големо сум како не )
Колку само еден маж може да ја усреќи жената? Не сум свесна колку сум среќна Се плашам дека сонувам... Вистинските жени ги усреќуваат ситници... Да да....Солзи радосници http://www.youtube.com/watch?v=JmfOzFzYumo
Дефинитивно (поздрав до lunicka со зборчето), водата ќе се сварела а макароните ќе зовриеле. Ај па и ти Еленче, сите докази укажуваат дека си посвоена а ти се правиш на Тошо дека не си. На татко ти барем му текнало дека не си го уклучила шпоретот, а тебе немаше да ти текне и за саат време ќе си ги извадела макароните и ќе се жалеше на форум како фирмата што ги произвела ти продала неквалитетен производ, претврди макарони кои нема шанси да се сварат. Туку многу те разгалуваат, да те остават и да е не ти кажуваат ништо, побргу самата ќе си научиш што и кај оставаш. Кога ќе ти "гори под газот", ќе мора да снаоѓаш.
Деновите ми изгледаат како да се наносекунда од секундата. Премногу брзо ми врват. Безвезно што би рекла баба ми. Очекувам нешто,а не знам што. Во меѓувреме една темјанушка започнува да цути. Премногу задоцнила,да,но има цврст став и желба за живот. Нејсе. Имам лоши претчувства. А,и лоши мисли. Камо да сум огромна грешка. Во меѓувреме...
Велат - Љубовта се раѓа во очите а живее во срцето. Јас велам Погледот зборува и кога устата е затворена. Сдк - Очите се огледало на душата, ако знаеш да ѕирнеш во нив ... Погледот ја кажува вистината, лагата, среќата, зборува повеќе од сте изговорени зборови... Поздрав до Elennaa а може и дедо да го поздравиш уф како не беше мојов жив па да ми кажеше кај го имам мојот мобилен зафрело а не вака претплатникот не е достапен е не е мор и јас знам. А знаат и тие што ме бараат Ај ај, ќе викаат по мене после... земи тоа мобилното еднаш со тебе
СДК - Добро утро. Си бев прееска во продавница фино комотно, си влагам со телефон на уво и си зборам. Јас како улетана кокошка те тамте, те вамте си зборам си гледам абе се заборавив. Јас уствари бев да си купам нес кафе. Аман нес кафе кај си више? Сите полици, ги поминав неможам да те најдам. Сакаш да играме жмурка? Нема проблем, ама ако те грабнам утре ќе те сварам. Готово, нема бегање мој си. И така си го барам, си го барам, ама го немааа. Е те немааа, зошто ми бегаш бее... Оп, гледам тетка некоја стои си мерка нес кафее, аа таму сии, правац тамооо и така јас буба во правецот на нескафето се лизнав на тоа плочките ама се за нес кафе. Нема откажување. Ќути тоа јас гледам теткава како од марс падната и го гледам единственото пакетче нес кафе од 20 грама ( читај се за обични 20 грама) како ме гледа сака да ме гушнее, ми вика земии, сакај мее, води љубов со мене. Грабнав и шибам на касаа. Е мој си конечно добро утро. Утре ќе те правам, а сега спиј мирно. Спојлер Ахх, ме боли г'зот од плочките
Денеска еден дедо ми покажа колку е вреден нашиот живот и како треба да го цениме. Ме сретна еден дедо ( познаник ) се гледаше дека е изнемоштен по лицето му се познаваше и ме замоли ако сакам да појдам до болница да му земам некои резулатати , и покрај сите обврски што ги имав кога му ја видов загриженоста на тоа старо изнемоштено лице и немирот кој го имаше во себе реков ок ајде кидам. Отидов ги земав ми кажаа дека се е во ред и му ги носам на дедото му викам дедо се е во ред со резлулатите а дедо ваков - Сигорно е се во ред дете ? Му викам да дедо се е во ред не грижи се , човекот со полу насолзени очи појде накај мене ми ја фати раката и ми ја стисна толку благодарно и силно што досега никој тоа не го направил и почна само да ми вели Благодарам дете мое , мило дете . чедо мое , дете на дедо да си жива и здрава Господ само добрини и добрини да ти дава.. И мене очите ми се насолзиа од неговата желба за живот и неговата неизмерна среќа која од далеку се познаваше...Го погледнав уште еден пат пред да си појдам морав да го запаметам тој среќен лик бидејки не се среќава често а тој ми рече Дете имаш дечко ? Му викам да дедо имам... А тој ми рече И двајцаата да исчекате старост како мене и секогаш да бидете среќни... Неможам да ви опишам колку ми го разубави денот....Ах тие стари човечиња што во себе носат само спомени од некогашниот живот и неколку прекрасни зборови да му разубават ден на некого... На поаѓање ми рече Дете оди со здравје и секогаш да си среќна... Толку топлина ми создаде во душата што неможам да ја отргнам никогаш од себе.... Те сакам и јас тебе дедо биди жив и здрав
1.СДК , јули е, а времето е такво какво што не очекувавме- непредвидливо, иако предвидено од метеоролозите.А и приметив...нема веќе ништо умерено (сончево до умерено облачно)...или пукат жештини или Клара мава блицеви...нема средина... 2. СДК, заврши одморот, добро поминавме, фала на прашање...веќе и го заборавив и пак сум уморна 3. СДК и пмс помина и мс помина, а мене уште ми се јаде се и сешто...не е фер.(особено во овие часови некое чоколатце, сладолед, па по сладелодот чипс, а по чипсот уште една бананка чоколатце)... 4. СДК многу мудри мисли, ама некој беше неодамна ми беше кажал дека, филозофите се мудри луѓе на кои не им се работи...а и не ги бива за работа.Хммм ме замисли поприлично .... и 5 СДК или да прашам да не знае некој каде се продава блуза однапред со спајдермен а позади со бетмен??Син ми имал желба за таква и на сите им кажува...
Леле бе леле бе, ОФ. Муабет на страна не остана, само кукате. Инаку сакав да кажам дека крвнички мразам една категорија безрбетници - партиски фанатици. Во нивна близина имам забрзана перисталтика.