1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    83.256
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво чуството кога случајно ќе слушнеш песна која што те потсеќа само на убави моменти
    Е во такво момент ме нема се губам ,се топам и несакам никој да ми прави муабет :D
    Луѓето во моето друштво кои добро ме познаваат кога сме излезени на свирка знаат дека несакам да ми праат муабет.Обично си стојам напред пред групичката во први борбени редови :D пивце во рака цигарче и поголемо од задоволство од тоа немаа.

    Среќна сум утре си доаѓа сестра ми од одмор :wasntme:
    Едвај чекам да ја изгушкам и изгњавам да си ги испразан батериите на неа да ја истурам целата милост за неа што ја чувам овие денови додека ја нема дома :D

    Имајте добра ноќ луѓенца и бидете среќни каде и да сте :*
     
    На Elennaa и Valerin им се допаѓа ова.
  2. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    17.155
    Пол:
    Женски
    Колку ние луѓето сме едни чудни суштества со изразено лоша меморија. Забораваме! Забораваме колку малку е потребно за да си среќен! Забораваме да кажеме "благодарам" кога ни оди добро, кога сме здрави, живи, насмеани, опкружени со луѓето што ни значат! А тоа е најважното! Единствено што знаеме е да се жалиме, како секогаш нешто ни фали! Дури кога работите ќе тргнат на лошо, по удолница, тогаш всушност сфаќаме колку сме биле среќни! :^)
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Ако можам да заборавам се` што ми се има случено во целиот мој живот, ќе бидам среќна. Не среќна, туку насреќна девојка на цел свет. Можеби изгубена, но среќна. Нема да морам да се смеам роботски, нема да се потсеќам на секоја пролеана солза слушајќи го секој убав збор. Каде ли се крие таа девојка? Девојката без меморија, девојката без грижи, девојката без солзи? Не знам, не знам ни дали некогаш ќе дознаам. Само се надевам... Се надевам дека ќе се случи некогаш. Дека ќе ја откријам таа среќа која ќе ги избрише сите мои солзи, а ќе ги дуплира сите мои насмевки.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    А што ќе биде таа девојка? Ништо. Таа девојка нема да бидеш ти бидејќи сите размислувања,сите надежи,сите работи кои те прават среќна и сите работи кои те прават тажна се е тоа резултат на се што ти се случувало во целиот твој живот. Мислиш на таа девојка без истите среќни спомени и без истите тажни моменти ќе и бидат истите шеги смешни? Истите луѓе скапоцени и вредни? Не, бидејќи таа девојка не си ти,а ти си личност која без разлика колку и да пролеала солзи и да имала тешки моменти продолжила, можеби се смее роботски и лажно,но тоа го прави за да не ги повредува другите (верувај го знам чувството, кога од внатре се чувствуваш како да сакаш се да запре,а од надвор си насмеана и весела и позитивна). Е дали мислиш дека таа девојка без ниту еден лош момент би ја имала истата несебичност? Се сомневам.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WhatNow

    WhatNow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    62
    Никогаш нема да дознае колку го љубам, колку ми значи и што би сторила за него.Посакувам да бев птица и да го нагледував секој ден како што таа го нагледува светот секојдневно. Посакувам да бев риба и да се вивнам во неговото срце како таа во морското дно.А залудно би било се, тој да е мој, за мене би бил како капка роса во пустина како надеж во пораз ,како снег во мај. Постојано се менуваат чувствата кон се но зошто кон него не? Зар раната е толку длабока што не постои лек што може да ја отстрани,таа рана не се лечи, се повеќе и повеќе ја притискам надоле со цел да ја заборавам. Но моето срце не го вели тоа. Кога ќе погледнам во сонцето ја гледам неговата насмевка, кога ќе погледнам во небото ги гледам неговите очи, кога ќе погледнам во месечината го слушам неговиот глас велејќи ќе те сакам до неа и назад засекогаш. А кога ќе погледнам во себе го гледам моето срце во кое што лежи тој, залудно би било времето мислејќи на него, залудни би биле ноќите неспани, солзите неизбројни и лажните зборови. Никогаш нема да дознае дека насмевките пред него се лажни, никогаш нема да дознае за тој незаборавен поглед. Никогаш нема да дознае дека секогаш ќе лежи длабоко во мене. :)
     
    На mauu, Elennaa, DoReMi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.317
    Пол:
    Женски
    Сакам вечер да се сликам со Саша Ковачевич
    :D
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Да дојдам со камера или личен фотограф ќе си најмиш? :lol:
    А можеш и со некој папарацо да се договориш, демек те слика од страна позади некоја грмушка и нека те стави на насловна на свет, демек љубов во зародиш. Ако не свршиш тогаш од убавина, не знам кога. 8)
     
    На DoReMi и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
    Ние сме одговорни за се што ни се случува во животот.Ние управуваме со нашиот живот.
    Ако ти дозволиш да те понижуваат и навредуваат,тоа ке ти го прават.Ако дозволиш лошо да ти се случува,ке ти се случува.Не можеш да очекуваш од луѓето да те сослушуваат,да се дружат со тебе,да ти прават добро,нити пак тие не можат тоа да очекуваат од тебе.Тие не се создадени да ги исполнуваат твоите желби,нити пак ти да ги исполнуваш нивните.

    Долго време ми требаше да го сфатам ова,откако го сфатив ми е многу полесно...
     
    На Heartbeat и DoReMi им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Некои домови и некои луѓе се како чоколаден мус.
    Лесни, едноставни,но вкусни и прекрасни.
    Пенасти и инспиративни.
     
    На kala21, Dog-lover, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  10. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Еден е другар. :hug:
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Имате ли забележано дека некогаш сешто ни е потребно за среќа е едно мало чаробно трошкиче? Истото тоа кое ни се промакнува пред очите, па колку и да е мало, сепак поседува таква силина и моќ што може ѕидови да урне, и оттргне сите брчки и гримаси настанати на нашето лице..Да не олечи за час, и преку сите лоши сеќавања до незгоди да мине како сунѓер низ училишна табла.
    Но, токму таа трошкичка е она која СЕКОГАШ фали, се чини недостижна, далечна, а сепак толку блиска во нашите замисли!
    Па, така наеднаш се фаќате себе си како ја визуелизирате вистинската среќа преку добивање на тој сегмент. Одненадеж автоматски ве облева некакво фино чувство на задоволство. И тогаш сфаќате дека вреди да се живее, и покрај толкуте незгоди треба да се борите со брановите на океанот, за еден ден да успеете од врвот да ги погледнете стекнатите вредности, онака гордо, со исполнето срце! :)
     
    На SparkyAngel, Elennaa, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Кратка хорор приказна: пишуваш погрешен пасворд 3-4 пати по ред и у меѓувреме ти поминуваат низ глава сите места на коишто си се најавувала последниот месец, за на крај конечно да ти текне дека - guess what - уствари кириличната поддршка ти била уклучена... :tmi:
     
    На sweet-star, Butterfly-Girl, Nana19 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сакам да имам гаража со голем број на луксузни спортски автомобили, и да си купам затворена писта...Цел ден нема да се тргнам од неа :smoke: ..ммхм..
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Спремна сум за голема промена во мојот живот. Технички имам уште неколку дена до први август да се спремам :D Се чуствувам одлично и одвај го чекам денот. Вртење нов лист хартија,што би се рекло. Не и дозволувам на депресијава да ме уништува повеќе,ги земам конците во мои раце. И покрај настинка и сунчаница почнувам повторно добро да се чуствувам,еве вечер си купив карта за концерт,се надевам ќе живнам малце. Таман ќе се испратам со другарка ми,која ќе ја видам тек после две недели ама не е важно. Месец август ќе си го посветам само за мене. Ќе вежбам,ќе вежбам,ќе вежбам... Ќе ги сменам старите навики и ќе ги заменам со нови. А од септември со нови сили и нови размислувања во поход :D Бидете ми поздравени и уживајте,нема потреба од нервози :*
     
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Every fucking time.
    :tmi:
     
  16. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.317
    Пол:
    Женски
    Што збораш??
    А жити се?
    Нема потреба толку да ми придаваш значење бе маци
    :D
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Не ги разбирам македонциве. Вреди ли да се пржиш на плажа, да се мачкаш со кисело млеко и да смениш 3-4 кожи само за да покажеш дека си бил на одмор?

    Пред некоја година бевме сместени во истата вила. Оваа година сме во собата на нашите тогашни омилени соседи.
    Едни срби кои лажеа како политичари. Жената на плажа се соблекуваше гола и си го мачкаше задникот со некој зејтин. Рекоа за една кола дека е нивна, но откако тие си отидоа колата остана
    Мајка ми бидејќи немаше друга работа реши да купува фустани од кинеска продавница. Сега и двете сме како родопски циганки. Фустаните се во боја на родопски ќебе. Луѓето ќе помислат дека сме дојдени од некоја планина.
    Едни германци секој ден играат фудбал во дворот. Ми се плаче кога ќе ги видам. Имам трауми од првенството.
    Тоа е, Deutchland uber alles. Ај Sieg Hail. Отидов да плачам бидејќи Германија победи на светското. :hai:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    A јас пак не ги разбирам македонциве, што отишле на одмор и наместо да си ја наполнат душичката со убавини и да го пуштат мозокот на испаша, се замараат со туѓи животи и со остатокот од светот што си ужива на сопствен начин и прибираат материјал за рекла-казала. Е од таквите бегам, како ѓавол од темјан, зашто ако ти не ставиш слика на фб, не се секирај, таквите веќе ставиле слика од тебе и на големо фаќаат сеир. А уствари, не знам, кој тука е повеќе за мајтап :?:
     
    На COollLady, Valerin, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Немојте да ме осудувате, но морам да кажам само колку ме иритираат сликите на фејсбук каде што се гледаат само нозете и морето, езерото, пред нив. |( Секоја направа за сликање не верувам дека е создадена со намера да се сликаат само нозете. Луѓе каде ви е лицето? Срам ви е да се покажете?
    Ама сепак мислам дека во овие слики има многу пофалби. :?:
    Прво женскава е на одмор, се чекира, значи само како таа да е на одмор.
    Второ мора да се пофали со депилираните нозе, а ако цела година оди како мајмун. :fubar:
    Зошто ли вакви слики, кога може да се направат целосни, со другарките, со друштвото, со кого и да се. Тие ќе останат како спомен кога ќе раскажуваат на поколенијата дека биле на одмор. А вака што ќе им кажуваат? Еј да ти кажам јас кога бев млада еве бев на одмор види ја сликава, погледни нозеве колку ми се убави. Претпоставувам дека кој и да здогледа таква фотографија ќе нема на што да се воодушеви, се прашувам дали ќе рече леле колку била убава судејќи само по нозете? :?:
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Е де, кога ќе ги видат нозете јасно ќе им биде на поколенијата дека нешто не е во ред со мозочните челии. Ај не ме карајте ама ова фејсбуков добар дел ве заеба :)
    Ние порано немавме фејс а сликавме цели од глава до пети за во албум - за успомена и дуго сеќање.
    Па децава не се прашуваат кај ми била главата :D
    Ете така, некој си пати од главата а некој од нозете.
    Кој бара во денешно време глава, ноге у вис и ....
    Не заборави лајк да удриш.