1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поддршка за сите оние што сакаат да забременат

Дискусија во 'Бременост' започната од bik23, 29 октомври 2010.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Низ сите здравствени установи секојдневно се случуваат смртни случаи. Не знам зошто би требало да бидеме информирани за сите?
    И бременоста, како и ред други навидум нормални и рутински состојби, е подложна на компликации - особено ако како што е споменато, се работи за алергиска реакција. Не секогаш се работи за грешка на доктор, на персоналот или на процедурата. И не секогаш докторот може да спречи несакани последици.
     
  2. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    баш така darcy ама чудното е тоа што како немала алергиска реакција со првата епидурална :?: ако си алергичен ке си цело време нема наеднаш да биднеш :?: значи можно е да има нешто :worried:
    јас исто прочитав на фб страната на систина преднекое време ( сега избришан е коментарот) една жена имаше пишано дека одвај останале живи она и детето и дека секаде се жалела ама случајот се заташкал и никој не и обрнал внимание а тврдеше дека е лекарска грешка :worried:
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Не зборувам сега за епидуралната анестезија, но сум запознаена со неколку возрасни личности од мојата околина кои наеднаш развија алергија кон храна и лекарства кои ги примале претходно. За деца пак не зборувам, мислам кај секое второ се јавува некоја алергија.
    Искрено, навистина не гледам потреба од јавно жигосување на докторите - доколку има грешка, постојат интерни контроли кои би морале да реагираат, без оглед на тоа дали е тоа во Систина, Клинички центар, или амбулантата во Свети Николе (пример). Ништо нема да се добие ако недокажано се оди на ТВ, народот зборува, караванот врви и ситуацијата останува иста. Здравството одамна ни е во колапс.
    Од друга страна, компликациии при пороѓај од секогаш имало и за жал ќе има. Моја блиска другарка во Систина едвај ја спасија од прееклапмсија, таа и ден денес ги криви нив (за среќа и таа и бебето се супер сега), но кога разговарав со доктори ми кажаа дека треба да е среќна што се убаво се заврши. Секој што поминал низ лошо искуство сака да најде виновник и причина, човечки е тоа.
    Морам да напоменам дека не сум медицинско лице, но имам контакти со доктори, и се обидувам двете страни да ги гледам. Плус, бремена сум, и оваа тема ми е многу осетлива, и искрено и не би сакала на главни вести и time.mk да слушам за сите трагични случаи во Систина, Ремедика, ГАК (ги има секаде) и паниката во мене само да расте.
     
    На butterflysk и joy1 им се допаѓа ова.
  4. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    :( искрено ептен ми е страв се утепав од плачење деновиве :( мене тоа ми падна чудно една пријателка на мајка ми, керка и се породи пред неколку месеци на Гак, вели дека имало жена со неа во соба донесена во критична состојба заедно со бебето од систина, и исто некоја на кардиологија лежела породена со близнаци исто во систина, и ми вели сите компликации што ке се десат во систина ги пракаат во државна затоа што немаат опрема и не се изгледа обучени :o вака ми вика и уште ме советува да не се порагам таму, да не ја познавав ке си помислев дека си измислува си ги надава работиве ама нема зашто :tmi:
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    Јас требаше во систина да се породам но се откажав од финансиски причини,иако маж ми инсистираше за таму.Според него демек приватно е се ке биде како што треба.Јас секогаш му велев ако бог решил да се случи нешто ке се случи секаде.После вчерашните постови овде му кажав што се десило,остана зачуден.Тоа е реалноста едноставно.Никој несака да се деси вакво нешто ниту пациентот ниту лекарот.За тоа дека не се обучени во систина не би рекла,голем бр од нив работеа на гак нели така да пак во круг се вртиме.Сите прегледи што ги правев кај нив додуша поминаа топ.
    Жално е за жената,сопругот за целата фамилија.Нека не дава господ кај никој вакви загуби др залудно е што и да се каже.
     
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    На државна дефинитивно имаат најмногу опрема за случај на компликации... е сега таму е проблемот што не целиот кадар им е обучен да ја употребува :(
    Плус, таму е маката што знаат да направат компликации кога ги нема - посебно со чекањето пред одлука за царски рез. На познаничка бебето така и почина, јатрва ми со надносено дете ја чуваа додека девер ми не се налути и ја пренесе во Чаир (каде веднаш ја породија), а минатата недела на другарка со големо бебе исто надносено (и однапред кажано дека ќе мора царски) и ставаа провокации за природно, и два дена ја чуваа со болки, за на крај сопругот да ја однесе во Ремедика. Човек не знае што да мисли веќе :(
    Само Господ да не чува, не знам што друго да кажам. Јас правев инвитро во Систина (се решив поради Боби Лазаревски), целата историја ми е таму, па и до крај планот ми е таму да терам. Се надевам дека ќе бидам како и повеќето мои пријателки кои се фалат од таму, иако знам дека сешто има.

    Баш така :(
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    само господ да е со нас секаде само тоа :( на женава керка и со царски е породена и јас баш истото ја прашав викам колку време ја гњавеа пред да ја породат, вика ич, со надносено дете 10 дена пукнат водењак, не се отварала воопшто и одма ја однеле на царски за 3 часа се се завршило , може и до докторот зависи да се погоди асален, а тврди немала ниедна врска :angel:
    инаку јас сум кај митко ивановски во систина му верувам на докторот ама мислам дека човеков е растргнат на сите страни дента кога операција ми правеше пред тоа имаше прегледи во амбуланта само што заврши со мојата операција отиде на породилно одделение па пак со прегледи, неможат докториве да здивнат, па некад си мислам од толку умор да не се прават грешки :?: башка ми се жалеше еднаш дека многу е тешко да бидеш доктор :D
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Супер :)
    Јас викам само на крај да е се добро по бебето и по мајката, и здрави и среќни да си појдат дома. Што се случувало измеѓу, бргу ќе се заборави.

    А за тоа за докторите, дека не е лесно, баш еден хирург од Германија кажуваше колку таму е опаднат интересот во студирање медицина, и особено специјализација (затоа сега увезуваат доктори) - од зголемените тужби и осигурување што треба да се плаќа од страна на докторите, многу уште однапред се откажуваат од струката...
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Ај што летото е таков период што насекаде во градот гледам млади мајки со бебиња, па и преку ден слушам за некоја нова трудница познаничка... Толку тешко ми паѓа на душата што сеуште неможеме и ние да се израдуваме :( А мене абер нема да ми дојде вештерката, последна ми беше на 20 мај, матичниот ми даде сега примолут нор да испровоцираме менструација, ги пиев 3 дена по 3 апчиња од саботата до понеделникот ама еве абер нема да ми дојде. Во неделата малку ме заболуваа јајниците, а веке неколку дена ме болат само брадавиците. Чекам да ми дојде, па да испитувам повторно хормони, но овој пат не само на 3 ден, ке го терам да ми даде упут и за 13 и 21 ден, да се увиди кој хормон го прави проблемот.
     
  10. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Вакви работи се случуваат сегде, не само кај нас во Мк. Сите ми велат имаш среќа што ќе се пораѓаш во Германија, но јас велам само да не ми е судено нешто да ми се случи, и во Мк, и во Германија и во Америка нема да ме размине :) Затоа не мислете многу на вакви работи, бидејќи е стресно, а стресот најмалку ви треба во обидот за бебе ;) Јас сум 7ми месец бремена и сеуште немам страв за пораѓај, си велам како што е Господ никој не е.
     
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, се и сешто може да се деси, ко што рече една феминка овде, секојдневно докторите губат битки со куп млади животи, не е на нив да се суди, само еден пресудува во вакви ситуации, Бог. Јас сосем случајно дознав, на ФБ се крена голема фама, до таму се отиде што се изнеуваше името на жената и на докторот. Не е во ред. Се знае кој треба и како да изјави, полиција, институција на ТВ, а не шпекулации. Но ваквите ситуации ме забезекнуваат просто, колку само грешки се направено како кај феминката која морала да оди на киретажа при сосем уредна бременост, 3ца доктори да потврдат, значи можеби и имало нешто, но сепак, јадна таа мајка која го прочитала извештајот, јадно тоа семејство кое во иднина ќе треба да слави роденден на бебенцето заедно со годишнина од смрт, жално, тажно. Факт е дека се случуваат лекарски грешки, но факт е и дека се случуваат неочекувани ситуации, проблеми кои не постоеле шанси да се појават.
     
  12. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    За ништо на светов не би се согласила дека ГАК е подобра опција од Систина. А за муабети на Фејсбук и од прекажување од еден на друг може сешто да се измисли. Болница е болница, и во приватно и во државно има тешки случаи и несакани ситуации, ама тоа е неизбежно. Ама не може да се споредува третманот кон трудниците во двете болници
     
  13. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Сега пред малку читав имаа објавено на интернет за родилката што починала во систина,била примена за пораѓај на 21 а ја чувале до 23-ти така и на 23-ти ја зеле да ја пораѓаат и после примена епидурална анестезија почнале да и откажуваат сите органи и не успеале да ја спасат неа,а бебенцето го спасиле.Од систина не давале никакви коментари ќе кажеле нешто конкретно во вторник.....
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А каде го причита ова? може линк?
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    www.bezpardon.mk
     
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за мајката и за прерано загубениот живот,абе луѓе во која болница и да си ако е судено да биде така ќе биде,еве пример лани 32 годишна мајка од Бт.бремена во второ детенце веќе едно 5 годишно имаа со маж и,на снаа ми многу добра другарка и беше секој месец одела на контрола се нормално било во бременоста и наеднаш и било лошо 2 3 дена тргнало нешто наопаку и умрело бебенцето и и ја затру крвта на мајката,замислете и ова никаде не го објавија јас знам дека снаа ми ми кажа што се десило со женичката со тешко труење на крвта наместо да реагираат Бт.да ја спасат они во Скопје ја пуштаат како тежок случај 4 месеци беше трудна додека да стигне Ск.си умре кутрата си остави дете маж,некогаш и докторите грешат секако ама ако е пишано да биде ќе биде и во Систина и во Ремедика и во Државна и било каде така да Господ златен да не чува во раце и да биде со нас сите со убаво и лесно да си поминеме... и да не слушаме вакви работи
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Се согласувам дека ова може секаде да се случи. И те како верувам дека ова се случува се повеќе во државна и не се кажува. Кој немал мака да оди таму не осетил на свој грб.
    Лично, за се што ми е потребно одам на приватно. Пред некое време бев приморана да одам во државна и сум згрозена од односот. Не мој термин, не врски, ништо! Однос - КАТАСТРОФА! и бидејќи одев секој ден, сите доктори во амбуланта ги запознав и за сите истото може да го кажам.
    Што се однесува до приватните, па таму работат истите што до вчера беа на клиника. Значи не држи вода дека таму работат нестручни и дека ги праќаат на државно ако има проблем. Тоа многу одамна не се случува. Разликата е што тука докторите се доволно платени и помалку фрустрирани и имаат однос кон пациентите. Имаш електронски картон и кај кој доктор да отидеш одма ти ја чита историјата, што не е случај со клиника. еден тон хартија мораш да носиш со себе. И да, треба да раскажуваш на секој одделно што и како е работата.
    И на крај на денот времето е многу битно. Преглед можеш и вечер во 7 да закажеш, резултати на маил да добиеш или да си поминеш кога сакаш. Значи може се да се заврши без губење денови од работа. На клиника мораш да одиш по сабајле, во 2-3 да одиш по резултати, да се правдаш и објаснуваш на работа зошто касниш, си одиш порано, излегуваш...
     
  18. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    за овој случај имаше и на тв не беше сокриен дури сеуште на нет можи да се најди..http://www.utrinski.mk/?ItemID=8F4FB682 ... 2B15C75520
    имаше многу случаеви особено едно време во велес, во прилеп,виница,гостивар... само јас колку паметам што сум слушала по телевизијава :( страшна работа господ да чува само :worried:
    има ли некој линк од тоа на фб што се пишело за случајов? :|
     
  19. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Јас за случајов од Бт не најдов ни на Нет не видов ни на ТВ,снаа ми ми кажа зошто беа добри другарки и беше на погреб инаку незнам кај има Линк или било што како и да е,битно е дека млади животи,згаснуваат и дека треба докториве да се малку поодговорни особено во другите градови помалите е хаоси живи....
     
  20. MADO

    MADO Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki,mi dojde vesticata i so mm odlucivme da napravime spermogram,i kosmarot zapocna....spermogramot katastrofa,morfologijata e dobra no nepodvizni spermatozoidi ima duri 97%.....ovie dva dena sum vo totalen sok,nemozam da prestanam da placam i neznam od kade da pocneme.Prvicno planiram da kupam vitamini i da odime na urolog.Ve molam devojki koj ima takvo slicno iskustvo da me upati so da pravam.Dali vednas da razmisluvame za in vitro ili da se potrudime da go podobrime spermogramot.Inaku mm posle godina i pol e pod inteziven stres,imase problem i so crevata go snimaa na rengen neznam kolku vrska ima i toa.
    Ve molm prosvetlete me.
    Vi blagodaram...premnogu sum tazna