1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас би паничела и тоа многу. А за тоа дека немало бебето срцева реакција за време на преглед и пак да е се во ред не сум слушнала. Не ссакам да те паничам ама оди и направи повторно преглед.
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    Ама ова не и се случува нејзе колку што јас ја сватив .Туку читала по нет тугји искуства..
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Аха ок најверојатно не ја сфатив добро
     
  4. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Мила, зошто се оптеретуваш со туѓи негативни приказни, секоја бременост е различна и неможе да се спореди. А ти како што гледам немаш никаква причина за тоа, влегуваш во 13-та недела, критичниот период полека го оставате зад себе.....мисли само на убави работи, немаш причина за грижи. Поздравче
     
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Со оглед на тоа дека не си имала крварење, мала е веројатноста.
    Кога е прегледот? Знам како се осеќаш, ама обиди се позитивно да мислиш, и како што кажаа другите - веднаш после него влегуваш во безбедниот период. Со среќа!
     
  6. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Си правам филмови :tmi: на 30ти ми е прегледот и тоа ми е прв преглед...и се плашам од кој знае што. Ќе пробам да не читам апсолуно ништо до тогаш. :| Инаку јас немам мачнини веќе 2 недели...Супер сум. Ви благодарам за поддршката...
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Ете уште само малку :) И мене неделава мачнините, кои и онака не беа јаки, ко да ми поминуваат. Викаат дека сега плацентата полека ја превзема својата улога, па хормоните се смируваат.
    Продолжи да бидеш супер!
     
  8. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Ке биде се во ред, стом се чувствувас добро тогас нема простор за паника! За утеха и јас усте немам слуснато срцева реакција, едноставно не ми пустија, ама се надевам дека следната контрола ќе слуснам, мора да е се во ред! :*
     
    На Markiza30 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Секако дека мора! Ќе се радуваме сите заедно во февруари ;)
    Јас два пати до сега слушнав :inlove: Прв пат во осмата недела, и втор пат завчера, кога отидов на консултација :) Прво докторот не мислеше да ме страви на ехо, ама претпоставувам после кога почнав да го прашувам за препораки за патувањето и сл. си рече дека побрзо ќе ме откачи ако видам дека се е во ред :D
     
    На Markiza30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Како прв преглед? До 13-та недела не си имала ни еден преглед? Малку ми е чудно тоа или јас нешто лошо сум те разбрала, затоа што ние во 14-та недела веке и полот го знаевме, премногу е рано но се случува да може јасно да се види.
     
  11. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Rusi кај нив првиот преглед се правел во 13та недела. :)

    Јас да си прашам може ли пиењето на ладна вода да наштети нешто? :^) Можеби е глупаво прашањево, но на мисла ми е :)
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    Не верувам :) јас цело време пијам вода со коцки мраз. :)
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.226
    Допаѓања:
    30.342
    Пол:
    Женски
    Таман работа на +40(иако го погодивме годинава летово) да не пиеш бар малку ладна вода. Пијам и вода(но или превриена или изворска) и сокови, чаеви секакви ладно,топло колку повеќе течности внесуваш толку подобро.
     
  14. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Да Руси...и мене ми беше чудно ама ете таков им е системот овде. Сега преглед прв дали е се во ред па ќе направат испитувања за синдроми итн. па во 14та недела уште еден за органите како се развиени...Тоа е...инаку да имав други прегледи предходно немаше да ми е толку страв.
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    Сега се вратив од шетање.Две шмизли од 16-17 год поминаа покрај мене и ми дофрлија коментар :Јаоо види ја оваа колкава е :@ мислам колкава сум бе?останав трудна со 46 кг и се поправив 14 имам само стомак.Но и да не е така,зошто лугјето се толку злобни и некултурни?Искрено прво збезнаф и сакав да им се вратам но маж ми ме допре срамота било ова она.После од како се смирив се изнаплакав.Веројатно и хормоните ми заигра ама се осетив мн глупаво ;(
     
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.226
    Допаѓања:
    30.342
    Пол:
    Женски
    ^ Joy, зоштоооооо?
    Зошто обрнуваш внимание на непотребни и излишни коментари од невоспитани и необразовани луѓе?Тие не знаат како се дојдени на овој свет, затоа мрачарат такви работи. Тие не знаат колкава е големината и благодедта на една бремена жена. Тоа го знаеме само ние. И мене секој ден ме чекаат да излезам на врата, повеќе од мене мислат кога ќе се породам, дури мислам и Фб да деактивирам дури да се породам :D неподносливи се луѓево.Уживај си во овие последни недели од бременоста, кулирај, нека зборуваат што сакаат, мои се килограмите, мое е телото, и ние си го сакаме, затоа што за скоро од нашето тело ќе излезе нов човек, за кој сите коментари се излишни.
     
    На nana2112, Markiza30, TIGARCE86 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    Во право си мила ете се смирив векје.Сигурно ми проработе осетливоста на моментот,па изреагирав побурно од што треба .Чешки нека дочекат и тие :) ке сватат подоцна дека грешат што вака се подсмеваат на трудници
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    И јас денес се извадив од такт со колешкиве мои ми водат евиденција што јадам сум била трудница требало да пазам тоа ти е кога работиш со жени само немаат друга работа освен да ги гледаат другите. јас како да незнам да се грижам за мене и моето бебе,као демек ти кажуваме за твое арно викам моето бебе и јас сме совршено здрави не се секирајте гледајте си вие што јадете секакви пици хамбургери од Ројал ЖУЖУ,мене оставете ме од такт ме извадија,сакав да јадам пита со месо демек кај најде сега тоа да јадеш викам неможе само салати да јадам и риби и јас сакам еднаш друго нешто да сменам си внимавам што јадам ама некогаш кога сакам да каснам друго сакам им се чудам на паметот на Лугево Жими Мајка скроз забегани се...
     
  19. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Убаво ги нарече шмизли (ја би додала и празноглави) тие секако дека сеуште мислат дека нив штркот ги донесе. Мене секојдневно ми се случува тоа ама не на тој начин туку од познаници кога ќе ме сретнат а не знаат...и вака оди муабетот: кој месец си? Им викам 7 и нешто! И они ууууууууууууу машала! викам со близнаци! Ааааааа добро!
    Знаеш као ми дозволија они што сум голема дека две бебиња. (Јес да и ја се прашувам до кај ќе оди големината на стомакот) ама па посентиментални сме кога некој друг ќе ни го каже тоа.
    Уживај, ако ти е полесно...сврти им се на тие мали и објасни им колкав ти е стомакот. Мене пред некое време една баба у продавница ме мавна по г'з толку јако што и на продавачкава и стана незгодно, и си барав објаснување кај "госпоѓата" и после 5 мин прашување на што се должеше нејзиното понашање и без добиен одговор....и изнакажав се што ми лежеше на душа, без пардон....
     
  20. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Тоа дека луѓето не знаат да си ја гледаат својата работа, веќе си го знаеме така да нема што да се замарате. До мене лично уште не допреле таквите коментари, ама толку ми е небитно кој што ќе ми рече за тежината или за исхраната што дури и не ни дослушувам кога се збори 8) . Јас сум поправена 13 кг во бременоста, ама пред тоа си ставив убава килажа така што понекогаш си се чувствувам како слонче :lol: Тоа знам да си го искоментирам пред маж ми и да си се изнасмеам и толку. Ако некој нема попаметна работа нека ми ги мери килограмите. Мене ми е најбитно синко да ми е жив и здрав и да си го гушкам наскоро, за коментари од околина ама уво не ме боли :emo:
     
    На LaDyDoLl и TIGARCE86 им се допаѓа ова.