1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што правите кога ќе се разочарате ?

Дискусија во 'Психологија' започната од Cvet1, 11 јануари 2011.

  1. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Зависи колку е степнот на разочараност.На пример ако е нешто минијатурно ,ќе бидам депресивна еден ден.Но доколку е во прашање нешто големо,нешто битно,плачам спијам не јадам туку гнетам ,така едно добри два-три месеци и кога ќе помине,ќе се сетам која будала сум штом сум дозволила тоа да влијае на мене ај психички туку и физички,и тогаш се фрлам во акција,диета,вежби.Но мислам дека кога еднаш многу ќе ве разочара некој,следното разочарување го прифаќате како секојдневна појава.(мај опинијан ) :)
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Κога ќе се ρазочаρам, се затвоρам во соба за да не ме види неκој во таκва стостојба, седнувам на подот и плачам за да ми олесни κолκу толκу. Бидејκи во тие мноменти се вκочанувам цела, ме стегаат гρадите и тешκо дишам, не сум способна да излезам од дома. Бидејκи неможам да излезам, за да се смиρам го земам телефонот и и се исповедам на дρугаρκа ми затоа што знам деκа таа ќе ме смиρи и ќе се соземам. По ρазговоρот со неа веднаш се чувствувам подобρо. Фала му на господ што ја имам. Таа ми е единствена. Се дρужиме повеќе од 7 години. Се знаеме од мали нозе и многу си тρебаме една на дρуга. Несаκам многу да им се исповедам на моите, таκа ќе ги загρижам многу, па затоа можам да си ја олеснам душата на дρугаρκа ми...
     
  3. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Ретко дозволвам да се разоЧарам зс и не оЧеквам премногу од луѓето уствари престанав да оЧеквам... Ама ко Че се десит не знам саат или два ке се изнаплаЧам убо..послем Че се истуширам, Че се нашминкам и Че се дотерам звонам на другарките и излегвиме... Се трудам сто помалце да мислам на то,активна сум и за неколку дена поминвит..то е :^)
     
  4. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Се нервирам и ги смислувам другите полоши сценарија што можеле да се случат. (Од лошо има и полошо, и тоа ми помага малку) Потоа музиката до максимум и кулирам едно добри 2 саата. И на крај продолжувам со нови сили. 8)
     
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Се насмевнувам и си велам животот оди понатаму :)
     
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    Три пати ја лупам главата од ѕид, се трескам на креветот и плачам. Потоа ѝ се дерам на собата, т.е. ѝ ги кажувам маките. За крај, ја пуштам Wiggle-Jason Derulo и глумам дека ништо не се случило.
     
  7. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Не очекувам ништо од луѓето,што значи кога некој ме разочарал стварно ме разочарал. Во такви моменти не сум расположена ама воопшто,зборувам како да ќе убијам некого, фацата ми е полоша и посериозна од ѓавол,губам воља,но надежта никогаш не дозволувам да ја изгубам бидејки знам колку вреди...
     
  8. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112
    Кога сум сама плачам, а кога не, се трудам никој да не ме примети цел ден дека сум разочарана, или дека нешто лошо ми се случило, а вечер одма во кревет под ќебето скриена ќе се отплачам едно убаво никој да не знае. Не за друго барем нема да ми поставуваат непотребни прашања од типот што ти е, што се случило итн. Несвесно така понекогаш запаѓам во длабок сон и заспивам, утредента еден туш од сабајле и како нова сум. Ова ми даба лекција дека понекогаш работите не се случуваат онака како што планираме.
     
  9. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Се лутам и почнувам да плачам,но не пред сите кога ќе останам сама несакам да знаат дека разочарана и тажна и да знаат дека имам слаби страни па да ме повредуваат се повеќе и повеќе.
     
  10. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Кога ќе се разочарам , лута сум на сите . Си плачам до касно вечерта а потоа дента станувам напладене... Тешко дишам , и постојано воздивнувам :ах !.... Јадам колку да се каже оти јадам ... Дезориентирана сум , не сакам да стапувам во контакт со други луѓе оти незнам што зборам , може и некоја глупост да треснам ...Ииии превземам некоја активност само да заборавам ... Може да си пуштам музика да си рипам ко ненормална , да земам трчам ...
     
  11. Loss

    Loss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    14
    Кога сум разочарна седам сама во мојата соба, не сакам со никој да разговарам. Така си седам само не знам што да правам, и секако се трудам некој да не ме примети каква сум бидејќи не можам да објаснува и да разговарам за тоа што ми е. Или пак ќе легнам и само лежам буквално ништо друго не правам, а понекогаш знам и да се расплачам, зависи од што сум разочарна и до колку.
     
    На guardatela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bundaa

    Bundaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    13
    Плачам плачам плачам.....за да го зачинам плачењето и тоа да стане посочно ја пуштам најтажната песна ...Во меѓувреме станувам нај религиозната особа ..и си разговарам со дедо боже.
    Потоа ако не сум задоволна со исходот...плачам да видам дали останало уште.
     
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Ќе си отидам во соба , Ке легнам на креветот и ќе си плачам . ;(
     
  14. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    жив мртовец...не разговарам со никого седам во соба плачам плачам јадам многу или воопшто не јадам кога како зависи...еве на пример сега не јадам воопшто само кафе и цигари музика слушам и пошто не сум сама и неможам да плачам нејкам да ме сожалуваат и нејкам да растажувам некој си седам на фемина и само пишувам на темиве или само зјапам во мониторов и лебдам со мислите и се мислам што понатака
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    Порано плачев, си мислев што сум згрешила за да ми се случуваат вакви работи и уште што ли не. Но, времето ме научи дека никој и ништо не вреди за болката и солзите.
    Едноставно, го земам стариот албум, барам фотографии од последната личност која ме разочарала, седнувам на креветот, ги гледам фотографиите и размислувам за се` што се случи во изминатиот период, колку се сменивме и јас и таа личност, го затварам албумот, го враќам на место, вдишувам длабоко, издишувам, се насмевнувам.
    Знам дека ќе се случи уште повеќе од стотина пати, ќе се разочарувам се` повеќе и повеќе, дури некогаш ќе бидам разочарана и од самата себеси. Но, тоа е.
     
  16. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    Не зборувам со никој, одам во мојата соба, седнувам на компјутер и гледам клипови на youtube и така заспивам.
    Или одам го земам братучед ми и се играм со него, кога сум со него што и да е ми поминува.
     
  17. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Разговарам за тоа со мојата најблиска личност во најчестите случаеви и тоа ме прави да се осеќам многу подобро. Во оние други случаеви кога не сакам и не споделувам со никого сакам да си пуштам некоја тажна музика,филми да си се исплачам.Некои викаат дека во вакви ситуации е подобро да гледаш смешни видеа,филмови и сл. и на било кој начин да се расположиш.Јас пак обратно,сакам да си се исплачам дури и да се осеќам депресивно,потоа некако ми олеснува затоа што знам дека кратко ми трае тој период и веќе следниот ден ќе бидам како нова макар и цела ноќ да сум ја поминала тупејќи си го мозокот со тоа. :)
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Последен пат кога се разочарав купив XXL чипс и вртев кругчиња низ маало, во тишина.
     
  19. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    а од кога малце ке се подоопраам и орасположам мањачам згодни типчиња на фб и свакам дека не е крај на светот.секој крај е нов почеток ... си се тешам поубаво е
     
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Плачам, молчам, се повлекувам во себе иако сум екстровертна личност по природа, зјапам во компјутер, немам концентрација ни за читање.
    Зависи и колкаво е разочарувањето. Ако е големо, периодот на опоравување можам да го поминам буквално само дома, по пижами, немам потреба да комуницирам многу, многу со надворешниот свет, не сакам да сум предмет на сожалување... Ова ми се случи во последните неколку години, инаку од порано беше скроз обратно. Таквите моменти баш сакав да ги поминувам со луѓе и да зборувам за проблемот/те.
     
    На Emily Dora му/ѝ се допаѓа ова.