1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

Дискусија во 'Рецепти' започната од marama, 16 март 2011.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    900 гр шеќер во прав
    1 желатин ( 10 гр.)
    50 мл ладна вода
    100 гр фруктоза
    20 мл вода
    1 лаж глицерин
    1 лаж маргарин


    1. Желатинот се става во 50 мл ладна вода, и се остава да стои 10 мин.
    2. Фруктозата се потопува со 20 мл. вода и се става на оган да се стопи, но несмее да зоврие.
    3. Потоа во растопената фруктоза се става желатинот, глицеринот и маргаринот. Се мешаат додека не се соедини смесата убаво.
    4. Така добиената смеса се става во поголем сад во кој претходно е ставено половина од шеќерот во прав. И мешајќи со лажица се соединуваат. И целата смеса се става на работна маса и се меси со останатиот шеќер во прав, се додека не престане да се лепи.
    900 гр. шеќер е доволно за оваа смеса.
    Така добиената смеса се става во кеса и се увиткува убаво за да не прима воздух и се чува на собна температура. Најубаво за употреба е следниот ден.
    Смесата може да се бои, но боите да се во течна состојба. Доколку имате бои во прав најубаво е да ги растворите во малку вода, колку само да се потопи бојата.
    Доколку ви се рони утредента, ако несака да се меси најубаво е да се стопли 5-10 сек во микробранова печка.
    Јас кога ја правев првпат смесава ми излезе супер, а до сега имам направено повеке од 15 пати.
    * Фруктозата ја има во поголемите маркети.
    * Глицеринот се купува од аптека.

    Дали некој го праве овој рецепт???

    во колкава количина се купуваат фруктозата и глицеринот,цена?
     
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    За што е оваа смеса?? мислам за што се користи, ми фати око некако убавоо :$
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    јас го имам правено со помош од друг...
    па идеш во аптека и си зимаш едно пакетче фруктоза едно глицерин се продава мислам во пакетчиња и не се скапи потоа си ставаш колку ти пишува
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    ^
    колку се движат цените на фруктозата..има ли измееени во смесата??


    кори за розен торта Какви се? Каде може да се најдат,цена,има посебни филови за нив или можеме да ги комбинираме со филови по наш избор? :)
     
  6. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Дали некоја има правено Cocoa-Hazelnut Granola Bars with Dried Figs?
    Не знаев како да го преведам,па затоа на англиски го постирав.
    Станува збор за ова:
    [​IMG]
    Вкусно е и за спремање како,што?

    п.с:страната од каде го видов ова чудо кое ме огладни http://www.thekitchn.com/recipe-hazelnut-fig-amp-cocoa-granola-bars-recipes-from-the-kitchn-201538 :wasntme:
     
  7. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Месото го сецкаш на долгнавести парчиња,
    кромидот, морковот и пиперката исто така се сечкат на резанки (долгнавести парченца).

    Најпрво се запржува месото со црн пипер и зачин и откако ќе зарумени, парчињата месо се вадат во чинија а во преостанатото масло се пржи кромидот, морковот и пиперката. Откако тие ќе омекнат парчињата месо повторно се враќат во тавата и сето тоа заедно се меша. Во 250-300 мл вода се додава 2 лажици крем супа од печурки се разматува и се довава во тавата со месото и зеленчукот. Потоа смесата се претура во огноотпорен сад и се печи на 220 степени околу 30тина мин. Превкусно е, и има и многу убав изглед поради резанките зеленчук.
    Добар апетит! :)
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Се почесто во рестотантите сретнувам варени компири па пржени/печени појма неам со презла и внатре ситни парчиња морков, салама, печурки, секогаш различно. Дали некоја знае рецепт, ептен ми се вкусни па сакам дома да пробам да ги направам :)
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се работи за истиот рецепт.
    Компирите се варат и се пасираат како за пире.Од смесата се земаат топчиња и во нив се чија големина се обликува според желба и внатре се става фил од сецкана салама,печурки и рендан морков.Во презла се става малку брашно и зачин.Се промешува и во неа се валкаат топчињата.Се пржат во претходно загреан зејтин на умерена температура.Кога се вадат од тавата се редат на кујнска хартија за да се впие маснотијата,а потоа се сервираат.
     
    На simoncelicius и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Тие се :clap: фала ти Поента :)
    викендов дефинитвно ќе пробам да ги направам
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе ти успее рецептот ;)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Девојки како да направам убави плескавици?
    Значи најобични,без кашкавал и слично,ама да не ми се распаѓаат,да можам убаво да ги испечам на скара.
    Ќофтиња немам мака,многу убави ми излегуваат,ама плескавиците ми се растураат и се собираат и не личат на ништо :^)
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    Во меланото месо изрендај кромид компир стави брашно и јајце направи како тесто замеси го после тоа направи топчиња и расплескај ги на рака и одлични се
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    За да не ти се распаѓаат, може да ставиш и малку стар сронет леб. :)
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Доколку немаш сув леб,може да ставиш презла пред да го замесиш тестото од мелено месо.
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Пашканатот се јаде ли рендан како салата? :D
     
  17. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/2 ... -10-minuti

    Го има ли некој пробано рецептов? Сакам да го правам но проитав во коментарите дека е лаги со опашки, па ако е така воопшто да не го правам.
     
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.825
    Пол:
    Женски
    Како е највкусен лососот да се спрема?
     
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Кременадлите од лосос ги премачкувам со растопен путер од двете страни а потоа со следнава смеса: во блендер стави 2 чешниња лук 5 лажици маслиново масло и една рака магдонос, сол и бибер. Откако ке си намачкам од двете страни и со смесата, ги ставам во тава во која имам ставено алуминиумска фолија. во тавата додавам околу 20 мг. бело вино. Печам на 200 степени додека не зарумени лососот (околу 2 0минути, зависи од рерната како пече)
    Се надевам ти помогнав :*
     
    На mims-89 и joy1 им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.825
    Пол:
    Женски
    Фала делува вкусно.јас можеби само ке го изоставам виното пошто не сум сигурна дали може за керка ми (5 год).Може ли низ внатре да додадам и компир ?