Аааа ти цуцо не си у тек, Брена се лизнала и паднала во ресторант, по појадокот со сопругот. Тоа дека возела во пијана состојба се невистини. Мора да има некоја снимка од падот, до тогаш не ми се верува дека сама паднала, гарант Боба и ставил сопка. http://www.press24.mk/lepa-brena-utre-kje-bide-operirana
^ МОЖНИ бремености??? Сакаш да кажеш дека при петинг можно е и да не останеш трудна ако сврши на истиот чаршав на којшто ти се оставени гаќите??? Магистерската, да. Уште едно 6 страни и 3 читања до крај. Сакав до утре вечер да завршам, ама изгледа тешко. Ама ај, ме кандиса со муабетот за запекот. Кај до вчера бев на двопек и јогурт, сега уште запек ми фали.
^^ Така имав читнато некаде, ама еве сега пребарав набрзина и грешка било. Може ниски или рамни обувки носела, ненавикната па затоа се сопнала
Утре одам на излет со поширокото семејство, се надевам Господ ќе ни даде убаво временце и дебели живци за убав помин
Има така моменти кога човек има потреба од монолог.Доцна во ноќта.Со дувкање од надвор. Мисли,размислува,елиминира,додава и така. Само за добро да е.
Само искрениот одговор е одговор. Лажниот не е-ист е како да не си кажал ништо. Згадено ми е од идиоти више!
Се сеќавам како да беше вчера. Небото беше покриено со темни облаци, почна да врне-истура. Имав околу 9 години, се враќав сама од училиште, под чадорот свиткана трчкав накај дома. Кога стигнав, вратата беше заклучена, мајка ми ја немаше. Се сетив каде го ставаме клучот и отворив. Видов дека го нема нејзиниот чадор дома, тогаш разбрав дека пошла по мене да ме земе од училиште бидејќи многу врне. Поради грмењето и силниот пороен дожд се исплашив дека нешто ќе и се случи, секакви слики ми поминаа низ глава. Решив да одам по неа. Го зедов чадорот, не ми вршеше работа, цела бев мокра кога стигнав во училиштето. Ама не ја видов мајка ми. Бев премногу исплашена, излегов и на враќање ја видов пред една продавница како чека. Само се стрчав и ја гушнав. А, некои се жалат мајка им била стара, дебела, не им давала пари да искочат. Се` што прават, го прават за наше добро, како тоа да им го впишам во главата на некои поединци. Да, има исклучоци, но не се сите такви. Додека го пишував постов, ми се стркала солза по лицето, ете така, од љубовта кон мајка ми.
Чекам да ми се случи нешто убаво колку за промена !!! Преокрет некој ! Али ништо од небо не паѓа па... Али еве ја така си чекам уште
51 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Мојот татко,мајка и моите баби и дедовци секогаш раскажуваа за преживеаниот пекол,за условите за живот после тоа. НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!
Ако нешто знам за себе тоа е дека тоа што го сакам ќе го добијам, тоа што ќе го намислам ќе го направам. Без разлика на последиците и противењата на другите, се што ќе намислам и направам. Сум имала и последици, ама сама сум ги трпела без да се жалам, сум правела и грешки, научив од нив, сум наидувала и на пречки, сум ги издржувала. Важно, јас замислената цел ја постигнувам по секоја цена. Некој тоа го вика тврдолгавост, јас го викам упорност
Стрес. Ми се насобра. Излегов од дома облечена ко да ме избацила поплава. Еден од оние денови кога цел гардероб го превртуваш наопаку и меѓу купот алишта не можеш да најдеш што да облечиш. На крај заборавив дека е петок и има настан во град кој ветува посетеност од инаку асоцијалното население и излегов батал. Маица која некогаш ја носам на вежбање, фармерки безвеза и патики кои дефинитивно ги упропастив со перењето во машина. Океј, гледам луѓе, слушам тапкање на потпетици. Не го препознав градот. Седнавме в кафана, само таму имаше место и стек на скара, гладна бев пес. Внатре, радиоактивна музика. На екс манав големо Даб. До крајот на вечерта, колку што стигнав да избројам се собраа околу 12 тина Да, дванаесет пива од пола литар. Не знам кај ги пикнав, ама знам дека последно се устручавав да се приберам заради чудниот поглед на келнерот за секоја порачка, со дигнат прст и дерење а тој на 1 метро од мене, наклонет со увото. Ме здрвија салам, признавам. Ја испијанив и жена му на чоеков со нас, ја научив македонски и ја натерав да игра. На крај се качивме по маси, во затворена кафана лепев бакшиш на музиката - цела заработка. После од разочарување дека сум шворц ја искинав последната 500 ка Оу гад, после продолживме во дискотека за таму да играме диво и распуштено како да сум под дејство на опасни наркотици. Кршење чаши и пиење туѓи пијачки на шанк, за на крај физички да се пресметам со сељандура која ме вчапа за газ. Е ! Ако ме видите да врвам пред некој локал со наочари и шешир, лошо поминала минатата ноќ
Оваа недела не бев многу активна на форумов. Малку ве запоставив, па затоа сега ќе надоместам. Ќе ве дружам повеќе и конечно ќе се одморам и релаксирам. Како и да е, оваа недела ми е една од најубавите, активна и продуктивна. Се што испланирав, остварив Се изнашетав, изначитав и се изнаработев Ви посакувам убаво попладне на сите
Не можам да разберам како некои луѓе повредуваат животни, како можат да ги гледаат како страдаат, а тие беспомошни, не ми е јасно, изгледа човек треба да е бесчувствителен за да го направи тоа и притоа да си се однесува како ништо да не било.Повторно не можам да се изначудам, луѓе очи си вадат едни со други, па око не им трепнува за други, а не пак за животни.Толку ли не ја чувствуваат нивната болка, не ли ги боли?
И тадаам конечно дојде време повторно да одам на одмор. Како летна месец дена ни јас не знам, ама со душа го чекав одморов. Посебно сум возбудена овој пат затоа што за првпат ќе одам на остров и ќе патувам со траект, којзнае како е чувството ајде за неколку часа. Конечно брат ми потпорасна и сега ќе одиме на подалечни места. Куферот спремен истиот случај ко минатиот пат, уствари секој пат е исто во врска со куферот. Па Крф чекај ме, доаѓам за неколку часа. Бидете ми поздравени, ако имам време ќе ви пишам што како, ама прашање е колку време ќе имам бидејќи по цел ден на плажа, шетање и така, како и да е за 2 недели сигурно се читаме ќе ми фали фемина хаха.
Како да им објасниш на некои луѓе дека со самото тоа што си женско, не значи дека по дифолт мора секогаш да си расположена за долг шопинг? Да, се интересирам за мода, ми прави мерак разгледување по бутици, особено подновување со нешто што одамна си го меркам. Ама едноставно се случува да не ти е денот за тоа бе луѓе, понекогаш ме нервира врткање по рафтовите со часови. Нестрплива работа, шта чеш... А за пробување по повеќе парчиња наеднаш треба ептен да сум во некој фешн фазон, абе уште од мала сум таква, ме фаќа склет што се вика. Не знам дали сум единствена, ама јас па не можам да ги разберам оние што никогаш, ама баш никогаш не ги мрзи да поминат саат - два во гардероба, без разлика дали е +40 или длабока зима кога ти фали уште скафандер за да бидеш опремена за во вселената. Плус па и колку сум „брза“ во гардероба, што да ви кажувам. Еднаш не сум отишла со некого да пробувам облека, а да не ме викне пред да излезам и да ме праша „што напраи, што се задржа?“ Посебно ако пробувам неколку пара фармерки или па кошули со копчиња... ќе помисли некој дека таму внатре смислувам план како да ги украдам. Абе само онлајн шопинг му е мајката, паметна работа, онака на готово... И така... ајт поздрав.