1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бакнување на деца во уста!

Дискусија во 'Дете' започната од lunicka, 25 јули 2014.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно: не ми се допаѓа!
    Селски и невкусно. Ниту моите ме бакнувале така, ниту јас го правам на моето дете или ќе го правам во иднина.
     
  2. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Мене ми е гадно. Имам комшивка на моја возраст што уште се бакнува така со родителите.
    Мене ме бакнуваат секаде- на раце, на нозе, на коса, врат, чело, образ, рамења, но никогаш во уста. А и да проба- ќе се тргнам :?
     
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Дефинитнивно не е начин за да се докаже врската родител-дете :x .Се знае кој со кого се бакнува во уста.Разбирам бакнеж во образ ама не гнавење и она шмукање на образот :puke: .
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Со сопругот и двајцата ги бакнуваме децата во уста, мислам дека нема ништо гадно, невкусно, селски |( во тоа што си ги бакнуваме сопствените деца во уста.

    Кај мене сопругот пред да оди на работа, кога ќе се врати од работа ме бакнува мене, поголемиот син стои и тој чека бакнеж, сега и помалиот ќе допатка и го прчи и тој муцето и чека бакнеж, што гледаат децата тоа и праваат.
    Во моето семејство е нормална работа децата да ги бакнуваме па и во уста како и секој друг дел на телото, нормално е и децата да бидат сведоци на бакнежи помеѓу мене и сопругот, не се криеме од нив, нема ништо срамно во тоа децата да ги видаат родителите да се бакнуваат.
    Не знам нас таква ни е динамиката дома, многу бакнежи, гушкање, не мислам дека ќе ги разлигавам децата и јас сум гушкана и бакнувана и сеуште сум од татко ми па не сум разлигавена.

    Имам пишувано некаде по темиве внук ми кога направи 8-9 месеци почна нас домашните да не бакнува во уста и ден денес му остана таа навика кога ќе ме види да ме бакне во уста а има 7,5 години.

    Инаку имам една комшика која постојано прави некои фаци као и се повраќа кога ќе ме види дека ги бакнувам децата и не е секогаш во уста а истата чува кучиња кои постојано и ја лижат фацата е ајде сега некој нека ми објасни кое е погадно, јас што ги бакнувам децата или нејзе што ја лижат кучињата кои си го лижат газот после одење по нужда.

    Сметам дека сите што поврзуваат бакнување на деца во уста од страна на родителот во било каква сексуална конотација треба под хитно да се лечи. :x

    Еве еден сериски бакнувач на децата во уста :D нема слика од David Beckham со децата а да не ги бакнува, мене ово ми е крајно симпатично не гледам ништо погрешно или гадно во сликата.
     

    Прикачени фајлови:

    • 06pg-vertical.jpg
      06pg-vertical.jpg
      Големина на фајлот:
      20,2 KB
      Прегледи:
      329
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8,6 KB
      Прегледи:
      329
    На eli25, Kaetana, vickyy90 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Огромно НЕ! Се знае кој со кого треба да се бакнува. Родител со родител, момче со девојче, а не уште од најмала возраст да ги бакнувате децата каде ќе ви текне. Бљак. Моите ни во образ ме немаат бакнато, а не пак во уста.
     
  6. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    Не, не и не. Сфаќам дека се ваши децата, дека многу си ги сакате и се тоа...ама има многу други начини да се искаже љубовта. Гушнете ги, бакнете ги...ама со усул малце. Мислам, дали сакате на 20 год. вашиот син да ве бакне во уста само затоа што тоа му е навика од детството? :^) Нема логика, стварно нема. Ај и да разберам 1-2-3 пати кога се бебиња ама повеќе не. :x
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Еве јас имам и повеќе од 20 години, па се‘ уште ми се случува со родителите така да се бакнам. И не, не ми е срам.
    Бакнежот со родителите во уста го перцепирам исто како оној в чело или во образ и не си го сфаќам никако поинаку освен како изразување на љубовта и приврзаноста меѓу мене и нив.

    Внука ми има скоро две години и татко и‘ и мајка и‘ редовно си ги бакнува така.
    Со оглед на тоа што е доста приврзана за мене, и мене ме бакнува така...

    Да не редам и други примери, ама во моево семејство воопшто не е чудно тоа бакнување во уста. со братучеда ми, со тетка ми, со баба ми.... што знам, бакнежот за мене е просто изразување на блискост и ако си го бакнете детето во уста не значи дека имате некои настрани афинитети.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Мајка ми кога бев помала понекогаш ме бакнуваше така, ама многу ретко. Сега веќе мислам дека си сфати самата дека не сакам да ме бакнува во уста и престана.
    Татко ми никогаш не ме бакнал во уста, ама татина галеница сум и нонстоп се гушкаме :D , ме бакнува во чело, лице и раце, и сепак ми покажал доволно љубов.
    Со сестра ми никогаш не сме се бакнувале во уста и нема, стопати поубаво ми е кога убаво ќе ја изгушка, изгњавам и ќе ја бакнам во чело. :)

    Кога ќе имам мое дете можеби целото ќе сакам да го бакнувам, воопшто не ми е чудно кога гледам некој, само едноставно сега не сакам.
     
  9. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Jас сум против.
    Не паметам родителите да ме бакнале во уста, ниту пак јас планирам моите деца да го бакнувам во уста.
    Како што напишале феминките погоре се солгасувам бакнежот во уста е искажување на друг тип емоции.
    Има други места каде што може да се бакнуваат децата, чело, обравчиња, носе, раче, ноже....
    Сепак секој со своето мислење.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    :rofl: И после да го шлапнат детето во уста. Синџир. :D
    Ова се си е до воспитување. Ако ве бацувале во уста после е нормално, ако не, не е нормално.
    Мене не ме бацувале, а и така поладни сме си дома со моите, не можам да објаснам зошто, ама ете.
    И јас моето дете нема да го бацувам од таа причина.
    Ама на кој како му чини, така нека си прави, нема правилен или неправилен начин. :)
     
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Искрено не можам да им одолеам на моите деца :( Нон стоп во усте ги бакнувам. Знам дека не е во ред да ги шлапкам ама не можам да се воздржам.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И јас син ми го бакнувам во уста и никогаш не ми паднало на памет дека тој начин на покажување љубов може да се протолкува поинаку! |(
    Нема делче од неговото тело кое го немам бакнато.. Па? Тоа ме прави настрана? Боже мили што ви паѓа на памет?! :fubar:
    Мислам, син ми е, мое дете е, моја крв..
    Малку сум изненадена од коментарите: Бљак, гадно, одвратно..
    Едноставно тој излив на емоции не можам, а и не сакам да го контролирам бре!
    Си го сакам, стискам заби за да не го повредам и бакнувам и штипкам што ми дојде пред очи..
     
    На Kaetana, SimonaTino, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    137.279
    Пол:
    Женски
    мое дете- мои правила- мои емоции.молим лепо!

    сигурно нема дете што ке го видам на улица да го ишлапам во муцето.....ама на моите кај ке ми дојде бакнувам без воздршка.кој како сака нека гледа на тоа :!:
    а кој е настран негов проблем нека си бара чаре...јас љубовта кон чедото не можам а и не сакам да ја контролирам :)
     
    На Kaetana, MacenceEna, SimonaTino и 4 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас лично колку што можам избегнувам да ја бакнувам нежната детска кожичка, а не пак да го разберам бакнувањето во уста од страна на родителите. Јес да биле на некој начин едно со детето, но тоа не ја менува вистината дека тие се возрасни, а тоа е нежно детенце.
     
    На mimiiiii, lunicka и Daydream им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Или сосема поинаква слика, сопрузниците претходно се тркалале во кревет... :lol: Се шегувам..
    Добро значи гледам дека мислењата се поделени,но тоа не значи ако некој го практикува на другиот да му е бљак и гадно.Мислам дека сепак треба да се бираат зборови кога се зборува за други чувства,особено кога станува збор за односите со децата.
    Исто така и постирањето на слики од познати личности нема да ме убеди дека тоа е правилно,ниту пак наговестувањата дека не си ги сакам децата ако не сум ги бакнувала во уста.Ова е објаснувањето за некои феминки кои ми пратија пп со таква содржина,а и за оние другите. :)
    И во право е Реин се си е до воспитувањето,утре кога ќе добијам внуци се уште ќе сум против тоа да ќерка ми и снаа ми да си ги бакнуваат во уста.Секако ќе сум против само на збор,ако тие така сакаат така нека си ја искажуваат љубовта.
     
    На tessie и stetoskop им се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Настрано?Не би рекла,да не прочитав тука немаше ни да ми текне :x
    Емоции и љубов ...така се нарекува!
    Ги бакнувам,милувам секогаш и неможам да се наситам
    И да во устето .мм.м.м...путерче,слатко,сочно...лиги ми потекоа :lol:
    Ќе се гушкаме и бакнуваме уште малку :( бргу растат
    Сигурно на 5-6 год нема да ме бакнуваат како сега,ниту на 10...20-30
    Затоа користи
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    А, зошто да не е во ред жити се? Затоа што повеќето рекоа дека не е во ред, па чувствуваш потреба да им се правдаш?
    Јас мислам дека некои од вас забегаа со споредувањето на бакнежот на своето дете, или фнуче со некој друг вид емоција што е крајно одвратно.
    Бакнувањето во уста не по секоја цена, но доколку детето сака е позитивна работа и воопшто нетреба да се споредува со нешто друго бидејки ми се :puke: од луге кои воопшто може да го споредат тој вид на бакнеж на дете со некој друг.
    Зошто да е гадно и да не е во ред, кога сите светски познати доктори и научници дури и препорачуваат мајката да го држи детето на голо тело за да детето ја почувствува топлината и нежност и да се оствари таа посебна врска мајка дете што исто така и бакнежот во уста ја има истата функција.
    Искрено колку почнавте да забегувате не би ме чудело некој да каже дека нетреба да му дава на детето да цица оти тоа е гадно и може така бактерии да внесе, нели неможе мајката во секоја прилика да се мие.

    Луге, опуштете се и сето тоа е нормална работа, се согласувам дека сите ние не сме добивале подеднакво љубов и секако тоа влијае и да не ја даваме подеднакво, но немојте да мешате некои работи и да ми споредувате бакнеж на своето дете, или на фнуче од брат, сестра со педофилија ве молам, затоа што ми се гади воопшто што некој може да помисли такво нешто.

    Јас израснав во семејство каде имаше и има многу љубов, многу нежност, ние и ден денес иако сме возрасни луге сме премногу блиски, и се гушкаме и бакнуваме во секоја прилика.
    Блискоста кај сите е различна но немојте да ги осудувате оние луге и да ги ставате рамо до рамо со педофилите лухгето ки си ги бакнуваат своите деца.

    Ајде наведете ми еден, единствен аргумент зошто детето нетреба блиските да го бакнуваат во уста, се разбира доколку и тоа е такво, нели сите ние се рагаме со различни навики.
    Немојте да ми спомнувате бактерии и разни глупости, ако е така, сигурно мајчините усни не се почисти од играчките кои постојано им се во уста.
     
    На Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не ги ни прочитав мислењата на другите. Тек сега ги читам. Одговорив туку-така. Јас ги бакнувам децата во усте ама мислам дека не е во ред заради овие глупости кои ги читам, туку од хугиенска причина. Еве на ќерка ми и го шмукам долното усте и знам дека не е во ред бидејќи јас не можам да бидам чиста колку и 5,5 месечно бебе ама ете морам :D
    П.С. јас и мајка ми сеуште кога ке се видиме се бакнуваме во уста. Не се замарам кој што мисли.
     
  19. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Maјка ми и како мали не бакнувала мене и брат ми во уста,и сега. :D
    А тато е човек кој не покажува многу емоции,и ретко да се бакниме во образ, па камоли во уста.Но далеку од тоа дека не не сака.
    Океј,забегав малку.Мој став е дека тоа е сосем во ред,сите различно искажуваат љубов.А оние што сметаат дека тоа е настрано и го поврзуваат тоа со сосем друга љубов,стварно немам зборови. :fubar:
     
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    понесфатливо нешто од ова ми нема, и тоа во конкуренција со сите можни случувања на плантеава земја и пошироко.
    Да, пренастрано е и беспотребно. Стварно не гледам зошто некои се шлапаат со децата во уста.
    Не само што е нехигиенски, туку е и несоодветен начин на искажување љубов, зашто дефинитивно љубовта не захтева размена на плункови содржини за да се потврди нејзиното постоење!
     
    На tessie, senza.parole, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.