Пробав ама не успеав да одолеам. Јас мислам следна тема на разговор треба да е "Завидливи луѓе". И да се пронајдете себеси како дел од оваа нарцисоидна меланхолична група граѓани. Светот ви е крив, за секој нивни успех. Знам
Не знаеш.Преубаво е чувството да ти е драго и мило за некој што успеал во животот, само ете сомнежот дека не постои такво нешто, да се посакува нечие добро, е тоа што ги прави недоразбирањата. Бидејки гледам се пронајде во мојот пост, тоа што го напишав беше коментар, на точка што пишуваше за некој кинез што купил некој мотор, кој го имало на некој филм, па тажел за него што не можел да го вози, по улици, а други тажат што немаат леб да јадат и сл.Претпоставувам го имаш прочитано тоа.Аналогно на тоа, светот отиде до таму што милијардер ќе си ја закопувал колата за да си ја возел, кога ќе умрел...
Кога бев мала и ме праша што сакам да бидам кога ќе пораснам. Одговорив: Негова Тоа и се оствари, пред точно година дена станав негова сопруга. Те сакам и ти благодарам за секој момент изминат со тебе!
Денес добро ми тргна, решив да се потрудам да излезам од оваа состојба што ми наликува на депресија и почнав да вежбам и да држам диета. Сфатив дека тоа што немам никаква занимација, хоби, дополнително ме растажува. Ни јас не сакав да дојдам до овај степен ама ете се случи. Од денес ќе пробам тоа да го сменам, се надевам дека нема да се откажам после 3 дена .
Абе што сакаш направи човек што незнае да те цени незнае, а да те почитува па уште помалку. Секој си гледа само за себе и за никој друг кој како сака нека објаснува и нека ми кажува но тоа навистина е така. Кога родена сестра и брат се караат за глупости не прават муабет цел живот што останува да кажувам па за друго. Ретки се луѓето кои не ти завидуваат и не ти љубоморат,ретки се и тие кои што сакаат да ти помогнат без ништо да ти побарат за возврат. Јас имам такви луѓе до мене кои што секојден се повеќе ме уверуваат во тоа дека се оние вистинските со добри намери Доколку имате и вие такви луѓе чувајте ги до вас затоа што тие се вистинските кои ни се потребни за да живееме поубав живот. Имајте сите пријатно попладне
СДК хаха како вчера да беше кога со мајками отидовме на одмор во Дојран баш во тој период кога цветаа алгите...И мојата грижлива мајка ме разбудеше во 6 саатот сабајле и ме стегнеше да одам по плажата и да сум дишала од алгите а јас нервозна што ме разбудила толку рано кога убрзав со тоа одењето како на маратон да сум 20 метри пред мајками одев онака знаете кога сте нервозни па кога се убрзате хаха... Ајде па и ке ме качеше на кајче да отидеме накај средина на езеро да правам гаргара од водата а јас уште нервозна па кога ке почнев да дувам со носот на напред хахаха колку само било интересно кога ке ми текне
Месецов нема никогаш да го заборавам премногу ups and downs. Во исто време добив и изгубив битни работи. Постарите викаат искуство. Допрва ќе сум се челичела... А таман помислив дека сфатив како функционира светот. Ова ми е за памет, ти мислиш греота да помогнеш, а она веке ти планира како дупка да ти ископа. Доказ дека ако му помогнеш на некој одма со нож во грб ќе ти врати. Лицемерие насекаде. Од денеска ветувам дека има да се научам научам да газам, без милост, без ронка сожалување и жал, за никого и никогаш, никогаш, никогаш, во ниедна ситуација... затоа што гледам дека на крај единствениот што е прегазен, сум само јас. Ама ајде ќе помине... што не поминало... Се надевам само дека додека дојде она познатото "ке помине со тек на време" нема да го изгубам цел ентузијазам, надеж, планови... Останете ми поздравени...
Многу често помислувам дека нешто не е во ред со мене,ама денека си го докажав тоа на себе си Пред малку седев со школски книги пред мене,и учам,повторувам лекции,вовед во хемија и физика,италијански-цели тетратки испишав.Географија загарантирана петка ке имам до крај на школска година(која инаку не е ниту почнала),цела книга 3 пати ја прочитав.Сега,се мислам дали да почнам Биологија да учам,ама си велам подобро не,затоа што мајка ми ке мили дека туѓ дух се доселило во мене И,нешто што никогаш не ми се е случило,возбудена сум за помислата кога ке треба да купувам тетратки за на училиште.Мхм...океј,јас сум дефинитивно мрдната,ај чао,не сум за психијатар!
Човекот си работел и си ги штедел парите, а сега си го остварил својот сон, си купил таков мотор. Плус, единствено му било криво бидејќи на фестивалите нема да може да го вози, бидејќи не е од лиценцирана компанија, но сепак сега само така ќе го претставува и сметал да профитира од него, враќајќи ја целата своја заштеда. Значи, од тука, тој размислува и за бизнис, односно повторно да си работи и да си има Го направивме од Сава до Дунава, да не може човек мотор да си купи
Дали и вие кога спиете и случајно ќе ви се приоди во веце, одите мижеечки за да не ви отиде дремката? Е па јас да. И прееска одејќи накај веце мижеечки се лупнав во мајка ми. Она не знаела за оваа моја финта Г6 дека го држам сонот така кога мижам. И ете, морав да отворам очи и после оди заспиј. Е нема!
Имаш пари,имаш желба,за прв пат го имаш посакуваното тело,посакуваните килограми. Се скапуваш од работа ден и ноќ,и не можиш да си дозволиш еден одмор. Затоа што на твоето момче не му даваат одмор ни од 5 дена. Од друга страна,имаш другарки имаш друштво,но немаш дозвола. Зошто немаш дозвола !? Затоа што твојата уста била широко отворена,кога сочни детали си му раскажувала на твоето момче за твојот луд одмор минатата година,сметајќи дека тој е многу кул,и нема да ти замери. Затоа што на почетокот се сите кул,ама само на почетокот. Епа сега копај,и нека ти течат лиги за море,за плажа. Значи да повториме: Спојлер Ни под разно,да не му раскажувате на вашите дечковци,што сте правеле во минатиот живот,кога не сте знаеле ни дека постои
Спојлер Леле, ме потсети, хаха. Не си единствена. Јас не учам сега во сред лето, хах, нема шанси. Ама ми фалат многу школските денови. Кога мрчам што морам рано да станувам, кога одам по пат и кружам вирчиња и ги пикам рацете во џебовите на униформата. Школото ме потсетува на тмурно, ладно и дождливо време. Океј, не знам зошто го спомнав ова. Ми се оди на школо бе. Не оти ми се учи, ми се пишува домашни и сето тоа, ама некако позабавно е... Вака за распустов нека кој да маваш со ливчиња, нема кој да ти ги крши пенкалата, нема кој да те натера да се наведнуваш за да можеле да играат ракомет. И тоа со шишарка :geek: Едвај чекам! Како првоодделенче сум
На сите од исламска вероисповест од се срце и со искрени желби им го честитам Рамазан Бајрам. И дајте од баклавата да го заблажниме празникот
Ова помодарство со честитање Бајрам... не го разбирам. Па уште и на фб со почеток - На сите мои пријатели... А добро тие твои пријатели ако ти се пријатели имаат телефони па да им честиташ лично? Како што помодарството на сликање на сета своја интима. Извинете ама не сте дел од инспирациона, мотивациона фотосесија и не постои светот за да ве набљудува вас како некое селебрети. Да си го сликаш голиот бут во када со пена и книгата со тебе, да си го сликаш меѓуножјето на плажа, а демек плажата ѕирка таму некаде со се морето, да си ги сликаш ноЅите во кревет со кафето до тебе и демек ете ти како го почнуваш денот, а гурелките од очите не си ги измила, а може ни шминката од вчера не ти е симната. Кои сте вие луѓе? Имате ли интима? Знаете ли дека живеењето на автентичен живот нема врска со неговото усилено прикажување на социјални мрежи, туку се чувствува од вашата енергија. Со дел од таквите автентични кога ќе се сретнам имам чувство дека мирисаат на скапано од што им е умрен духот, ама затоа секој свој момент ќе го направат сечии од што не можат да поднесат кои се навистина. Тамблир и уи харт ит ја покакаа младината, но и адолесцентите. Мене ми е болно да гледам како тоа го прават возрасни девојки. Потрагата за себе си никогаш не била појавна и поочигледна. Не знам, па можда и сте толку нарцисоидни што гледате некаква чудна фасцинација во сопствените нозе, особено стапала и делови од своето тело.
Мислите деκаа муслиманите на фб пишат посебен статус κој содρжи честитκи за Велигден. Со сила будали се пρавиме. Ете таκа.