1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам да го поминам ова

Дискусија во 'Разделби' започната од Barbara28, 27 јули 2014.

  1. Barbara28

    Barbara28 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Прекинав една годишна врска. Јас ова не можам да се помирам. Паднав во депресија. Како ќе живеам без него. Морав да му кажам крај бидејки јас да не направив тоа тој ке го направеше се гледаше крајот. Најлошо од се на последниот разговор. Кога му кажав крај тој рече ти си лоша штом ме оставаш не чиниш не ме сакаш на сите ќе им кажам. А сите знаат за нас, сите негови роднини ме познаваат, многу ме прифатија и ме засакаа. Мајка му постојано пред сите ме фали. Негови тетки ни кажуваат кога ке сум дошла во неговиот град кај нив да спиеме. А и со сестра му сум другарка. Сите ме прифатија а кога и да отидам во неговиот град добро ме пречекаа и угостија. Сите мислат дека ке се венчаме, а тој сега ќе ме оцрнува пред сите. ;( ;( Најмногу го сакам ама не оди. Како да се помирам? ;( ;( ;(
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    И јас имам една игра што не можам да ја поминам. Ако може да ми помогнете. Многу ја сакам играта. :rofl:
     
    На Jinx, simoncelicius и Ruzica00 им се допаѓа ова.
  3. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    waka waka не е воопшто смешна ситуацијата, затоа што јас знам како и е.
    Ќе поминеш девојко, тешко е но мораш да се бориш да успееш да го преболиш тоа. Само не ја кажа причината за раскинувањето.
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    И јас знам како и е,има речиси половина година како излегов од повеќегодишна врска.
    Ама жалното во приказната не е раскинувањето,затоа што по напишаното девојчето треба да мисли на други работи ,а не на тоа дали сите роднини ги сметале за супер пар или за тоа дека очекувала брак,кога очигледно нема доверба во дечкото-вика дека после година дена врска се плаши дека ќе ја оцрнува наоколу.А,мерка на љубов и е тоа дали е другарка со сестра му.

    Има многу работи што треба да ги научи и да ги помине во животот(и јас и повеќето од девојчињата овде на форумот) и да разбере дека крајот на врска е болен ама не е крај на светот,особено ако врската не чинела. За поздрав е тоа што раскинала. Јас познавам еден куп жени/девојчиња што остануваат во нефункционални врски од страв како понатаму.
     
    На Jinx му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Сите те прифатиле, е добро де ама тој не те прифаќа со него спиеш (си спиела), а не со нив.
    Зошто да те оцурнува пред кого пред неговите, ако добро разбрав од различни места сте (град,село).
    И фино лепо ќе се помириш. Ќе помине малку време пак ќе се вљубиш.
    Луѓе умираат па живите го продолжуваат животот. Главата горе и уживај во младоста.
    Лелеле сега видов па ти имаш само 18 години.
    Размислуваш за брак. Цел живот ќе бидеш жена, мајка, домаќинка, ама девојка никогаш повеќе.
     
  6. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    До некаде те подржувам но ете не можеме сите да реагираме исто. Моја другарка неодамна раскина 3 ипол годишна врска и воопшто не и беше гајле. Но не можеме сите да бидеме ладен тип како нејзе.
    За разлика од нејзе јас мислев дека ке добијам нервен слом. Некои премногу се приврзуваат со својот партнер и на подоцна лошо го поднесуваат крајот.
    Eте, сега не може да функционира нормално. Потребно и е да се врати во колосек.. Нека помине време..

    Не ми се верува дека советите не можам да ги искористам и за себе :tmi:
     
  7. Barbara28

    Barbara28 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Тој цело време ми се правеше маж, јас како ке речам ти така ке правиш, исто така што и да се случеше секогаш јас крива, а и среќа што бев невина инаку одма ќе ме оставеше. Јас не сум должна да го трпам. Никогаш не ме ценеше, никогаш, ке се скараме, ке ме навредува и другиот ден плаче да не му се лутам. Не се разбираме затоа најдобро крај. Ама ми ми фали. Без него сум ништо. Не знам како ке издржам и како ке го преболам. Како побрзо да го преболам?


    Инаку, девојко фала за коментарот, џабе трошеше време да пишуваш. Тоа е македонче. Да се смее на туѓа мака и да дава иронични коментари.
     
  8. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Која игра? Ако сакаш можам читови да ти дадам :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    [quote="Barbara28"]Тој цело време ми се правеше маж, јас како ке речам ти така ке правиш, исто така што и да се случеше секогаш јас крива, а и среќа што бев невина инаку одма ќе ме оставеше. Јас не сум должна да го трпам. Никогаш не ме ценеше, никогаш, ке се скараме, ке ме навредува и другиот ден плаче да не му се лутам. Не се разбираме затоа најдобро крај. Ама ми ми фали. Без него сум ништо. Не знам како ке издржам и како ке го преболам. Како побрзо да го преболам?
    Инаку, девојко фала за коментарот, џабе трошеше време да пишуваш. Тоа е македонче. Да се смее на туѓа мака и да дава иронични коментари.[/quote]



    Ќе ти фали и ќе престане. Со ова болдираното сама си си го дала одговорот. Таков маж што ќе те ограничува не ти треба. Нека си најде некоја була, па среќно ќе си живее до крајот на животот.
     
    На eloves и Jinx им се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И самата си свесна дека не си должна да го трпиш тоа. Кога не оди ете не оди. И што толку се замараш за неговите роднини и тетки не ми е јасно? Можеш да го сакаш од тука до небо и назад ама кога не оди и не оди. И не е некогаш доволно само едниот да сака. Дечкото психички те малтретирал, а ти бидејќи многу си го сакала си му одела по газот. ( со извинение) И самата кажа не се разбирате најдобро, тогаш најдобро е оваа врска да преќине барем на некој период да видите како ќе биде ако малку сте разделени. Иако на твое место не би се вратила никогаш со него. Самото тоа кога ќе прочитам некаде како дечкото и дава ограничувања на девојката мис е лоши оти моја другарка е во таква ситуација ама таа си е мирна повлечена и си ќути како тој и свира таа така игра. Ама не сфаќам бе девојчиња зошто доволувате некој буквално да си игра со вас? Имаш тек 18 години цел живот е пред тебе не треба да запаѓаш во депресии поради една неуспешна врска. Сигурно ќе имаш и друга и по некое време целата оваа ситуација ќе ти биде чудна и смешна и ќе се каеш што си дозволувала тој така да те врти акко што сака.
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Леле реченицава а и среќа што бев невина инаку одма ќе ме оставеше. каков сељак.
    Ах бе девојче па ти треба да славиш и да се радуваш што со време се спаси од овој.
     
    На YoungandBeautiful и Hipica им се допаѓа ова.
  12. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Тешко е по секоја разделба, посебно ако сакаш некого повеќе од себе и сакаш да бидеш со него..
    Го знаеш неговото семејство, пријателите и секој дел од неговото тело, си го видела облечен, соблечен во секакво издание.
    Со никого досега не си се чувствувала како со него, со него едноставно времето лета, со него животот ти е поубав, со него ги имаш НАЈУБАВИТЕ спомени и одеднаш да сватиш што?! Дека тој всушност не бил оној што си мислела дека е и дека мора од утре да се навикнеш да продолжиш без него..
    Верувај ми, си го направила вистинскиот чекор. Понекогаш подобро е да раскинеш и да се помириш со фактот дека повеќе не си со него, од колку секој ден да чекаш тој да се премисли и да сфати дека никој кон него нема да се однесува толку добро како ти, кој го разбира како ти и дека можеби ти си најубавото нешто што му се случило во животот.
    Затоа девојче, прифати го раскинувањето достоинствено, немој да бидеш плачка и да потпаѓаш на неговити ефтини финти и заканувања дека ќе те оцрни пред сите. Искомплексирана будала.
    Главата горе! Ти си една прекрасна личност и го заслужуваш најдоброто.
    :*
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски

    Сочувствувам со тебе, го разбирам револтот кој се јавува после секое фијаско. Долго ми завземаше меморија во телефонот и часови трошев во безуспешни обиди да го поминам сопствениот рекод на левел 6, понатаму не успевав да стигнам.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.469
    Штом самата си одлучила дека треба да ставите крај на врската,нема потреба сега од предомислување.
    Како што кажаа и другите што ти е гајле за тетки и баби,кога вашата врска не функционира како што треба. Можеби сеуште постои љубов,ама верувам дека ти е потешко поради тоа што во подолги врски сенавикнуваш на партнерот и потоа ти е чудно да продолжиш понатаму без него.А постои и страв како после тие ограничувања кои ти ги поставувал и веројатно си запоставувала се поради него,да почнеш повторно од почеток.
    Според мене штом ви била нефункционална врската,одлуката која си ја донела е вистинска и нема што да размислуваш повеќе.