Ми фалиш брат ! Јас во еден град на журка, а ти во друг. Јас ти посветувам една песна од МОЈОТ репертоар, ти друга од ТВОЈОТ. И убаво ми е знаеш.. Никој како тебе не ме прави среќна. Еј! Те сакам
Зошто воопшто се појавуваш на секое мое чекорење напред? Конечно пред мене се исправа темјанушка која ме смее и радува,а ти ја уништуваш мојата среќа.
Некои работи од песнава беа точни за нас... Само јас не би сменила ништо, останувам на истото... http://www.youtube.com/watch?v=hrRa9lugsd8
Дека е ѓубре, стока, вошка, гнида, вол и што уште не ми паѓа на памет. Ради таквите ко него на моменти го мразам сиот машки род. Сега сум полна со негативна енергија, ми иде да му завртам со телефон и да му изнакажам се што ми лежи, ама доста веќе се мачев. Или уште полошо додека е на време да му се отепам едно убаво е дури тогаш ќе се смирам. Ама ајде толернатна сум јас, воспитана, културна, па мудро ќе го контролирам бесот како и секогаш. Не ради него, првенствено за мое добро. Не сакам проблеми. Друга жртва нека си најде и истава нека му ги даде потребните воспитни мерки што не му биле врачени како дете.
Те сакам премногу и ми недостасуваш. Само ти си ми потребен, сакам да те гушнам, да те бакнам, да те допрам... Ужасно сакам да те видам. Ти си мојата љубов, те сакам толку многу што во ниеден момент се нема изгубено мојата љубов, само се зголемува, секој ден - се повеќе.
Тие 2 минути.. Тоа беа најубавите 2 минути во мојот промашен живот, 2 минути неверојатен спокој кој одамна го немав почуствувано. После тие 2 минути следеа часови полни немир, грижа на совест и каење што те пуштив толку блиску. Не сакам да те повредам, подобро е да одиш од мене.
Хејјјјј малката Ми недостасуваш. Се надевам дека Азис нема да те начека на плажите,бидејќи и тој би се напалил на тебе. Се надевам дека нема да дојде малечкото ѓаволче со малечкото куферче и да ти го земе предметчето што ти го оставив. Се надевам дека ти недостасувам барем третина од што ти мене ми недостасуваш и бројам денови до твоето враќање. Ми недостасува и твојата пролет. Знаеш за што ти зборувам. Да те потсетам уште еднаш дека сум многу благодарна што ја добив можноста да сакам една толку прекрасна личност која вреди и животот да го дадеш за неа. Ти се дадов во потполност и во секоја смисла на тој збор,не си свесен колку сум твоја,повеќе сум твоја од што сум своја. Те сакам,со секој свој здив,со секој дел од своето битие,со секој отчук на срцето,те сакам најцелосно и сосем предадено,несебично,безусловно,те сакамво сите свои мисли,зборови и дела,те сакам,и преку тебе ги сакам сите оние кои ги сакаш,се сакам и себеси бидејќи ме сакаш,преку тебе го сакам и светов бидејќи во него живее една толку прекрасна личност како тебе. Знаеш,на луѓето им здосадува еден од друг и не можат ни да замислат,цел живот заедно... А мене и цел живот со тебе би ми бил малку. Не е ова тинејџерска залуденост,не е само страст. Ова е љубов. Првпат вака сакам. Целосно. Сакам да бидеме заедно до крајот на времињата,и после тоа,и после смртта,се би ми било проклето малку,никогаш не би можела да се заситам од тебе. Ти не си ми само сродна душа,ти си ми многу повеќе. Судбина и смисла на постоење. Во моментов сакам да ти родам три дечиња и да научам да готвам дотогаш и да ви направам лазањи. Те сакам. Ми фалиш. Ако не се вратиш побргу одам јас до Бугарија. Пешки,ако треба.
Кога си со другарите и кога не сакаш да се видиме поарно кажи ми отколку да ме моташ дека си на работа Сериозно мислеше дека ме излажа? Ќе те разберам затоа што и јас би те откачила за другрките. Знаеш дека не сакам лажење и дека секогаш те фаќам кога ме лажеш. И ти ја знам финтата кога не се јавуваш на телефон, затоа што „не си го слушнал“, а потоа ми ѕвониш 5 минути пред да си одам. Стварно си идиот. 22 дена чекав само да те видам, ги броев ноќите, часовите и минутите да дојде денот кога ќе те гушнам. И ти тој ден најде да оплескаш, е браво бе. Бев толку возбудена што ќе те видам. После лагата што ми ја кажа и кога те видов ми беше, некако сеедно, немаше искра во мене. Претходно сакав силно да те гушнам, а сега џуската ми беше... онака.
Сакам да ти кажам дека овие два дена беше преубаво, не сакав да завршат, не сакав да си дојдам од таа пустелија каде што немаше никој друг освен нас ПС Правиш многу јако кафе наутро, баш како за мене