Здраво девојки, некоја да не знае какви беа резултатите од уписите на Филолошкиот факултет лани, отприлика колку поени се потребни за влез на државна или приватна квота? Ми треба за една другарка.
^ Санигрл, а не ти ги прецизираа датумите за сесиите? Мислам, досегашното искуство покажа дека последен ден го вадат распоредот, ама сепак да си прашам јас.
Сакам да прашам во врска со испитите за прва година на економски факултет какви се..дали се на заокружување, раскажување или и заокружување и раскажување?
Некое искуство од лани при запишување на факултетов дали треба изводот и државјанстовото да не бидат постари од 6 месеци ?
До пред некое време сите испити беа на раскажување, вообичаено дават по 3 прашања на раскажување, и бараат минимум поени за да се смета положен испитот. Од оваа година, правило е сите испити да бидат усно.
До пред неколку години влегуваа и со 70 бода со кофинанцирање, но лани имаше многу јака конкуренција и имаше случаи каде што со 89-90 бода влегуваа во приватна квота. Можеш како втора опција да одбереш стоматологија (заинтересираноста обично е помала), па потоа да се префрлеш општа, сепак пак ќе бидеш во приватна квота и на овој начин.
Лани со 87,8 поени беше првиот во приватна квота на општа медицина штип. Памтам кога ги разгледувам резлутатите. Имаше 80 кандидати во државна а последниот од нив имаше 87 поени. Во приватна не го памтам последниот кандидат колку имал но го памтам првиот кој исто така имаше 87,5 поени
Кога почнува септемвриска сесија? Не сум сигурна зашто на документот што го имавме на е-индекс има запишано поразлични дати од оние што се во календарот.
Воопшто не прават проблеми, на сестра ми и беше уште југословенски на уписите, па после им однесе нов. Мојот беше од годината кога сум родена, ми го примија. Ако имаш ептен стар извод и ако те примат, можно е да ти речат да однесеш нов дури на запишувањето. А може и да не ти речат, така да не мораш да вадиш.
За државјанството мислам го примаат без разлика вакво/такво. Но, за изводот обавезно нов вадете си зошто враќаат ако им носите стар. Барем така беше и пред две години кога се запишував јас, и минатата година.. така да претпоставувам и оваа ќе биде. Другарка моја ја враќаа назад за истава работа ( за стар извод ) . Мој совет подобро извадете си, не губите ништо и вака и така, за да не се случи во тие гужви и нервози на денот на запишување да треба да се враќате назад за нов извод само ..
На мене ми е од лани изводот и државјанството, значи не ми се многу стари Но сепак ке извадам нов, фала за информациите
А зошто не прашате? Пишете на eindex@ugd.edu.mk и најточно ќе ви кажат. Јас кога се запишував прашав и ми рекоа дека не мора нов извод.
Сакам да прашам дали смерот бизнис логистика е потежок за разлика од економски и од какви книги се учи и дали има скрипти?