1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    За каква инспирација зборуваш, човекот изгубил се по белиот свет банкротирал и сега дошол тука нас да не учи како да заработиме. Па тој ако знаел немало да банкротира и да се врати, но има овци па ќе им продава магла, како Игор Џамбазов.
    Сето тоа што тој го зборува е психологија од типот ти можеш, ти ќе успееш а всушност ако беше така лесно сите сега ќе бевме милионери.
     
    На julie77, jovanovska94, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    На овој свет ништо не е вечно и не смееме да се однесуваме како да сме бесмртни. Животот ме научи да се радувам на малку, да се радувам на многу, да очекувам после лошото - добро, но и после доброто - лошо, дека ништо не е апсолутно, дека Јин и Јанг е чиста и докажана физика! Затоа секој ден им кажувам на луѓето што ми значат колку ги сакам и дека се би направила за нив! Апсолутно СЕ! :!: :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ние самите сме толку себични и постојано се жалиме за некои неважни работи кои брзо ќе поминат и ќе се заборават,а некои луѓе имаат преживеано многу полоши работи но тоа не ги спречило да продолжат да живеат.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    После ракување со некој како што го велите помалце од вас веднаш триете раце од панталони и се правите уфф незнам што демек некој ве заразил, само незнам дали кога фаќате пари во рака истото го правите ? Па парите поминале низ сто раце а вие со еден човек здраво сте направиле |(
    во ред е да се води огромна хигиена но нека биде тоа навистина од принцип после се да се мијат раце а не само кога треба да се направите паметни ;)
     
    На DoReMi и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Ти благодарам Господи што ме најправи најсреќна на цел свет,пораснав со двајца прекрасни родители,ти благодарам за сета љубов која ми ја пружија и што ме направија добар човек.Без нив двајцата јас не би била тоа што сум денес,најсреќна на свет.Ти благодарам што не ме остави само со еден родител,што го спаси татко ми,и после 30 години сеуште течат солзи како луди,незапираат.И милион пати да кажам фала,нема да бидат доволни.Фала ти Св.Марина-Огнена Марија,фала ти Господи!!!!
     
    На Yowannty и Mama25 им се допаѓа ова.
  6. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    После долго време сфаќам што се' не сум направилa за една будала, која ништо не цени и е безвредна и неблагодарна. :|
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Арно велет „ смеењето е здравје за човекот“ :rofl: па вака пред спиење, таман за утрешни ден, да тргнит скроз.

    Живот, човек да си ја брка својата работа е најарно нешто, а се остало, није битно.
     
    На TheBlueMoon, ozbilnazena и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Се чувствувам тажно и празно. А причина за тоа...?
    Имам се' што ми треба.Пријатели, здравје, среќа, слога и љубов во фамилијата но често пати има денови кога се чувствувам вака. Често пати се наоѓам во ситуации кои направиле да се замислам и да го ценам она што го имам затоа што добро знам дека некој нема ни пола од она што јас имам.
    Но зошто секогаш фали НЕШТО што не не' исполнува целосно? НЕШТО што и самите не можеме да сфатиме што е?
     
    На Adi888 и Bundaa им се допаѓа ова.
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.524
    ви се случило некогаш сите соништа да ви се срушат преку ноќ.еден збор и се да уништи?
    ви се случило некогаш еден мал настан да ви го сруши светот,да ве извади од колосек?се што сте мечтаеле,на се што сте се надевале да исчезне само за миг?
    мене да.преку ноќ станав друга личност.личност без соништа,желби.и кога легнувам душата ми е празна.
    живеев во облаци а сега сватив дека животот на земјата бил сосема поинаков.живеев во илузии.чекав нешто што не е мое,што не ми припаѓа мене.затоа платив толкава цена.
     
    На Elennaa, SparkyAngel, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Се повампирив |(
    Не сум ноќна птица, утринска па ич. Да ме остават, ќе спијам по 12 саата. Тоа дека средно земена вредност од 8 саата, им држам баланс со моето за оние кои со 4 саата спиење функционираат како луѓе.
     
  11. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Денес ни е 4 годишнина :clap: Нека ни се множат годините што сме си зедно... :inlove:
     
    На Elennaa, bumbi, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Доста беше жалење!
    Сериозно луѓе, сте приметиле дека можеби 60% од времето ние се жалиме. Причини безброј, времето и да е топло и да е ладно не чини, се жалиме од храната, од шефот на работа, се жалиме од самите себе, не сме одморени, сме се здебелиле... Со друго женско веднаш стануваме поблиски ако таа се пожали на одредена личност а и ние го мислиме истото. Се жалиме од други луѓе окулу нас, од автобусите, од државава, од светов...
    Да, полесно ни станува на душичката откако се ќе исфрлиме од себе, а негативната енергија што се шири?
    Денес уште рано насабајле сестра ми ми се јави од работа и ми ги изнакажа сите маки што и тежат. Ја ислушав секако, но и јас станав полна со негативни мисли, како ништо не е како што треба :x
    Епа нема веќе, си ставам забрана и јас да го правам тоа! :lol:
    Од сега до крајот на денов ќе кажувам само позитивни работи, сивилото и онака го има премногу :)
    За почеток, имајте прекрасен ден, пробајте да ги намалите негатините мисли и да се фокусирате на убавините во животот. И да се малку, сепак ги има, мора да ги има :)

    [​IMG]
    :wasntme:
     
    На sweet-cherry, Mama25, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Еве сум назад, поворно.
    Се помина во најдобар ред, најпрво одморот. Одлично ми дојде, поцрнив, се одморив, се изнашетав, едноставно уживав. Имаше премногу комични случки, интересни муабети и предобри забави.
    Еден од поубавите одмори што сум ги имала, беше овој. Сепак мислам дека најмногу ан тоа влијаеше тоа што од мајка ми и татко ми не побарав ни денарче иако на крајот требаше да прифатам да ми дадат 100 евра за да ми се нашле за по пат. По друго е кога решаваш со твои пари, тоа те правид а се чуствуваш независно, созреано и во мојот случај како фраерка. Се шегувам за последново. :D
    За запросувањето на брат ми, иако моја огромна желба беше тоа да се случи на плажа, не беше така, си реши во собата, додека тој подготвуваше вечера, свеќи, цвеќиња, моја задача беше да ја занимавам снаата. Свадба Октомври најверојатно. Уште се чудам колку брзо пораснавме.

    Сега е на ред да си продолжам по старата рутина.
    Сабајлево си станав порано, си бев на трчање, се вратив, се истуширав и еве сега си правам сок од портокал и доручек.

    Имајте прекрасен ден девојки :*
     
    На sweet-cherry, Mama25, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    СДК... Без оглед во кој период од животот се наоѓаме и какви ни се критериумите низ годините,на секој ни е потребна личност што ќе не држи за рака.
    .
     
    На Mama25, Elennaa, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Готово е, готово е. :$

    Пред 2 часа потпишав договор за ново работно место.
    Од понеделник, едвај чекам. :dance: :dance:

    Задоволна сум, ќе работам нешто што сакам.
    И платата е одлична. ]:) Скоро па дупло од сегашната. :geek:
     
    На sweet-cherry, Mama25, bittersweet и 32 други им се допаѓа ова.
  16. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Ова беше мноооооооогу добар одмор. 8)
    Ах колку би сакала да се врати назад. :)
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Уште 2 дена и капуто.
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Страшно , значи стварно страшно

    Седам и играм на компјутерот и слушам нешто БАМ , си викам ах пак некој од комшиите фрла кеси со ѓубре од тераса ( во Центар сосема нормално е да фрлаат работи од тераса, по брза постапка ..) , нема везе , поминаа 15-20 мин и слушам "ало викај полиција" , и пак таа реченица во моето маало е сосема нормална , секој ден има некој комшија што се дере дека ќе вика полиција на друг комшија .... 20 мин подоцна гледам гужва и ај отидов да видам што е . Има што да се види , некоја жена се фрлила од 5ти , вечер ќе ја видите на вести , страшно значи , правам муабет да видам дали сама или некој ја фрлил , абе незнаете што филмови извадија комшииве што беа собрани , каква фантазија имаат тоа е чудо невидено... Жал ми е за девојката , мислам дека знам која е али ќе прочитам на фацебук после , и што е најстрашно се фрлила на сред пролаз , па побогу кога веќе одлучуваш да се самоубиеш , гледај тоа да го направиш некаде каде што нема да поминуваат луѓе , можела да падне на некого и да го утепа , па жени со деца поминуваат и фудбалче играат понекогаш таму , јас поминувам од таму кога идам на факултет , срамота .... али ае нека и е лесна земја.
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MadeToLove

    MadeToLove Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Ми се оде на САРС на Опен фест во Струмица, ми се оде на Аква паркот во Пробиштип, во Дојран, Крушево и Берово сакам, а во Грција едвај чекам да одам, да се бањам и сончам. Сегде сакам.
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.564
    http://www.kurir.mk/makedonija/crna-hronika/166959-FOTO-Samoubistvo-vo-centarot-na-Skopje жално за жената