1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморни на туѓата среќа

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од k.r.i.s.t.i, 23 мај 2011.

  1. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала ми се случуваше да бидам љубоморна, ама и тоа беше ретко.

    Сега веќе не. Научив дека тоа е непотребно и дека штети, а не помага. Кога нешто посакувам, доколку можам, самата, на чесен начин ќе го остварам.

    Без завист животот е многу поубав. Штета е да го упропастиме со љубоморење.
    Ако сме ја заслужиле и ако чесно и праведно сме се избориле за неа, среќата сама ќе си дојде.
     
  2. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Пред да го кажам мојот став ќе се надоврзам на последниот пост од TheBlueMoon, Вели порано била сега не. Убаво ако е така но мислам дека љубомората е вродена работа или ја имаш или ја немаш со тект на годините можеш да научиш да ја контролираш, да не ја покажуваш но неможеш да ја искорениш. Секој човек па и јас сум љубоморна, иако понекогаш ми е тешко да си објаснам самата на себе зошто се случува тоа. Секако дека се трудам да ја сокријам љубомората но тоа не значи дека ја нема.

    Еве ви еден прост и банален пример, почнуваме со колешки разговор за некоја друга колешка или друга жена небитно, и некоја на пример ќе рече види ја колку е згодна, или колку има убаво лице ..... и јас наместо да кажам да така е затоа што е тоа реалност, јас ќе се обидам да најдам еден куп работи да ги негирам нивните тврдења, само затоа што несакам себеси да си признаам дека е така, т.е затоа што сум љуоморна.
    Секако ова е еден банален пример со кој сликовито сакав да ви доловам дека и јас сум живо суштество и дека и јас имам и негативни зтрани за кои сум свесна и немам намера да ги сокривам.
     
  3. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Тоа се однесуваше на периодот кога одев во градинка и беше ептен ретко, не како што мислиш. Имаше еден период кога бев многу голема љутка :D Kако и да е беше само период
     
  4. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека сега воопшто не си љубоморна никому, ни потајно во себе?
     
  5. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не е до толку. Сакам да кажам дека тоа не го зимам толку при срце. Едноставно е неважно и не обрнувам многу внимание.
     
  6. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Или попрецизно, не дозволуваш другите да видат :)
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Понекогаш за некои работи сум љубоморна, но не сум завидлива. Мислам дека нема човек на светов кој не е љубоморен за нешто, но истото не значи дека е лошо, туку може да е мотивација. Завидливоста не ја поднесувам кај никој и кога ке приметам дека некој е завидлив, тогаш го одбегнувам зошто ми шири негативна енергија.
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    Не љубоморам на туѓата среќа,напротив мене ме исполнува :)
    Што има поубаво од тоа некој да го гледаш постојано среќен,насмеан..? Стварно не разбирам како можете да љубоморите на некој,наместо да го трошите времето на тоа подобро запрашајте се што е потребно за да си среќен? Малку,нели? Епа голема е моќта на тие ситници :nod:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Љубомората е вродена особина на една личност.Кога,како и колку ќе ја искаже зависи од ситуацијата.Но,не може да ја отстрани.Таквото однесување е препознатливо и видно воочливо.
    Тие што се љубоморни на туѓата среќа се личности што се занимаваат со животот на другите.Не умеат да се погрижат малите нешта да им ги разубават моментите и да ги направат среќни,па се опседнуваат со туѓата исполнетост.
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Бидејки мојот пост беше над твојот и јас кажав дека за некои РАБОТИ сум љубоморна ке морам да ти објаснам еден пример, но те молам не ме сфакај погрешно. Пред некое време седнуваме со моја колешка од факс на кафе и девојкава си нашла добра работа( татко и е голем човек), си земала кола (имаат многу финансии) и низ муабетот покрај фалбите ( за кои ич не сум љубоморна а најмалку завидна) кажа дека бидејки знаела руски фирмата нејзина ја прака на обука во санкт петербург ( мојот вечен сон за доусовршување). И покрај тоа што знам 3 јазици, на тој дел бев љубоморна, не затоа што таа го знае јазикот, туку затоа што јас не го знам и еве сега барам литература, речници, курсеви за да го совладам и јас добро рускиот ( имам мало знаење). Затоа во мојот пост кажав дека љубомората може да ти биде мотивација за твојот успех а не туѓиот неуспех.
    Не мешајте љубомора со завист.
    Ова е последно нешто каде осетив љубомора а имало и други вакви работи, но никогаш за тоа дали некој имал срека или ваков дечко или кола и нз што.

    И уште ова да кажам што видов овде на форумов.Скоро сите вие се изјансивте дека не сте љубоморни, но некои сепак прашавте за цвекенцето и боите (кои ги дознав пред 2 дена и кои се тотално непотребни) и после немало љубомора. Една феминка кажува за друга, како таа пишувала безврска постови само за да и се сменело цвекенцето. Е ајде де не сме љубоморни аха да. Убава тема за да си одглумиме, само не ја разбирам поентата на таа глума. На фб може да си глумиме на другарките од средно и основно, но овде немора.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Исто така претпставувам дека си среќна кога го гледаш типот што ти се допага како е он среќен со друга и верувам тоа те исполнува. исто си среќна кога ќе видиш како некоја соученичка е поубава од тебе и добива повеќе внимание од дечките, исто не чувствуваш љубомора кога ќе видиш дека друга му лајкува слики.... Мислам дека примериве се соодветни за твојата возраст за да можеш да ме разбереш и да сватиш дека грешиш, вие помладите сте уште по љубоморни и тоа за банални работи.
     
  12. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    ^Пепелашка, во ред е, сите знаеме дека кај секој човек постои љубомора.
    Но исто така, кај секого е различно застапена. Некои луѓе се претерано љубоморни и стануваат завидливи, но кај некои љубомората е во последните редови.
    Вистина е дека нечија среќа, како во твоите примери, нас не не‘ исполнува баш.
    Сега ќе се извинам и ќе се поправам. Моето прво мислење во темава се однесумаше повеќе на завист, отколку на љубомора.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    Не разбрав погрешно,напротив.Само си кажав мое мислење,а тоа не значи дека се однесуваше за тебе.Или може зашто мислењето ми беше под твоето,па го сфати наменето за тебе :?: ?

    Немало потреба за цитирање.Јас се извинувам ако навредив некого со претходното мислење. :)

    Pepelaska25 наведи примери па да одговорам.И во претходните мислења имаш напишено пример за колешката.Разбирам дека имало и ќе има убави и поубави девојки.Ама не гледам потреба зошто да се цели да убавината? :?: Знам доста примери каде помалку убавите девојки како што денес ги категоризирате зрачат со исто толку убавина,а можам да кажам и дури повеќе отколку поубавите девојки.Зошто е тоа така? Така е зашто свесни се самите дека таа надворешна убавина е минлива.Тоа внатрешното човекот што го има е поважно. :!: Да се радуваш искрено за нечија среќа,да помагаш некому...
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Љубоморна сум на млади девојки ,затоа што јас не сум млада.
    Љубоморна сум на личности без никаква болест ,затоа што јас не сум таа.
    Љубоморна сум на лавот затоа што има поубава грива од мојата.
    На туѓа среќа не сум љубоморна воопшто.
    Што да правам, јас сум била во полскиот нужник кога господ делел среќа.
     
    На tessie, mh23 и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    хахааххахахха срцко една хахахах ме пресмеа ама откако по втор пат го прочитав постов

    на овој дел ;Љубоморна сум на личности без никаква болест ,затоа што јас не сум таа и јас сум љубоморна


    eliesaab тебе те цитирав бидејки мислев дека не сум доволно сфатена и имав потреба да се дообјаснам баш поради болдираната реченица во твојот пост.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Абе и 6 пати прочитај тоа е јбга. :tmi:
     
    На tessie и okcenzi им се допаѓа ова.
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Не бе како не среќата кај секој ќе си дојде ич не сум љубоморна, ама ич :D:D:D
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Ми се случило да помислам но сега сум премногу зафатена со самата себе, односно со својот живот. За другите единствено само ми е драго. За љубомора немам ни време ни простор.
     
  19. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум се радувала, и се радувам и ќе се радувам на туѓата среќа. Било за некој многу близок или не толку близок, едонставно ме исполнува да видам дека некој е среќен, исполнет, радосен...Сочувствувам со туѓата среќа и се радувам и јас. :)

    Но секако, како и секогаш што имало, па има и сега,а и понатаму ќе има луѓе кои се завидни и љубоморни кон туѓата среќа, гледаат со злоба ,сакаат другите да не ја почувствуваат, или пак одвај чекаат да им се случи и нешто спротивно за да се ситат. Но како и да е тоа се небитни луѓе, без вредност ,без човечност и без морал. И секако такви ниту ни требаат во наша близина, а уште помалку во нашиот живот. :)
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.237
    Љубоморна не сум на туѓата среќа...немам лоши мисли кон ,,среќлиите,,
    Можеби поради преокупираност со свои работи да не ја приметам туѓата среќа, па да изгледа дека сум ставила на игнор.

    Плус, себе си се сметам за многу среќна личност, така да сакам да се сите среќни и да си споделуваме меѓу себе.