1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би се менувале како личност заради машко?

Дискусија во 'Врски' започната од manja666, 23 септември 2011.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Моментот кога некое машко ќе побара од вас да се сменете како личност,е моментот кога ќе се изгубите себе си како личност.
    Бидете тоа што сте.Кој ве сака,ќе ве сака таква каква што сте.
    Не е важно дали со своето однесување ќе го разочарате,важно е себе си да не се разочарате. :)
     
    На crazylady, Barbie20 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Сите ги имаме тие денови кога гледаме наназад и сфаќаме колку всушност сме се промениле. Ако не не променила личноста тогаш животот никако не ја испушта приликата. Дали од животот ќе го исцрпиме најдоброто или најлошото зависи од нас. Кога-тогаш сите се менуваат. 8)
     
  3. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Да променам некои лоши страни и да се подобрам-да... ама да променам некои мои навики или пак карактеристики како личност... не верувам
     
  4. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Се надевам дека мојот пост го сфати со доза на иронија.Тоа што ти го констатираш,има голема вистина,но сепак јас би додала дека повеќе не менува искуството т.е животот отколку личностите.Тие се минливи,се разбира можат да ни помогнат да согледаме на нашето однесуване во одредена ситуација без разлика дали се работи за позитивно или негативно,но не можат да не сменат комплетно барем така расмислувам јас. Можеби сум премногу горделива да го дозволам или да го признам :?:
    Но се водам според тоа дека личноста која е покрај мене теба да ги почитува моите одлуки,па да и премижува покрај некоја моја мана :D ,како што и јас се трудам да правам.Можеби барам премногу,но не верувам дека сум себична.
    Се разбира се во граници на нормалата,со разбирање.Умереноста е мерка за се, јас би рекла :)
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Карактерната промена кај една личност не е едноставна.
    Возраста,навиките,воспитувањето,образованието,искуството и околината одредуваат дел од параметрите што не прават свои и единствени.Секој има доблести и маани,но за заеднички успех потребно е понекогаш да не ги забележите негативностите,иако сте свесни за истите.Меѓусебното почитување на одлуките значи дека сте подготвени да имате разбирање и да бидете прифатени како личност каква што сте без сугестии.Тоа значи постоење компромис и баланс меѓу партнерите.
     
  6. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Не, ако ме сака ќе ме сака таква каква што сум :)
     
  7. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Никогаш. Tој што ќе ме сака треба да ме прифати таква каква сум и да ме сака поради тоа што сум а не да ме менува...
     
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Mислам дека не би се менувала од корен но некои лоши маани што сум и самата свесна дека ги имам можам да ги сменам доколку му пречи и го побара тоа од мене.Cепак за мене човечки е да се има компромис,но и од него ќе зависи дали ќе сменам некој дел од себе или сепак не :)
     
  9. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Ако не ме сака каква шо сум нека си оди. Не ми треба таков. Но, сепак како минува времето ако има нешто што навистина треба да се смени ќе се смени. Уверена сум дека самата љубов може да го смени човекот.
     
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Колку и да сакаш и колку и да се трудиш не можеш наеднаш да се смениш. Со тек на време, зависи и од времето колку ќе си со него, па ќе почнете ЗАЕДНО да се прилагодувате на навиките. После одредено време можеш да се смениш.
     
  11. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.137
    Ако те сака некој вистински тогаш нема да бара од тебе да се смениш ќе те сака таква каква што си :)
     
  12. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Не би менувала ништо на себе. Не би била тоа јас.
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не би се менувала за никого, може би се подобрила малку за тој што заслужува.
     
  14. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Никоја девојка не би требало да се менува заради машко. Ако тој ја сака искрено и вистински, ќе ја сака со сите нејзини мани и предности, таква каква што е. И баш ми е глупаво кога ќе видам како девојките се обидуваат да се прилагодат кон карактерот, барањата на едно машко. Останете свои. :!:
     
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Никој не треба да се менува како личност заради другиот.Треба да се прифатиме какви што сме.
    Нашиот карактер не одразува како личност.
    Ако тоа го направиме,го губиме идентитетот.Неопходно е да се прилагодиме еден спрема друг за да може компромисно да функционираме.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    До сега сум се менувала но повеќе не. Од причини што не вреди да имаш второ ЈАС а после некое време да се бори првото Јас за да избие на површина. Ќе треба да водам битка со себе си. Како што ти поминуваат годините така си стануваш позрел. Јас сметам дека во една врска секој треба да си има свое вистинско ЈАС за да може да функционираат како пар. Ако цело време се глуми,ќе пукне и ќе биде само изгубено драгоцено време. Секој треба да се прифати себи си таков каков што е.
     
  17. LittleGirl23

    LittleGirl23 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    14
    Да ...Од денес се менувам...Навистина треба преголема лутка сум ..:Знам дека му смета...НО ОД ДЕНЕС КРАЈ ЛУТЕЊЕ КРАЈ НЕРВОЗИ...Само романтика...Слатки зборчиња...И кисови ... хах :$ :inlove:
     
  18. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    хмм ми има побарано да се сменам ама јас сум инает и терсене па се обратно праам...таква сум какв што сум ако ти одговарам океј ако не чаос.ама сакале или не со текот на врската се мењаме несвесно во многу работи...
     
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Сакајќи вие или не од моментот кога ќе бидете во некаква врска или заедница со машко, се менувате. Всушност и да не сте со некој, пак се менувате.
    Конкретно да ми рече „биди ваква-онаква или ќе ти раскинам“ ќе му речам директно -раскини ми.
    А иначе неминовно е менувањето баш од моментот кога ќе почнеш врска со некој. Имаш уште една личност во животот на која мислиш и за која се грижиш и која ти значи... И нормално е дека сите се прилагодуваме на меѓусебните маани.
    Пример јас имав тешко детство и дисфункционално семејство растејќи. Имам прилично лош пример за како мажот треба да ја третира жената. И се до моментот дури не се заљубив во мојот сегашен дечко, јас на машко воопшто никако апсолутно не му верував! Ни во кола имав влезено кај некој, ни дома, ни да ме допри многу, ни ништо. Заради тоа надолго со машко бев 1 месец.
    Ама Сандра се заљуби.
    Промената во мене е неизбежно забележлива! Се гледа. Се чувствува. Имам многу поинакви размислувања, имам поголема сигурност, поголемо разбирање.. Имам сменато многу навики заради машко, не намерно. И мило ми е :) Оти сум подобра личност сега.
     
    На TheAngel и Emily Dora им се допаѓа ова.
  20. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Спремна сум на правење компромиси, дијалог и заедничко носење на важните одлуки. Но, како што не барам од партнерот да се промени, така ни јас не би се менувала. Признавам дека сум смирена во однос на неколку години претходно (помалку го нервирам :P ), но тоа се должи на созревањето како личност. А кога и да разговараме на оваа тема, секогаш ми вели "Потсети се на онаа песна од Billy Joel..."... И секогаш знам на што мисли... Ако те сака, нема да бара да се промениш. :)