1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Девојки,годинава изборот падна на Охрид.Одамна не сум го посетила,таму ми поминаа најубавите и најбезгрижни гоdини како дете,одморите со моето семејство,секоја година задолжително одморот беше во Охрид, :D одамна не било така,па среќна сум што годинава ќе се навратам на спомените.
    Да не ја должам многу,прекрасен град,сакав да прашам дали има некој во хотел Сончева порта престојувано,да ми каже каква е храната?
    Сега знам секој различен вкус,ама малку сне пребирливи околу храната сите,па најголемиот страв ми е тука.
    Вика со три ѕвезди дека е ,а 1100 полн пансион,некако ми е сумљиво.Не ми емногу важен изгледот на собите и капацитетите,доволно ми е кревет и тоалет,одам за одмор,плажи,забава,не за да седам во соба ;)
    Ако некој знае може да ми помогне и да каже каква е храната,пример што најчесто има за појадок,ручек и вечера?
    Што е до мене би идела и во кампови или апартман,но ете не сум само јас во прашање. :wasntme:
    И да уште нешто,како ноќниот живот?
    Знам дека има убави места,ама некаде прочитав наназад дека турбофолкот е насекаде? |( Сериозно? :x
     
  2. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Дечки, најдовме сместување во Лагадин. Апартманите се преубави (по сликите), ама со оглед дека последите неколку години во Охрид имам идено само за викенди, а и се сместувавме редовно во центарот во Јован апартмани, сега малку се мислам дали да ја задржиме резервацијата. До сега немам идено во Лагадин, па би ви била благодарна за некаква информација за местото.
     
  3. TeodoraAn

    TeodoraAn Нов член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Aј некој што е во Oхрид да ми објасни.. пошо немам одено одамна натака..сега на 26 одам..
    сместена сум кај дискотека арена.. колку е одалечено тоа од автобуската.. од Kуба Lибре .. нешто повеќе.. и како ви стојат цените, и што журки има :)) :)
     
  4. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
  5. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Во Охрид веќе никогаш нема да отидам на одмор. За истите пари ке отидам во Грција или Албанија бар знам на море ке сум. Премногу ги надуваа цените. Порано секоја година одев со моите во Охрид како малечка и беше многу поубаво него сега што е. Пред некоја година последен пат бев со другарки.
    И не ми се допаѓа водата многу е ладна, а плажите повеќето се камења...
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Некоја охриѓанка да помогне. :D На кои плажи да се оди летово, а да не бидат Немо, Кадмо, Славија и слично? Нешто со помалце гужви, почисто. Лани на Кадмо еднаш бев и водата беше ужас темна, и со многу треви внатре.
    Како ви се допаѓа Горица?(Се делат со бројчиња нели?) Јас сум била едно лето таму не беше лошо ама во скоро време не знам како е. Некои предлози нешто интересно каде може да се прошета? Да се смисли нешто пред да се отиде, зошто таму ништо нема да ми текне..
    И за комбињата да ми кажете ако може на колку време ги има и од каде поаѓаат.
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Дејзи, за плажи мене Градиште и Канео ми беа убави, иако на Градиште има многу крупни камења ама водата е стакло. Лагадин и Елешец кај кампот се исто убави а Љубаништа сите ми ја фалат, преубава плажа била, мора да се оди. Св. Наум исто, а за Горица првпат слушам и не знам. :) Јас комбиња фаќав на автобуската кај гимназијата, накај 12 или накај 1 ама цело време ги има. Од журкиве, на 1 август имаш Green beach festival, електронска музика карта ти е 500, Цеца исто ти е на 1ви, на 8ми ти е Dimitri Vegas, во меѓувреме сигурно ќе има и транс журки, рок свирки како и фолкерај. Куба Либре, скоро секоја вечер има латино, Кадмо ти е одма до него. Ја препорачувам пицерија Луна и Леонардо, дискотека Парк, кафичите покрај кеј... Ако те интересира уште нешто, прашај ме и убав одмор, дома со Охриѓанец да си се вратиме, да ни вика: Нема мат, имаТ немат. :D
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115

    даааааааалиии сериозно се Dimitri Vegas and Like Mike на 8ми август ?????????????
    имаа направено ивент на фб дека се на 2ри август ама испадна дека е лажен ивентот ии затоа сега те прашувам ??
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Да ти кажам право, сите различно велат ама мислам дека сигурната информација е за на 8ми. Оваа недела можно е да купувам карта во Скопје, па ќе ја дознаам датата. :D Ако не, во Охрид ќе ја купам штом отидам.
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    ^ лажна информација е. Прво, нема ни објавено од каде се купуваат карти, ни која продукција го носи, ни ништо. Да доаѓаше стварно, ќе се дигнеше голема фама, реклами на сите страни, ама ништо не сум сретнала до сега. ЗА ЖАЛ! :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Еве нешто позитивно и во Охрид со солидни цени, лани бев на оваа плажа и можам да кажам дека е многу убаво местенце, а и водата беше чиста 8) http://mkd-news.com/foto-i-ova-go-ima-v ... 50-denari/
     
  12. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    аа колку е картаа за на саша ковачевич за во петок ??? или за на 3ти август ??
     
  13. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Здраво феминки. Сакам да прашам колку е далеку болницата во Охрид од центарот. Колку има пешачење...затоа што сакаме да се сместиме со друштво летово во Охрид и ни препорачаа куќа кај болниците и затоа ме интересира дали е многу далеку од центарот. И сакам да прашам дали Славија или Горица е скапо оваа година, околу јадење, сместување, пијалаци..:)
     
  14. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    28.145
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе ве замолам ако има некој,ако знае да ми каже за сместување во пештани,ми треба цел спрат од куќа или пак некој дуплекс...
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Престојувал некој овде? Би ми било многу од помош доколку некој ми даде било каква информација. :)

    http://www.villalidija.com/
     
  16. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Беше на 25 Јули а сега е повторно на 3ти Август.
    Картата е 200 денари :)
     
  17. Bundaa

    Bundaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    13
    Девојки со дечко ми сакаме да одиме Охрид на 3-4 дена.
    Дај предложете сместување по можност вцентар,или пештани.
    Ништо не мие толку битно,колку да има гоолема тераса со убав поглед.
    До кај 500 денари.

    Оти минатиот пат,бевме сместени во апартман во поглед на бавча.
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Лани ние бевме сместени Пештани,собата беше со поглед кон езерото,но за жал оваа година тие соби се зафатени до 10 август.
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Колку се движи двокреветна соба во центарот или во близина на центарот?
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Мислам дека од кревет наплаќаат. Во центарот се околу 400 па и 500 денари, ептен се забегани, а што е најтрагично ризикот е голем ако резервираш на невидено. И јас и мои познаници имаме платено 400 денари за кревет за соба со се дисфункционално, како шпорет што не работи, кревет од пред 20 години, фрижидер што не лади.... за самата соба да не збориме. Ич немам убаво искуство со тие охриѓани. :lol: Оди си на проверено, види распрашај се.