не дефинитивно тајни да чувам не умеам зошто нешто не ме остава да преќутам имам лапнато нога од кокошка така велатт сите ама чувам некои многу сериозни тајни и не изустувам ништо а на пример да ми каже другарка ми ми се допаѓа овој и јас готово цело школо ке знае
Знам да чувам тајна не ми се има случено да издадам некоја,а моите тајни најчесто им ги кажувам на братучетка ми или на најдобрата другарка
Да. Мои блиски ми имаат кажано многу тајни што дури и овде на форумот иако е анонимно не би се осмелила да спомнам. Тајна си е тајна. Знам да чувам.
ааа нее, тоа какано тоаа! незнам, ам' шо да праам?! чим некој ми каже некоја тајна, ја одма зиам тоа мегафонот и разглас тоа тајната!
Знам и тоа како....ниту сакам да ме издаде некој,ниту пак да го издадам,ама во денешно време малце потешко иде тоа,бидејќи едно ќе кажеш....и за два дена одма се разнело тоа...затоа,почитувам се,но сакам и да ме почитува некој,па и не е баш најубаво чуството кога некој ќе издаде нешто,а си му верувал.....
Да и тоа како До сега ништо не сум кажала. Само еднаш..Ама не бев јас кривата Поранешната “најдобра„ другарка издаде моја, епа јас и вратив и издадов нејзина
Личност од доверба сум да. Без разлика, дали е тоа мој близок другар или пријател, или само познаник, ако веќе ми кажале нешто во доверба јас тоа знам да го испоштувам до крај. Не сум од типот луѓе „рекла казала“ и не си го пикам носот таму кај што не треба. Ако некој нешто ми кажал во доверба, едноставно заборавам на тајната во самиот момент. Инаку што се однесува до тоа кому јас му се доверувам... Па имам двајца вистински пријатели на кои им верувам многу и знам дека моите тајни кај нив би биле безбедни.