Вчера сестра ми ме буди и ми вели: - Или стани да чистиш, или оди спиј таму. Фино лепо сос перницата под мишка, си се префрлив и си продолжив да спијам. И после, не ми збореше цел ден еј, пошто не сум чистела, Боже сачувај. Па она ми наметна избор. Не се префрлив своеволно. Шо сум јас сеа крива. Која будала би одбрала да чисти. Иначе денеска правевме домашни јуфки со моите. Да видите како ланчано ни одеше сето тоа. Еден меси, друг врти, трет влечи, четврт мести. Па нема заебанција, бе! До душа треба уште една тура, али ај, ќе биде. Пополнувам време со F.r.i.e.n.d.s. А оној комарецон што ми стои на нога, пред некој ден го поткачив со брич. И уште чеша... мамата му. Иш бре.
сакам дакажам дека се скапав од барање едно мое мислење на форумов од порано никако да го најдaм . . си вртев од мислењата од порано незнам што да кажам се изнасмеав на некој .. што да правам никој не ме научи како се користи форумов кога првпат се логирав како пример , еве ви старо мое мислење во темата Специјален Поздрав : Спојлер ќумрам друго тракомично мое мислење : Спојлер ова е повеќе : fetus RockNroLLGirl , во нездравите години искрено , не се ни сеќавам кога сум ги постирала овие Кое животно сте вие? Спојлер ццц , и после барам некој анализа да ми направел им посакувам на сите нови членови да мислат пред да пишат нешто , оти ќе завршите како мене а во иднина и ова мислење ќе го жалам __________ и друга работа, мислам дека сум единствена што чека да почне школото дури и што ќе носам имам испланирано ама си имам причина зошто сакам да почнеме гледам во идниот распоред за оваа година fashion за изборен клас сум обрала незнам загубена сум целата во последно време ..и секоја недела во среда почнувавме покасно нашколо сега го направиле порано, да неможе да се поспие на рат и причината дека го направија порано е дека зимоска многу денови пропуштивме дека голем снег имаше .. треба да се оладам малку , уште еден месец имаме рано е .. тие се последните вести од мојот живот имајте добра ноќ
Убав ден е кога ќе ти текне да си ја провериш заборавената трансакциска од друга банка случајно да не ти е у дуг и да ја затвориш затоа што имаш друга, а кога оно имаш парички на неа тамам да си купиш три книгички што си ги меркал. Едвај чекам да одам да си ги купам Иако реално, ова не е убав ден. Да бидеме на чисто.
Значи најголема катастрoфа е кога ќе го испратите мажот да купи боја за варосување.И убаво му кажав „Ќе купиш бела,боја на пудра и боја на кајсија“.Дури и мустра му покажав,ама не сега имам некоја праскеста нијанса и боја на млад јоргован.Толку да се немало осет за боја мајку му.Е белата ја погодил,разгеле.
Значи не е само мојот Во психата на мојот маж ги има само трите основни бои и толку. Се друго што е секундарна боја или нијанса, за него е црвено, сино или жолто, евентуално понекогаш знае да изненади ако каже црно. Ма што ме чуди, до вчера тој мислеше дека „бидермаер“ е дел од женска долна облека, па му беше срам зборот да го употребува во јавност
Вчера, врне, лежиме со рацете позади глава и гледаме низ отворениот прозор, а јас ја прашувам: - Сонце, колку ме сакаш? - Не те масирам! Тоа ме наведе да заклучам, дека во една врска, партнерот може да те сака, да те сака многу и да те масира секогаш кога ќе побараш. За последново, додуша, само во книги имам читано.
Толку се неодговорни во Брза Помош, што немам никаков коментар. Просто се чудам какви луѓе се. Немаат ни трошка чувство на одговорност и сожалување. Во понеделникот вечерта околу 21:10 на дедо ми му се спушти притисокот 100 со 40, се јавивме во Брза Помош не сакаа да слушнат да дојдат, рекоа само течности да му даваме, а на дедо ми уста не му се отвараше, вода да се напие, од толку што му беше лошо. Татко ми со сила му даде да се напие, но притисокот не му се покачи. Потоа пак се јавивме во Брза Помош да дојдат да видат, некој лек да му дадат, но тие викаа како во моментот немаат слободна кола, кога ќе се ослободела некоја кола ќе дошле. Додека ги молевме да дојдат, на дедо ми му се влоши состојбата уште повеќе и околу 21:50 си почина. Потоа пак се јавивме во Брза Помош да дојдат да установат дали е починат, не даваше никакви знаци на живот. Требаше пола саат да ги молиме за да се наканат да дојдат да установат, дали е починат или пак е можеби сеуште жив. Дојдоа дури околу 22:20 Се прашувам каква ли е оваа "БРЗА" Помош кога и треба цел ден да ја молиш да дојде. И не за џабе се рекло грешките на докторите само земјата може да ги покрие.
Ме потсети на една случка со татко ми кога бев помала Ми вика облечи си ја розевата маичка, а оно рште црвена, жиш, да допреш да се изгореш од што е црвена
Сериозно? Значи стварно не ми се верува! Очигледно кај нас брзата помош е најспора. Како може да бидат такви бе? Се излежуваат цел ден и многу им е гајле кога нечиј живот е во опасност и треба да помогнат. И уште немале слободна кола... Абе ајде! Тоа се случува кога кој стигне станува доктор... Здравството кај нас е ужас! НЕВИДЕН УЖАС! Нека му е лесна земјата и нека почива во мир.
Не дај боже човек да има потреба од Брза Помош или од било каква медицинска помош на некоја од Клиникиве. Попрво ќе те остават да си умреш, отколку да ти помогнат.
Му се чудам на овие женскиве зошто плачат како магарици пред колење? Им раскинал дечкото, големо чудо. Ајде сега вените да си ги исечиме. А нејсмешното е кога ќе видам 12-13 годишна кога плачи за истото. Де бре моме, допрва ќе ти доаѓат момчиња, небаре стара мома ќе останеш.. Воедно, тука сака да ја напоменам една поговорка која вели вака: -Ниту една личност на светот не ги заслужува твоите солзи, а онаа која можеби и би ги заслужила, никогаш нема да те расплака.