1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Ух, фала на одговорот. Јас еднаш отидов на Велигден, бидејќи другарка ме повика, па до ден денешен се изедов од мака мислејки дека е лошо, паганско тоа. :)
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Нема зошто да те мачи тоа, не е лошо :) Ако слушнеш поинаку, тоа е само измислица на човекот.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Светиот Теофилакт архиепископ Охридски ова вака го толкува:

    Чули сте да је казано: Око за око, и зуб за зуб.

    Закон је из снисхођења допуштао одмазду, како људи не би чинили зло једни другима због страха да им не буде узвраћено.

    А ја вам кажем да се не противите злу, него, ако те ко удари по десном образу твом, окрени му и други.

    Када каже "зло", мисли на ђавола, који делује кроз људе. Зар не треба да се противимо ђаволу? Да, треба, али не тако што ћемо истом мером узвратити своме ближњем, већ трпљењем. Ватра се не гаси ватром него водом. Немој мислити да је овде реч само о ударцу у образ, већ о свакој врсти неправде.

    40-41. И који хоће да се суди с тобом и кошуљу твоју да узме, подај му и хаљину.

    Ако те одвуче на суд и стане ти досађивати, уз оно што тражи, подај му и хаљину.

    И ако те ко потјера једну миљу, иди с њим двије.

    "Али, шта то говорим", каже Господ, "какву кошуљу и хаљину? И само тело своје подај ономе који те неправедно вуче на суд, те учини и више од онога што од тебе тражи.

    42. Који иште у тебе, подај му; и који хоће од тебе да позајми, не одреци му.

    Подај му, макар он био непријатељ, пријатељ или неверник, било да тражи новац или какву другу помоћ. "Позајмити" овде мисли једноставно без камате, јер су и у Закону давали без камате.

    Се извинувам за српскиот
     
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    А зошто се изеде од мака? Напиша дека си неверник... Зошто тогаш се плашиш? Од кого? Ако си неверник не би се плашела од ништо неземско.

    Orthophill не знам зошто ама не можам да те цитирам. Гледам дека почна со напаѓање. Зошто воопшто ми се обрати мене на твојот пост? Тука дискутираме и кажуваме мислења. Нема потреба да се обраќаш на никого.
    Јас и ти му се молиме на истиот Бог. И двајцата клечиме пред него. Верници кои веруваат дека еден ден се што е лошо ќе ни се врати. Суштинската разлика измеѓу мене и тебе е следнава:
    Замисли си двајца земјоделци кои садат лубеници. Едниот го прави само тоа што е потребно т.е. вадење, копање, чистење на тревата, прихрана му е природен гној и сл. Другиот па го прави истото ама плус зема хемикалии да ја испрска лубеницата. Ако има сонце и прави сенка да не ја печело многу. Навечер ја мота со најлон за да и било топло. Ставил и дрвциња за некоја мачка да не ја оштети. Зел и еден куп книги за да ги проучува лубениците, што и како им е потребно. Ја калеми со тиква за да пораснела повеќе и сл. На крај кога двајцата ќе го оберат бостанот, истиот е бидејќи растел на иста земја. Вториот земјоделец само беспотребно се замарал со глупости.
    Појма немам од земјоделие, ако сум утнала нешто немојте да правите мајтап :rofl:
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Гордана, форум по дефиниција претставува место каде што се дискутираат и дебатираат секакви теми, а секако најдобри дискусии има таму каде што темите се контраверзни, каде што има поделени мислења. Секако дека треба да е човек доволно социјално и емотивно зрел за да учествува во такви дискусии за да може да истрпи мислење што е различно од неговото/нејзиното а без при тоа да го сфати тоа лично.
    Во филозофијата е познато дека дијалектичкиот метод (каде што се спротиставуваат две или повеќе мислења) е едно од најдобрите начини за учење и за проверка на ставовите, мислењата, фактите. Дебатата е многу корисно средство за размена на информации и затоа постојат и цели дебатни клубови каде што се дискутираат вакви и слични теми.

    Што се однесува до разликите, тие постојат без разлика дали ние ќе збориме за нив или не. Јас имам водено семинар на оваа тема (Сличности и разлики меѓу христијанските цркви и деноминации) и семинарот се состои од 7 предавања од по 1 час. Верувај ми дека има многу разлики и не можат туку така сите да се стават во ист кош и да се рече: абе се е тоа христијанство. Ќе објаснам подоле дека Исус Христос најмалку би се сложил со таа генерализација.
    Оваа тема е доста актуелна меѓу верниците (па дури и неверниците од чисто едукативни мотиви) и секој сака да биде барем основно информиран за сличностите и разликите без разлика на неговата/нејзината верска определба.

    Што велеле Исус и Неговите апостоли за појавата на различни учења/цркви:

    "Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, туку само оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата." (Исус Христос, ев. Матеј 7:21, Библијата)
    Овде Исус кажува дека многу луѓе што се нарекуваат себе си христијани нема да влезат во царството небесно, туку само оние што ја вршат Божјата воља - која се разбира е откриена во Светото Писмо.

    „Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици;“ (Исус Христос, ев. Јован 8:31, Библијата)
    Да останеш при Христовото слово значи да останеш во Христовата наука, да ги следиш Христовите учења и заповеди, а не некои други учења и заповеди.

    „Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди“ (Исус Христос, ев. Јован 15:10, Библијата)

    „и ќе се појават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина“ (Исус Христос, ев. Матеј 24:11, Библијата)

    А погледнете што вели Исус за фарисеите што ги држеле преданијата на старите и со тоа ги укинувале Божјите заповеди:
    „Зошто учениците Твои не го запазуваат преданието на старите? Оти не си ги мијат рацете, кога јадат леб? А Тој (Исус) им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?... Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби«.”.... тие се слепи водачи на слепци: а кога слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.”“ (ев. Матеј 15:2,3,8,14, Библијата)

    „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки, на кои им се мили поздравите на јавни места; првите места во синагогите и челните места на гозбите!“
    (Исус Христос, ев. Лука 20:46, Библијата)

    Зарем не ве потсетува ова на владиците наши кои одат секаде со великодостојнички мантии, рамо до рамо со политичарите, кои што при поздравување ви ја ставаат раката пред уста да им ја баците и сл? :)

    Понатаму Исус во многу од своите параболи (илустрации) зборувал за каколот наспроти пченицата, козите наспроти овците (ев. Матеј 25:32), луѓето што одат по широкиот наспроти оние што одат по тесниот пат (ев. Матеј 7:13), луѓето што градат на песок наспроти оние што градат на карпа (ев. Матеј 7:26) и сл.

    А слично предупредувале и апостолите:

    „Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;“ (Колошаните 2:8, Библијата)
     
    На Sky-butterfly и anina им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Стварно? Благодарам што кажа.Прво, ако добро прочита, појаснив дека не зборам за вас на форумот, второ, немам ништо против тоа што некој има различно мислење, трето бев доволно јасна што сакав да кажам, иако ова ти што го напиша, не е твое мислење, ама тоа е трета работа.Четврто, зошто објаснуваш што е форум? Изгледа себе си, си објаснуваш што е форум, бидејки воопшто не ме ни разбра што сакав да кажам, само не разбирам како може некој да биде под нечие влијание и да си пишува она што ќе му кажат, секако не јавно.А кога реков „ во контекст на претходните постови“ мислев на тоа дека сакам да се надоврзам, само џабе објаснувам.

    А следно, сосема е во ред да има разлики, само наместо да се докажува некој кој е подобар христијанин или да се напаѓа некој друг, треба истиот да се прифати, имено православен треба да прифати, пример, католик, ако веќе се води и ја почитува туѓата религија, кое патем нели е од основните начела.Тоа е целата поента што зборам, ама очигледно не се чита убаво, па се дава мислење кое апсолутно нема врска со она што го зборам.Тоа е мое мислење, не реков „ аман мене слушајте ме “, што толку се паничи некој, не знам.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Точно. Јас иако цврсто верувам во своето, никогаш не сум се плашела од различностите на другите.
    Не само меѓу нас Христијаните, општо ми пречат надмудрувања кои имаат за цел да го негираат другиот. Прво и основно, верите и гледиштата се различни, но Вистината е само една. А ние луѓето, сме немоќни со сигурност да тврдиме за неа, туку наше е да веруваме. И да ги почитуваме и другите гледишта. Затоа што би било интересно доколку на Судниот ден дознаеме дека оној чиишто гледишта сме ги негирале или сме им се потсмевале бил поблиску до Вистината од самите нас. Можеме да бидеме верници, но не и Бог самиот. Затоа, со почит, барем на вакви почувствителни и духовни теми.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Секако, доколку е во рамките на темата, исто така се согласувам дека е на база на верување, не знам зошто впрочем и се мисли дека секој со сигурност тврди дека православието е вистинското, за разлика од пример католицизмот, не може да се негира католицизмот, бидејки е само верување и како да излегува дека христијаните меѓу себе се негираат, односно си ја негираат својата религија, така делува кога ќе се погледне тоа од друг агол, тоа е целата работа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Тоа и сакам да го кажам. Какво и да е негирање на другиот во однос на темава, го сфаќам како негирање и на дел од самиот себеси од некој аспект. Но, некои и покрај тоа што се верници, забораваат дека се и грешници. A инаку со жалење гледам на нашата толкава поделеност во Христијанството, што не верувам дека е толку драстична во други религии, па непризнавање на автономност, па ова па она... после ќе се чудиме.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа е, излегува самите на себе си ги правиме некои работи, после друг е крив, ќе се чудиме, нормално, до вчера негирања, па сега зашто луѓе од друга религија, мислат така за нас.Значи, тука е оној проблем, во трката за кој е повистински верник и сл.
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  11. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Пред некое време на врата ѕвонеше еден дечко кој се претстави дека е од МПЦ и молбено понуди еден испечатен па копиран лист, колку имате рече, ова е молитва за здравје, за берикет...Останатите од спратот на овие зборови (кој не би) безусловно влегоа по пари, а јас го замолив да ми го даде листот да го видам. Кога ке имам време ке ви го напишам. Воглавно, молитва на која пишуваше дека кој ке ја носи со себе нема да му се случи ништо, дека ке го следи ксмет и така. Му реков, дечко, зар Исус идеше од стан на стан со ова? Нели, му викам Он бесплатно ни ја даде Господовата молитва? И нели, му реков, на учениците Негови им рече, бесплатно добивте-бесплатно давајте? Добив ваков одговор: -Ти си многу добра и посебна личност, и ова што го говориш е така, ама оди ми вика, кажи му го на дедо Стефан, кој ни рекол, НИ ЕДНА СВЕКА ДА НЕ ОТИДЕ БЕСПЛАТНО.
    Ми ја стисна раката, ми ја тутна хартијата и исчезна по скалите удолу бидејки, имаше усште бааги влезови за посета.

    Молам некој кој има врска со МПЦ, можеби некој случајно залутан теолог да ми даде објаснение за ова. Дали е ова правилно, Богоугодно?
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Православните молитви се наоѓаат во православниот молитвеник. Во истиот, ја немам сретнато оваа молитва, така што се сомневам дека се претставиле веродостојно.

    Напротив, во нашата вера, себеоправдувањето и увереноста дека сме прекрасни е нешто кое најсилно не` води во грев. Секогаш треба да се стремиме кон подобро, во спознавање на нашата маленкост и грешност и учење како да бидеме подобри луѓе. Православието не се наметнува со умилкување и пофални зборови за нашата личност. Така што, внимавајте. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    А зошто би се сомневала во енјзиното претставување? Еве вака, значи на листот има со ситни букви, можеби фонт 8, 4 молитви: СПОМЕН НА ХРИСТА ШТО ПРАВИ ЧУДА, СИЛНА МОЛИТВА НА СВЕТИОТ КРСТ И НА СВЕТИТЕ СТРАДАЊА НА ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА. 2. ОБРАЌАЊЕ КОН СВЕТИОТ КРСТ 3. МОЛИТВА НА ГЛАС ОД АНГЕЛОТ И 4. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

    Побарај гио во молитвеникот а јас секако ке ги сликам и ке ги постирам.


    Еве дел од молитвата што ја сликав, на другата страна на листот е икона од Св Петар и Павле, сега ми текна дека ова всушност беше околу Петровден а не баш рандом, пред некој ден, но сепак, не прави никаква разлика. Ако некој навистина знае нека искоментира.
     

    Прикачени фајлови:

    • dok.jpg
      dok.jpg
      Големина на фајлот:
      146,1 KB
      Прегледи:
      198
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    До каде што достига моето скромно познавање, молитвата е наше обраќање кон Бога, да не` помилува за нашите гревови. Мене ова дека ќе имаш ксмет и ти и куќата ако го имаш ова дома ми личи повеќе на амајлија и на оние chain letters шо беа актуелни отколку на молитва.

    Повеќе за православните молитви на оваа тема Молитва, особено постовите на Серафима и Ортофил, многу се богати и информативни. И јас редовно ги следам. :)
     
    На oraiaeleni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Благодарам tessie :) И мене ми личи на нешто, затоа и го напишав постот. Инаку, немам сомневање дека се работи за МПЦ, со оглед на фактот што истата личност обично продава верски календарчиња на МПЦ а мислам дека имам и друг сличен лист, Господовата молитва, исто така копирана и во папка, понудена со истите зборови. Не сакам по секоја цена да се застанува во одбрана на МПЦ, затоа што Вистината етреба да биде на прво место, искрено, сакав ова да го споделам со некој православен авторитет и да го слушнам ставот. Но, каде да се најде поп, особено на женски форум? Поздрав
     
  16. Trisagija

    Trisagija Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Не ми изгледаат како православни молитви, зашто сум го читал молитвеникот (не еднаш); повеќе ми личат на бајачки текстови, нешто како магии...

    А еве како би требало да изгледаат од прилика православни молитви:
    http://preminportal.com.mk/content/view/2712/94/
    http://preminportal.com.mk/content/view/2466/94/
    http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/
    http://www.scribd.com/doc/24696648/Prav ... Molitvenik
    http://www.rastko.rs/bogoslovlje/molitvenik.html

    А инаку јас имам дома два молитвеника православни на македонски, еден би ти дал бесплатно, кога би те знаел. Само луѓето ретко бараат такви работи, слуги мамонови. Прости им, Господи, не знаат што прават.
     
    На Bihter, Mama25, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Без разлика дали типот бил под капата на МПЦ или самостоен бизнисмен, тоа што го прави е пародија од бизнис, при што ја користи суеверноста кај народот како средство за заработка. Еден топ хартија е околу 250ден и тој содржи 500 листа. Ако во просек тој ги продаде овие листови (со испечатена некоја молитва) по 20ден, тој ќе заработи 10.000ден. Еве 50ден нека кошта потрошениот тонер, значи чистата заработка му е 9.700ден. Секако не е лесно да најдеш 500 до толку наивни и суеверни луѓе што ќе купат лист хартија за 20ден, али сепак ако поминеш една населба, ќе најдеш и џглап 9.700ден у џеп, ни орал ни копал :) И тоа само ако ти даваат по 20ден од лист, а некои ќе дадат и 50ден, пошо нели тоа е за Бога.

    Мене пред два дена ми дојде еден на врата со испринтан лист (црно бело) од некој човек за кој тој рече дека тоа бил ѓоамити Св. Илија. И ми вика само 20ден чини. ќе ни ја чувал куќата, среќа бериќет тинтири минтири. Абе кај се видело лист хартија куќа да чува? :D Ама ете, некои купуваат и после се чудиме зошто сме уназадени како земја. Нека пробаат овие бизнисмени во некоја развиена земја да го прават тоа, ќе им се згазат од смеење или евентуално ќе ги научат некој попродуктивен бизнис да тераат.

    А што се однесува до молитвата, изгуглајте на интернет и ќе најдете илјадници убави инспиративни молитви. Но сепак најважно е лично ние од срце да му се молиме на Бог. Бог не може да биде импресиониран од нашите зборови. Бог го гледа ставот на нашето срце и тоа му е важно. Залудно вие на Бог ќе му редите поетични молитви или молитви напишано со висок стил, со рима, богат речник или сл. Господ не е тинејџерка па да се шармира на ласкави зборови. Господ е личност, наш Небесен Татко. Молитвата претставува комуникација со Него. Дали вие кога комуницирате со вашиот земен татко користите ваши зборови или пак барате веќе срочени зборови за да му се обратите? Слично е и со Бог. Тој сака да ги слушне нашите благодарности, нашите проблеми, бремиња, нашите потреби, барања, нашите воздишки. Секако дека постојат молитви каде што ќе се пронајдете во некој аспект, но никој не може подобро да ве опише како се чувствувате и низ што поминувате во моментов освен вие самите. Затоа и 5 збора кажани од вашето срце на Бог повеќе ќе му значат отколку 1000 зборови прочитани од некој молитвеник или лист хартија.
    Во Библијата се запишано стотина молитви, а нема да најдете ниту еден пример каде што некој му чита молитва на Бог. Сите верници лично му се обраќале на Бог, со свои зборови.

    „Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени; вие, пак, немојте да бидете како нив, оти вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.“ (Исус Христос, ев. Матеј 6:7-8, Библијата)
     
    На elisabeta, anina и oraiaeleni им се допаѓа ова.
  18. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    "Оваа молитва е најдена на горобот од Исуса Христа, нашиот спасител во 1505 год и му била предадена на императорот Карло кој одел во војна, Тој ја оставил во градот на св Архангел Михаил (Цариград), каде можете да ја најдете во прекрасна убавина со златни букви. Оној кој ќе ја носи со себе кој ќе ја чита или суша од други кога ја читаат нема да умре ненајавено, нема да се удави во вода ниту да изгори, во оган или никаков отров не ке може да му наштети ниту ке биде повреден на бојно поле. А кога жена ке има породилни болки и некој ја чита или таа ја носи со себе лесно ке се ослободи од плодот на својата утроба, Кога детето е родено во оваа молитва го чува од сите несреки, кога ќе видите некој да паѓа од падавица ставете му ја од десната страна, тој ке стане и оди како и обично. Оној коју ке ја даде на друг, ке биде благословен од мене, вели Исус Христос. Верувајте цврство во оваа молитва оти таа е вистинска како Евангелието. Куќа во која се чува оваа молиотва нема да настрада од луња или гром, а оној кој ја чита секој ден уили ја слуша да ја читаат че биде известен пред смртта преку знак од Бога и ќе разбере оти смртта му сe наближува." Ете ова е првиот дел. Во секој случај, тешко нас, штом нечестивиот почнал да ѕвони по станови а ние да му отвараме ширум, затварајки го срцето за Исус кој со години можеби чука без да му биде отворено. Битно е да бидеме будни и духовните очи да ни се-ширум отворени. Како и да е, добро е кога ќе се сподели. :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Драга oraiaeleni, овие молитви кои што ги постави се всушност римокатолички, а можеби и апокрифно-римокатолички. Во 19. век кога штампаните книги биле прескапи се појавиле многу вакви и слични молитвни, на 1-2 листа хартија кои во себе, на крајот задолжително содржеле завршетоци со содржина: Кој ја носи оваа молитва, Господ ќе го чува итн. До душа и претходно, пред да се штампаат, вакви кратки молитви често се препишувале. Но, тоа не значи дека овие молитви не се душекористни. Знаете како, Бог се` прави според верата наша. Така да ако ни е верата јака, тогаш со сигурност и Бог ќе ни помогне преку оваа молитва, како што им помагал на нашите отци и праотци во времето кога немале ниту интернет, ниту книги.
    Сепак, братот Трисагија, Ви постави многу убави и душекористни врски, со убави молитвеници.
    Патем, ќе Ве молам, ако имате купено календарче од овој човек Ве молам поставете или пратете ми во лична порака, фотографија од истото. Бидејќи се сомневам дека ова не се работи со благослов на МПЦ, туку со благослов на еден пензиониран свештеник, кому му е забрането да служи. Ама ни тој свештеник не шири неправославна вера и наука и недушекористни писанија (само начинот на кој ги шири е малку чуден).
     
    На oraiaeleni и tessie им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ја мислам дека редно време е МПЦ да си направи свој трејд марк (TM) и со законот на авторски права да си ги заштити своите производи со кои што тргува (молитви, календарчиња, свеќи, крстчиња, „свети водички“, икони, бројаници итн.) и тогаш ќе може правно да ги гони оние што го користат брендот на МПЦ и им се мешаат во бизнисот.

    Но мислам дека на овој потег се противат многу други законски работи, како на пример фискализацијата - која еднаш владата проба да ја спроведе во верските заедници, но МПЦ и ИВЗ силно се спротиставија (погодете зошто? :) )

    http://www.vecer.mk/?ItemID=722569F4046D864CB0C9B474F250F895