1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Just.you

    Just.you Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23

    Ако искрено ја сака нема цел ден да го помине со други девојки...барем тоа е моето мислење :^)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dualism

    Dualism Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Тука очигледно е дека се работи за љубовница така? Или да бидам појасна таа што ја сака другата му е жена а дваесетгодишната му е љубовница... Мене така ми стојат работите. Да сакаш двајца не е можно, или го сакаш едниот а со другиот делиш само привлечност и моментална хемија. Толку е просто мислам :)
     
  3. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Е ај да бидеме реални малце,машко ко машко ако не е во врска со таа што ја сака нормално дека ќе оди со други девојки,да не ќе чека ко светец да си ги средат работите.;)Ама џабе,пак му е во мисли таа што ја сака.
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Така е, не за џабе и по темиве можеме да најдеме мажи што сакаат една а се во брак со друга.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Многу често клинот со клин се избива. Па затоа ммнжеби не одма после ама после 1-2 месеци е добро да се започне нешто ново.
    -2 недели се потребни за да се совлада шокот, без разлика дали долго се потготвувало за разделба.
    -2 недели се потребни за промени
    -2-3 недели се потребни за да се вратиш на твоето изгубено Јас
    Потоа за краток педиод е потребно да се започне ново, но само ако со сигурност не се врака на старото.
     
    На S.J.Parker и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Ок, ова не е љубовен проблем, ама да не отварам нова тема само за прашањево... Гледав еден филм вчера и ме стави во мисла, особено една сцена. Значи седат (3 фамилии) на маса, меѓу кои една девојка и дечко. Си пуштаа нешто погледи, и она стана и се тргна на страна. Потоа дојде тој и одеднаш почнаа стравствено да се бакнуваат. Јас бев малку во шок - бидејќи само што се запознаа таа вечер. Па бидејќи очиглено мене не ми се случило нешто вакво :) ме интересираше дали ви се има реално случено нешто слично во животот?
     
  7. NateMoonchild

    NateMoonchild Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Со дечко ми одиме осум месеци, врската ни е на далечина, досега сме имале само 2-3 мали караници, се ни е супер, само има еден проблем во мојата глава. Јас сум студент, тој заврши, и летово ни помина без да направиме нешто поинтересно и си мислам дека ќе му здосадам. Секогаш ни е забавно кога се гледаме кај и да сме, се смееме и убаво е, ама еве тој сака да оди на пример на журки, а јас не можам тоа да си го приуштам бидејќи дома сме слаби со пари, и плус си чувам за кога сум со него, деновиве треба да се видиме.
    Многу ми е глупаво, бидејќи веќе неколку пати во врската јас му имам речено "не можам, слаба сум со пари" а секогаш било нешто интересно.
    Детето е разбрано, ама знам дека се разочарува кога јас ќе речам дека не можам.
    Некојпат ќе се спремаме да одиме, ќе ми искрсне некој трошок и пак нема да можам. Сакам секој пат кога спомне нешто такво да можам да тргнам и да се забавувам, ама не можам. Со бившата му имам гледано слики од журки и и поради ова ме тепа некој филм во глава.
    Што да направам, а да врската не ни стане монотона? Стварно го сакам, не сакам да го изгубам и да му здосадам.
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Врската не е само излегувања и журки. Знам дека не ти е сеедно ама мораш да си го отфрлиш ова од глава зашто непотребно си правиш негативни мисли. Доколку тој ти пререче нешто во врска со ова и доколку на него приоритет му се излегувања и журки тогаш не ти ни треба таков дечко. Можат милион други работи да се прават освен одење на журка. Крај краева и ништо да не правите, само дома да седите, ако си со личноста што ја сакаш и ти е убаво нема да ти биде досадно и монотоно. Секогаш ќе си наоѓате нешто интересно да правите. Не се оптеретувај со глупости. Нешто ако треба да биде, ќе биде. Ако ти на него му значиш и вистински те сака никогаш нема ништо да ти пререче, а доколку ти на него не му значиш и не те сака тогаш џабе е ти да се трудиш било што да направиш зашто на него пак ќе му биде досадно, монотоно, и ако сака ќе изнајде причина да ти раскине. Ме разбираш? Не е проблемот во тоа дали вие се забавувате или дали излегувате или кој, колку пари троши или дали седите само дома, туку муабетот е дали има љубов меѓу вас. Ако има, тогаш немаш проблем.

    Не сте еден месец заедно, осум месеци се веќе солиден период за врската да премине во нешто посериозно. Така што, ако ова толку те мачи, можеш да разговараш со него. Едноставно објасни му ја ситуацијата, кажи му како се чувствуваш и види како тој ќе реагира и што ќе ти каже. Ако те сака, без никаков проблем ќе те разбере и ќе направи се' да не се чувствуваш повеќе вака.

    А од каде ти се овие мисли? Некогаш нешто си почувствувала од негова страна? Кога ќе речеш "не можам", тој како реагира? Секогаш оди без тебе? Нешто индиректно ти рекол? Или баш онака од нигде - никаде ти си почна да размислуваш на ова? Или па дека ги виде сликите со неговата бивша па сега се почувствува неубаво? Не споредувај тоа што било. Тоа било една врска, сега ова вашето е друга. Немаат никаква допирна точка.

    Обично сите што имаат долги врски поминале низ еден ваков период, отприлика кога иделе еве вака како вас 8, 9 месеци. Не конкретно со ваков ист проблем, сите со различен проблем, ама сепак сите имале еден ваков тест за тоа колку врската отишла на едно ниво погоре и колку вистински партнерот ќе те поддржи, разбере. Штознам мислам дека сите имале ваков период во врската (зборам за долги врски). Кога си поставуваш глупави прашања, па мислиш дека тој нема да сфати и се плашиш дека можеби ќе сака нешто друго или повеќе. Се' уште не си 100% сигурна во него, што е нормално, одите само осум месеци.
     
    На Hipica и NateMoonchild им се допаѓа ова.
  9. NateMoonchild

    NateMoonchild Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Никогаш не ми пререкол поради нешто, само зимава кога немаше кај да се оди, кога доаѓаше кај мене во станот, нонстоп седевме и рече може ќе ни стане досадно вака секогаш да биде, бидејќи пак нешто проблеми имав не можев да отидам кај него. Тогаш така ме заболе малце тоа, ама ништо не му реков. Може и оваа негова реченица ми прави комплекси малце, можеби јас поинаку го имам сфатено. :doh: Ова веќе не се повтори, секогаш се договараме да се изгушкаме првин па после да видиме што ќе правиме и на крај си останеме цело време дома.
    За журката сака да ме види и мене и плус журката, и нема да оди без мене, така да мислам дека сака мене да ме види. После, имаше денови кога во неговиот град се случува нешто, јас пак - нема да можам да отидам и тој ќе си отиде со друштвото, фала богу, никогаш му немам преречено. Знам дека не му се приоритет излегувањата, многу пати се има случено да дојде кај мене баш кога има некоја журка или слично и никогаш не ми префрлил, демек јас заради тебе вака..
    Инаку, со друштво многу ретко сме, повеќето време сме сами, но тоа не било проблем. Ако немаме друштво би си оделе сами, секако ако јас можам да отидам. :lol: :tmi:
    Знам по мене, пред две години исто имав врска колку оваа и не сакав нонстоп да бидеме кај него дома да се караме само, ми требаше смеа, ми требаше нешто ново, ама сфаќам дека не сум го ни сакала, така да во право си, дека ако ме сака нема ништо да му пречи. :)
    Работата е што многу ми е глупаво, тој ќе спомне можност за градење спомени како прво, за правење нешто ново, а мене ми е мака што не можам. Ете конкретно, концерт имаше сега, јас не можев да отидам, а и двајцата го сакаме типот што држеше концерт. Знам дека врската не ја прават излегувањата и журките, најубаво ни е кога си седиме и се гушкаме, ама криво ми е јас кога на поголемиот дел од работите во врската кажувам НЕ. Тој ништо, не прави проблеми, big deal, демек кога можеш ти тогаш. Не сакам така да излегува дека сакам се да биде по мое. Не приговара, секогаш ми вели да не се секирам, тој ќе дојде да ме види и секогаш убаво си поминуваме.
    Малку ми тепа филм и таа бившата, признавам. :$ Се си мислам дека со неа му било многу интересно, имам впечаток дека многу се забавувале.
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не верувам дека тоа би било причина за монотонија, но зашто не работиш нешто, сега преку лето или додека студираш нешто што не е на полно работно време...така ќе имаш и за себе повеќе и за уживање со него во ситници :)
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ти влијае бившата негова. Батали, ништо не правиш ако се замараш со минатото. Денес за ова си се фатила, утре ќе видиш некоја друга нивна слика, па за друго ќе се фатиш. Не иде така.

    Разговор, разговор и само разговор. Мораш. Не сте деца, врскава не ви е нешто пролазно па затоа сметам дека мораш да разговараш за се' што те мачи. Утре ќе се случи и друга некоја ваква ситница и тогаш ли ќе ќутиш и ќе се мачиш себеси?

    Кога си седите дома, онака опуштено, без некој посебен притисок, започни муабет за ова. Биди искрена со него, кажи како се чувствуваш и дека сакаш да го промениш тоа. Прашај го и него што мисли за сето тоа и замоли го да биде искрен и да ти каже ако нешто не е ок. Како инаку ќе градите врска ако не сте искрени еден спрема друг? Искреноста и разговарањето за проблемите е темел на секоја врска.
     
    На NateMoonchild му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Нате, освен ако не сте во различни градови и да треба да одиш во друг град за да бидете на иста журка, тогаш стварно не гледам кој е проблемот да отидете заедно. Колку е карта за некоја журка? 200? 300? Па и 1000ка да е, ќе штедиш.

    Сите сме биле деца и сме зависеле од родителите и не ни бил Мијалков на сите татко, нормални родители сме имале. Се снаоѓаш за да дојдеш до пари и тргаш на страна, гладуваш, одиш пешки место со автобус, па дури ако треба и криеш за реалните суми на производите од продавница и ставаш кусур во џеб.

    Исто така, дури и да сте од различни градови, имаш 20 години и дечко ти сигурно нема 16. Каков дечко е тој ако не најде начин како да ти помогне во такви моменти? Да преспиеш кај него, да плати пијачка, да те испрати до дома...

    А за бившата, не се секирај, не ти треба причина за да ти праи тапа филм, бивша е, тоа и е работа, да ти создава притисок и лоши мисли, а твое е да се бориш со својот ум и да победиш. 8)
     
    На DivineFM, NateMoonchild и Daydream им се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Почнав да одам на работа на едно место ама немам слободни денови планираше дечко ми утре да дојди да се видиме бидејќи е од друг град а јас на работа немам слободни денови и пошо сум нова незгодно ми е уште на почеток сама да си земам, не знам што да правам не сакам да го изгубам.
    Му реков да дојде во недела да се видиме ама не сакал да ја изгубам работата заради него.
    Знам дека ми се лути , а за другата недела ми кажа дека нема да може да дојде да се видиме, и тоа се скоро 2 недели нема да се видиме значи не знам што да правам тешко ми е, го сакам но не сакам на крај да морам да бирам меѓу него и работата.
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Чим си нова непријатно е да земаш слободни денови. Или не оди цел ден па во понедленикот кажи дека ти се слошило и не си можела да дојдеш или после работа видете се нема да имате многу време ама па нели може да остане кај тебе па недела да си оди? Или почекајте до другата недела. Нова си не е пријатно да земаш слободни денови уште на почеток. Сите знаеме како тешко се наоѓа работа а не дај боже пак д аја изгубиш. Сепак дечко ти е треба да има разбирање за тебе. КОму не му треба работа и пари? Секому му треба.
     
  15. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Треба типот да има разбирање за тоа. Стварно е глупо таман си почнала да одиш да бараш слободен ден. И што се плашиш толку дека ќе го изгубиш само од ваква ситница? Па тој ако ти се скара ради ова, не заслужил да биде со тебе... И не, не мора да бираш меѓу никого. За се има време освен ако тој е некој тотален идиот и ќе те напнува за глупости, во тој случај слободно отерај го упм
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Тоа не му се случува секому, но му се случува некому. Секако дека е возможно. Секого на различен начин му се случува, возбуда, страст..., некој повеќе, некој помалку си има необични места што го возбудуваат и повлекуваат на страст и секс... И тоа е човекова природа.
     
  17. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Така е, не за џабе и по темиве можеме да најдеме мажи што сакаат една а се во брак со друга.[/quote]

    Како што е исто и со жените, нели? :)
     
  18. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    [/quote]

    Како што е исто и со жените, нели? :)
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ако тој навистина е заинтересиран за тебе,треба да те разбере.Не знам на која возраст сте и двајцата за вака да размислуваш.
    Наместо да се ставаш во ситуација на избор меѓу работа и партнер,треба да се залагаш за компромисно функционирање во врската.Знам дека не е лесно да се одржи врска на далечина со оглед на обврските на партнерите и да се усогласат термините за средба,ама кога нешто се сака може да се постигне.Со искрен разговор може се да се надмине.Само мораш да бидеш психички силна и цврста за да не се доведеш во ситуација да избираш доколку типот е емотивно зрела личност.
     
  20. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Поента, за каков компромис збориш, компромисот постои кај луге кои се зрели и се веќе изградени карактери, овде од авион се гледа дека се работи за многу паметен тип кој добро манипулира со девојкава која е очигледно вљубена.
    Му се дигнал малиот и мора утре да се видат па макар по цена да она изгуи работа, а замисли другата недела он неможел. Епа ајде доколку ја сака нека се жртвува он, нека дојде по секоја цена, а не да бара од девојката да напушти работа и да му биде на располагање кога него ќе му се дигне.
    Многу ме нервираат такви типови, сега ќе ја лаже со месеци и години ќе си го лади к...т кога ќе му текне, и на крај ќе и најде ете некоја ваква ситуација и ќе и раскине, јас таквите би ги обесила ама не за врат.
    Ах леле, до кога бе девојки ќе сте толку наивни, толку ли нема асален дечко од градот каде што доагаш па ора овој идиот да те уценува.
    Мој совет, гледај си ја работата и не му се секирај многу, ако те сака нека дојде другата недела, нека се жртвува тој зошто ти да се жртвуваш.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.