1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Имам прашање во врска со „Сатан“. Јас во него не верувам, ама постои ли?
    Ја знам приказната за Луцифер и за неговото протерување од рајот (не знам дали е од Библијата).
    Луцифер бил зајубавиот ангел, ама почнал да се спротивтавува на тоа сите да го слушаат Господ и се здобил со многу приврзаници и Господ го протерал од рајот и тој паднал како запалена ѕвезда во пеколот и си го сменил името во Сатан, познат како ѓаволот. Илуминатите, што порано биле само научници, сега поголемиот дел се сатанисти затоа што сметаат дека Сатан им ветува богатство и слава.
    Го имам гледано и филмот за Егзорцизмот на Емили Роуз, каде што се докажува дека постојат демони со тоа што влегуваат во неа.
    Во една девојка Емили влегуваат 6 демони (6 е бројката на ѓаволот), меѓу кои едниот од нив е и самиот Лцифер. Тогаш се спроведува егзорцизам, т.е. протерувањето на ѓаволите коешто од првиот пат не успева. Има една загатка - Зошто Господ ја избрал Емили да страда, кога таа не била грешник? Потоа тоа се разрашува со едно писмо од Емили кое што вели дека се сретнала со Богородица и и кажала дека таа била избраната и дека ќе остане запаметена во светот и потоа Емили го одбива вториот егзорцизам и умира и нејзиниот гроб сведочи како постењето на демоните.
    Од друга страна ја имам прочитано „Моќта на потсвеста“ од Џосеф Марфи каде тој јасно вели дека Сатан не постои. Дека тоа е само перење на мозокот, дека луѓето со примитивните верувања сами си создаваат демони и сами со неинформираноста страдаат, дозволувајќи им на негативните мисли да им го окупираат умот, дека за тоа не е крив никаков одмаздољубив Бог или Сатан. Дека Господ ги сака сите и дека со него се е можно, тој не би избрал никој да страда и не би го дозволил тоа, секако тоа е за луѓето што имаат верба во него. Јас верувам во учењето на Џосеф Марфи. Верувам во Господ, а не со Сатан.
    Ама сепак ме копка, постои ли Сатан?
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ѓаволот постои. Негови псевдоними се: Луцифер, Сатана, Старата змија, Лукавиот, Нечестивиот, Таткото на лагата и сл.
    За жал филмската продукција и некои научно-фантастични книги имаат дадено доста погрешни претстави за ѓаволот, демоните, пеколот, па дури и Бог, ангелите, рајот (Божјото Царство Небесно) и сл. и затоа тие ни изгледаат толку нереално, анимирано, смешно.
    Сепак ниту режисерите на филмовите и приказните, ниту пак Џозеф Марфи се некакви авторитети што имаат кредибилитет да ни кажат вистини за духовниот свет. За духовниот свет може да ни каже единствено Бог. Светото Писмо е колекција од докажани и потврдени пишани документи за кои можеме да бидеме сигурни дека биле пишувани од луѓе со божествена инспирација (затоа на пример изобилуваат со пророштва). Исус Христос исто така има кредибилитет да ни кажува за духовниот свет, затоа што од таму дошол, бил таму и пак се вратил (по смртта и воскреснувањето) и пак заминал таму на Небото.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Orthophill, ќе го сликнам и календарот подоцна. Убаво е да знае човек што се има односно нема. Во принцип, им верувам на луѓето се додека не се уверам во спротивното, иако често учењето по пат на обиди и грешки не е најдобра идеја :D
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Центарот за рехабилитација на Кајшаров

    Ортофил, ме интересира твое мислење за колнењето општо, би сакала да слушнам нешто повеќе од религиозен аспект. Поздрав.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Колнењето не е во духот на Христијанството. Зашто Судот е во рацете на Бог. И уште Христос во Евангелието ни препорачува, благословувајте ги оние кои ве колнат.
    Но, тоа не значи дека Бог нема да допушти да се извршат “желбите“ на оној што колни, особено ако клетвата излегува од длабоко повредено срце. Некогаш за колнењето не е потребно ни да се кажат зборови. Една солза, која што на правдина сме ја предизвикале е пострашна од целата збирка на клетви кои што ги создало човештвото. Секако, кога се колни од завист, или за глупости, тогаш тие клетви не ги фаќаат оние кои што се колнети, а нанесуваат голема духовна штета на оние кои што колнат.
    Колнел светиот цар Давид, пеејќи го Псалтирот(Псалми: 34, 57, 108, 139...). Дури за клетва може да се смета и она што ги снашло Ананија и Сапфира во Дејанијата на светите Апостоли (5:1-16). Слично е и со свети Василиј Велики и нечестивиот цар Јулијан Отстапник, кои биле училишни другари, но царот Јулијан се заканил дека по војната со Персија, целосно ќе го уништи Христијанството. Дури царот војувал, свети Василиј се молел да не се случи тоа, и ете Бог го станал од мртвите светиот маченик Меркуриј и Јулијан паднал погоден од копјето меркуриево.
    Поопширно за клетвите може да се виде во филмот „Клетва“ на фондацијата Пријатељ Божји.
    www.youtube.com/watch?v=3fnzVJRuvkU
     
    На tessie, Serafima, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Зошто некои жени во црква, особено на причеста одат забрадени со марами?
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    1.Коринтјани 11,
    3. Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жена глава е мажот; на Христа, пак, глава е Бог Отец.
    4. Секој маж, кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава;
    5. и секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја, зашто сеедно е - како да е истрижена.
    6. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е срамно жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива.
    7. И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто и образ и слава Божја, а жената е слава на мажот.
    8. Оти не е мажот од жената, туку жената од мажот;
    9. и мажот не е создаден за жената, туку жената за мажот;
     
    На tessie и Serafima им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Малку оф
    Девојки ми треба број за контакт од црквата св. Петка во Пржино.
    Благодарам
    Мислам дека преку таа црква се организира крштевката на матка.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ортофил со образложението за клетвите, ме потсети и за заклетвите, кои во Христијанството се сметаат за грев.

     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cartman

    Cartman Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Мажот и жената се создадени, затоа што едни на други сме потребни, пред се за размножување и оддржување на лозата, а не поради тоа што на мажот му е потребна жена во смисол на слугинка.


    Никогаш не треба да се омаловажу улогата на жената во општеството и да се наметнува робовладетелски менталитет, туку да се возвишува нејзината улога на мајка и сопруга како и темел кон коишто нашите идни поколенија ќе се воспитуваат.

    Жената не е создадена да му служи на мажот, туку е создадена да живее со мажот, затоа што јас како маж не ја гледам смислата на живот да живеам без жена

    Мразам кога со сета сила од жената се пробува на секој начин да се создаде втор маж. Некои работи воопшто не се согласувам со црквата и нејзиното учење.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Cartman, ниту јас, ниту ти го створивме светот. Бог Го створи.
    Ова што го поставив овде не е од мене, туку од светиот апостол Павле. А устата Павлова, е уста Христова. Така да тоа што го кажал (напишал) свети апостол Павле е со иста важност како и она што би го кажал Христос.
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Џабе е се што е напишано, ако не се разбере суштината, а не онака како што пишува, што значи дека никаде не мислел апостол Павле, жената требало да му служи на мажот, туку како што кажа членот, да живее со мажот, задницата меѓу нив да биде на исто ниво, а не еден да владее, а друг да робува.

    И уште нешто да кажам, она што е многу поважно од парче облека, е каков е човекот во душата, тука најмалку игра улога, покривање со марама и сл., воопшто и не е важно материјалното, кое се зема како репер за тоа каков би требало да биде човекот како личност.
     
    На daylight и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.577
    Може ли некој да ми објасни за столот во црквите...Од баба ми сум слушала дека таму не смеам да седнувам, бидејќи тоа е место на Бог и никогаш не сум го правела тоа, ниту некаде сум видела да седи некој.
    Последниве неколку години, во црквиве низ СКопје, поголемите, кои имаат столови, гледам дека женички откако ке ги избакнуваат сите икони и ке остават деначиња насекаде каде што има можност ке си седнат и си седат на столот.
    Малце ми е необично и иако многу често знам да им речат на тие што зборуваат прегласно во црква, што се полуголи, сексапилни, што го вртат задникот на иконите и слично, на овие никогаш не сум им рекла ништо бидејки не знам дали смее да седи некој таму. Ако некој знае, нека ми каже.

    Второ прашање, зошто свештените лица не ги советуваат и упатуваат верниците за однесувањето во црквите повеќе? Порано знам како доаѓаа и кажуваа, денес се вика Бог се јави, а се одговара со Навистина се јави, кажуваа како се прекрстува за оние што трчи-трчи се крстеа неправилно, викаа дека не треба кармини да ставаат ако целиваат икони...а сега не сум видела. Зошто е тоа така?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    На првото прашање можам да ти одговорам, на второто не, зашто не сум поп :) .
    Во Црквата има само едно место на кое што не смее да седи никој. Тоа е владичанскиот престол. обично се наоѓа на десната(јужна) страна во црквата и обично над него има икона Христова - Христос Великиот Архијереј. Тој престол е резервиран само за владиката, кој(владиката) е жива икона Христова. За тој (пре)стол најверојатно зборувала Вашата баба.
    Другите столови се за верниците. Кои главно можат да седат (поради слабоста на телото) в црква, кога нема богослужби или за време на богослужбите, освен кога се чита светото Евангелие, кога се пее „Иже херувим“, за време на входовите, и за време на литургијата, од „Верувам во единиот Бог, Отец...“ до „Најнапред спомни го Господи, високопреосвештениот митрополит (блаженејшиот архиепископ) наш (името на локалниот владика)“.
    Како се облекуваат верниците и верничките, тоа е проблем на секој(а) од нив. И пред се` зависи од личната култура и воспитание. Главниот проблем не е како влегуваме в црква, туку и како генерално се облекуваме. Ние (Христијаните) треба секогаш да бидеме облечени како за в црква. Но, тоа не значи (за ова сестрата Серфаима, нема да се сложи со мене :) ), дека треба жените да носат долги сукњи, шамии, кошули(блузи) со долги ракави и сл, но исто така не значи ни дека треба да носат маичиња на прерамки, мини сукињи, или според последната мода и пантолончиња кои повеќе личат на гаќи отколку на пантолони. Општо земено, пристојно облечен за маж е покриени колена и рамења, а за жени облека до колена, покриени рамења и нормално покриени гради и половина.
    На една моја другарка-верничка, на смеа и` реков, што се шеташ по пантолони в црква. Таа ми одговори, затоа што ми е срам да се шетам по сукња.
     
    На Serafima, littleflower, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.577
    Mислев на тој стол, владичанскиот, не за оние по страните залепени до ѕидовите кои ги има повеќе.

    Лошо ли е ако следниот пат пак најдам жена што си одмара на тој стол, и речам дека не треба да седи? Бидејќи сметам дека барем во црква треба да се стои пред Бог, а не да се седи (освен за инвалиди и болни, кои секако не го користат тој стол).

    Лошо ли е ако некој ми смета во молитвата со гласно зборување, тропање со штикли и слично, да го опоменам среде црква? Си наметнувам вина дека не можам да се изолирам и да се концентрирам на молитвата, дека не ми е доволна силна волјата, а потоа се измачувам дека немам доволно трпение за да почекам да излезат надвор и да преќутам, а потоа да се молам.

    Многу ми смета кога барем во црква не се однесуваат правилно, за надвор кој како сака нека прави...

    За облеката...па и тука на форумов една членка имаше ставено слика како била облечена на Велигден во црква - хеланки преку кои се се гледа, и кога и искоментирав, ме нападанаа дека не било тоа провокативно... Според мене, жена во црква оди во здолниште, широко, а не хеланки кои пукаат на неа и задолжителна танга. Се откажав од тоа јас да ги советувам за облеката, претпоставувам имаат мајки.

    Свештените лица особено сметам дека треба да ги советуваат, па дури и како што прават по манастирите, да им забранат да влезат додека не оглечат здолниште. Ама изгледа и они си рекле, нема оправање на младинава и толку е, бар нека влегуваат во црква, да знаат кај е.
     
    На Daydream и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    За седењето свети дедо владика Николај Охридски рекол: „подобро да се седи в црква и да се мисли на Бога, отколку да се стои и да се мисли на нозете“. Ама за седењето на владичанскиот престол слободно речи им. Освен ако нема свештеник во црквата.
     
    На tessie и Cka им се допаѓа ова.
  17. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Prasanjevo go postaviv i vo temata za patuvanja, no ne dobiv odgovor. Dali nekoj ima spieno vo konacite kaj Sv Joakim Osogovski? Ve molam pisete mi poraka, sakam da odam.

    P.S. Se izvinuvam za latinicata, tel ne mi poddrzuva kirilica.
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Потполно се согласувам со секој збор. Убаво ме разбрал брат Ортофил, дека само за едно нема да се согласам :D .
    Настрана смеа, да си кажам.

    Според моето скромно сфаќање за духовноста, тука припаѓа и надорешното. Кога некој запрашува зошто така се облекувам, им следува само еден одговор.
    Секое дрво и растение што прави?! Прво се облекува со зеленило, па следува цветот и на крај доаѓа плодот. Тоа во суштина и се случува со човекот кој сака во секој поглед да оди по Божјиот пат. Навистина постојат личности кои и тоа го праваат и со одредена доза на суета и гордост (еве сега јас вака и вака се облекувам и правам), но да бидеме реални тоа што има темел на гордост не опстојува, се руши. Искрено кажано и тој начин на живот е еден голем подвиг. Прво треба да ги скротиш своите желби за телесната убавина (од шминка, луксузна гардероба... ) што можам да кажам дека во почетокот е најтешко. Ти доаѓаат мисли дека другите ти се потсмеваат што те гледаат таков, па тука е и тензијата од родителите, блиските, па зошто така се носиш... Тука е и секој туѓ поглед што те мери од глава до пети, неговите мисли дека на ова жешко време се носи долга облека... Верувајте не е лесно.
    Слава на Бог, Бог ми дарува смирение и почнав да не им обрнувам внимание на никои во однос на тоа прашање. Со време сфатија дека не е минлива мојата одлука, туку засекогаш.

    Она што сакам да го кажам од се ова...
    Кога човек одлучува да го посвети својот живот на Бог, тој го променува целиот свој живот. Не само духовната преобразба и новата благодатна состојба на душата, тука е и надворешиот изглед.
    Не да ме сфатите дека „морално’’ е тоа и така треба секој да прави, сепак е тоа лична определба. И не само за жените, тука се вклучени и мажите. Замислете го мажот на кои осудувања ќе биде од околината кога ќе пушти брада. А тој само сака да биде скромен и во надворешноста.
    Да не ви прелетаат некои мисли низ глава дека ги осудувам другите кои не се како мене, далеку од тоа. Ќе ја кажам само онаа мисла на Св. Василиј која ме охрабри во таа борба, ама мене. Дека облеката е за телото, а кројот и моделот е за да се храни суетата и гордоста. Па кога потрезвено ќе размислите, тоа и така е. Облеката е за да сокриеме својата голотија, ама другото, материјалот и моделот се само да се истакнеме, односно до една мера да ја нахраниеме во себе суетата.
    Накратко...
    Според мене и облеката и тоа како влијае на духовноста . Зашто кога човек се одлучи на тој чекор, влегува во оган. Влегува во духовна борба со себе и околината. Но ако биде храбар и не се возгордее, сигурно еден ден ќе го обери својот духовен плод. :)
     
    На angelce1, stylishh и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Пишав и во темата за Сонови што е но не наидов на помош па се надевам дека можеби тука ке може некој од поупатените да ми каже збор -два. :)

     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Треба да одиш во црква и да запалиш свеќа, барем мене така ми кажале кога ќе сонував светци.Инаку, нека не ти е чудно, без разлика на тоа што си атеист, колку што мене ми е познато, слични работи им се случувале на луѓе, атеисти, но и не се плаши, не е тоа лошо, доколку повторно ја сонуваш.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.