Му се чудам на овие женскиве зошто плачат како магарици пред колење? Им раскинал дечкото, големо чудо. Ајде сега вените да си ги исечиме. А најсмешното е кога ќе видам 12-13 годишна кога плачи за истото. Де бре моме, допрва ќе ти доаѓат момчиња, небаре стара мома ќе останеш.. Воедно, тука сака да ја напоменам една поговорка која вели вака: -Ниту една личност на светот не ги заслужува твоите солзи, а онаа која можеби и би ги заслужила, никогаш нема да те расплака.
Сакам да кажам дека оваа Црвенкапа ме излуде. Де ме боли, де не ми се јади ми се гади од храна. И како ли јас сега да ја намалам болкатаааааааааааааааааа????? Добро Господе ти си машко, зошто ја измисли менструацијатаааа
МИ текна кога сестра ми се разболе многу лошо и татко ми ја однесе со автомобил до болница,бидејќи не биле слободни Брзата помош Згора на тоа,кога стигна,таа онесвестена веќе беше,а докториве ништо,ни носилка,татко ми мораше на раце да ја носи.Сите загрижени,наваму натаму трчкаме,не можеш асален доктор да најдеш,мислам дека татко ми ќе истепаше еден,доста не ни помага,па почна и да префрла како сме правеле гужва Не знам како им ги даваат тие дипломите,имаме ужасно некомпетентни луѓе во Здравство,а да не зборувам колку се арогантни и несовесни. А бре мислам дека ова само кај нас го има... Наместо да се бори докторот за нечиј живот,тој ти кажува -Ај,секако ќе умре за неколку дена,зошто да се мачиме да го лечиме За срамота...
Готово крај.Денес се спремаме и заминуваме.Заминуваме некаде каде никој нема да не види 5 дена.Фала богу,па ми се смачи од насекаде притисоци.Мислам дека јас не многу али моите дома заслужија еден асален одмор.
Кога секој ќе стане лекар, така се случува. Неможе бе секој да биде лекар. Треба да имаш некој осет, некое чувство да работиш со луѓе на кои им треба помош, луѓе на кои животот им виси на конец. За нашево Здравство сум едноставно без коментар. Таква е нашата чудесна Македонија.
СДК има се може се, нема се глуми се !!!!! Уште малку и одам на одмор.... па здравје од септември се враќаме на обврските. И СДК ме нервира кога некои луѓе се запнале против идењето на Цеца. Таа во Белград собра 200 000 зошто па и овде да нема народ. Јас нема да одам да ја слушам оти не сум по таа музика, ама ете немам ништо против тоа што ќе дојде во Охрид. Не значи дека ако одиш да ја слушаш Цеца ти фали нешто. :roll:
Гуштер-страв, паника, ужас, одвтарно суштество кое може кај сака да појде.......... Лелел луѓе, гуштер ми влезе дома. Сега кај да бегам, не можам да седам во иста просторија, при тоа да знам дека и такво суштество се крие некаде. Мораше, ли? Мораше, баш да дојде кај мене во соба, мораше? Прво, во соба кај мене. Откако убаво ме исплаши и ме натера да отворам и балконска соба и прозори и да прскам разно-разни спрејови колку само да го снема. Замислете во шкавчето за облека ми влезе, го видоввввввввввввввв. А, да не го видов дека влезе токму тамо. Ок, ај помина паниката од првото видување. Си заминав во кујна и си зборував со другарка ми на телефон и оп ете ти го Г-н ГУШТЕР на еден метар од мене. Јас пак занесена си разговарам со другарка ми, смирена плус. Ме гледа гуштерот и си седи на едно место и додека се освестив јас ехееее поминало може некое време. Кога убаво видов што е кога сум вриснала, ми се чудеа дома. Дури и телефонот го фрлив. Г-н ГУШТЕР си го истера ќефот и меракот и се скри повторно, а јас исплашена и во паника седам како глувче во стапица. Еден гуштер најде да ми го расипе денот и да ме исплаши. Дојде ред и еден гуштер да си игра со мене. Сега на мир не можам да седам и спијам, се додека не го видам убиен на лице место. Се ке мислам дека е во моја близина и си ужива во мекоста на мојата облекааааааааааааа. И, сега...????? Како да се спасам од гуштерот? Точно е гуштер, но јас имам страв од такви животни.
Го гледаш, те гледа и се гледате, очи во очи :geek: Ај гуштер, ама летечи бубачки, кога ќе се залетаат, чиниш накај тебе идат небаре те бркат...
А бе знаете дека е убаво кога нема струја? Синоќа немаше од 4 саат, па до 7. Ма да тоа веќе не е синоќа. Сестра ми пушти музика на радио, а јас - го искористив ова. Само што не се расипа фрижидерот, и наместо храна, си го земав целото пиво. Нема смисла да се стопли пивото, за греВота е. Навистина посебен е филингот кога ќе ти се потрефи песна на радио. Поготово со овој новиов закон, дека треба 30% да биде македонска музика на радијата. Као енЦиклопедија за песни сум била. Па и немам толку лош глас, што ме лажат сите? Љубоморни едни.
Ти да не си дечко ми? Истото се случи вечра. Ако ја исчешка после за возврат, го потврдувам прашањево и кога ќе те видам ќе ти мавнам бокс!
Алал да им е на Хрватите, удрил животно, ариведерчи, фино лепо нема опет одење во Хрватска.Вака треба и кај нас, немаме фоки, ама барем имаме што да заштитиме, само кај нас, за луѓе не се грижат, та за животни.Како може животно да му биде криво на човека, за неговите проблеми? Па да можеле животниве да зборуваат, којзнае што се не ќе кажеа.Арно викаше еден човек „ дали некој видел животно што пие, пуши цигари и сл., никој не видел, тоа само кај луѓето го има“ во право беше, да се малтретира животно онака, не знам што да кажам.
Горде и јас сега ќе искоментирав за тоа.Срамота е какви луѓе постојат и не сакам да колнам,ама рацете да му се исушат. Удирал фока,безобразник. После долго време седнав да слушам Вести и ништо убаво не кажаа.Комплетно сум разочарана.Не дека ме изненадува нешто,ама сепак...
сдк ...Го знаете тоа чувство кога заробени сте од огромна болка и не можете да ја споделите со никој ? Така се чувствувам јас сега,огромна болка чувам во себе и чекам веќе подолго време да помине,да помине оваа бура.Сепак се зачудив колку сум силна,не очекував дека вака ќе издржувам толку голема болка,очекував дека ќе ме скрши,а сепак сум мирна и покрај тоа што ме боли.Дали е надеж некаква? Се прашувам што е тоа што ме држи уште,сакам да помине се,да се вратат повторно среќните денови,да се врати искрената,вистинска насмевка на моето лице.Страв ми е да замислувам дека се ќе биде добро,затоа што ако добијам после некое време уште еден удар,незнам како ќе биде тогаш.Се молам,многу се молам секој ден да помине се,ќе чекам..
На отворено море, пуштив порака во шише. Со внимателно избрани зборови, читко напишани. Кој и кога ќе ги најде, веќе е игра на Универзумот
Тоа се чудам, па до толку ли е да се тепа животно, такво прекрасно суштество, па рака да крене на него, како се осмелил, не ми е јасно, па и да не сакал животни, што го малтретирал? Зарем треба сега ако на секој се нешто што не му се допаѓа, да малтретира се живо и диво, каде ќе стигне? Што доби тој со тоа, ништо, го протераа, не знам дали ќе сака повторно таму да оди човекот, ама и да сака, нема да може.Работава друг го боли, а него не, па да удри колку што му душа сака, а да беше тој во прашање, сигурно ќе гледаше да не настрада, ама според него, што е битно за друго суштество, дали ќе осеќа болка или не...
На вака очаен ден и нерви во вис, како бев затрчана да се дерам и истурам тука, ама се исплашив да ја начекам мајка му на лосут и се плашам сега да не не ми даде да гледам порничи по казна *смајлишосетресиодстрав* Ооооо, слези Семоќен Господе, собери си ја вересијава
Јас обично не се плашам од невремиња, дождови, грмотевици ама ова што го видов денес ме помести од умот. Целиот двор ми е уништен, скоро се е откорноато или искршено. Летаа столчиња, маси, огромниот чадор што е премногу прицврстен се искина и падна, летаа саксии, а кучето избезумено се скрило во куќичката. Додека одев да го земам за да го внесам дома ветерот ме одвраќаше назад и ми врнеше дирекно во лице, ако земев и чадор сигурно ќе одлетав со него. Се направив жива вода за 10 секунди. По улицава тече река, а наоколу разлетани алишта, патики, предмети од дворови, сликата е страшна. И сеа тоа за само едно кратко невреме, а што е со оние кои преживуваат страшни урагани, монсуни и останато Ајде веќе нека биде последно невреме годинава, може ли малку сонце и ненормално жешки температури да осетиме... Озбилно сакам да е толку топло што ќе неможам убаво воздух да земам, да пече сонцето и да се потиме ко луди, да нема ниедно облаче на небото!