1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се справам со се?

Дискусија во 'Брак' започната од Ena-mena, 23 мај 2013.

  1. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    абе тие се богати ние сме сиромашни,си имаат убава работа сите,кој во општина работи,кој директор на школо,кој полицаец,образовани луге се ,а толку ниско да размислуваат не ми се верува се уште,си имаат финансиии и од друга страна ,зафатени се имаат имање многу,демек требало пердиња да купуваат,немале прибор мислам на чинии не знам стварно многу ниско размислување не бива ние ке одеме да гледаме што имаат а што не, многу е лошо кога родителите ке се умешаат уште од почеток,абе брат ми ја моли да се видат и да прават муабет,она му вели да ја остави на мира 1 недела да не ја барал,мајка и и ја наполнила главата сигурно и затоа таа така вели сигурна сум 100%,а инаку овие 3 дена она нон стоп му пишува и го бара ,а во што е проблемот што не саака да излезе да се видат,сигурно дека мајка и не ја пушта
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    А зошто брат ти дозволува да се однесуваат сите кон него како со сила да ја мажи? Да се бори и таа разбирам, ама кога и таа се двоуми, не се спротиставува на нејзините, зошто тој напнува? Можеби и таа е исплашена од муабетите на нејзините дека ќе живее во сиромаштија, дека ќе нема многу од работите што ги има сега, дека можеби брат ти вистина не е прилика за неа. Ако е така, тогаш него му треба девојка/жена која ќе го сака таков каков што е, а зошто упорно се понижува не знам.
    За свадба треба сите заедно да се договорат, кога се може, колку се има, а не тој сам да прашува и да одредува датуми, можеби затоа лошо изреагирале нејзините. А можеби едноставно не го сакаат за зет.
    Како и да е, девојката не е мала, сама треба да одлучи што сака, а ако таа без причина и објаснување одбива да се видат и да разговараат, или не е вредна за него, или има причина што ти не ја знаеш.
     
    На Glasna и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    a.c.k.a. само едно ќе ти кажам од ова ништо не бидва за жал,ако имале толку пари кај му беше памеетот до сега да си ја средат куќата?и на крај краева и пердиња и сервис во еден ден се купва голема работа, таја мајкаму сега ако се меша цел живот ќе се меша,и се согласувам со девојката погоре ова испаѓа како братти со сила да сака да ја жени вака не одат работите...
     
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    ве разбирам и вас,но нели за тоа се врските ,за да видиме кој каков е и што е ,на неа ако и е сметало нешто кај него значи таа требала да каже,не сме толку сиромашни да трпиме за леб,но за разлика од нив сме сиромашни ,немаме + од каде пари месечно да ни упагаат а и сепак тие си имаат добра работа ,а и ако мислела дека брат ми со сила и за пари се жени со неа значи не требала да прифати ,а овие изговори ми се ногу ниски мене,дека немале пердиња ,чаршави чинии прибори,значи не треба со тоа да се вадат ,а инаку брат ми без неа немаше шанси да закаже свадба само општо прашал за термини кога има и кога ке отидат да си го одберат кој сакат заедно,таа не рекла ништо мајка и се умешалаведнаш ние немаме ова немаме она ,и му велала немој да мислиш ако се жените дека кај тебе ке живее :devil:,таа пред мајка и не треба да каже ништо,мајка и го има првиот збор секогаш и како ке каже мајка и таа ке се води по неа,дај боже да се смени али не верувам
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    тешко на таа ќерка со таква мајка!
     
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    ми треба совет...
    кога се забавуваме/омажив никогаш не помислив дека еден ден ќе се осеќам вака како што ми е и да барам совети,но убаво се рекло никогаш не вели никогаш...долга врска,тазе брак година и половина од кој оваа половина е пекол главно поради обострани недоразбирања,всушност вака,додека се забавуваме јас дипломирав,најдов прва работа,се осамостоив финансиски и се гордеев самата со себе,нормално,но он почна да се осеќа несигурен дека ете може да напредувам,запознавам нови луѓе,да посакам некој друг-машка љубомора,и откако се затвори фирмата извесно време бев без работа и не ми беше сеедно,он во соработка со неговите почна да ми наметнува мислење каде да работам и немав некоја убава понуда па прифатив во фирмата на нивен фамилијарен пријател,работа ко работа првиот месец тече мед и млеко но како изминуваше времето почнаа да се открива вистинскиот лик и намери на газдата преку нечовечно однесување кон мене да расчистува сметки со фамилијата на маж ми,на почеток не сфаќав што е раб.и вложував уште повеќе во раб.па газдата уште повеќе го нервираше тоа дека немаше трезвен изговор за отказ,на маж ми родителите неколку пати им кажав дека сакам да си заминам од таа фирма бидејќи не заслужувам таков однос,они се ме премислуваа и си трпев јас додека газдава си земаше слобода да си игра играчки со мене добри 3години и на крај пукна тиквата си поднесов отказ и си заминав,сепак ме навредува тоа што сопругот никогаш не ме подржи во моите планови до последно ме премислуваше да не заминувам,а добро знаеше низ што поминувам,дури здравјето ми се влоши од постојан стрес на работа и по ова мое животно искуство веќе немам доверба дека он би ми дал подршка или совет за нешто озбилно во животов како на пример работа,дури не ни разговараме на таа тема,но отогаш се случија многу непријатни нешта помеѓу нас и незнам како да се справам баш со ова се?дали премногу очекувам од сопругот што сакам да можам да разговарам за се што ме мачи и што очекувам да ми биде подршка во животот или треба да не го замарам со моите проблеми да му се умилкувам постојано да го служам и му потрчкувам за се бидејќи он е главата во фамилијата?јас мислам дека заслужувам цврст маж полн со разбирање за потребите на својата понежна половина а мајка му секое утро ми држи лекции дека неговиот живот е многу тежок и јас треба да му го олеснувам со тоа што ќе бидам совршена домаќинка.дали е фер жената да ги жртвува своите потреби и амбиции за да угоди на сопругот,дали тоа е врвното достугнување на жената да биде слуга на сопствениот сопруг и да ужива во тоа,што мислите?
     
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    зависи од кој агол сакаш Tи да бидеш :emo:
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    ^^
    Кои амбиции ги имаш ти што маж ти става препрека во нивната реализација? За првото работно место не ти рекол да откажеш туку фирмата се затворила. Ти нашол друго, можеби не идеално ама никој не ти брани да си бараш подобро, а додека не најдеш некогаш треба да се истрпат некои работи, возрасни луѓе сме, не може да напуштаме секогаш работа оти шефот е малку лев. Скоро сите се такви, се прилагодуваш, се бориш, веќе ако крајно не оди тогаш во ред. Сега кои се твоите амбиции? Не барај кривец ако сама не си способна да ги реализираш. Ќе ти брани да работиш работа што ти ја сакаш? Или малку потешко е да ја најдеш? Кога ќе ја најдеш и кога тој ќе ти рече -нема да одиш, ќе седиш дома и ќе ми служиш, тогаш дојди и жали се.
     
    На irena.1, WORRIED.BT, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет

    Имам татко кој е премногу чуден човек , најнегативните особини ги има.
    Од аспект гледано мајка-татко многу поблиска бев со него , ама од мали и јас и брат ми имаме всадено страшно поштовање спрема него. Многу беше се хармонично порано откако пред 11 години тетка ми , т.е неговата сестра не му зеде на заем голема сума на пари . Одеднаш тие се збогатија и ден денес не ни ги враќаат парите. татко ми не збореше со неа точно 9 години , ама од толкавата нервоза и стрес ги изгуби нервите. Мајка ми постојано ја малтретира психички , а кутрата само се жали се ја боли и премногу ми е страв да не закачи некоја болест , имаше цин 2 на матката. На моменти премногу ја сака , но за час е обратно. Жалам ,но ке кажам дека татко ми е психопат, според истражувањата сите симптоми асоцираат на тоа. Е сега откако се смири со сестра му и почна да работи кај нив во фирма цело време ја служи , и врши услуги за што и да и затреба , а маж и е газда и ужива во парите не и се замара воопшто. Имам тетка која ја сакам и ме чува ама што ке ми е сето тоа кога направи на индиректен начин татко ми да изгуби нерви и да не малтретира сите дома. Брат ми живее со баба ми и дедо ми во стан , си има своја соба а јас со моите. Секојдневно слушам караници дома и пцовки , дури и пред роднини кога ке дојдат на гости ја пцуе ја понижува. Истото и мене ама јас немам никаков авторитет тука , иако имам 20 години ме толерираат како дете. Трето лето како ни е со дечкото срам ми е да прашам да идам на одмор , толкав страв а и поштовање му имам не е можно . Сакаше да запишам стоматологија , запишав и средно по негова воља, добар смер , со тек на време го засакав. Ама луѓе се плашам да не ја изгубам мајка ми на толку рани години , подочњаците и се кафеави до колена , цело време е во солзи , само и вика.. Со сестра и која е во странство не прави муабет татко ми зашто не сакала брат ми да го запосли таму како демек да е шеф она па ке го запосли а градот им е многу мал башка нема работа.
    Многу пати сум пробала да му објаснам ама се завршувало со караници и пцовки , дури и кучка ме има наречено . Од тогаш се избегнувам за зборам со него . Иако сум женско со цело срце саакам мотор да имам , возам една кинеска веспа никаква , за кола не му ни спомнувам збеснува. Ако ви се верува кога и да му побарам нешто се ми вика дека сум незадоволна од животот и дека ке ми скрател се и факултетот нема да ми го плаќа , колку пати ми има речено омажи се да не те гледам , а на моменти е толку добар неможам да ви опишам... Незнаете како боли што гледам сите дека идат по луксузни одмори а јас дома седам и спремам испити. Повеќето од моите другарки работат негде во странство или пак немаат пари за одмор. Дечко ми ме моли со месеци да идеме на одмор ама како да објаснам ми викаат која девојка си ти да идеш со дечко ти на одмор. Мајка ми пак е многу приврзана со брат ми не дава лош збор да се каже за него , и плус дека не живее со нас и многу гледа да му угоди кога ке дојде , со мене е по на дистанца зашто не сум емотивна да покажувам многу повеќе сум како татко ми , многу се нервирам за генот што го имам ист со него : љубомора , инает ...
    Многу рано ги изгубив нервите карајќи се со него и убедувајќи ја да се смени мајка ми . Ама џабе , и со брат ми ја имаме убедувано ама тоа е. Брат ми е инаку со добра душа ама е многу тежок карактер , со него никад неможам да се отворам и да му кажам што ми лежи на срце , и онака е постојано со женска му и не ми се замара многу . Татко ми е најголема љубомора што постои на сите им завидува , сите ги мрази , и со многу луѓе не збори . А за тоа колку е скржав нема збор. Колку пати му имам кажано да купиме стан со парите што ја продадовме старата куќа и ми вели дека тетка ми кога ке ни доплати тоа што ни е должна ке му купи стан на брат ми а јас ништо нема да видам . Зошто толку иронија?
    Преска седна со мене и со најдобра намера му кажав дека до сега што и да посакал сме го слушале и јас и брат ми , којшто е постар , и упорно се фаќа за братучедите што се скоро на исто ниво со нас , како ги почитувале родителите. А како родителите со нив се понашаат не се прашува, мислам дека на ниедна од вас татко и нема речено " ке скиташ по улици како кучка , омажи се , иди си од оваа куќа"
    после тоа води инает и не ми зборува како јас да сум крива , а мајка ми од страв го брани за да не ја срамни со земја и неа и мене ме напаѓа. Да не е дечко ми јас ке полудам... Што да правам што?
    Утре ке идам кај баба ми и дедо ми да седам , со ист кревет ке спијам со баба ми ама тука не седам , барем неколку дена , неможам да трпам секој 5-ти ден да не ми зборува и да ме поминува низ куќа како да сум туѓинец а истовремено зборувајќи на сите каква сум дрска и безобразна , и како премногу посакувам а другите се помалку имале..Многу сум млада за толку рано да ги изгубам нервите се ме чека потешко во животот ама што да правам кажете? Да не ми зависат парите за факултет од него никад не би го погледнала. Најмногу ја жалам мајка ми , која и покрај се го цени најмногу на свет , се на свет и се татко ми и брат ми...Понекогаш сакам да не постојам да ме нема , да се спасат сите од мене...ке излудам...никој не се осеќа толку осамено како мене , едвај чекам да си дојде од одмор дечко ми барем нешто убаво да гледам пред очите..
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ^Како прво треба да сватиш дека не само во твоето семејство туку во секое семејство има проблеми, како второ,луѓето се менуват исто така тоа е случај и кај таткоти и не само тој секој човек се менува со текот на годините, секој случките во животот ги поднесува различно некој се постабилни психички и подобро се справуват со проблемите некој не и тоа е факт, семејство обврски,случки ,проблеми све се случва во животот не ги гледај површно толку работите таткоми таткоми таткоми,све доживуваш како несреќа во твоето семејство,тоа што му се случило на таткоти некој да му земи голема сума на пари и да не му ја враќа не е лесно па уште личноста и сестра да ти е и со неа да немаш никаков контакт ни однос толку години,тоа сигурно мн неубо влијаело на таткоти и самата кажуваш дека пред тоа бил супер човек...
    Брат ти си ги собрал парталчињата и си заминал да живеј кај бабати,за мене тоа не е решение туку само бегање од проблемите кај и да одиш еден ден дома ќе се вратиш,не го бранам таткоти но вие како семејство требало да се здружите со мајкати и брат ти и да пробате да побарате помош за него или преку разговори да го убедите да побара помош очигледно психички е нестабилен човекот покрај толку години проблеми и нервози можи ни самиот несака така да прави и да се понаша но се случува нешто во неговата глава,ако е потребно разговарајте со тетка ти ете сега ако се во добри односи нека разговара и таја со него за неговото понашање и со вас за тоа што можи да се направи и да му се помогни на човекот...
    А твоите банални работи од типот другарките мои одат на луксузни одмори,сакам мотор возам веспа кинеска незнам што незнам како,се повеќе и од смешни некој нема ни за автобус а не за веспа некој нема ни леб да јади а не за одмор,секој млад човек сака да оди на одмор до негде те сваќам како ти е но кога таква ти е ситуацијата дома и таткоти не те пушта незнам во врска со тоа што совет да ти дадам освен да поразговараш со него кога е расположен и да му речиш дека одиш со другарки на одмор, доколку прај проблеми подобро повеќе не го спомнувај тоа и разговарај со брат ти мајкати, и твоите најблиски за да го решите проблемот со таткоти а себичноста на братти е доволно голема што заминал кај бабати да живеј и ве оставил сами,наместо да покажи заби дома да ве заштити вас и да проба проблемот да го реши,со бегање ништо нема да постигните напротив цел товар само му го оставате на мајкати...
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Haritiela. Во твојот пост рече
    и мене ми рекол мојот татко вака и слично, и убиј се, земи ортома обеси се, и ред други гадотии рекол кога беснеел, се заканувал со секира, а сум била тукушто полнолетна. Сепак, да не зборувам за него, или за мене, сакам да ти кажам дека потполно и целосно те разбирам.

    Овоа време ќе помине, ќе издржиш, ќе застанеш на своја нога, и ќе решиш каква врска и контакт сакаш да одржуваш со овој човек. Нема да ти попувам со работи како некој нема леб да јаде. Фрустрирана си зошто твоите очекувања не се подмирени. Гледаш како други живеат, како се третирани од своите татковци и ти е криво, те боли, тогаш регресија те става ментално во многу помлада верзија од тебе и паднеш во сожалување и беспомошност. Е, кога се познаеш дека си станала во главата 12/13/14/15 годишна, и те обземаат овие чувства, ќе пробаш да се смириш самата (пробај длабоко дишење, вдишувај низ нос 5-6 секунди, држи 5-6 секунди и издиши полееека колку долго можеш) да се извадиш од тој стејт оф мајнд, да се вратиш во нормала и да мислиш со чиста глава.
    Нормалата е, ти си 20 годишна девојка. Со свој памет. Никој не може да те смени тебе без разлика колку те контролира, манипулира или неубаво третира, доколку си останеш на својот памет. И татко ти е возрасен човек со свој памет. И мајка ти е возрасен човек со свој памет. Брат ти исто. Како што нема магично нешто за татко ти да те смени тебе за да се однесуваш по неговите очекувања кои не се подмирени, еве те споредува со „мирните„ братучеди, сака да не сакаш на одмор со дечкото, да не сакаш повеќе слобода, да не сакаш било што, ама така нема магично нешто со што ќе го промениш него од утре да не е ваков.

    Најважното нешто во животот за што треба да засукаш ракави, за што треба да работиш и најдоброто што можеш да го постигнеш за самата себе е - кога ќе си сама да не се чувствуваш осамено(и за сите момички важи овоа, поголем факултет од овој нема да изучите). И не е бегање од проблеми да оставиш туѓите проблеми туѓиот да ги решава оти некои проблеми друг не може да му ги реши на никој, па не знам колку и да сака, колку и да се труди.
     
    На Dentina, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    И јас би постапила како брат ти. И тоа воопшто не е себичност. Кај мене не дај Боже да им бидне нешто, да споулават на стари години и да почнат секој ден да се караат мислиш би ги трпела? Си собирам куферчето и кај баба ми. И јас им го имам тоа кажано. Ако тие мислат дека проживеале доволно во животот и ако мислат од сега натака само да се караат што па јас лично сум должна да го трпам тоа? Да губам нерви кои тек ќе ми требаат. Па јас тек треба да се замарам со работа, маж, деца... Си собирам парталите и ако сакаат секој ден нека се караат. Нит се мешам, нит ме интересира. Зашто реално тоа не се мои проблеми и не сакам да се мешам. Да, би пробала некое кратко време да видам да ја средам работата, да смирам страсти ама штом гледам дека не бива, чао, пријатно. Јас не сум дете па да морам да бидам до нив цело време. Возрасна сум, полнолетна, со сериозна врска и со свои проблеми. Утре ќе се омажам и тогаш ли ќе трчам да ги смирувам, не ми паѓа на памет.

    Haritiela ти имаш 20 години. Полнолетна си. Возрасна си. Никој нема право да ти забранува нешто, никој нема право да ти корне нерви, никој нема право да ти крати слобода. Велиш татко ти ти плаќа факултет, не ти плаќа само татко ти, тие пари се и на мајка ти. Не знам дали можеш и ти да одиш кај баба ти, ако можеш јас би те советувала прво да седнеш, да разговараш со мајка ти, дали може да ти даваат пари за факултет, и како можете да го изведете сето тоа. Сигурно ќе се најде некое решение. Не знам колку, како имате финансии, ако имате доволно тогаш немаш проблем. Крај, краева можеш и работа да си најдеш, колку - толку, ќе си имаш за тебе и за факултет ама главата ќе ти биде мирна. Или пак не мора ти веднаш да пресечеш и да се отселиш од дома. Оди почесто кај баба ти, поседувај таму. Тргај се настрана малку, по малку. Неколку дена таму, неколку дена дома. Колку да разбистриш глава. Ти не се карај со него, зашто може да се заинати. Смирено и тактички изведето го тоа. Биди добра со него, не се карај, може па и ќе се подобрат работите.

    Не знам, твојава ситуација не е лесна, ама не можеш да седиш и да трпиш. Грабај ги можностите што ти се пружаат. Ако кај баба ти има место за брат ти, тогаш ќе има и за тебе. А со татко ти штом нема разбирање, тогаш одбегнувај да навлегуваш во некои разговори кои знаеш дека ќе го изнервираат.
     
    На Waka-waka, imelda и tessie им се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ^како не е себично да се напушти домот да се остават сестрата и мајката да се справуват со сите пролеми?како можиш да објасниш?.
    И јас сум имала проблеми со таткоми и на сите дома живците ни ги кинеше но никој не замина од дома сами со братми 2та се боревме SEKOGAS SEKOGAS и све поднесвавме сами да заминевме и ние кај бабами и да ја остаевме мајками сама да пати така?ако ова не е себичност незнам што е,од една страна го куди таткому а од друга страна кажува дека човекот чува пари за стан му плаќа факултет,па се жали и дека возела кинеска веспа незнам што незнам како,тоа за мене се чисти глупости да имаш проблем дома ако сте семејство ќе дадеш све од себе да го решиш а не ајде парталите и бегаме,знам дека е тешко и мене ми било ама да ги остајш другите да страдат само за тебе да ти е добро тоа за мене е кукавички и себично...Со таткоми сум ги имала ајлошите и најубавите моменти во мојот живот и тој не бил цвеќе за мирисање и колку и да не авредуваше ние никогаш не се откажавме од него и секогаш баравме нечин да му помогниме и да бидиме покрај него бидејќи покрај све таткоми ми обезбедил многу работи во животот со братми школовање,пари,одмори све,многу пати сум рекла дека го мразам неможам да го поднесам и све но пак дома сум пак на иста маса седам со него пак заедно се смејме се шегуваме пак ќе се скараме пак финансиски ме подржва секогаш и многу пати сум горда дека со братми имаме издржано многу работи и дека успеавме и со мајками секако....
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ^
    Па нека е и себично де, етикетка од жените на чешма. Ќе земам мојата ќе си ја истетовирам на рамо |(
     
    На Glasna, Waka-waka, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    И јас имав многу строг татко. Кога влеговме во тинејџерски години, јас и сестра ми воопшто не ни разговаравме со него. Единствен муабет меѓу нас беше: Каде е мама? Не ни дозволуваше да излегуваме, да седиме до доцна кај другарки а па одмор со дечко - откако се омажив :D Се сеќавам сестра ми и јас сакавме да излеземе во дискотека. Јас 15 а сестра ми 17. И сега му пристапуваме демек сите другарки одат, само ние не излегуваме најнормално, се ни е забрането... А тој ни рече: ЕЕЕЕЕ некој и на Месечината се качува ама вие НЕ. Посебно ова малечково, никако. И ние ќе бегавме, па вени ќе сечевме, па мислевме дека и мајка ми се мачи... Сега како ми се приближуваат 30тите, не можам да живеам без да се слушнам со него. Мајка ми и тој имале совршен брак, а тој бил совршен татко ама тинејџерските години не се баш добри за проценување, а уште помалку за донесување сериозни одлуки, како бегање од дома. Се што свети не е злато.
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Што да правам јас сум таква себична, злобна, лоша, само за свој интерес си гледам. Не ме интересира никој друг.

    Пред се' да кажам дека дома никогаш не сум имала проблеми. Моите родители се луѓе на место кои никогаш не ме посрамотиле и се луѓе кои се почитувани од сите што ги познаваат и се луѓе за пример.

    Мојот пост беше "доколку, не дај Боже некогаш, нешто се случи."

    Моето размислување е такво какво што е и тоа сум го научила токму од тие двајца што погоре кажав дека се луѓе за пример.

    Малите деца се приморани да ги трпат проблемите во едно дисфункционално семејство (за жал), а возрасните не и секогаш имаат избор. Јас не реков дека одма би си заминала. Ама доколку гледам дека проблемите немаат крај, тогаш седнувам, им ја објаснувам ситуацијата и мирно си одам. Јас сум веќе возрасна личност, можам и своја фамилија да создадам и без проблеми да одржувам и цела куќа што се вика, така што сметам дека не е моја работа да се мешам во туѓи проблеми.

    Јас разбирам како се некои луѓе воспитувани, затоа и често ни се случува да видиме мешање во приватни проблеми само зашто некој на некого е родител, сестра, брат итн иако истиве се над 35 години (пример) и со свои семејства. Ама како сестрата да не се умеша кога гледа дека снаата ги "малтретира" сите по дома? Ова сум го видела најмалку 10 пати. Ако денеска јас изигравам мировни сили кај моите, утре ќе изигравам во врската на сестра ми, задутре моите ќе изиграваат во мојата врска, а сето тоа си продолжува и во брак. Па ќе доаѓа сестра ми да ме смирува со маж ми (видено 15 пати), па моите ќе ми се мешаат во бракот и се нешто ќе им смета. Е така идат тие работи. И од тука потекнува се'. Мешање и пикање на носот каде што не му е местото. Роднинската врска и крвната поврзаност сметам дека воопшто не ни дава за право секогаш да сме инволвирани во животот на најблиските, а најмалку па да се мешаме во проблемите.

    Јас сум кажала многу пати дека моите воопшто не се замешале во мојата врска, никогаш, зашто сметаат дека секоја возрасна личност си има приватност и за нив е строго забрането мешање во една таква врска, од каде па правото јас да се мешам меѓу моите и нивниот брак? Да, ќе седнам еднаш, ќе разговарам со нив, бива - не бива? Гледам дека продолжуваат, зошто па јас да трпам нечии нервозни испади? Ќе ми ги вратат ли мене они живците кога ќе треба да чувам и воспитувам деца? Кога ќе ми надојдат еден куп проблеми? Тогаш кој мене ќе ми помогне? Што ако од тие нервози јас си го пореметам цел организам, па утре од сите тие стресови не можам да имам потомство или пак не дај Боже стресот од младоста го истурам врз моите деца? Што правиме тогаш?

    Не, за никого не планирам да се уништам себеси. Нека е себично. За секој проблем има решение, а секојдневни караници е само измачување за сите и ништо друго. Без размислување би си отишла. Без да се карам. Моите многу добро ме знаат и самите го одобруваат ова.

    Иако, познавајќи ги моите нема никогаш да дозволат такво нешто. Двајцата се многу разумни личности и што и да биде би седнале да разговараат па ако дојде до крајна ситуација, нормално, пријателски, како две возрасни личности би се разишле.

    Anina, овде не се работи за 15 годишни деца и не збориме за проблеми од типот "не ме пуштија во дискотека, па затоа сакам да бегам од дома." Збориме за реални, вистински, големи проблеми и како би изреагирала една нормална, зрела, возрасна личност. Споредбава ти нема врска. Јас одамна ги надминав тинејџерките години и не зборам за бегање од дома. Туку за отселување. Што е нормално веќе над 18 години, независно од причината.

    Само ме интересира. Вие што велите дека не треба да се оди од дома. Што правиме доколку еве утре после X години кога вие ќе бидете со свое семејство, свои проблеми, маж, деца, куќа, работа итн. вашите почнат да се караат секој ден дома, се малтретираат меѓусебно, психички се истоштуваат итн? Ќе трчате да ги смирувате? Ќе приберете некој од нив дома кај вас? Секој ден ќе одите да ги проверувате?
     
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам, сум направила некоја збрка. Бог знае што сум прочитала. Боже мили, ова досега не ми се десило. Девојчето има мака а јас читам едно-пишувам друго. Извинете уште еднаш
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.820
    Не е себично да си отиде ни таа ни брат и, оти мајка и ке трпи. Мајка и свесно го одбрала тој маж, со тој карактер, со тие ставови. Возрасна е и ако и се трпи, што има децата да и страдаат со неа? Ако си го сака, нека седи со него, нека ја малтретира. Братот паметно постапил, си отишол. Феминкава исто така, треба да си отиде. Да не и ствара психички или физички трауми кои цел живот ке ја мачат, едноставно, нека се потруди да најде работа, нека живее со баба и и нека ги убеди нејзините да и плаќаат за факултет. Себично е ако мајка и не ја поддржи да си отиде. Нормално, ако има каде.
    Јас не би трпела психичко насилство.
    А за тоа, сакам ваков наков телефон, па препичавања, не ми се коментира.
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па не можам да го замислам татко ми да ја малтретира мајка ми .. Ама ете шта би било кад би било. Прво не би се мешала во брачни проблеми ако е некое недоразбирање. Ама доколку ја малтретира мајка ми , дефинитивно без трошка размислување би ја прибрала кај мене.
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ^Боже господе како некој пијавици се нафрливте на моето мислење :fubar: :fubar:
    Како прво таја не ма напишано дека физички ги малтретирал тој никаде,како второ убаво си кажа чупето дека таткому не бил таков порано и дека бил душа од човек читајте убаво,се сменил откако му ги зеле парите,значи вашите глупи мислење од типот MAJKAMU SI GO ODBRALA NEKA SI GO TRPI OTPOVEKE SE VO SEKOJA SMISLA NA ZBOROT,сигурно мајкаму кога си го одбрала и створила фамилија со него не бил човекот таков и чупето кажа,како трето нормално дека човекот ќе се поремети бре алооооо кога некој му борчи огромна сума на пари посебно сестраму кога фамилијарните односи се нарушени,што требало да прави да пеј низ куќа и да игра оро?кога му зеле све целата сигурност што си ја имал за семејството?.
    Се случило све што се случило сега навидум се стредиле работите,но све уназад години што го мачело очигледно човекот психички се уништил,јас никаде не прочитав како фамилија да седнале да разговарале со него сите или да покушат човекот да го однесат негде или да му помогнат,братму си заминал од дома ДА и што?ги остај мајкаму и сестраму да кинат живци наместо да застани пред таткому и да крени глас,ете и таја нека си замини ајде ок нека ја остават мајкаму и цел гнев нека го истура врз неа, сигурна сум дека седејќи кај бабаму проблемите ќе се решат да.Никој не го оправдува неговото понашање но пред да се напушти домот што според мене е крајна станица треба да се даде све од себе за да се реши проблемот сите заедно како семејство
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.