Сега сфатив дека она што видов денеска им е полошо на оние што доживуваат страшно урагани, торнада и монсуни. И јас со цел памет го оставив лаптопот на тараса. Додека отидов да го земам мислам како грмеше мене дим да ме њама.Толку сум се исплашила што почнав да плачам. Паѓаше град од сите работи се фатив за колата на татко ми. Плачев и за неа, а многу ја сакам колата. Ми падна мака. Трчав по сите работи да соберам, се сакав во тој момент, сите работи ми прелетаа низ глава. Се што ми беше драго на срце, на сите помислив. Си реков готово е се. Ќе ни падне зградава. Одеднадеш се стиши. Излегов на тараса и што да видам. Од едната страна улици поплавени. Комшијата има вода до колена, од друга страна се борат со водата во подрумите, и ние имаме. Од предната страна се е уништено. Паднати дрвја, вода, поплави. Страшно. И се стиши, ајде да излеземе со татко ми до Тинекс. Ние сме најпогодени. Кај Шампионче луѓе како торнадо да поминало. Големи дрва искорнати од корен, летале кровови, камења по улиците,дупки...ваков ужас немам видено за мои години никогаш, а башка во јули. За момент се осетив како да сме во Америка, а не во Скопје, Македонија. Гледав со подзината уста. Се споија небото и земјата. Ужас невиден е.
Со бубачките ке се справиш некако, но гуштерот работа ми отвори. Моравме секое ќоше да го прегледаме. Генералка, непланирана
Каков муабет си направивте малтене за мечки и волци се работи. Толкава драматургија за една мала бубачка и јадно малецко гуштерче. Понекогаш се срамам што су женско кога ќе слушнам дека возрасни жени врескаат од јадни мали безопасни суштества. Еден ден ќе почнете да врескате и од сопствената сенка. Замислете се во улога на мајки, вие врескате качени на стол а вашето дете од годинка се справува со страшниот гуштер од 5cm или страшна бибачка од 0,5cm
Небаре ти немаш страв, ама ајде. Замисли го стравот, да почувствуваш дека за влакно ќе умреш, па ќе речеш улога на мајка, не е ништо, само не можеш да го замислиш.
Осамена срна Ти, као немаш страв од ништо Мораш да сфатиш дека секој од нешто стравува или појасно има страв. Било да е мушичка ситна, глувче, змија, крокодил, мајмун итн. Затоа, немој да споредуваш мајчинство со ваква работа. Мислам дека нема никаква смисла. Дали сме драматизирале како што ти милуваш да кажеш или не, тоа си е наше. Плус, поентата на пишаното и не си ја сфатила како што треба. Така да, кулирај и не се нервирај... Ако си безстрашна и храбра, дојди глушецот да ми го уапсиш. Дојди, кафе честам за успешна работа.
Зошто баш кога мислев дека веќе немам чувства кон тебе,ти се појави пред мене,како разбуден буф во темнината и го натера срцево мое да лупа како улаво? Срам да ти е. Срам да му е.
Коефициентот на интелигенција слободно може да се одреди по тоа која, какви обувки за носење бира на (не)времево. Еве одма знам колку памет носи секоја. Вирови на сите страни, "реки" по улици течат, вода до колена, врне - истура, дува, право невреме, а гледам девојки низ град со римјанки. Цела нога отворена. Што убаво така да ти се накиснат нозете од сета гнасна вода низ скопскиве улици која претежно претекува од канализациите. Убавини.
На крајот уствари, се` се своди на две опции : Either you give up, or you move on. Толку е едноставно.
Купуваш чоколадо од 200гр со цели лешници и грозје ,го ставаш на безбедно место во шкаф 1-2 дена и чекаш погоден момент кога ќе си сам дома за да не дадеш на никој сам да си го лапнеш и кога конечно доживуваш такво нешто го отвараш и гледаш некои ситни инсекти и по некое црвче се преселиле во лешниците и се чудам како кога не беше ни отворено а толку го чував. На крај земав ги отстранив загрозените лешници,само неколку беа и го пробав малце,ама не е тоа тоа ,и останатото им го дадов на моите,е така ми треба кога сум себична
е СДК бе сакам,те сеа да се искачам на врвот на најблискава планина. Па да си се извикам колко шо глас ме држи, дали ќе ми олесни ? И не ми се јасни кога ќе кажат "не грижи се , тркало е, ќе се заврти и за тебе , ќе биде подобро". Абе моево "тркало" изгледа превртувааа . Не дека не го "подмачкувам" , верувајте, се трудам, ама има нешто што не штима ... И до кога вака? Згрбавев носејќи толкав товар , аман !
Кога човек не познава доволно добро некој, карактерно, а после се „изненадува“ од наглата промена кај другиот, не значи дека се сменил, арно ама изгледа е полесно да се спознава некого од типот рекла - кажала или од околу, а не директно, во тој случај веројатно е дека станува збор за некаков страв или евентуално не постоење на храброст.Полошо е за самиот човек кога се одлучува на тој начин, бидејки дозволил да го излажат, што не е исклучок, ама кој да мисли и после проблеми, нормално.Како велат „ секој си наоѓа соодветно, на својот карактер“.
...боли,проклето боли кога морам секој ден да те гледам со други девојки. Ме нервира дури и тоа што им ставаш лајкови на други девојки. Ама тебе не ти е гајле..а и зошто би ти било. Очите ми се полнат со солзи секогаш штом те видам,зошто знам ти никогаш повеќе нема да бидеш мој,а можеби никогаш и не беше. Само да кажам дека постот нема врска со мене...онака ми дојде да напишам.