1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе реагирате ако не ја прифаќаат вашата врска?

Дискусија во 'Врски' започната од girl8, 28 февруари 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Прво да кажам дека важам за голем реалист, со некоја дозичка на песимизам (но, и оправдано заради околностите и збиднувањата во мојот живот).
    Инаку, не мислам дека некогаш ќе се доведам во ситуација моите да не ја прифаќаат мојата врска бидејќи сметам дека нема причина за тоа. Никогаш не би одбрала лош партнер за на долга стаза.
    Па и ,,сочните'' детали секогаш настојувам да ги премолчам и чувам за себе без оглед со кого сум.
    Неколкупати така се испеков, па како резултат на тоа од некои алапачи до мене стасаа тие рекла-казала муабети кои тогаш кога бев помлада многу ме повредуваа бидејќи не беа вистина.
    Али отрпнав и си ја научив лекцијата. :)

    Конкретно што се однесува до моите родители, исто така им премолчувам одредени ствари. Тоа не е од причина што водам инат со нив, туку сметам дека се додека е врската здрава, се темели на доверба и притоа не создава главоболки нема причина да се зборува за тоа.
    А и по природа сум човек што не споделува премногу интимни тајни, особено не од оваа природа.
    Имам 2-4 другарки со кои одвреме навреме ја потчепнуваме таа тема ама сепак секогаш и од моја и од нивна страна разговорите биле дискретни без претерано навлегување (освен на заебанција).
    Така да, се додека се чувствувам сигурно, добро, заштитено и убаво нема зошто да дозволам некој да ми го квари мислењето и да ми уфрла безпотребни сомнежи.
    Освен ако не се оправдани, но во тој случај мислам дека и сама би ги забележала пошто важам за мошне претпазлива особа со ледено срце и топол ум. :)
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Еве ја во Љубовни проблеми и совети, само не знам каков совет бара.
    IvanovskaM напиша:
    Fallen.Angel напиша:
    Јас имам дечко поголем од мене 7 години. супер ни е..немојте одма да мислите оти ми е проблем. не е. не бара ништо од мене и знам дека ќе ме чека и ме сака. но моите не ми дозволуваат да бидам со него поради неговите години. како да им објаснам ? што да правам?

    Не знам само како твоите не го пријавиле одма за педофилија!!!

    Pedofilija> ? se slusas li sho zboruvash be? :o
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Не реагитам игнорирам све и свашта и самата знам кај ми се кочниците и сум реална до каде можи да оди работата,ако човек сака да направи нешто ќе напрај џабе се сите забрани...
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    ^Очигледно не бара совет, бара подршка зошто свесна е дека врската на девојче кое само што завршило основно со 22 годишен тип не е во ред. Џабе цел форум што ја убедува во спротивното, она ќе си тера по свое зошто (цитирам) не мора да раскинува за глупости :|
     
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Fallen.Angel Срцка исти години сме! Сеа на овие години 15-16 си мислиме дека сме многу возрасни и живееме во тој наш замислен свет што коа ќе сме 18 ќе се смееме како неарни коа ќе се потсетиме што сме правиле на овие години. Ова и ми налинува на педофилија! 22 годишен сака само забава. Никогаш нема да имаат машките нешто сериозно на тие малди и луди години! После 2-3 години тој ќе сака да оформи фамилија, ќе сака жена, деца, а што ќе си ти за 2-3 години? Младо јагненце што енос почнало да си го живее животчето! Тој оддамна го видел сонцето, и оддамна ги има поминато нашите 15-16 луди години и знае како размислуваме. Мислеш оди со тебе ради љубов или па нејќе никоја што е 18+ да го погледне или толку лесно да му даде ;) Размисли малце, и погледни ја вашата врска од на родителите страната и другите како гледаат на оваа врска! Само после кога ќе те повреди да не ни кукаш како бил кретен, идиот, и сл.! Дека моја другарка си фати така дечко и мн “срцкаст“ беше ама после 6 месеци ја закопа жива у земја од некој глупости што ја натерал да ги направи! Сеа нејќе од дома да искочи иако пола година мина од тоа! Затоа пази се!!!
    Ова беше мое мислење, али сепак ќе сум среќна за вас ако е обратно од ова што го мислеме ние! :)
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не се замарај повеќе со неа таа е најпаметна.

     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Во темата разлика во години ти пишав многу убаво што мислам за овие работи и конкретно за твојата врска. Далерон е мајка на 14 годишно девојче слободно прашај ја како ќе реагира ако нејзината ќерка фати дечко од 22 години. И може и ќе сфатиш дека твоите родители не се единствени кои не те подржуваат и дека грешиш. А ти не раскинувај сега за глупости но по 2/3 години ќе си ја удираш главата од ѕид за ова сега што го правиш. Немора по 2/3 години почекај само некој месец и ќе го запознаеш човекот со кој си во врска и неговото вистинско лице. Сега не ама натаму ќе сфатиш што ти пишувам. А ти не бараш совет туку подршка ама овде не очекувај подршка оти овде нема да најдеш таква будала која ќе ти рече дека те подржува. Може да те подржи некое дете како тебе од 15 години на кое му вријат хормоните и мисли дека се што лета се се јаде.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Ах бе жени и девојки, зошто се замарате со некој кој очигледно само си тепа време и си бара тема на муабет.
    Оф леле тој на 22 год таа 15 и ке ја чекал таа факултет да заврши. Аха да. Оставете ја, вие се потрудивте, таа неслуша. Ке слушне еден ден како зурли и тапани чукаат за некоја друга. Па ке си го побара мислењава тогаш.
     
    На eloves и Daleron им се допаѓа ова.
  9. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.073
    Девојки имам пишувано и претходно по форумов,додуша за тоа и се зачленив,мојата врска
    еве веке како година и пол сум во врска и моите дома неможат да се помират во фактот дека нивната 20 годишна ќерка е во врска.проблемот е во тоа што дечко ми е нецели 6 години постар од мене ама верувајте ми дека се немаме скарано за ништо освен за нив.Минатото лето не попуштав никако,јадев и ќотек на 19 години ама издржав.Додека бев на факултет беше се ок,се доаѓав дома за викенд,се гледав и со него и со нив,за сите имав време и секогаш е така.Мајка ми ми велеше-учи,положи си ги испитите,татко ти нема што да каже тогаш за дечко ти,ама не,станува се полошо и полошо.Еве сега сум на семестрален распуст.Излезам преку ден на кафе на еден час и се вратам и цел ден сум дома,навечер излезам пак на 1-2 часа и пак сум дома,што треба работам,се слушам што ќе кажат и пак јас сум лошата,а брат ми е добар :@
    синока требаше да излегувам,ми вели,само пробај да излезеш па ке јадеш ќотек,па кај се наоѓа жити се,20 год. сум,ми забранува да излегувам,во нивно време само 2 пати се излегувало во неделата,сум била женско,а брат ми е помал 3 год. ама тој е машко :@ ,па и на 20 години ќе ме тепа
    што да правам,ве молам :@ :@ :@
    падната сум психички 200%,и дечко ми толерира ама некогаш ниту тој неможе да разбере што се случува кај мене дома :@ :@ :@
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да ги разберам. Ти си веќе возрасна личност, зошто се однесуваат така тие си знаат.
    Разликата со дечкото е нормална на твојата возраст.
    Ние сите ќе напишеме, разговарај со нив, ама не знам колку ќе успееш да влијаеш.
    Навистина не знам каков совет да ти дадам. Тие или се навистина такви какви што ги опишуваш, или имаат причина за таквото однесување.
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека само годините се пречка? Да не има нешто што тие знаат а ти незнаеш? Ама не верувам, да имало би ти кажале. Незнам и јас како да те посоветувам. На 20 години е срамота да те тепаат а и животно не се тепа не пак човек. Би ти рекла да си заминеш кај дечко ти ама сеуште си на нивен грб што се вика сигурно тие ти го плаќаат факлутетот. Единствено зборувај со дечко ти некое време да не се гледате или гледајте се преку ден кога тие не се дома, не навечер. Во тешка ситуација си јас на твое место незнам како би постапила. Ниту си да молчиш, ниту да се буниш. Ако им пречи тоа што се гледаш со него нека мислат сега за сега дека веќе не се гледате и толку.
     
  12. WildNightGirl

    WildNightGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Мајка ми беше против врскава ама она чудо колку многу. Де куќни пријатели, та утре ќе се скарате сите години у вода ќе пропаднат, та пријателство ќе растуриме..ДЕ МОРИ ЖЕНО, и да дојде до тоа, ќе ставиме крај на мирен начин нема што да ве вмешуваме вас, возрасни луѓе сме, нема да се караме ко тинејџерчињава кој на кого лајк на фејзбуков ставил или кој кого погледнал.
    Покасно виде колку се сакаме и прифати, а и да не ја беше одобрила врскава, немаше гајле да имам, а ко ќе дојдеше време бегалка ќе и ојдев, од ИНАЕТ! *и љубов секако :rofl:
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Леле зборов бегалка :D :D :D Бегалка е да не те видат и да испариш кај него, ама ти фино лепо парталите и им кажуваш јас отидов кај љубави, а вие ако сте за честитање утре кај нас. :D :D :D :D Остави си правам филмови.
     
  14. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Лелел загреотка :x :worried:
     
  15. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Јака ти душа бре девојче... Јас до сега ќе пријавев семејно насилство! :@ Па нормален ли е тој бе? :@
    Види, не си мала. Знам дека му го имаш „стравот“, што се вели, ама не е тој се и сја за ти да се тресеш пред него. Знам дека уште си на нивни терет, ама и ти имаш душа бре! И што има врска дека си женско?? Си имаш дечко, не се ку*ваш по цел град! Собери сила, спротивстави се, скарај се ако треба. Па и него не му се живее без ќерка ваљда.. Што и да биде тука е дечко ти, ќе ти помогне. Пробај, направи си план. Па и тој е гревота... 20 години имаш а не може да те види повеќе од 1 час дневно. Направи муабет со него ако веќе ја знае ситуацијата, испланирајте нешто и почни да дејствуваш. Колку подолго чекаш, толку полошо ќе ти биде дома. Колку повеќе ќутиш, толку повеќе татко ти зема сила. И да не си дозволила НИ СЛУЧАЈНО уште еднаш да крене рака на тебе... Возрасна си, и како така ќе се одбраниш.
    Ти треба поддршка и план.. Со ќутење ништо не правиш.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LittleGirl23

    LittleGirl23 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    14
    Како ке реагирам?
    On je moj izbor , a vase mislenje me ne zanima !
    Така бе па како ..Ма дај жити се каков татко каква мајка и да не ми даваат да бидам со него зарем ке ги слушам ? NO WAY ! :!: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  17. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Не ти се случило, затоа така викаш... Се дури си под нивни покрив можат да ти прават проблеми колку сакаат и како сакаат. А таквите проблеми не се решаваат баш лесно, со едно АБЕ НЕ ВЕ ФЕРМАМ ПОВЕЌЕ, ЧАО! Оти.. каде ќе одиш?? ;) Абе, што вика баба ми „да не ти се навее..“, после што и да правиш тешко е.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zaljubena.do.ushi

    zaljubena.do.ushi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Во почетокот на врската мајка ми и татко ми беа против.. „Мала си, немој да си во врска...“ и такви други глупи размислувања како божем тие не биле колку мене. По 1 година врска почна неговата мајка.. Искрено не сум тип кој лесно и брззо се нервира ама таа премногу ме нервира.. И неговата сестра.. Почнаа а да му зборуваат како оваа врска не продолжувала, јас сум била научена и на мајка и на татко, тој само на мајка (бидејќи татко нема), како јас сум била научена татко ми да ме учи да возам коли и мотори, јас сум била запишана во убаво училиште,тој не..Понатаки ќе сум го плескала по нос зошто јас ќе сум земала поголема плата од него.. И сестра му и мајка му.. Затоа јас кога тој беше кај баба му во село појдов и седнав да праам муабет со мајка му и сестра му .. Си кажав се што мислев.. Сакате верувајте, сакате не верувајте мајка му плачеше откако започнав муабет со нив.. И се се среди.. Само што во моите сеќавања е тоа што го направија, тоа што сакаа да ме скараат со дечко ми. Ќе му памтам дури сум жива..

    А и за тие другите што некој ви пречи во врската да ви кажам :
    Вашите родители ве створиле за да живеетее како што сакате, а не тие да ви кажуваат.Ако тие требало да ви кажуваат ќе беше нивни живот,а не ваш. Одлуките и правилата за ВАШИОТ ЖИВОТ СИ ГИ ДАВАТЕ ВИЕ САМИТЕ.НИКОЈ ДРУГ. Без разлика дали имаш 14,15..20 години. :*
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Секако дека не би ми било сеедно, меѓутоа јас ако мислам дека нема причина за да не ја прифаќаат, ќе застанам против се и сите и гордо ќе ја бранам својата љубов. Ако тие без причина не го прифаќаат човекот кој го сакам тогаш зошто јас да имам обзир?
     
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Се борам колку што можам против мајка му ама некако потешко ми оди :| жената никако да прифати, секогаш кога ќе помислам дека конечно полека се средуваат работите, огнот уште толку се разгорува :worried: