Ете така. Си поминаа цели 5 години. А јас сеуште се чувствувам како да не сум те напуштила никогаш. Сеуште го чувствувам твојот мирис, твојата топлина и љубовта којашто ми ја предизвика и ме направи зависна. Не, не зборувам за човек. Зборувам за едно место. Целосно магично. Единствено. Мојата најубава Москва. Ги паметам ноќните прошетки. „Чувај се“ ми велеа, „опасно е“. А јас се чувствував најисгурна чекорејќи сама по твоите улици, дишејќи те и впивајќи те со полни гради. Сакам да кажам дека ми недостасуваш. Ми недостасуваш до болка, до солзи. Сакам назад, но ова мало, сончево парче земја ми стави љубовни окови, па немам срце да долетам сама кај тебе. Среќна сум, навистина. Но посреќна би била кај тебе. Жди мења, драга моја... скучају!
Кажувај ми за тоа, вчера цел саат депелирав едни бутови ***** Денес ми пукна филмот. 6 години сум постара од неа и толку почит да нема спрема мене, спрема постарата сестра. Ги трпам нејзините љубоморни испади спрема мене секој ден, нејзините навреди на мојот излед, нејзиното напаѓање врз мене без никаква причина, ама крај веќе. Која е таа за право да си зема да ме навредува, да ме вика дебела, грда и слично? Да трпам родената сестра така да ми вика? Од такви како неа јас си набивам комплекси. Коњските живци ми попуштија, веќе никој нема да ме потценува. Двете шлаканици си ги заслужи...
Си ги сменив аватарот и потписот и како да не сум јас, а па некако и розеви си ги погодив and now I feel like... Спојлер
Ден полн со насмевки, семејна радост, љубов на сите страни... Ден на којшто често знам да ја отворам фиоката со стари родителски спомени и со насмевка на лицето да ги гледам сликите од далечната 1993, од најсреќниот момент во животот на моите најсакани херои. Овојпат освен вообичаените изненадувања, ми текна да им спремам нешто поинакво. Ама како и секогаш, неколку дена пред вакви убави денови мислам на планови за изненадувања, па рано ми дојде идејава и после едвај дочекав денов да дојде. Собрав неколку нивни заеднички слики и ги склопив во едно видео. Скромeн гест на внимание, ама доволно да се разнежнат родителските срца и да се разлее насмевка на лицата на најмилите. Среќна годишнина мама и тато, бидете најсреќни уште многу години!
Додека размислуваме за некои работи како биле и како би можеле да се одвиваат и дали сме можеле да ги промениме, додека сфатиме како некои работи стојат, тие повеќе не постојат.
Да криеш нешто за да го изедеш сама е безчувствително посебно ако навистина имаш 24 години. Што не си се заклучила во ВЦ и да го изедеш сама? А, уште по нечовелки е да идиш дека е полно со инсекти и да го дадеш на најблиските да го изедат. А, за да иронијата биде поголема за сето тоа се пофалиш овде на форумов наместо да се покриеш и да молчиш и да размислиш добро, дали е во ред да бидеш толку себична.
Сакам да кажам дека во животов ниту еднаш јас асално нема да се наспијам. Си легнав во 5ч,и оној брат ми мој ме буди во 10ч,ми го носи мачето в кревет за да ме разбуди и ми вика дека било многу касно,веќе 16ч,а јас му верувам уште и станувам со подочници до колена. Ај станав што станав,си легнав пак во 12ч веќе да издржам не можев,абре таман легнав,како цел свет против мене да се свртел само за да не заспијам. Почна мачката да досадува,ја однесов на тераса,легнав,тропа брат ми на врата(беше излезен) го заборавил клучот госпон брат ми,пак легнав,тропаше една жена на врата,уште еднаш легнав,заврна па излегов да проверам да не направил дождот белја на тераса,па после тоа уште 2пати замислете на врата тропаа.Абе аман,баш денес,баш во тој час и таа минутка се најдоа сите комшии и познаници да тропаат на врата?! Па и јас,како мачка,со овие ушиве мравкине каде што поминуваат на земја ги слушам Имам супер уво изгледа. :geek: Не,не,за мене сон нема.За мене само една соба,звучно изолирана,без апсолутно никаква светлина внатре,само еден гооооолем мек кревет. Ама такво нешто не добивам,за жал...
Или да си легнеш во 11 и да станеш во 8 наутро. Он топик - сакам да пешачам, на кеј, барем 2-3 саати. Секој ден. И неам друштво, а сама не ми се оди.
Лигави ми се сите оние фб постови каде родители се фалат со тоа колку нивните деца се најубави најсакани и сл.А,имам некои блиски личности кои немаат дечиња и секогаш помислувам како им е нив кога ги читаат тие постови. НО, понекогаш посакувам да кажам колку многу го сакам тоа мало човече кое секој ден се повеќе и повеќе љубов ми дава ,ме теши кога сум тажна и ме освојува секој ден со својата насмевка. Да даде Бог секому тоа да го почувствува.
Не памтам кога последен пат напишав пост во СДК. Порано бев редовна и си кажував што ми лежи на срце. Постојано ве читам овие два месеци и секако ќе продолжам. но изминатиов период имав толку многу проблеми не сакам ниту да се подсеќам, само ќе кажам дека најмногу боли кога многу близок член од семејството е болен а не можеш да помогнеш никако. Уште еднаш нашите здравствени институции докажаа "колку се добри кон пациентите", ако сам не им кажеш по сто пати не доаѓаат да ти прочитат еден резултат. Спас најдовме на приватно и после два месеци пекол низ мојов живот конечно се се средува коцките си доаѓаат на свое место. Денес после толку време се почуствував среќна и опуштена, не се плашам што ќе биде утре или каков ќе биде утрешниот резултат, нема веќе непроспиени ноќи и нема да се шетам како зомби во очите Сакам да потрае вака да биде секогаш бидејќи заслуживме сите и јас и моето семејство. Уште десет дена заминувам на мал одмор во Охрид да се релаксирам малку од се а подоцна за Струмица на Опен фестивал и да со душа чекам. Ве поздравувам сите
Се чини дека летото е немоќно против дождот,благиот студ и бурите,така лесно се предава,се крие зад карпите во некоја мрачна пештера,се чини како лесно да предава.И оние вљубениците во есента,како и јас ќе кажат дека им недостига блесокот на сонцето. Тоа го знам,кога оддалеку му ги следам движењата,начинот на кој оди,мелодијата на неговите зборови и ритамот со кој диши во раните утра кога не можам да заспијам и кога лутам по тие замислени светови кој се чинат реални и ми се вовлекуваат под чаршафите во некое студено летно утро ,кои ми се под кожата,и тогаш некаде,ги пуштам да ме водат,бидејќи знам дека зад трепките има светови.Понекогаш застанува да ми го слуша биењето на срцето.Оној мал ритам,тивок зад слоевите кожа,составен од желби и денови. Знам за луѓе уморни,како стари часовници,џебни и закачени на ѕидовите,имам слушано за градови во кои царува бурата.А ние знаеме за среќа.Знам за дождовите и можам да ти раскажам за вечноста.Знам за странецот кој понекогаш ти царува во душата и ти стои закачен за лицето,а ти често го гледаш во огледало обидувајќи се да го допреш барем привиот слој од оние безброј кои ги носи.И не можеш.Знам за облаците кои некогаш така ти се спуштаат врз душата.Знам дека и понекогаш стоиш крај прозорот. Тонејќи во врмето. А јас во бурите пронајдов среќа, ја составуваме заедно како мозаик од бои кои можеби и не постојат на овој свет. Сакам мали дрвени алки со боја на морето,виножитото и љубовта кои ќе ги закачам за зглобовите на рацете,додека заедно ткаеме приказна на бреговите.
Welcome in the club Јас имам едно куче на комшиите цела ноќ лаеше. Јас многу добро го слушам ама такво лаење мислиш волк лае, до 5 лаеше е тогаш заспав јас.
Со нетрпение го очекував денов.После долго време конечно ќе одам да се одморам.Па ќе се читкаме за десетина дена. Бидете ми поздравени
Луѓето се срамат од себеси. Се поупорно и посмешно се трудат да се вклопат во рамката која ја создаде општеството, пардон калапот. Невозможно непревилно се туркаат, и се стискаат, се повеќе личат еден на друг. Досадни на број. Се срамат од сопствените размислувања и ставови, ги потиснуваат своите желби и амбиции од страв дека нема да го добијат потребното одобрување на народот. Јас не сум од тие луѓе. Полека станувам асоцијална. Останав во друштво на мојата фрапантна искреност и доследност во ставовите кои ме водат низ животот. Не глумам како остатокот од светот, дека нешто ми се допаѓа, а инаку потајно се ужаснувам од истото. Никогаш и не се потрудив да бидам сликата во рамката, опраната домаќинка која не знае за живот надвор од кујната. Која за едукативна програма го смета кулинарското шоу. И во јавност не пие пиво.