1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Денес се празнува споменот за православниот светител, Ѓорѓи Кратовски (Кратовец).
    Тој во 16 век на 18 годишна возраст бил убиен откако бил измачуван и присилуван да се откаже од својата вера.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Прочка- Велики поклади

    Празник на проштевањето и очистувањето од гревовите.

    Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања.
    Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.
    Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн.
    Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
    Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

    Голем човек е оној кој знае вистински да прости.
    Простувајте и простено нека ви е.
    Честит празник, за многу години Прочка!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Денеска бакнете ја мајка ви. Благовештeние e
    Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.
    Името на празникот

    Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (JO Eujaggelismov~), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(BlagovyÃen·e). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.

    Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.

    Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.

    Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
    Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.
    Благовец – празник на мајките

    Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки – Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.

    На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
    Денес, бакнете ја мајка ви!
    На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

    Именден

    Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.
    Датум на празникот

    Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.

    Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.

    Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).

    Врската, пак, со создавањето на човекот ја поставиле некои црковни писатели кои велат дека Благовештението и зачнувањето на Исуса Христа се случило на истиот датум и во тој ден кога бил создаден човекот. Бог го создал човекот без грев, но тој згрешил и требало да биде пресоздаден во истиот ден кога бил првпат создаден, а тоа е денот Благовец – кога започнува искупувањето на човекот.

    Во третиот век, на Запад се појавиле пресметувања кои, според римскиот календар, посочуваат дека 7 април/25 март е денот на распнувањето на Господа Исуса Христа. Потоа, се мислело дека токму на тој датум Христос воскреснал. А сега многу ретко може да се совпадне празнувањето на Велигден со овој датум и кога тие ќе бидат заедно, во ист ден и Благовец и Велигден, тоа се вика Кириопасха.

    Благовец останува на својот датум за празнување, но Велигден е подвижен и може да го доведе празникот Благовештение во ист ден со него или со другите подвижни празници.

    Благовец се празнувал уште во ранохристијанската црква и традиција. Зачувана е прекрасна беседа од свети Атанасиј Велики, од ИВ век, во која вели дека Благовештение е првиот празник во редот на празниците, бидејќи е почеток на домостројот – на планот за спасение на луѓето. Слова за Благовештение, од истото време, имаат и свети Јован Златоуст, свети Василиј Велики и свети Григориј Богослов.

    Првите празници во христијанството се поврзани само со Исуса Христа, бидејќи сè било сконцентрирано кон Спасителот, Којшто бил во центарот на сите славења и спомени. Потоа, се прошириле празниците и кон Богородица, меѓу кои е првенствено и празникот на Христовото воплотување, зачнување и отелотворување – празникот Благовештение.

    Во петиот и шестиот век се појавиле еретички – погрешни учења за Богородица и за воплотувањето на Господа Исуса Христа, но тоа не го намалило празнувањето на Благовештение, туку напротив, уште повеќе се засилило ова празнување. Црквата и со празникот се борела против лажните учења, а ги збогатила содржините на богослужбените текстови со докази и со воспевања за боговоплотувањето и за Богомајката. Тоа, пак, најубаво и најмногу го направил свети Јован Дамаскин, во VIII век.
    Богослужба на празникот

    Благовец не го менува датумот на празнување, но е еден од најтешките и најсложените празници за богослужбата, ако поради подвижноста на Велигден, се совпадне заедно со другите велигденски празници. Ваквите совпаѓања го усложнуваат празнувањето на Благовец, а примерите за тоа се чести.

    Благовец може да се падне во велигденскиот период најмногу: од четврток на Третата седмица во Постот до среда во Светлата седмица – до среда по Велигден.

    Тогаш се прават заеднички богослуженија од двата празника, а дури и се поместуваат одредени пеења од Благовец, ако тој се совпадне со Велики Четврток, Петок или Сабота. Сепак, постојат запишани правила за тоа и се постапува според нив.

    На Благовештение, без разлика во кој ден ќе се падне празникот, се служи полна Литургија на свети Јован Златоуст или на свети Василиј Велики, ако за тој ден со типикот е одредено за Василиева.
    Историја и празнување

    Света Дева Марија уште како мала, само на тригодишна возраст, ја однеле нејзините родители во храмот, за да Му служи на Бога, бидејќи така беше Му ветиле на Бога уште кога Го молеле да им даде дете. Таа останала таму цели 12 години и кога наполнила 15-годишна возраст, таа не смеела повеќе да остане во храмот, туку требало да се сврши и да стапи во брак. Таков бил Законот. Но, нејзиниот одговор бил поинаков и таа рекла дека не сака да се мажи, туку сака да Му се посвети на Бога.

    Тоа ги збунило свештениците и додека тие се чуделе што да прават, а да не го прекршат Законот Божји, ете, Бог му открил на свештеникот Захарија, таткото на свети Јован Крстител, да повикаат дванаесет мажи од Давидовото колено, кои немаат жени и од нив да го одберат оној кому ќе му ја доверат Дева Марија како на оној кој ќе ја чува нејзината девственост и дадениот завет, а ќе се грижи за неа. Бог одбрал да му ја дадат на Јосифа од Назарет, којшто и бил роднина и на поголема возраст. Тој бил претходно оженет и имал деца со починатата жена, кои биле возрасни колку Марија. За него ја свршиле и таа продолжила да живее и во неговиот дом, исто како да е во Соломоновиот храм. Времето го минувала во молитва, читање на Светото писмо, богомислие и ракотворство: везење, плетење, ткаење и сл.

    Од дома не излегувала и световните работи не ја интересирале. Малку зборувала, а никогаш без потреба. Најмногу другарувала со ќерките на Јосиф. А кога се исполнило времето, Бог го извршил ветувањето и го испратил архангелот Гавриил да и каже дека таа ќе е Божјата Мајка.

    На овој ден, девет месеци пред Божик, на света Дева Марија и се јавил архангелот Гавриил и и ја кажал радосната вест – благовестието: дека таа ќе Го роди Спасителот на светот, ќе Го роди Бога во тело. Таа блага вест е светото Благовестие дека таа Го примила во своето пречисто тело, телото на Бога Кој се воплотил – зачнал во нејзината утроба. Оттогаш таа постанува Богомајка.

    Црквата го посветува овој празник на Благовестието и на Богозачетието. Тоа е почеток на спасението. Почеток и на Евангелието. Таа вест е првото Евангелие = Благовестие, блага вест, радосна вест за спасението.

    Химната на празникот, основната песна, тропарот, вели: Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гавриил благодат благовестува. Затоа и ние со него да и воскликнеме на Богородица: „Радувај се, благодатна, Господ е со тебе!“

    Величанието, пак, воспева, велејќи: Со архангелски глас ти пееме, чиста: „Радувај се, благодатна, Господ е со тебе!“ „Благодатна“ значи облагодатена, полна со благодат.

    Настанот го опишува и Светото писмо и Светото предание. Во Евангелието според Лука се запишани зборовите на Благовестието и разговорот со архангелот (Лука 1, 26-38). А Светото предание кажува дека тогаш Света Дева Марија била во градот Назарет, во куќата на Јосиф и го читала Светото писмо, и тоа точно зборовите од Книгата на пророкот Исаија, кои пророчки велат дека: „Девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог“ (Иса. 7,14; Матеј 1,23).

    Само што се израдувала на пророштвото и возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот, ете, нејзе и се јавил архангелот Гавриил и и кажал дека таа е девојката што ќе Го роди Спасителот на светот.
    И кога влезе ангелот при неа, рече: „Радувај се, благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“ А таа, штом го виде, се уплаши од зборовите негови и помисли: „Каков е овој поздрав?“

    И и рече ангелот: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на неговиот татко Давида; и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството негово нема да има крај“. Историјата на Новиот завет ја отворил архангелот Гавриил со зборовите: „Радувај се!“ Тоа значи дека Новиот завет е време на радост за луѓето, радост заради доаѓањето на Спасителот и за добиеното спасение. Со Благовец започнало времето на спасението.
    Иконата и богословието на празникот

    Иконата на Благовештение е многу значајна икона во црквата и затоа го зазема главното и централно место во храмот: таа секогаш се наоѓа на царските двери, низ кои се минува за во олтарот, во најсветиот дел од црквата. Тие ги симболизираат вратите во царството небесно.

    Во иконографијата и фрескосликарството овој празник се претставува со два лика: Богородица и архангел Гавриил (Гавриил, во превод од еврејски, значи: сила Божја, Божја моќ). Насликана е Богородица како богоизбраната девојка кај која доаѓа ангелот Божји забрзан, за да и ја каже Благата вест – Благовештение. Тој и подава жезол како на Царица – Владичица која владее. Пред неа, обично, стои отворена книга – во знак на нејзината љубов кон словото Божјо, кон Светото писмо и свештеното знање.

    На иконата се гледа дека ангелот е со растреперени крилја и е во движење кон девојката, што значи дека тој од небото директно доаѓа кај неа, слегува од небото на земјата како предвесник, за да ни каже дека и Бог ќе слезе од небото на земјата и дека Спасителот доаѓа во светот преку Света Дева Марија. Спасението го изгубивме преку Ева, а го добивме преку Дева.

    Ангелот е небесен жител, а Девојката е жител на земјава. Благовец, Благовестието и Богозачетието – зачнувањето на Бога, го споија небото со земјата. Богородица постана небоземната поврзаност. Затоа, библиски е претставена како скала од земјата до небото – скала низ која Бог слезе на земјава и скала преку која човекот се искачи на небото.

    Таа е скалата небесна што ја видел Јаков, како што е запишано во Библијата, а се чита на вечерната богослужба на Благовец (1. Мој. 28, 10-17). Земјата е поврзана со небото – човекот со Бога и Бог со човекот. Богородица Го прими Бога – таа, како претставник на човекот (на човештвото), стана богопримателка, а тоа значи човештвото Го прими Бога. Богородица е небесната врата. Низ неа Бог мина и стана и човек, останувајќи и Бог.

    Бог се воплотува, значи Бог зема тело, а тоа значи дека небото и земјата се соединуваат. Воплотениот Спасител е вистински Бог од небото, а истовремено и вистински Човек од земјата – Богочовек. Бог и Човек – небесен Бог и земен Човек. Бог како Бога и Човек како Адама.

    Кога Богородица му рече на ангелот: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои“ (Лука 1,38), Бог се воплоти и Богородица стана небесната врата.

    Зборовите: „Нека ми биде според зборовите твои“, значат: „Нека биде така“ – „Амин“. Тоа е нејзиното „да“ за да стане Мајка Божја – нејзиното: „Да биде волјата Твоја, како…“.

    А, пред да го прифати Богомајчинството, светата Девица, бидејќи не знаела за маж и не можела да си замисли како е можно такво раѓање, го праша ангелот: „Како ќе биде тоа?”, Ангелот и рекол дека тоа ќе биде од Светиот Дух: „Светиот Дух ќе слезе на Тебе и силата на Севишниот ќе те осени“ (Лука 1,35). Тогаш Бог се воплотил.

    На иконите и на фреските Го има Светиот Дух како зрак што слегува кон утробата на Марија или како гулаб. Во Символот на верата велиме: „Единородниот Син Божји, роден од Отца пред сите векови, роден нестворен… слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек“. Тоа е Божјото доаѓање кај луѓето. Дошол Бог кај нас на земјава.

    Зошто го направил тоа и зошто требало Бог да го стори тоа?

    Човекот отпаднал од Бога кога згрешил, измамен од ѓаволот. Но, ѓаволот требало да биде победен од оној што претходно бил победен од него – од човекот. Ѓаволот го победил човекот – и требало човекот да го победи ѓаволот. Човекот, пак, што бил победен од ѓаволот, не бил роден човек, како што се раѓаме ние: човек од човек, природно, туку бил роден на необичен начин, надвор од природниот ред, не од семе машко, туку создаден од земја, од земјата чиста и непорочна како Дева, бидејќи уште не била проколната од Бога.
    Таков бил Адам. И од таков човек требало да биде победен ѓаволот, а таков е Господ Исус Христос, зачнат, воплотен и роден, не според природниот закон, туку од утробата на чистата и света Дева Марија. Тоа зачнување и воплотување не е по природен начин, туку натприроден и не е по начинот на обичното раѓање, туку е според начинот на создавање.
    И, како што Адам бил оживеан со дувнувањето од Бога, така и новиот Адам – Исус Христос се воплотил под дејството на Светиот Дух Кој слегол врз Пресветата Дева Марија. Така постанал совршен Бог и совршен човек – еднаков во сè со луѓето, освен гревот. Бог и човек – со две природи: Божја и човечка – во една личност. Човечката природа страдала за нас, а Божјата останала нестрадална.
    Празничен, богослужбен текст од Библијата

    Благовештение е библиски празник – евангелски настан, којшто е запишан во Евангелието според Лука, кое се чита на Светата литургија (Лука 1,24-38). Исто така, се чита и библискиот текст од Апостолот (Евр. 2,11-18). На Утрената богослужба има текст од Евангелието според Лука (Лука 1, 39-49 и 56), а на Вечерната, содржини од Стариот завет (1. Мој. 28,10-17; Језек. 43,27-44,4; Изрек. 9,1-11).

    Ако некој не пошол денес в црква и не ги чул овие библиски зборови, тогаш нека ја отвори Библијата и дома нека ги прочита посочените текстови. Ќе му биде од полза на душата.

    Народни преданија и суеверие

    Народните преданија за Благовец сплеле многу обичаи и церемонии кои немаат никаква врска со верата и со Евангелието. Тие се чиста човечка измислица. Главно се со некоја поврзаност за времето и за името. Најпрво, се вели дека Благовец е благ ден и така се нарекува затоа што на тој ден дури и раната не боли.

    На Благовец треба и да се зајаде првиот мед во таа година. А, и садењето тикви требало да започне на Благовец, за да бидат многу благи. За да не го боли, а да биде благо и добро детето, на овој ден им се дупнуваат ушите на девојчињата и им се ставаат првите обетки. Тогаш нема да се инфицираат и брзо ќе зараснат.

    Потоа, со Благовец се поврзува и доаѓањето на птиците преселници: штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други, кои ја носат благата вест дека зимата си отишла и доаѓа пролетта, а со неа и новиот живот и сè што треба да оживее и да се сработи за новиот живот во природата.

    Црковните камбани ја соопштуваат благата вест за зачнувањето на Спасителот на светот, а ластовицата ја носи благата вест за пролетта. Спроти празникот се мете и се чисти, а сметот се гори, за да изгори сето насобрано зло. Некаде ги пуштаат и птиците да не се затворени на овој ден, па дури и оние од кафезите. Се мисли дека на Благовец ни птиците не работат во правењето гнезда, па дури и не мавтаат со крилјата додека се застанати, туку само во лет. Кукавицата првпат кука, а мечките се будат од сон.

    Какво ќе биде времето на Благовец, такво ќе биде и цела година. На тој ден излегуваат змиите, гуштерите и сите влекачи (што е очигледно дека излегуваат и многу порано некаде, а некогаш и подоцна!). Некаде се прави и обичајно гонење на змиите, на Благовец, со чукање по тави и тенџериња низ дворот и околу куќата, за да се исплашат и од викање да бегаат сите ползачи и гадинки, подалеку од куќите и од дворовите. А во тој ден змиите не касаат и добро е да прелазат некое алиште кое ќе биде за лек.

    Жените не фаќаат игли и конци, на денот да не шијат, да не предат и да не плетат, дури ни косата, за да не ги каснат змии. А може да си заврзат некое конче за да не ги фаќаат очи и уроци. Добро е да си ставиш пара в џеб или да броиш пари на тој ден, за да имаш цела година итн. итн.

    Препорачливо, пак, е на Благовец да се сади цвеќе, бидејќи тоа ќе биде особено миризливо и убаво. Тогаш се засадуваат и леите со расад, за да бидат зеленчуците благи (слатки) и здравоносни. На тој ден е добро да се посади и плодно дрво, зашто плодовете ќе му бидат благи. А пчеларите првпат ги отвораат пчелите за да собираат мед.

    Некои, на Благовец, првпат каснуваат коприва, спанаќ и новите зеленчуци. Девојчињата тогаш првпат замесувале пита и ја мачкале со мед, па им давале и на момчињата од нивната возраст блага пита. На тој ден и самовилите играат оро…

    И сега, најважното во врска со ова! Сето ова е само суеверие и празноверие. Тоа нема никаква врска со верата христијанска, а повеќе е исмевање на верата и и штети на нашата вера. Ова суеверие е неразумно однесување кон празникот и кон светоста на овој свет ден. Ова не им приличи на православните христијани и на вистинските верници. Треба да се отфрлаат овие суеверија и празноверија од вистинскиот христијански живот и од христијанската побожност. Тие се нехристијански и нецрковни. Тие се остаток на едно простонародие и претставуваат суеверност на простољудието!
    Празничен ручек

    Благовец се паѓа во текот на Велигденскиот пост и е посен празник. Сепак, православниот ред и правило, на Благовец, разрешува да се јаде риба, зејтин и да се пие вино. Традиционално се меси пита, а трпезата се збогатува и со суви пиперки, полнети со ориз и ореви, компир во разни варијанти, зелена салата и штрудла со јаболка и грис.
    Честит празник на сите што празнуваат!
     
    На Lovely93, babakata и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Македонската Православна Црква за 15. 04. 2014г. Светите маченици Амфијан и Едесија

    Две момчиња, браќа по тело. Од градот Патара, од родители угледни но незнабожци. Кога во градот Вирит ги изучуваа светските науки некако се просветија со Духот Божји и ја познаа лажноста на незнабожието, а ја наѕреа вистината на христијанството. Па кога се вратија дома не можеа повеќе да живеат со своите родители и роднини незнабожци, туку тајно побегнаа во Кесарија Палестинска кај презвитерот Памфил, којшто беше познат по светоста и духовната ученост. Кај Памфил дење и ноќе се поучуваа на законот Божји и ги практикуваа христијанските подвизи. За Амфијан велат дека по тело бил стар дваесет години, а според разумот и великодушноста стогодишен. Кога настана гонењето во времето на Максимин, мнозина христијани побегнаа од градот и се сокрија, додека другите драговолно и радосно се предадоа во рацете на мачителите за да пострадаат во името на Оној Кој Самиот прв за нив пострада. Амфијан беше меѓу овие христијани. Дојде во незнабожечкиот храм бестрашно, а овде кнезот Урбан им принесуваше жртви на идолите. Амфијан го фати за раката со која кнезот ја држеше жртвата и му викна да отстапи од служење и жртвопринесување на мртвите идоли, а да Го познае вистинскиот Бог. Некои што ги слушнаа овие зборови и ја видоа оваа храброст на Амфијан се покајаа и ја примија Христовата вера. Но кнезот се разлути и го подложи Амфијан на маки. Меѓу другото му ги обвиткаа нозете со памук и го запалија. Но кога остана жив, го фрлија во морето со камен на вратот. Морето се возмути и го исфрли телото на Светиот маченик. Едесиј најпрво беше испратен во бакарните рудници во Палестина, а потоа го одведоа во Мисир. Во Александрија се исполни со света ревност против еден кнез Ероклеј, којшто ги имаше собрано христијанските монахињи, девојки и чесни жени на плоштадот и за подбив им ги раздаваше на најбесрамните развратници. Едесиј се исполни со света ревност и на бесчесниот кнез му удри шлаканица. За ова тој, како и неговиот брат Амфијан, беше мачен и потопен во морето. Се жртвуваа за Христа како две невини јагниња околу 306 година.
     
  5. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Денеска е најголемиот христијански празник Велигден или Ден на Воскресението Христово.
    [​IMG]

    Христијаните со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот Бог, Исус Христос, по неговата смрт со распнување на крст во Калвари Јудеја.

    Велигден и празниците кои се поврзани со него не паѓаат на ист датум секоја година.
    Во православието, подготвувањата за овој ден започнуваат со Велигденски пости.
    Велигденската служба започнува на полноќ што претставува почеток на Велигденското утро.
    По повод Велигден во православието се вапцаат јајца како симбол на нов живот, во црвена боја која ја симболизира крвта.
    Православните христијани на овој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

    Оваа година и католиците и православните христијани го празнуваат Велигден на ист ден.

    Ви го честитам празникот, Вас и на Вашите најмили.
    Христос Воскресе!
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Свети. апостол и eвангeлист Маркo. (25. април/8. мај)
    Маркo му бил сoпатник и пoмoшник на св. Апoстoл Пeтар, кoј вo свoeтo И Пoсланиe гo нарeкува свoј син, нe син пo тeлoтo туку син пo духoт. Кoга Маркo бил сo Пeтар вo Рим, вeрнитe гo замoлилe да им ја напишe спасoнoсната наука на Гoспoда Исуса Христа, Нeгoвитe чуда и Нeгoвиoт живoт. Така Маркo гo напишал свeтoтo Eвангeлиe, кoe гo видeл и самиoт Апoстoл Пeтар и гo пoсвeдoчил какo вистинитo. Oд Апoстoлoт Пeтар Маркo бил пoставeн за eпискoп и испратeн вo Eгипeт на прoпoвeд. И така, св. ап. Маркo бил и првиoт прoпoвeдник на Eвангeлиeтo и првиoт eпискoп вo Eгипeт. А Eгипeт цeлиoт бил притиснат сo густата тeмнина на нeзнабoштвoтo, идoлoпoклoнствoтo, баeњeтo и злoбата. Нo сo пoмoшта Бoжја св. Маркo успeал да гo пoсee сeмeтo на Христoвата наука пo Ливија, Амoникија и Пeнтапoл. Oд Пeнтапoл дoшoл вo Алeксандрија кадe штo гo вoдeл Духoт Бoжји. Вo Алeксандрија тoј успeал да oснoва Црква Бoжја, да ѝ пoстави eпискoпи, свeштeници и ѓакoни, и сè дoбрo да утврди вo благoчeстивата вeра. Свoјата прoпoвeд Маркo ја пoтврдувал сo гoлeми и мнoгу чуда. Кoга нeзнабoжцитe пoдигналe тужби прoтив св. Маркo какo разoритeл на нивната идoлoпoклoничка вeра, и кoга градoначалникoт пoчнал да трага пo Марка, oвoј oтишoл пoвтoрнo вo Пeнтапoл кадe штo прoдoлжил да гo утврдува свoeтo пoранeшнo дeлo. Пoслe двe гoдини, Маркo пак сe вратил вo Алeксандрија, на гoлeма радoст на ситe вeрни, чиј брoј вeќe мoшнe сe умнoжил. Вo таа прилика Марка гo фатилe нeзнабoжцитe, гo врзалe цврстo и пoчналe да гo влeчат пo калдрмата, викајќи: “Да гo пoвлeчeмe вoлoт вo oбoр!” Сиoт вo рани и крвав гo фрлилe вo самица, кадe најпрвo му сe јавил ангeл нeбeсeн, храбрeјќи гo и крeпeјќи гo, а пoтoа му сe јавил и Самиoт Гoспoд Исус и му рeкoл: “Мир на тeбe, Маркo, eвангeлисту Мoј!” на штo Маркo Му oдгoвoрил: “Мир и на Тeбe Гoспoди мoј Исусe Христe!” Утрeдeнта злoбнитe луѓe гo извлeклe Марка oд самицата и пoвтoрнo гo влeчeлe пo улицитe сo истата вика: “Да гo пoвлeчeмe вoлoт вo oбoр!” Цeлиoт измачeн и истoштeн Маркo изустил: “Вo Твoитe рацe, Гoспoди, гo прeдавам мoјoт дух!” и така издивнал и сe прeсeлил сo душата вo пoдoбриoт свeт. Нeгoвитe свeти мoшти oд христијанитe билe чeснo пoгрeбани за низ вeкoвитe да им даваат исцeлeниe на луѓeтo oд сeкoја бoлeст и oд сeкoја мака.
     
    На makedonkamak и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  7. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
  8. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски

    На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Денеска е и светиот рамноапостолен цар Борис - Михаил покрстител на Бугарите, ктитор на манастирот свети Архангели(свети Наум) и на црквата свети Пантелејмон(свети Климент-Плаошник).

    Св. Михаил (Бoрис) цар Бугарски.
    Рoдeн и вoспитан какo нeзнабoжeц, Бoрис сe крстил пoд влијаниe на свoјoт стрикo Бoјан и свoјата сeстра. На крштeниeтo гo дoбил имeтo Михаил. Патријархoт Фoтиј му испратил свeштeници, кoи пoстeпeнo гo пoкрстилe цeлиoт бугарски нарoд. Мнoгу гoлeмци вo Бугарија сe прoтивeлe на нoвата вeра, нo таа пoбeдила и крстoт блeснал на мнoгу храмoви штo ги пoдигнал благoчeстивиoт цар Михаил. Вeрата мeѓу Бугаритe, какo и мeѓу Србитe, ја утврдилe oсoбeнo Пeттoчислeницитe Oхридски, учeницитe на свeтитe Кирил и Мeтoдиј, кoи науката Христoва на нарoдoт му ја прoпoвeдалe на нарoдeн, слoвeнски јазик.
    Михаил сe замoнашил вo старoста и сe пoвлeкoл в манастир. Нo кoга нeгoвиoт син Владимир пoчнал да гo расипува таткoвoтo дeлo и да гo сузбива христијанствoтo, Михаил сe oблeкoл пoвтoрнo вo вoјвoдска oблeка, припашал мeч, гo симнал Владимира oд прeстoлoт, па гo пoставил пoмладиoт син Симeoн. Пoтoа пoвтoрнo ја oблeкoл мoнашката риза, сe пoвлeкoл вo тишина кадe вo пoдвиг и мoлитва мирнo гo завршил зeмниoт живoт “вo благата вeра, вo правилнoтo испoвeдувањe на нашиoт Гoспoд Исус Христoс гoлeм, чeсeн и благoвeрeн”, и сe прeсeлил вo нeбeсниoт живoт на 2 мај 906 гoдина.

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0% ... B8%D1%81_I
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја.
    Свети Свети Кирил и Методиј рамноапостолни
    Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу Првото Бугарско царство и Византиjа. Во таа ситуација византиската власт не можела да ја спроведува политиката на отворен притисок врз словените во Македонија и Грција. Во првата половина од IX в. словенските племиња на територијата на Империјата сè уште се ползувале со многу широка автономиjа и нивното управување било во рацете на архонти од местното население, зa кои постепено и многу внимателно се правеле обиди да бидат заменети со византиски чиновници. Наедно со тоа и опасноста од Бугарија, која ја ограничувала слободата на деjствата на византиската власт, барала од неа изнаоѓање нови патишта, како поцврсто да ги поврзе словенските краишта со Империjата. Таа цел можела да се постигне со христијанизација на словените и создавање на црковна организација во нивните земји, која што би била потчиненета на Константинопол. Многубројните епископии, кои се појавиле на словенските земји околу 869/870 г., сведочат дека таа можност византиското раководство не ја отфрлало, и словенските земји станале објект на мисионерска дејност. Во тие услови византиската власт би можело да биде заинтересирана за создавање на словенско писмо, кое би помогнало во работата на византиските мисионери меѓу словенското население. Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на императорската власт. Тоа бил Лав, друнгариј на Византиската тема Солун, чија позиција ги вклучува Словените од Македонија. За неговата сопруга Марија, се претпоставува дека е Словенка. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето. За етничкото потекло на светите браќа е дискутирано многу, најчесто од аспект на модерното разбирање на нацијата, но при постојната состојба на изворите, ова прашање
     
    На Orthophill и Psihologue им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Вознесение Христово – Спасовден

    Славниот и светол ден на Вознесението Христово, скоро во целиот православен свет е наречен Спасовден (празник на спасителот). Денот никогаш не го менува, секогаш се празнува во четврток, точно на четириесеттиот ден од Воскресението на Господ Исус Христос. Тоа е стар празник, востановен уште од времето на апостолите. Во првите векови на христијанството се празнувал заедно со празникот Светата Педесеттница, а од четвртиот век започнал да се празнува посебно. Спасителот на светот, Господ Исус Христос, секогаш со зборови и дела ги поткрепувал Неговите ученици во ширењето на вистината за Неговата спасоносна наука. Затоа тие станале големи проповедници на Божјото слово. Дури кога ги уверил во вистинитоста на христијанската вера, се разделил од Неговата Пречиста Мајка, Пресвета Богородица, од Неговите апостоли и сите Негови верни чеда и се вознел на небото, по тој настан се нарекува празникот Вознесение. На своите апостоли по Воскресението им рекол: “… Јас сум со вас преку сите дни во свршетокот на светот. Амин!” (Свето Евангелие по Матеј)Еве, како го опишува Вознесението Христово светиот евангелист Марко: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небото и седна од десната страна на Бога. Тие пак отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!”Исус пак им се јавил на апостолите и заповедал да останат во светиот град Ерусалим, се додека не им го испрати Светиот Дух, кој излегува од Отецот. Во Новиот Завет, во Светото Евангелие според Лука е опишано Вознесението Христово: “И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост”.Во Делата на светите апостоли, од светиот апостол Лука стои дека Исус им се јавил на своите ученици и им рекол дека ќе примат сила кога врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе му бидат сведоци до крајот на земјата: “И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна и облак го подзеде од пред очите нивни”. Кога гледале кон небото како се вознесува, пред нив застанале двајца мажи во бела облека и им рекле: “Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој е Исус, кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што го видовте да оди на небото”.Затоа, овој Господов празник е голем. Ова прославување на Вознесението Христово на небото, на настанот од пред 2000-тата година, секоја година со векови е потврда на црковната вистина, потврда на вистините во Светото Писмо, кое ни е дар од Севишниот Бог. Тоа е ден на минатото, сегашноста и иднината, радост на Христовата црква на небото и на земјата, чувство на слобода на христијанската душа, чувство на бескрајност, посилно од радост, посилно од восхит.
     
    На tessie и kala21 им се допаѓа ова.
  12. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Летен Св.Никола. Се оди Бистрица на манастир.Во Кукуречани се чека гости.И знам дека и во Острилци се слави :)
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Денеска е собор на Св. Наум Охридски Чудотворец.

    Тропар
    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизаваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави не од искушенија.

    Свети Наум му беше најблизок соработник на божествени­от Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со послед­ниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугари­ја, Пли­ска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина послед­ните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, ка­ко монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

    Свети Наум Охридски – Чудотворец

    Исцелител и просветител на македонскиот народ

    (Именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка...)

    Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.

    За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

    Свети Наум освен по црковната дејност е познат и како македонски средовековен писател и културен деец. Од неговите творби, за кои се претпоставува дека се повеќе, откриено е химнографското дело „Канон за апостолот Андреј“, а се знае за уште други два канона напишани од него: „Канон на Архангел Михаил“, и „Канон за пренесување на моштите на Јован Златоуст“.

    Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Климента. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на брат во духовна смисла - собрат, но повеќемина се убедени дека Климент и Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.

    Иако податоци за чудотворната моќ на светителот среќаваме и во житијата за него, што без сомнение биле извор и на народните умотворби, сепак, култот на св. Наум најповеќе е одразен во преданијата раскажувани на овој простор од најстари времиња, значи, уште од времето кога светителот бил жив. Сепак, тие се бележени од средината на деветнаесеттиот век па сè до денес. Најрано ги среќаваме во зборниците на браќата Миладиновци, и Кузман Шапкарев, а подоцна и кај други собирачи на македонски народни умотворби, патеписци, или едноставно кај луѓе што престојувале или пишувале за Охрид и Охридско и посебно за манастирот кој со својата местоположба и со култот на светителот го привлекувал вниманието.

    Марко Цепенков, во своите записи за еснафските празници направил и список на празниците што ги служеле разните еснафи во Прилеп. Притоа вели дека чоаџо-абаџискиот еснаф го празнувал 20 јуни, Свети Наум Охридски. Тој и на друго место истакнува дека „Чоаџискиот еснаф го служеше св. Наум од Охрид...“

    Во старо време, еден месец пред празникот Свети Наум, праќале од манастирот Свети Наум риби летници подарок на чоаџискиот еснаф и на секој мајстор му се подарувале по една како за покана, за да отидат на поклонение на манастирот. Бидејќи во тоа време еснафот бил во расцвет, на поклонение оделе фамилијарно мајсторите со калфите. Ако пак се случело да не одат, му испраќале парична помош на манастирот. „Јас само 2-3 години го достигнав тоа и после лека-полека паричната помош се прекина, пак и манастирот престана да праќа риби подарок за нашиот еснаф.“

    За канење со риби за панаѓурот пишува и во Летописот на манастирот Свети Наум пишуван од Димитрија Петру, учител, свештеник и едно време секретар на манастирот. „Според старата традиција и церемонија двапати годишно за време на панаѓурите, на зимниот и летниот помен на св. Наум, заради благочестие и почит манастирот по обичај испраќа риба во Битола и Корча, а од неодамна и во околните села. Заедно со рибата таму каде што е потребно се испраќа и писмена покана. Оние што од особена побожност пробуваат од рибата ги добиваат истовремено испратените покани кои носат печат со ликот на светителот. Чувствувајќи голема почест, тие од своја страна принесуваат доброволен прилог со податоци за имињата на личностите од кои потекнува. Нивните имиња потоа се споменуваат на светата служба на поменот на светителот. Ако се пресмета колкава е сумата за купувањето на рибата заедно со другите давачки за оваа цел излегува сосема незначителна добивка. Па сепак не треба да се рушат вековните меѓи што ни ги поставиле нашите татковци...“

    За ваквото канење за празникот се раскажува и во народните преданија. Во преданието „Канењето од свети Наум“ се вели: „Порано, пред празникот манастирски луѓе оделе во поблиските и подалечните места да го канат населението да дојде на панаѓур. Се канело со риби. Во секоја куќа и на секого што ќе го сретнеле се давало по една риба, велејќи: Повели да дојдеш на панаѓур. За канењето манастирот трошел со стотици килограми риби. А на денот од панаѓурот на дојдените им се давало и јадење. Секој земал од манастирското јадење за да добие благослов од свети Наум“.

    Цепенков, уште во поглавјето за светците, истакнувајќи ги нивните функции вели: „Светците се наредиле на служба: и покрај другите свети Наума го споменува заедно со свети Андонија и свети Спиродона. Свети Наум, свети Андонија и свети Спиродон да лекуат улаите“. Значи во народното верување овие тројца светители се лекари што лекуваат душевни болести. Инаку, познато е дека меѓу христијанските светители има поголем број лекари, свети врачи, бесребреници (што значи лекувале бесплатно, коишто, лекувале со силата Божја. Такви се светите врачи Кузман и Дамјан, свети Пантелејмон, лекувал и свети Трифун и др. Не случајно со некои од овие свети врачи свети Наум е насликан на фреска во црквата „Света Софија“ во Охрид.

    Како што споменавме според Цепенков, односно според народното паметење, свети Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската пословица „Кој за ум, која за Свети Наум“, или пословицата запишана во Прилеп: „Ја ум, ја на сфети Наум“. Лекувањето душевно болни од страна на свети Наум е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име.

    Во споменот на народот св. Наум останал како чудотворец. И во „Пастирската посланица на охридскиот патријарх г.г. Јоасаф за префрлувањето на празникот на свети Наум од 23 декември на 20 јуни (с.с.)“ се истакнува: „во светите прочуениот и во чудата безмерниот, божествениот и свет отец Наум“. На друго место во истата Посланица се вели: „Затоа секој, што поседува срдечна и добронамерна побожност кон светителот нека дојде на изворите на чудесата на светиот гроб, каде што лежат светите мошти, во неговиот свет храм, на источникот што блика исцелувања да прими благодет и светост на телото и душата, зашто чудата и благодетите на светиот и богоносен отец наш Наум чудотворец, толку се многубројни та ги надминуваат и множеството ѕвезди...“ И во „Охридскиот митрополитски кодекс“ во делот „Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“ се споменуваат „свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор на исцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на неговиот чудотворен гроб“.

    Познато е дека на гробот на свети Наум доаѓале и луѓе од други вери, особено муслиманите од Македонија и Албанија. И во писмото што попот Сотир од Љубаништа го носел во областите Подунавје и Романија каде што собирал помош за манастирот се вели: „Притоа знајте господо дека овој свет и на народот корисен манастир, спрема кој Вие го негувате Вашето почитување и верност, па дури и самите неверници достојно го почитуваат и сакаат, како што на сите Ви е познато, уверени во благонаклоноста на оваа надеж...“ Кога се вели неверници се мисли на припадниците на други вери, пред сè, на муслиманите.

    Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите Бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат „Сари Салтик баба“ што преведено од турски значело жолтобрадиот татко. Според едно предание, еднаш кога дошле на гробот на свети Наум, неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Кога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко“.

    Интересен бил и начинот на кој се молеле Бекташите (муслиманска секта). Тие кога ќе дојделе во манастирот чевлите ги оставале пред манастирската капија и до црквата се доближувале со метании. На враќање излегувале наназад секогаш свртени со лицето кон црквата и пак со метании.

    Особено св. Наума го почитувале Еѓупците и посебно тие од Ресен. Во едно предание се раскажува дека Еѓупците Зизовци од Ресен на манастирот му поклониле камбана. Мерија се молел на свети Наум да отиде во Америка, ветувајќи дека на манастирот ќе му подари камбана. Откако навистина заминал и таму работата убаво му тргнала, испратил чек со кој во Битола била купена камбаната и била однесена во манастирот, а овде била пречекана лично од владиката и свештениците. Камбани на манастирот подариле и Умер Зизо од Ресен кој работел во Америка, и Џемаил Зизо, исто така, од Ресен, кој тоа го направил затоа што свети Наум го оздравел неговиот брат Сулејман Зизо. Итн, итн.

    Кога некој на св. Наум ќе му ветел јагне, велел: „Ќе вртам јагне“. Тоа не значело вртење на ражен, како што може да се очекува, зашто така се вели за печење јагне, туку се однесувало на одреден ритуал на предавање на ветеното јагне (или друга жива стока) на манастирот. Имено, оној што носел ваков подарок, ако било јагне или јаре го носел во раце, ако била покрупна стока ја воделе за јаже. Тоа го правел оној што дарува за здравје или некој што претходно видел некоја добрина. Ако тој поради здравствената состојба не бил во можност тоа да го направи тоа го правел некој роднина, но пак во негово присуство. Животното три пати се вртело околу манастирот, а потоа му се предавало на лицето задолжено да го прими. При вртењето во ритуалот учествувале и роднини и пријатели, а за таа прилика изнајмувале и свирки. Интересно било вртењето на стоката од страна на Еѓупците (Египјаните), кои за оваа прилика редовно имале музика, придружбата била масовна и почитта кон св. Наум, исто така, впечатлива. Интересен бил и начинот на кој се молеле Еѓупците. Тие уште од вратата се поклонувале, застанувале до гробот на светителот и му се обраќале со одбрани зборови, како: „Свети Науме, докторе златен, спасителу наш“.Тие и кога излегувале од црквата излегувале наназад, сè до излезот.

    Манастирот најповеќе се афирмирал како лечилиште со исцелување болни од многу болести, посебно од душевни болести. За тоа придонесло верувањето во исцелителната моќ на светите мошти на светителот. Има поголем број преданија што раскажуваат за лечење душевно болни од страна на светителот. Познато е и тоа дека во манастирот долго време постоела и душевна болница.

    Во Летописот на манастирот Свети Наум се вели дека водата од изворот „Свети Атанасија“, служела за лекување на болни. „Со миење на водата од овој извор се лекувале луѓето што страдале од очни болести. Летописецот забележува дека многумина нашле спас од овој извор“. За исцелителните својства на манастирот, секако, придонесле и повеќето извори со свети води околу манастирот, што, исто така, се под влијание на светителот. Покрај споменатиот извор „Свети Атанасиј“ такви се уште и изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на Света Петка, итн.

    Со заветувања за одредени лични или семејни неприлики, болести, сиромаштија и сл. или по нивното надминување на манастирот му биле подарувани најразлични дарови. Според книгите за впечатоци, но и според записите на свештеникот Гаврило Адамовиќ, секретар на Црковниот суд во Битола направени на денот на празникот 20 јуни/3 јули 1936 и 1937 година се нагласува дека некој бил болен и дека по молбите кон светецот оздравел поради што приложил дар на манастирот. „Бил многу болен. Се молел на свети Наум и оздравел. Приложил јагне.“ Приложуваат уште овен, теле, крава, јуница, икона со ликот на св. Наум, но и „пари и стока“, некои служат во манастирот извесен период итн. Тие што бараат помош болни се од туберколоза, болест на очите, падавица, „не можел да оди“, најчесто болеста не се споменува, некогаш се истакнува дека тешко болен по барањето помош од св. Наум оздравел за 24 часа, некогаш се нагласува дека и лекарите кренале раце од болниот, некогаш децата умираат, некогаш се молат тие што немаат деца, некои се молат поради помор на стоката, некој приложува дар поради тоа што купил куќа, дар приложува и некој што секогаш кога е во неволја се моли на св. Наум и тој секогаш му помага итн. Се молеле и тие што западнале во долгови. Тие што се молат најчесто се христијани, но и муслимани од Ресен, Охрид, Белград, Струга, Корча, Поградец во Албанија и др.

    Во книгата за впечатоци посетителите во своите записи уште истакнуваат дека доаѓаат за здравје на поединецот или на целата фамилија, дека за здравје носат поклон (јагне и сл.), дека доаѓаат по јавување на светецот во сон, дека на гробот слушнале „некакво чукање“ итн. итн.

    Во житијата, Службата како и во Молитва кон св. Наум се среќаваат податоци за чудата на св. Наум коишто се среќаваат и во народните преданија. На пр., во Првото словенско житие, коешто според некои показатели е пишувано од лице што лично го познавало светителот, зашто на едно место вели „оти јас знам дека повеќе од ова сториле отците и сториле многу чуда, но ова е сè што ни раскажале, а другото го сокрија од своја скромност“. Значи, нивни современик зборува за чуда случени уште додека светителите биле живи. Оттука можеме да заклучиме дека уште живи тие се прославиле со многу чуда. И во Второто словенско житие се споменува овој аспект од животот на светителот. „Бог, пак, го прослави него со големи чуда, и секакви болести и рани исцелува и бесови изгонува“. Во „Молитвата кон свети Наум Охридски исцелител на болни“ молејќи се за здравје на болниот верниците му ја напомнуваат на светителот неговата Божја дарба да лекува болни: „Сега уште ти се молиме и за слугата божји (се кажува името), кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев, или грев на неговите родители, или грев на роднините свои, и ако поради грев го снајде оваа болест, Ти посредувај, о ангелоподобен светителе, пред престолот на Господа Кој Те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели“. И во Службата за св. Наум се нагласуваат исцелувањата од моштите на светителот: „Купот на твоите мошти, прочуен Науме, извира исцеленија“, се вели на едно место, а на друго: „Му пееме на Бога, што ни даде лечилиште на душите и на телата, Наума последниот дар од Бога Седржител“.

    Но споменот на свети Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а што било во некаква врска со светителот. Така „ликот на св. Наум е еден од најзастапените ликови во македонските народни преданија и легенди“.

    Собирачите и истражувачите на народните преданија и легенди за св. Наум овие народни умотворби ги групираат во неколку поглавја според нивната содржина (лекување болни, скротување ѕверови, изградба на манастирот, негова заштита итн.) иако тоа е тешко прецизно да се направи поради тоа што во некои преданија се преплетуваат по повеќе мотиви.

    Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото, за лекувањето на лица од страна на светителот и подарување имот на манастирот, за подарување на камбани и други дарови на манастирот, итн. Се раскажува за изборот на местото за изградба на манастирот: „Кога починал свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир, велејќи му: Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш. Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“, заклучува народниот раскажувач.

    Меѓу преданијата и легендите се раскажува и за канењата за панаѓурот, за лебот што се давал пред манастирската порта, а што бил и гаранција за патниците да не бидат ограбувани од разбојниците, за тоа дека св. Наум ги благословил плуговите од Трпејца, воловите од Тушемишта, се раскажува за Охридското Езеро, за лековитиот извор, зошто во Љубаништа не паѓа град, за почитувањето на манастирот од Бекташите, од Еѓупците, за лекување на болни од страна на св. Наум и тоа од најразлични болести, (неми, слепи, луѓе што не можат да одат, душевно болни, итн.). Среќаваме и преданија со верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето, или бокалот со вино, пуштен од прозорецот нема да се скрши, или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе зашто тогаш бил близу и дошол, а ако бил подалеку можело да се случи манастирот да биде претворен во џамија или да бил одземен од страна на бегот.

    Се раскажува и за повеќе диви животни што откако направиле штета светецот ги донесол на манастирскиот имот да ја одработуваат штетата. Мечката што го изела волот самата се прегнала да ора додека не се исплати изедениот вол. Кон преданието „Св. Наум и мечката“ Кузман Шапкарев додал: „Слични приказнички и преданија за св. Наумовите чудеса изобилуваат во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението без разлика на вера и народност кои ги манифестира кон св. Наума“. Во некои преданија се работи за волк што ора на местото на волот, а во едно предание волкот што ги изел кучињата самиот дошол да го чува манастирот. А кога манастирските момци го отепале, игуменот ги прекорил зашто тој бил доведен од светецот „за да биде жив сведок за силата на свети Наум“. За преданието за свети Наумовата мечка, но и за интернационалната димензија на мотивот споредбена студија објави словенечки фолклорист Милко Матичетов. Итн.

    Во овие народни умотворби се раскажува и за оживување на дете што е во безсознание, за спасен човек во авионска несреќа, за излекување на повреден Германец, за добивање рожба по десет, дванаесет или тринаесет години и по молитви пред светителот, за казнувањето на арамиите што убиле припитомена срна, за казнувањето на крадците, на тие што се мајтапеле со св. Наума, на тие што сечеле во вакафски имот, на тие што сакале нешто да земат од манастирот (бакарно табаче, манастирски маски, манастирска мачка, иконче, прибор за јадење, шише ракија, сребрена виљушка, две гуски, патка, саан итн.).

    Значи, култот кон свети Наум, раширен не само околу манастирот, туку и на многу поширок простор, резултирал со бројни народни преданија и легенди. Тие се создавале во текот на вековите и сè уште се создаваат што од една страна зборува за сè уште живиот култ на светителот, а од друга страна за сè уште живата фолклорна традиција во Македонија.

    Св. Наум и мечката

    Едно време кога орачите од св. Наумовијот манастир си орале на нивјето, им дошла една мечка та им изела еден од орачќите волои. Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можело веќе да се орат.

    Орачот со трчање дошол в манастирот и му казал Егуменотому, оту мечката дошла на нива, та му го изела еднијот вол: „Сега немам, рекол орачот, со шчо да доорам нивата.“ – „Ходи си ти на нива, му рекол Егуменот; тамо ќе си го најдиш волот на плугот, фпрегнат во јаремот.“

    Орачот си ошол на нива, кога шчо да видит? Чудо големо мечката шчо го изела волот, фпрегната била на плугот во јаремот, заедно со друѓијот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него, фпрегната во јаремот.

    И до ден денеска тоа чудо стојт написано на иконата св. Наумова и на камењата на стрните од мостот Дримски, близу до манастирот.

    (Вакви прикаски и преданија за св. Наумовите чудеса изобилува во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението, без разлика на вера и народност, кои тоа ги манифестира кон св. Наума.)

    Кузман Шапкарев

    Манастирот Свети Наум

    Овој манастир е подигнат од св. Наум Охридски чудотворец и го носи неговото име. Попознат е како манастир „Свети Наум Охридски“ иако црквата е посветена на светите архангели Михаил и Гаврил. Во житието на св. Наум се вели дека црквата била подигната на јужниот брег на Охридското Езеро и дека била посветена на светите архангели Михаил и Гаврил. Манастирот повеќепати страдал од пожари и уривање, по што пак бил обновуван. Едно време бил важен просветен центар. Во него во почетокот на 19 век се школувал и Димитрија Миладинов.

    Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.
    Подготви Марко Китевски
     
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.255
    Допаѓања:
    124.735
    Денес се чествува Светата великомаченица Марина или Огнена Марија
    Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво.
    Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, ѝ нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создател“.

    Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата ѝ се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што ѝ се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“

    Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сѐ претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта ѝ се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата. Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите.

    Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.
     
    На shushu, Serafima, Trisagija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JoVaSt

    JoVaSt Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2014
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    233
    Денеска е Св. пророк Илија-Громовник
     
    На okcenzi и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558


    СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА – БОГОВИДЕЦ
    Пророкот Илија живеел 900 години пред Исус Христос, роден е во 816. година пред новата ера, зборел со Господ Исус Христос, што е забележано во Светото Писмо, сведочел за Св. Троица и за постоењето на вечниот живот.
    На втори Август Божјата Црква го прославува чесното и светото име на Божјиот пророк, чудотворец, боговидец и небоземниот граѓанин, силниот ревнител и сведок на Св. Троица и славата Божја, славниот Свети Илија. „ Ангел во телото, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање – Илија Славен, откако одозгора му испрати благодет на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажани очистуваше“. Затоа на оние кои го почитуваат им дава исцеление, се вели во тропарот.
    Потекнува од племето Ароново. Роден е во градот Тесвит, поради што е наречен Тесвитец. Уште кога се родил Илија, татко му Савах видел ангели околу него, „како со огин да го повиваат детето“, што било знак дека тоа дете ќе има подарено од Бога огнена сила и пламен карактер. Скоро целиот живот го поминал во молитва кон Бога, во пустина.



    ЧУДАТА НА ПРОРОКОТ
    Ахав подигнал идолски храм, посветен на лажниот Сириски Бог Ваал. Св. Илија со силна вера и чуда ја покажал пред луѓето Божјата сила, за да поверуваат во вистинскиот Бог. Бог му испратил од небото огин и ја запалил жртвата, пред многу сведоци, за разлика од жреците на лажниот Бог Ваал кои не успеале да направат такво чудо. Кога меѓу народот владеел неморал и незнабожство, Св. Илија пред Ахава ја најавил Божјата казна и со молитва кон Бога „Он го затвори небото и не паднало дожд три години и шест месеци“. На необичен начин го умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта Сидонска, а и` го воскреснал нејзиниот син. „Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него“. Со молитва го отворил затвореното небо и заврнал дожд. На Ахав и Језевија им ја прорекол страшната смрт. На планината Хорив разговарал со Бог. Св. Илија со својата наметка ја разделил водата на реката Јордан.


    Пред својата смрт за наследник го одредил Елисеј. Кога настанало суша и глад, Бог го заштитил својот верен слуга „...сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан: од тој поток ќе пиеш на, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. Во Светата Земја, во манастирот „Св. Георги Хозевитски“ има пештера, во вдлабината висока карпа ( каде го хранеле гавраните ), посветена на Св. пророк Илија и икона со неговиот лик и гавранот кој му носи во клунот храна. Поклониците му оддават почит на Бога и на Св. Илија на тоа свето место. Св. Илија се вознел на небото. Како што оделе по патот заедно со Елисеј „наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото“. Св. пророк Илија повторно ќе се појави пред крајот на светот,заедно со праведникот Божји Епох. Тие ќе сведочат за Божјата вистина и за невистината на антихристот.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    На oraiaeleni, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Светиот пророк Самуил

    Тој е последниот од Судиите на Израилот. Син на Елкан и Ана, којашто долго време била бездетна и Му се молела на Бога да и` дари син, со ветување дека ќе Му го посвети на Бога, штом престане да го дои и ќе Му служи до крајот на неговиот живот. Затоа и му го дала името Самуил (што значи „измолен од Бога“).

    Тој, на инсистирање од народот и со дозвола од Господ, го именува и помазува Саул, Кисовиот син за прв цар на Израелско-Јудејското царство, чијшто наследник е Давид.

    Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес

    Се мисли дека беа Словени. Му служеа на Бога во Тракија, каде што беа предадени на маки. Кога незнабожците јурнаа да ја запалат христијанската црква, Филип храбро му рече на нивниот старешина: „Мислиш дека Бог е затворен во карпите? Он живее во срцата“. Храмот го разорија, а книгите ги запалија и овие свештеници ги одведоа во Едрене, каде што после робија и маки беа исфрлени полуизгорени во реката Марица. Со нив загинаа маченички уште триесет и осуммина христијани. По сѐ изгледа ова се случи во времето на Диоклецијан.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Светиот апостол Тадеј
    Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј којшто беше од Дванаесеттемина апостоли. Свети Тадеј прво го виде и го слушна Св. Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господ Исус и Го следеше Него. Господ го вброја меѓу Седумдесеттемина помали апостоли, коишто ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лука 10, 1). После Своето славно Воскресение и Вознесение Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ветувањето што му го даде на кнезот Авгар кога му ја испрати крпата со Својот лик на неа (откако се избриша). Штом ја целиваше таа крпа Авгар се излечи од лепрата, но не сосем. Малку лепра му остана на лицето. Кога Св. Тадеј му се јави на Авгар, овој го прими со голема радост. Апостолот го поучи во верата и го крсти. Кога излегуваше од водата на Крштението, остатокот од лепрата на неговото лице спадна и тој стана сосем здрав. Кнезот Авгар Го прослави Бога и посака и неговиот народ да Го познае вистинскиот Бог и да Го прослави. И кнезот ги повика сите граѓани на Едеса пред апостолот Тадеј за да ја чујат проповедта за Христа. Откако ги чуја зборовите на апостолот и го видоа кнезот чудесно исцелен, луѓето ги отфрлија идолите и нечистото живење и ја примија Христовата вера и се крстија. Кнезот Авгар изнесе многу злато и му го понуди на апостолот, но Тадеј му рече: „Кога своето го оставивме, како да го примаме туѓото?“ И тој го проповедаше Евангелието ширум Сирија и Феникија. Се упокои во Господ во градот Вирит Финикиски.


    Светата маченичка Васса и нејзините деца: Теогниј, Агапиј и Пист

    Беше жена на идолски жрец, но потајна христијанка. Своите синови ги воспита во христијански дух. Нејзниот маж ја замрази заради христијанската вера и ја предаде на мачење нејзе и синовите. После тешки измачувања ги убија нејзините синови со меч (се мисли дека ова било во Едеса, во Македонија). Васса беше радосна заради чесниот крај на маченичкиот подвиг на нејзините синови и оттогаш самата со уште поголема усрдност минуваше од мака во мака. Кога ја фрлија во морето, се јавија ангели и ја одведоа на еден остров во Мермерното Море, каде што беше убиена со меч, во времето на Максимијан. Света Васса двојно се удостои со Христовото царство: како маченичка и како мајка на маченици.

    Преподобен Аврамиј Смоленски
    Роден е во градот Смоленск, по молитвите на своите родители. Рано стапи во монаштво и се предаде на голем подвиг подражавајќи ги древните пустински отци. Подоцна го основа манастирот на Чесниот Крст кај Смоленск. Претрпе многу искушенија од демоните и од луѓето, со големо трпение и благодарност кон Бога. Еднаш во време на голема суша со молитва низведе дожд. Откако помина педесет години во монашки чин, се упокои мирно во Господ околу 1220 година.

    Извор: http://www.valandovskaparohija.com.mk/P ... dRe3GvdbY=
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Отсекување на главата на св. Јован Крстител, последниот старозаветен пророк којшто го најавил доаѓањето на Месијата.

    [​IMG]

    Бил измачуван и погубен заради тоа што отворено ја зборувал вистината и отворено го осудувал неморалот.

    Извор http://vesti.mk/read/news/3086323/10824 ... n-krstitel
     
    На Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.