сите суташ дефинитивно ми текна на една стара глупа реклама: Рама Маргарин, супер е и фин, сакаме рамааааа
Ах , има многу реклами што ги мразам. 1. Суташ Ајран 2. Мамина маза..мамина маза.. 3.Онаа за мастиките , тие болните што свират и играат како ненормални во вистинска смисла на зборот. Особено девојката која прва почнува . Ужаасссссс Знам дека има уште многу , ама ете , не можам да се сетам сега..
Таа дрољестата добиив и онаа за Здравје јогуртот се глупи по некоја општа дефиниција. Онаа за Бејк Ролс мене лично ми е иритантна, оние за дигање наталитет исто.
3.Една од кафе, нз од кое кај шо вика добиввв добиввввв.. И сите останати за кафе. 2.Онаа за прашок Bonux Маријаа ти купив три неверојатни детергенти. 3.Сите од Суташ 4.Сите за памперси 5.Некои феминесенс производи 6.Еко цигари И многу други
Добро а оној што и купил на Марија три неверојатни детергенти нема досега разбрано дека во претходните 3274354т566556756735657 реклами МАРИЈА ПЕРЕ ИСКЛУЧИВО СО БОНУКС. ПоглупИ реклами амин. И до кога ќе прават реклами со женава појма немам. Друго една реклама што има за болница за вид, на некоја од фокс телевизииве мислам дека ја имаа давано „Свети вид“. Рекламава и песната во позадина се толку језиви чиниш хорор филм. Таа со наталитетот или против абортус не знам за што беше точно поддржана од владава што е. Двајца мочковци каде што гледаат телевизија и таа му вели јас сум бремена. Е ај да си се земиме мама ќе купи количка, твоите ќе не издржаваат супер. СЕРИОЗНО? И ред други. Некаде 90%.
^Абе остави ,женава остаре во рекламите на бонукс. Иначе најглупава ми е на гуте фрухте а после неа на бонукс
Новата на Гуте Фруџте, катастрофа. Јесте да го пиеме соков, ама прашањето каде завршува? Во измет се разбира.