Душа ми капе за спиење, ама сон да не ме фаќа и едново окце цело време отворено. Јас морам на психолог. Да да да да да МОРАМ.
Врум вруум врууууум Спојлер motherfuckers ! Мајко сачувај, демек ова косењево не можеше да почека бар 2 часа подоцна, морало во 7 да е! Језда е работен ден али треба малце усул! Било морално да се коси тревата и да бидат сечени гранки од дрвото пред зграда! Да да, тоа не може да почека никако бидејќи којзнае, ако почекаа уште малку може дрвјата и тревата ќе добиеа нозе, и ќе се доку*цаа дури до Прибилци. Па, добро луѓе драги постои ли воопшто некаков закон во државава кој одредува во колку часот треба да се бучи со една таква огромна машина, која личи на се само не на косилка? Не, сериозно? Како и да е, дефинитивно нема спиење за мене денес. Барем не се додека она чудото работи како навиено..Кое зуи со толкава јачина чиниш зграда ќе турнат или во краен случај ќе ти ги пукнат ушните тапанчиња. Јебала вас косилица бре! Да свртам еден број сите да ве пријавам, умоболни низаедни! Ете така.. Се изнервирав значи. Ме разбудија после убав сон рано по сабајле и сега вака тмурна ќе денгубам како апокалиптично зомби. Ма ни кафе не ме спасува. Епа, добро утро, леп дан вам желим.
Добро утро радничка класо, секое утро полно со надежи и воздишки... Топло кафе и ладна глава. Борба за преживување во џунглава.
Ги презирам луѓето кои својата грешка сакаат да ја истоварат на твојот грб и тоа се поради нивната гордост која не им дава да ја признаат вината. Морнинг!
Не ми се верува дека имам само околу 130 втори братучеди и 90% не ги знам, Седам на фб со мајками и ги барам, и додава а она вика - е овој ти родина, е и оваа и овој ццц Да не се знаеме.
Конечно сфаќам зошто добар дел од феминките со одлични постови ве напуштиле... Затоа што овде сите сте светици и никој не може да напише мислење зашто веднаш ќе го осудите и виртуелно нападнете. Да, заборавив, како само јас да коментирав во темата, другите сите молчевте и збор не рековте за таа мисицата. Ако го чита мислењево некоја што е во план да се зачлени на форумов, би и препорачала никогаш да не се регистрира зашто веднаш ќе ја исплукаат и навредат. Јас лично очекував многу повеќе од форумов, мислев дека се е сјајно и дека сите си помагаат една со друга, се разбира во рамките на можностите, зашто сепак ова е само форум и ништо повеќе, но всушност се’ е поразлично од првенствените впечатоци, за жал. Владеат со форумов разни мудреци и мрчатори. Бидејќи јас ви ги повредувам правата според вашето мислење, ве напуштам, не би сакала да одлежам во затвор 3 години. Секоја чест за феминките кои се ангажираат да го живнат малку форумов, останете си така позитивни се додека не дојде денот и вас да ве исплукаат. Збогум, ДоРеМи се одјавува. Ќе нема да ја имате честа да ги читате моите “осудувачки“ и “нарушувања на правата“ мислења. П.С. Кога ќе решите да плукнете по некого, барем користете го македонскиот литературен јазик, а не оние дијалектизми ископани од кој знае каде.
Статистички од 20 јули до 20 август видов премногу лавовски родендени чии славеници носат круни на глава. Со чест на исклучоците (дури и да не се исклучок едноставно некои лавови заслужуваат кралевско место, па што сака нека е), лавовите се бесрамно самобендисани створови без трошка почит према остатокот на светот. Неретко ми се десило да слушам лав како држи предавања против одредено однесување, а потоа ќе го видам дека го прави истото... па се шлапам по чело. Ама па мојот знак и лавовскиот... биле сродни по некоја астролошка логика, мисијата им била иста, стратегијата различна,како и причината, едни за самопризнание, другите за себежртвување. Има 5-6 лавови кои им опраштам се и чудно како си ги гледам како помали браќа и сестри иако дел се и постари од мене... чудничко. Ама сериозно, стап д креп уит д тијарас, глупо изгледа.
Каде е логиката на вработените во јавен сектор да им бараат доказ за странски јазик и компјутери, односно за тие 10 години пред пензија кои се ослободени од обезбедување на таков доказ а секој ден прават измени во законот за пензиско и инвалидско осигурување и им зголемуваат граница, им даваат можности. И сега некоја стара теткица што нема поима ниту од јазик ниту од компјутерски програми ќе си седи уште година-две плус за да си зема плата со ВСС, а за тоа време е ослободена од обврска за потврда за познавање јазик и компјутерски програми, а некој што и пред да излезе законот ги има тие сертификати и пак да не може да дојде до работа. И како после да не се нервира човек. Многу работи смрдат во нашето законодавство.
Сакам да идам во Вегас.. Да да идам во Вегас и да се коцкам, да не спијам, да се пијанчам да пушам Слушам приказни од луѓе што биле и воодушевени се, па не е фер, и ветувам дека од сега ќе собирам пари само за шетање, ќе го прошетам цел свет, и ќе се дружам, ќе живеам до максимум
Можам комотно да промовирам нов талент - професионална шнолокршачка. Значи луѓе, кај мене шнола не издржува читава, повеќе од месец - два. Особено во лето, кога ме фаќа склет со косата и правам секакви фризурки. Плус уште како што сум перфекционист, па ми се олабавило, чачкај, поправај стопати на ден, и оп - гледаш ми останал во рака некој од запците или дел од тоа механизмот во средина. Едно време па кога бев помала, ко колекционер на шноли бев, ги имав во спектар на виножито и плус уште неколку бои надвор од него, па пластични, еластични, од понежен, потврд материјал. Е од сите тие сега имам само разлабавени остатоци, колку за успомен и дуго сечање. А да, кога сме веќе кај несмасност, исто така не може летото да ми помине без да упропастам барем една лепеза. Не знам, ама тоа механизмот едноставно не е за мене бе. Успех е еден месец да издржи без да го скршам она белото доле, она на коешто се држи де. Мајка ми, пошто е особа што сака се` што може да поправи и ништо да не фрла, најинтересна ми е кога ќе скршам нешто од двете горенаведени или слично, и ќе ме искара дека сум го изгубила скршеното делче. А тоа, толку минијатурно што полесно игла во сено ќе најдеш отколку да не го изгубиш, или пак да пробаш да го залепиш. И така... јас уште да предложам дека стварно во секој јазик треба да има збор за секое најмало делче од предмет, мислам за вакви инспиративни бисери полесно да се објаснат, молим лепо! Ајт поздрав.
Мене ми се оди во Дизниленд Или во некоја земја каде што не постои сарказам. Не можам да ви опишам колку многу го мразам сарказмот. Доколку го користиш,кул си. Доколку си дрзок и циничен,тогаш си паметен. Релаксирајте се Не мора секогаш да сте во право. Не мора никогаш да сте во право. Само опуштете се и бидете среќни. Немојте да си ја труете душата со другите луѓе. Немојте да си ја труете душата со ништо. Сите мораме да пораснеме,но можеме и да останеме деца. Сите можеме да останеме среќни. Имајте убав ден. Peace my niggas http://www.youtube.com/watch?v=zaGUr6wzyT8
Ако си отишол на одмор, само за да се сликаш и чекираш - не си го заслужил одморот, ебате! Уживајте бе, тутурутки. Ко слеп за стап сте се фатиле за тоа телефоните. Немој случајно да не пишеш на која плажа си. Јас сум пукнала да дознаам. Значи жими све, ми иде да им отидам, да им ги треснам тоа мобилните од глава. Јас сега за доручек испеков пица бурек. Ми го испофалија и ми рекоа нареден пат да смалам со филот, не биле навикнати на толку богат бурек. Наместо да искористат кога Егеец дава, они...
Имелда,(јеси ли преживела? )селфи,селфи на 3500 сакаме за доказ дека стварно си скокнала.Ахххх,сакам и јас,ама банџито изгледа ми беше врв на слободнопаѓачката кариера.. Ју гоу,грл!
Менструацијата убива. Си мислам, да вежбам. Не бе, ќе ми се измести улошката. Ај ќе се допишувам. Седнувам, пак ме нервира улошкава. Ај да спијам. Ќе се завртам натаму, наваму, ќе излезе знамето на Јапонија на чаршав. Ај книга ќе читам. Не можам згодно место да најдам од прва, ако пробам неколку пати, ќе ми се измести улошкава, пак замарање. Ај ќе гледам серија. Не, ќе се појави некој глупак да ја киднапира лепотицата, па ќе ме изнервира. Ај ќе шетам. Ау, никако. Цел град да ме види со бомба на тренерките. Ај ќе јадам. Не, стомакот ќе ми се надува. Е добро де, шо да праам? Ќе пуштам музика, ќе седнам на креветот без да мрдам и ќе ќутам. Само така може да мине со арно. Иначе, нема. Добро, па битно има среќен крај.